|
Македонија покрена тужба против Грција |
Внеси реплика | страница <1 7891011 23> |
Автор | |
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ене кој не лаже тука а не политичко ми се чини дека е повекје економско но грците си знаат хехеххехехе |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што зборуваш анастеа? Пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг не е обврзувачка за ниедна страна во спорот!!! ...секоја тужба е правно прашање, но она на што се однесува тужбата и на кое се повикува и покренува НЕ Е...нашиот спор со Името не е правен спор, туку политички...спогодбата со грците е потпишана од нивна страна но никогаш не е ратификувана во нивниот парламент... |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знам моира ти што зборуваш, но јас знам дека е така: пресудата на меѓународниот суд во Хаг е обврзувачка. Пресудата се носи на затворена седница, а се објавува јавно и таа е задолжителна за странките. Против пресудата не е дозволена жалба.
Ако страната која изгубила реши да не ја примени одлуката на судот, тогаш оштетената страна може да бара од Советот за безбедност на ОН да ги употреби сите свои механизми да ја натера страната-губитник да ја спроведе одлуката на судот.
Така барем велат правните експерти. Ако лажат тие, лажам и јас.
Не знам дали знаеш, ама предмет на тужбата не е нашето име, туку времената спогодба, поточно оптужен е само членот 11 од спогодбата. Спорот за името не е предмет на тужбата. Тоа е политичко прашање, да, но не е предмет на тужбата.
Со самото потпишување на спогодбата од двете страни и нејзиното ратификување во ОН, спогодбата е правосилна. Тоа ни грците не го негираат.
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знам
моира ти што зборуваш, но јас знам дека е така: пресудата на
меѓународниот суд во Хаг е обврзувачка. Пресудата се носи на затворена
седница, а се објавува јавно и таа е задолжителна за странките. Против
пресудата не е дозволена жалба. Ако страната која изгубила реши да не ја примени одлуката
на судот, тогаш оштетената страна може да бара од Советот за безбедност
на ОН да ги употреби сите свои механизми да ја натера страната-губитник
да ја спроведе одлуката на судот.
Така барем велат правните експерти. Ако лажат тие, лажам и јас.
Во ниеден момент не споменав дека лажеш, туку очигледно не си информирана. Ај те молам побарај и прочитај за Меѓународниот Суд во Хаг и во врска со пресудите кои ги носи дали се обврзувачки во спор помеѓу две држави. Не го измислив јас ова туку така е, а и не знам каде си го прошитала горенапишаново и на кои експерти се повикуваш кога сите го кажуваат она што го пишувам во врска пресудата, и експерти и медиуми... Не знам дали знаеш, ама предмет на тужбата не е нашето име, туку времената спогодба поточно оптужен е само членот 11 од спогодбата. Многу добро знам и одлично сум упатена што и како е предмет на туѓбата. По не знам кој пат ќе повторам дека за да биде спогодбата валидна и на сила треба да биде верификувана од страна на парламентот во Грција, а токму таа спогодба и наведениот Член за кој тврдиме и фактички е прекршен е предмет на тужбата! |
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пресудите донесени од Постојаниот Арбитражен Суд на ОН, се обврзувачки за земјите членки на ОН!!!
Тука требаше да подесеме тужба за да имаме ефект каков што посакуваме доколку секако го добиеме спорот...пред Меѓународниот Суд во Хаг може да добиеме само морална сатисфакција и да покажеме заби...друго ништо доколку грците одбијат спроведување на пресудата, под услов да е во наша корист. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ха, мене пак ми изгледа дека ти не си добро информирана.
Читав јас доволно за ова, не зборувам напамет.
Прочитај ја приремената спогодба, посебно последните одредби, ќе видиш кој е надлежен за спорот и кога договорот стапува на сила.
А за последното, еве ќе те цитирам, да видиш каде тврдиш дека предмет на тужбата е името...
Колку сакаш ти повторувај, во спогодбата пишува се...
Изменето од anastea - 21.Ноември.2008 во 03:36 |
|
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
faktite ja govorat vistinata
VERUJEM CENJENI SUDE |
|
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Скопје брка двојно членство - во НАТО и ЕУ, со печатот на Хаг, пишува грчкиот весник “Елевтерос Типос“. Според изданието, намерата на Скопје станува јасна од текстот на барања на 11 страници, при што од судот се бара да признае дека Грција ги нарушила задолженијата што произлегуваат од член 11 на Времената спогодба. “Скопје сака да и се нареди на Грција да ги направи сите неопходни чекори за да ги исполни своите задолженија и да престане да се спротивставува на членството во НАТО или во некоја друга меѓународна или регионална организација, на која што Грција е членка. Во барањето се повикуваат на член 21, според кој, секое несогалсување во однос на спогодбата може да се предаде на Меѓународниот суд“. Во веста на грчкиот весник се додава дека Скопје како аргумент го истакнува своето членство во ОБСЕ (1995), Советот на Европа (1995), Организацијата за борба против хемиското оружје (1997), Европската енергетска карта (1998) и Светската трговска организација (2003) со временото име ФИРОМ без да има приговор од страна на Грција. |
|
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ova kao da sakas da kazes sekoj si odgovara pred sopstveniot narod i ddrzava za svojte postapki
|
|
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
|
ZoraNaSlobodata
Сениор Регистриран: 03.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3392 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ќе почекаме и ќе видиме шо ќе биди,има некој студент на право со задоволителна оценка по некој испит поврзан со меѓународно право :)?
|
|
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија имаше само 2 правни решенија кои може да ги употреби како членка на ОН и потписничка на спогодбата: да поднесе предлог-резолуција до Генералното собрание на ОН за да се добие мислење од Меѓународниот суд на правдата или директно да поднесе тужба до Меѓународниот суд во Хаг каде што ќе добие пресуда облигаторна за Грција.
Значи, во првиот случај се добива мислење, кое не е задолжително, а во вториот се добива облигаторна пресуда. Не знам што тука не е јасно...
Владата го избрала вториот, директен и пократок пат (оти во првиот случај, после добиеното мислење, пак се оди на суд).
Колку тоа ќе биде во наша корист, ќе покаже времето...
|
|
Паланчански
Сениор Регистриран: 01.Декември.2007 Локација: Dubrovnik Статус: Офлајн Поени: 1655 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каде ли ќе ја затвориме Грција, ако го добиеме делото?? Идризово е мало.
Или можеби Бранко ќе ја аболицира, па ништо од нашите напори. |
|
Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И еден истотака важен момент кој не е баш за игнорирање и е во корелација со тужбата е фактот дека во завршното коминике од самитот на НАТО во Бук*решт никаде не е наведено ветото од страна на Грција како причина што Македонија не беше примена за членка на НАТО.
Со ова Грција е делумно заштитена поради недостигот од правен документ во кој се потенцира како земја која ставила вето за македонскиот прием во НАТО. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...toa e najstrashnata vistina... Grcija vo site svoi postapki 10 pati meri...ednash seci...a kaj nas e obratna situacija... |
|
Внеси реплика | страница <1 7891011 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |