IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - МУЗИЧКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МУЗИЧКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 32>
Автор
Порака
...Well... Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...ExtraVagant...

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ...Well... Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 05:51
На 23.11.2008 официјално излезе долго очекуваниот и обекан пред 14 години албум на...
 
GUNS N' ROSES
Chinese Democrasy
 
 
пс. Инаку, неофицијално на самиот ден на излегувањето се продаде над 800 000 примерока насекаде низ светот
 
голема%20насмевка
 


Изменето од ...Well... - 24.Ноември.2008 во 05:53
Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 11:00
Победија осичките од Грузија, Македонија петта Нашиот претставник Боби Андонов по настапот добил честитки од сите учесници на манифестацијата за изведбата на песната Прати ми СМС“ Осичките победија со нумера составена само од три збора, во кои доминираше „бзз“ Групата „Мали осички“ од Грузија, со песната „Бззз“, е победник на шестото издание на изборот за детска песна на Евровизија, што се одржа завчера во Лимасол, Кипар. Македонскиот претставник Боби Андонов, со одличната изведба на темата „Прати ми СМС“, проследена со енергична кореографија, се пласира на високото петто место. - Пресреќен сум што успеав на најдобар начин да ја претставам Македонија на евровизиската сцена во Лимасол. Откако ја отпеав песната, сите учесници ми пријдоа да ми честитаат за одличниот настап. Им благодарам на сите што веруваа во мене и ме поддржуваа - ни изјави Андонов по завршувањето на изборот. Втори беа претставниците на Украина, земјата што е одбрана за домаќин на следното издание на оваа најголема и најпопуларна детска манифестација. Третото место и припадна на Литванија. Испратените СМС-пораки му го донесоа високото петто место МОРАЛНИ ПОБЕДНИЦИ На Детскиот Евросонг се претставија учесници од 15 земји, а Гиорги и двете Марјами од групата „Мали осички“ ги освоја симпатиите на европската јавност со беспрекорната изведба на својата нумера, која е составена само од три збора, во кои доминираше „бзз“. За победникот поддеднакво решаваа гласовите од секоја земја испратени со СМС-пораки и шестчлено стручно жири. Нашиот претставник доби поени од сите учеснички на изборот. - Очекувавме да бидеме меѓу првите пет земји, од причина што песната беше одлично прифатена. Повеќемина од делегациите ни рекоа дека сме морални победници. Иако се пласиравме на истата позиција како лани, ова е најголем успех на нашата земја на оваа манифестација, бидејќи при гласањето добивме поени од сите земји - ни рече менторот на Андонов, Бобан Јосифовски, уметнички директор на „Златно славејче“.Во текот на гласањето нашиот претставник постојано беше во врвот. Македонија, која гласаше последна, со десетте поени што и' ги додели на Литванија, го смени редоследот на табелата и од четвртото падна на петтото место. Билан со многу емоции ја отпеа победничката евровизиска тема Belive ДИМА БИЛАН СПЕЦИЈАЛЕН ГОСТИН НА ИЗБОРОТ Во дво и полчасовното спектакуларно телевизиско шоу, како специјален гостин се појави годинашниот евровизиски победник, Русинот Дима Билан. Неговата изведба на евровизиската Belive и на темата Number of Fun предизвика овации од публиката. Во ревијалната програма настапи и кипарската музичка ѕвезда Евридики, која ја претставуваше својата земја на ланскиот Евросонг во Финска. Покрај домаќинот, за беспрекорната организација на овој настан се погрижија Европската радиодифузна унија (ЕБУ) И УНИЦЕФ. Сите средства од гласањето на Детскиот Евросонг ќе бидат наменети за помош за децата. Манифестацијата заврши со химната на УНИЦЕФ, што ја изведоа сите учесници на годинашниот детски евровизиски избор. „Морнарката“ Викторија и' го донесе второто место на Украина Грција првпат ни додели поени За сигурната изведба на песната „Прати ми СМС“, Боби Андонов обезбеди гласови од сите земји, а Македонија освои 95 бода. Првпат на еден евровизиски избор добивме поени и од нашиот сосед Грција, која ни додели пет бода. Романија ни даде десет поени, Украина и Србија по осум, Белорусија седум, Литванија и Ерменија по шест, Бугарија, Малта, Кипар, Холандија и Грција по пет, Русија и Белгија по четири и Грузија три. Македонија ги бодуваше земјите по следниот редослед: Русија (1), Белгија (2), Бугарија (3), Грузија (4), Белорусија (5), Малта (6), Украина (7), Романија (8), Литванија (10), Србија (12).


