IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - РАКОМЕТ - новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

РАКОМЕТ - новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 18>
Автор
Порака
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 15:47
Сит екој сакаат д аодат да гледаат евроспко жени макеоднска репрезентациа имате карти по евтин ицени.



Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 23:21
Рекордна победа на прилепскиот ракометен прволигаш
"Пиварите" со 57 голови за 60 минути

Ракометарите на прилепскиот прволигаш Златен даб го истурија својот бес по неочекуваниот пораз во Куманово, нивни прв сезонава, врз фенерџијата Младост. Младиот ресенски состав замина со мрежа наполнета до врв, примајќи 57 голови за 60 минути, што е рекордно постигнување на прилепчани во сите конк*ренции во кои се имаат натпреварувано. Прилепските ракометари важат за главни кандидати за експресно враќање во Суперлигата, но на последните две гостувања потфрлија. И додека за нерешениот исход против Повардарие беше барано алиби во грубата игра на домаќините, за поразот во дербито во Куманово нема оправдување. Затоа избраниците на Петрески и на Нешкоски одиграа максимално мотивирано во 10. коло и го изрешетаа голот на последнопласираниот тим во лигата, победувајќи со 57:18
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 23:23
НАШИТЕ НАЈДОБРИ РАКОМЕТАРИ ГИ ПОЧНУВААТ КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2010
Со Естонија како да е Исланд
Нашите најдобри ракометари за момент ќе го заборават Светското првенство во Хрватска за да се фокусираат на денешниот старт на квалификациите за Европското првенство 2010 во Австрија. Естонија им е стар познајник, но не и муштерија, бидејќи еднаш ги

Нашите најдобри ракометари за момент ќе го заборават Светското првенство во Хрватска за да се фокусираат на денешниот старт на квалификациите за Европското првенство 2010 во Австрија. Естонија им е стар познајник, но не и муштерија, бидејќи еднаш ги изненади на домашен терен, изборувајќи се за нерешено. Избраниците на Илија Темелковски се свесни дека влегуваат како големи фаворити во двомечот со Естонија, но тоа го прават внимателно и без потценување. Напротив, на Естонија гледаат како на Исланд.
- Не треба да ги мешаме работите. СП и дуелите со Естонија се нешто сосема различно. Ние сме фаворити и така ќе се поставиме, но на теренот ќе се однесуваме како да играме против Исланд. Ни тргна годинава, машкиот ракомет е во нагорна линија, но тоа не треба да не крене во облаци, туку треба да ја искористиме оваа позитивна атмосфера што сите ја чувствуваме - вели капитенот Кире Лазаров.
Во ситуација кога до почетокот на Мундијалот остануваат нешто повеќе од месец и половина, и овие дуели со Естонија ќе послужат како дел од подготовките и никој не се сомнева во позитивниот исход.
- Одиме постепено. Подготовките за СП фактички стартуваат со овој двомеч со Естонија. Атмосферата е на завидно ниво и очекувам да продолжиме таму каде што застанавме на успешниот пат. Овие две победи ќе ни бидат од големо значење кога циклусот ќе продолжи напролет, а во прилог ни оди и ремито на Исланд против Норвешка на гостински терен. Не се сомневам во нашата квалитетна игра и во добриот резултат, но само доколку бидеме максимално ангажирани, бидејќи Естонците имаат интернационалци низ Европа - рече селекторот Темелковски, кој додаде дека списокот за подготовките за СП ќе го прошири со по еден голман и пикер и со две крила.
Средбата се игра во салата "Борис Трајковски", со почеток во 17.30 часот. Според новиот систем, првите две селекции од секоја група обезбедуваат директен пласман.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 23:23
ПОДГОТОВКИ НА ЖЕНСКАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Радуловиќ ќе мирува до ЕП