Изменето од anastea - 28.Ноември.2008 во 01:48
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 00:18
 
 
 
Kylie Minogue за 45 минути заработила 3,5 милиони PDF Печати Е-пошта

Kylie Minogue зарабитила 3,5 милиони долари за 45 минути,толку зела за настапот на отварањето на хотелот "Arlantic The Palm" во Дубаи.

Kylie Minogue настапила на отварањето на најекслузивниот светски хотел, што воедно бил и нејзин прв настап на Блискиот Исток.Хотелот е отворен во четвртокот во присуство на 2.500 ВИП  пгости.меѓу кои биле:Denzel Washington, Wesley Snipes, Ben Affleck, Mary-Kate Olsen, Dame Shirley Bassey, Michael Jordan, Sir Richard Branson, Sarah Ferguson, Lindsay Lohan, Boris Becker и Lily Allen.

 

Kellie со песната "On a Night Like This"го отворила нејзиниот настап и извела десет песни.

Ексклузивната забава на отварањето на хотелот чинела преку 35 милиони долари.

Во декември Кellie ќе го објави ДВД изданието “KylieX2008 Live In London”,додека во јануари го објавува “Boombox”, колекција на ремикс кое го направија Chemical Brothers, Fischerspooner, Mylo, Kid Creme и Sebastien Leger.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 01:16
Твојте очи, Лено  -  Баклава
 
Групата Баклава го заврши снимањето на првиот спот за песна од новиот албум "Калемар". Се работи за темата "Твојте очи, Лено", за која снимањето претежно е реализирано во студиото на Културниот центар за драмски уметности "ЦК". Има и неколку екстериерни кадри во внатрешноста на Македонија. "Директорот на фотографија во овој проект беше познатото име во нашата филмска индустрија, Бранд Ферро, кој го забележа спотот во ХД резолуција. За шминката се погрижи Мими Буразер, додека за стајлингот нашиот вокал Елена, која поседува ексклузивна колекција на гардероба и стар накит", откриваат членовите на Баклава, додавајќи дека во моментов се прави пост-продукција на записот, за кој режијата ја направи Сибо.

Приказната, откриваме, е во еден минималистички пристап, која, пред се, цели на естетиката на малите и убави работи, компарирани со убавината на жената. Целта е на крај да се има една арт-приказна, која мажите би сакале да ја опишат кога се вљубени. Промоцијата се планира за следниот месец, по што ќе има и низа промотивни концерти во Скопје, но и останатите поголеми македонски градови.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 01:39
 
Вечерва, на четвртиот настан во рамките на десеттиот „Таксират“, во скопскиот клуб „Хавана“ ќе настапи Рамбо Амадеус. Откако го откажа гостувањето на 13 ноември во МКЦ, поради сообраќајна несреќа во која се повреди неговиот басист, српскиот рокер доаѓа во Македонија да ги промовира песните од новото цеде, „Хипишизик метафизик“. Познатиот Антонио Пушиќ ќе изведе и дел од своите постари хитови.Освен Амадеус, во „Хавана“ вечерва ќе свири и младиот скопски бенд „Фајтинг виндмилс“. Составот ќе го претстави својот албум „Аграрни реформи и варијации на тема“. По овој концерт, групата на 4 декември ќе замине на деветдневна турнеја низ Македонија, која ја нарече „Прво ние, па после никој друг“. 
 