Повредата на Валентина Радуловиќ, заработена на утринскиот тренинг во вторникот, не е толку страшна за да и биде загрозен настапот на претстојното Европско првенство, но до неговиот почеток во вторник, најверојатно, ќе мора да мирува. Капитенката доби удар во десното колено од Јулија Портјанко во дуел-игра и во прв момент се стравуваше да не се настрадани лигаментите, но лекарскиот преглед укажа само на истегнување.
- Не е толку сериозно, во прашање е само истегнување, но Вале доби препорака да мирува барем два дена. Потоа ќе и биде извршен уште еден лекарски преглед. Се уште не сум решил дали ќе игра на последниот контролен меч со Шпанија в недела. Можеби, ќе биде попаметно да добие поштеда за да не ризикуваме ништо - оцени селекторот Владимир Глигоров.
Со исклучок на Радуловиќ, репрезентацијата вчера тренираше во комплетен состав, што не беше случај претходниот ден. Во работата повторно се вклучи и Наталија Тодоровска, која уште од турнирот во Унгарија, одигран викендов, се жалеше на температура, а Драгана Пецевска ја санираше повредата на вратот.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 23:48
Македонија славеше против Естонија со 31:22

Убаво е кога ќе се победи но уште поубаво е кога триумфот го следат и високи амбиции. Најдобрите македонски ракометари фуриозно во стил на елитна репрезентација го почнаа маршот до Австрија 2010-та. Во Борис Трајковски 31:22 против Естонија.

Фаворитската улога не им беше товар на момците на Илија Темелковски да ја завршат задачата. Одиграа добро, колку што е потребно и поглед на конечниот резултат ги става во позадина повремените осцилации во играта.

Естонците делуваа како да знаат што ги очекува па во тој правец почна натпреварот. Ние веднаш исчекоривме резултатски и наскоро имавме 6:1 во наша полза.

Гостите најдоа начин да ја задржат оваа дистанца и на полувреме се замина со 13:8. Најдобриот наш период беше на почетокот од вториот дел кога стигнавме до максималните плус 11, 24:13.

Со серија од 5:0 противникот се врати на едноцифрена негатива која остана до последниот свиреж. Борко Ристовски се издвои со 18 одбрани, најефикасен беше Кире Лазаров со шест гола, два повеќе од Миркуловски, од Темелков и од Алушевски.
Верзија за печатење      Верзија за печатење

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2008 во 12:35
Ракометарите ремизираа со Естонија

Најдобрите македонски ракометари успеаа само да ремизираат 28:28, во реванш натпреварот со Естонија, во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство што во 2010 ќе се одржи во Австрија.

Во првото полувреме не ни одеше баш најдобро, а Естонците го искористија тоа и успеаа да ни парираат со 15:15 на крајот од првиот дел.

Второто полувреме Естонците повторно стартуваа многу поорганизирано од нашите ракометари, поведоа и со 19:17 во првите 10. минути од вториот дел.

Во 16-та минута од второто полувреме дојдовме во водство од 20:22 и одржувавме предност од два гола до 26. минута, кога Естонците изедначија на 25:25.

На крајот 28:28, Естонците успееја да ни освојат значаен бод во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство што во 2010 ќе се одржи во Австрија.


Ova e Katastrofa sto se desava so nasite sportisti vo bilo koj Sport!!!! Za nisto ne ne biva edna estonija nemoze da ja pobedime vo gosti! Sega ke sanjame EP!

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2008 во 17:49
Во Скопје и Охрид утре стартува женското ракометно ЕП

Македонија од утре до 14. декември ќе биде домаќин на 8-то Европско првенство во ракомет за жени - сениорки.

Во спортските сали „Борис Трајковски“ во Скопје и во „Биљанини извори“ во Охрид, ќе настапат вкупно 16 европски селекции поделени во четири групи.

Во групата „А“ ќе се натпреваруваат:

    * Франција
    * Унгарија
    * Данска
    * Романија

Групата „Б“ ја сочинуваат екипите на:

    * Норвешка
    * Португалија
    * Шпанија
    * Украина

Во третата „Ц“ група се селекциите на:

    * Русија
    * Шведска
    * Австрија
    * Белорусија

Македонската репрезентација е во групата „Д“ со:

    * Германија
    * Хрватска
    * Србија

Избраничките на селекторот Владимир Глигоров својот прв натпревар ќе го одиграат против Германките на 2. декември во салата „Борис Трајковски“ со почеток од 20 часот и 15 минути. Во последниот подготвителен меч македонските ракометарки синоќа во Скопје загубија од Шпанија 26:28.

Европското првенство утре ќе стартува во 17 часот и 45 минути со натпреварот во Скопје меѓу Хрватска и Србија.

Во Скопје ќе се играат натпреварите од групите „А“ и „Д“, а во Охрид „Б“ и „Ц“. Организаторите тврдат дека се е подготвено за почеток и за успешно одвивање на Европското првенство.

Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2008 во 23:31
igraa odlicno, i da ne vlezese Veselinka i dobiese 2-3 smesni gola, moze i ke pobedevme
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 08:22
На стартот пораз од Германија

Најдобрите македонски ракометарки го започнаа со пораз настапот на Европското првенство, кое се одржува во нашата земја. Во салата "Борис Трајковски" во Скопје, избраничките на Глигоров загубија од Германија со 25:22 (11:10 полувреме).

Шансата за победа македонските ракометарки ја пропуштија на почетокот од вториот дел кога на пет пати имавме нерешен резултат, по што следеше серија од 5:0 за противникот, на крајот миленичките на домашната публика да се изборат само за пораз од три гола разлика. Сепак, и поразот ги убеди сите присутни во салата "Борис Трајковски" дека Македонија има сили да ја мине групата и да се пласира во вториот круг.

Најпрецизна во нашиот тим со 8 постигнати голови беше Портјанко, додека Тодоровска постигна 6 гола. Андреева имаше 11 успешни интервенции. Во репрезентацијата на Германија Краусе беше најефикасна со 11 постигнати гола. Клара Волтеринг, која зад своето име запиша 18 одбрани беше нерешлива енигма за "црвено - жолтите".

"Свесни сме дека правевме грешки. Ќе се обидеме истите да ги отстраниме на мечевите со Хрватска и Србија." - изјави капитенот Наталија Тодоровска по натпреварот.

"Натпреварот против Германија, беше тежок и неизвесен. Во желбата да прикажеме што подобра игра правевме и недопустливи грешки. Сепак, задоволен сум од ангажманот на моите избранички и се надевам дека на претстојните мечеви ќе заиграме многу подобро." - додаде селекторот на Македонија, Владимир Глигоров.

Селекторот на германската репрезентација, на прес конференцијата по натпреварот изрази задоволство од постигнатиот резултат, при тоа додавајќи дека е среќен од остварената победа, особено ако се има предвид фактот дека е остварена во пеколната атмосфера создадена од страна на домашните навивачи.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2008 во 22:22
"Натпреварот против Германија, беше тежок и неизвесен"

- da be , vo prvite 10 min...
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2009 во 18:07
Ракометарите го освоија „Жолтиот куп“

Машката ракометна репрезентација на Македонија го освои „Жолтиот куп“, што е главна мундијалска подготовка. Во мечот за пехарот, Македонија одиграа 31:31 со домаќинот Швајцарија, но е прва поради поголемиот број постигнати голови.

Во вкупната разлика и двете репрезентации имаат плус 12. до овој резултат нашите ракометари стигнале со фуриозен финиш, откако постојано ја бркале предноста на Швајцарија која на пет минути пред крајот изнесувала и пет голови.

Трета е Саудиска Арабија која ја совлада Турција со 27:23.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2009 во 21:15
Македонија ја совлада Саудиска Арабија

Македонските ракометни репрезентативци ја победија селекцијата на Саудиска Арабија со 27:20, во првиот меч на божиќниот турнир на три нации, што викендов се одржува во Скопје.

За разлика од дуелот со истиот противник на минатонеделниот турнир „Жолт куп“ во Швајцарија, кога нашиот тим победи само со еден гол разлика, во салата „Борис Трајковски“ вечерва многу полесен триумф над репрезентацијата што исто така ќе учествува на претстојното Светско првенство.

Епилогот беше најавен уште при водството од 11:6 во 20-та минута, а победата речиси потврдена со убедливите плус осум гола на полувреме, кога беше 17:9.

Во продолжението селекторот Илија Темелковски можеше да тестира повеќе различни тактички варијанти.

Последната контрола на формата и на подготвеноста пред мундијалот во Хрватска што почнува наредниот викенд, македонскиот национален состав ќе ја има утре вечер против селекцијата на Црна Гора.