 

Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 20:18
Izleze noviot album na AREA: Sè shto sakam si ti
CD-to gi sodrzi slednive naslovi:



1. Frekfencija na ljubovta

2. Znam

3. Sè shto sakam si ti

4. Voda

5. Ne e fer

6. Dali mozhesh

7. Vistinski

8. Dali ti se dopadjam

9. Rashiri krilja

10. Daj mi ja nokjta



Cd-to moze da se kupi vo poveceto trafiki i prodavnicki kade moze da se kupi i vesnikot VREME. Cenata na cd-to we 150 den. A vo podgotovka e i de-lux izdanie na istiot album so brosurka od textovite, fotografii i sl. no toa ce bide poskapo
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 20:42
  
 
Секси Hilary Duff PDF Печати Е-пошта

 Новиот спот на Хилари Даф  во Америка е забранет  зошто бил многу провокативен.

Спотот е за новиот сингл Reach Out и содржи екплицитни детали и елементи па затоа забрането е прикажувањето.

 

Хилари Даф издаде три албуми, Metamorphosis, Hilary Duff и Dignity, а проба  да биде и  глумица.Може да ја видите и во актуелниот филм „War Inc„ каде што глуми со србинот Сергеј Трифуновиќ како нејзино момче.

 



Изменето од blashka - 25.Ноември.2008 во 20:46
Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 01:24
Животот на најпродаваната музичарка во американската историја наскоро би можел да заживее на даските во Бродвеј. Освен нејзиниот успех ќе биде прикажан и нејзиниот нерверн удар односно горчливиот развод со Томи Мотола. Се шушка дека за мјузиклот за Мараја Кери е загреана некоја моќна фаца од Бродвеј, а се зборува дека пејачката нема да биде луда и да ја пропушти оваа историска понуда. А има и што да се види. Нејзините родители се развеле кога Кери имала само три години, а таа останала да живее со нејзината мајка која е оперска пејачка. Мараја тргнала по мајчиниот пат, но сепак со малку помодерна музика, односно на свои 20 години преку ноќ станала позната. Пропастот на филмот All That Glitters и албумот Glitter резултирал со нервен удар. А ништо полесен не бил ни разводот од Томи Мотола, шефот на Сони Саунд. Она што е сигурно е дека на овој мјузикл нема да му недостасува спектакл. Сепак се работи за жена која е позната по своите ѓаволско тешки барања и услови.

Изменето од DarlinG - 27.Ноември.2008 во 01:24
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 01:47

Нови правила за домашниот Евросонг

Македонскиот евровизиски претставник в година ќе се избира на фестивалот Скопје 2009, што за прв пат ќе има две полуфинални вечери. Кој ќе ги брани боите на нашата земја во Москва ќе се дознае по 19, 20 и 21 февруари, датумите кога во Универзална сала ќе се одржи манифестацијата. Последниот од нив е резервиран за големото финале. На Скопје 2009 ќе бидат изведени 32 композиции. На првото и на второто полуфинале ќе бидат отпеани по 16 нумери, а само осум од нив ќе влезат во финалето. За финалистите и за победникот подеднакво ќе решат гласовите од жири-комисијата и од телевоутингот.

- “Со ваквиот начин на избор сакаме да им дадеме можност на повеќе автори и пејачи. Сметаме дека ќе се избегнат фаворизирањата, а изборот ќе биде максимално транспарентен. Овој систем го применува и Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која воведе две полуфинални вечери и едно финале и на Изборот за песна на Евровизија“ - изјави Гордана Андрашевска, новата шефица на македонската евровизиска делегација.