Саудиска Арабија и Црна Гора в недела ѓе го затворат овој мини-турнир во Скопје.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2009 во 20:39
Македонија го освои првото место на божикниот турнир во Скопје

Остана само уште финализирањето на формата во пресрет на Светското првенство што идната сабота стартува во Хрватска.

За таа цел македонската ракометна репрезентација, предмалку во последниот контролен натпревар ја совлада Црна Гора со 32:27 и го освои првото место на божикниот турнир во Скопје.

Добар резултат и игра во кои со најмногу 10 голови учествувал Лазаров и кои дополнително ќе влијаат на позитивната атмосфера и самодовербата пред првиот натпревар против Тунис на 17 јануари.

И нашите мундијалски противници ги проверуваат можностите. Полска загуби од Чешка со 33:32, Русија го победи Египет со 35:29, додека Германија вечерва игра со Аргентина.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 17:25
На пат со позитивни мисли

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска заминува за Хрватска каде што в сабота ќе го одигра првиот натпревар на Светското првенство против селекцијата на Тунис. Ракометарите денеска патуваат за Вараждин каде ќе претстојуваат до следниот четврток.
По десет години Македонија одново е на Светското првенство, а вчера репрезентацијата беше во центарот на вниманието. Денот почна со приемот кај премиерот на Македонија, Никола Груевски. Продолжи со прием од поглаварот на македонската православна црква, г. г. Стефан, а последниот прием беше во Агенцијата за млади и спорт.
Сите приеми завршија со прес-конференцијата која се одржа во РФМ, а на неа говореа селекторот Темелковски, како и ракометарите Кире Лазаров и Ванчо Димовски.
"Сите сме свесни за тоа колку е голем предизвикот што го носи самото учество на Светското првенство во Хрватска. Затоа и подготовките беа засилени во овој период. Сакаме колку е можно поподготвени да настапиме на Мундијалот и да се прикажеме во најдобро светло. Задоволен сум од сработеното и од она што го видов на контролните натпревари досега, како и од мотивираноста која беше на максимално високо ниво".



Во минатиот период имаше доволно време за да се видат квалитетите на сите ривали од првата рунда, а од сето ова може да се заклучи дека ќе треба да се одигра максимално во текот на целиот шампионат.
"Во Вараждин не чека силна група во која ќе мораме да дадеме максимум доколку сакаме да постигнеме успех. Мораме против сите да одиграме на ниво и очекувам да стигнеме до добар резултат. Ќе одиме чекор по чекор на првенството. Тунис е нашиот прв противник. Има добар тим, кој с$ почесто прима европски стил на игра. Ракометарите настапуваат претежно во Франција, но ние се подготвуваме за нив и се надевам дека сите ќе можат да дадат 100 посто на теренот".
Ракометарите на тренинг минаа повеќе од 25 дена. За овој период имаа можност да одиграат и пет контролни средби. Сето тоа беше доволно за да се види каков е квалитетот на нашата селекција, а може да се заклучи дека сите ракометари се подготвени за игра.
"Атмосферата во репрезентацијата е одлична. Здравствениот билтен е добар и сите 16 ракометари се подготвени за настап. Ме радува фактот што на контролните средби со Саудиска Арабија и Црна Гора во тимот ги имавме и Ванчо Димовски и Раде Стојановиќ кои се многу важни за репрезентацијата. Тие се подготвени за настап и нам тоа ќе ни користи максимално", заврши Темелковски.
На изјавите на селекторот се надоврза и капитенот Кире Лазаров, кој кажа дека не треба да има кревање во воздух предвреме туку мора да се оди смирено и чекор по чекор на сите натпревари.
"Некако се прави еуфорија пред овој настап на првенството. Тоа е добро, но мораме да бидеме внимателни. Се гледа дека сме единствени и максимално сложни. Сепак, мораме да ја спуштиме топката на земја и смирено да ги дочекаме натпреварите кои ни претстојат. Ние сме нови на ова натпреварување и немаме доволно искуство. Затоа мораме да бидеме внимателни. Мораме да одиме чекор по чекор и да играме добро. Едно е да играме контролни, а друго ваков тип средби и затоа мораме да бидеме максимално организирани пред секој дуел", коментираше Лазаров.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.