Учесниците на фестивалот ќе пеат на матрица. Конк*рсот за фестивалот Скопје 2009 започна на 26 ноември и ќе трае до 25 декември. Уметнички директор на Скопје 2009 е Љупчо Мирковски, кој оваа функција ја извршуваше и на годинашниот Детски евросонг. Во евровизискиот тим се и продуцентот Гоце Саздановски и музичкиот уредник Мери Попова. Победничката композиција ќе ја претставува Република Македонија на 54. издание на Изборот за песна на Евровизија, што ќе се одржи на 12, 14 и 16 мај следната година во Москва, Русија.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2008 во 01:30
prodigy.jpeg
 
 
 
 
Наредната година, на 2 март, Prodigy ќе го издадат својот петти по ред студиски албум насловен „Invaders Must Die!“. Овој албум ќе биде и потсетување за сите љубители на клупската музика дека на сцена повторно доаѓа групата која во деведесетите ги издаде хитовите „Smack My Bitch Up“, „Everybody In The Place“, „Firestarter“, „Outerspace“... Prodigy и' дадоа сосема нов лик на денс - сцената, внесувајќи панк и рок елементи. После 11 години за овој албум групата е во полн состав: Лиам Хоулет, Кит Флинт и Максим.
Кон врв
Tony Clifton Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 292
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tony Clifton Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2008 во 18:50
nov singl i spot na Prodigy-invaders must die    http://www.youtube.com/watch?v=EiqFcc_l_Kk
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2008 во 01:08
Постхумно објавено новото CD на Дино Дворник
 
Како што беше најавено, на 29-тi ноември е објавен новиот албум на Дино Дворник. CD-то “Пандорина кутија“, албум кој Дино не успеа да го реализира пред своето заминување од овој свет, во популарниот загребски Saloon го промовираше неговата сопруга Данијела, ќерката Ела, Алка Вуица, Тони Цетински, бендот Song Killers, кој го придружуваше на концертите... Атмосферата беше свечена и тажна...

“Ова е исклучително тежок ден, среќен и тажен. Да беше Дино жив денес ќе ми кажеше да не дрдорам многу, па ќе бидам куса“ – кажа Данијела Дворник.
Јас плачев на Божиќната песна, со која на сите ни посака Среќен Божик и Нова Година – изјави Алка Вуица, која потцрта дека Дино беше генијален, искрен, духовит, откачен, и над се голем човек.

На албумот Пандорина кутија, во издание на Dancing Bear се наоѓаат осум нови песни, а одлична критика за материјалот веќе се најде на web-порталот Muzika.hr
 
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2008 во 02:27
 
 
 
Robbie Williams пробал да се убие додека бил на дрога PDF Печати Е-пошта

Robbie Williams се почесто се појавува во медиумите не поради музиката туку поради неговото бизарно однесување.

По приказната за опседнатоста со вонземјаните, стигнува приказната дека сакал да се убие додека бил под дејство на дрога.

Пејачот призна дека  пред да се занимава со музика бил под дрога.Тој призна дека бил проблематичен адолесцент и дека еднаш пробал да се убие пред својата мајка.

Robbie по земањето на дрогата една вечер се вратил дома и помислил дека фудбалерите излегуваат од телевизорот.Одлучил да се избоди со нож.Среќа, мајка му излегла од собата  и го прашала што прави.„Ништо само да се избодам.Дали си за филџан чај?„-рекол Robbie.

Пејачот овааа приказна ја раскажал на неговиот блог.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2008 во 16:01
 
 
Најпознатиот македонски пијано виртуоз Симон Трпчевски денеска ќе настапи во Лондон заедно со Лондонската филхармонија.

Концертот ќе биде диригиран од легендарниот пијанист и диригент Владимир Ашкенази со кој македонскиот пијанист веќе имаше заеднички концерт во Сан Франциско.

Трпчевски пред британската публика настапи и вчера и првпат го изведе третиот концерт на пијано од Рахманинов.

 
 
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.