IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - За Иконите (само текст, без слики!)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За Иконите (само текст, без слики!)

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3536373839 57>
Автор
Порака
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 13:35
Црковни канони за иконите

* Иконите не се почитуване на материјалното, во суштина (не се почитува иконата идолопоклонички, како богови, како што верувале иконоборците), туку на темелот од сличноста на претставениот лик со личноста чие име треба да се напиши на иконата. Самото укажување на името на Исус Христос или Светиот, иконата се осветува. Ако се избриши контурата или името на светата личност, иконата ја губи символичката и аналошката вредност, и со тоа се спалува. Ист е случајот и со крстот, кој го прима осветувањето со самиот свој облик; ако се деградира тој облик или неговото дрво, тој се спалува. Према тоа, секое почитување упатено кон иконата припаѓа на насликаната личност (на оригиналот), а не на материјата од која е изработена.

* Православната традиција прави разлика помеѓу:
1. Латријата, адорацијата (клањање, богопоштовање) кое припаѓа на самиот Христос како Седржител (и лебот и виното претворени во Тело и Крв Господови, сходно со помесниот собор 1084 г. под патријархот Николај, во време на царот Алексие Комнен),
2. Ипердулијата или надпочитување кое припаѓа на Мајката Божја како Богородица,
3. Венерацијата или почитувањето кое припаѓа на Светиите поради нивната блискост со Христос.

* Природата Божја - Света Троица неможе сликовно да се претстави, бидејќи е невидлива и без облик. Сепак, Отецот се представува онака како се јавувал на виденијата на пророците и богојавувањата од Стариот Завет (во облик на момок, во средба со Авраам - Пост.18,1-3). Светиот Дух се претставува во вид на гулаб кој доаѓа во приликата на јавувањето на Троица на Крштението на Исуса Христа во реката Јордан (Матеј 3,16). Виденијата, теофанијата (богојавување) и другите случки од историјата на Спасението, можат да се сликаат и почитуваат. Иконографот треба во се да ги почитува податоците од Светото Писмо.

* Во историјата на Црквата, особено во доменот на мисијата на катихизирањето и религиозното поучување, иконите имале одлучувачка улога. Иконата има:
1. Дидактичка функција, бидејќи иконографијата е сметана како катихизис на учените и неуките,
2. Контеплативна функција, бидејќи го сугерира и привлекува духот кон преобразениот свет,
3. Посредничка функција, затоа што ја предава невидливата сила на светоста на живописанието.

Од тие причини иконите треба да се бакнуваат и целиваат со најголема побожност. Во Православната историја познати се чудотворни икони, чија тајна останува неоткриена. Било да се насликани од светии, било поради силна вера на оној кој ги почитува, било да се одбрани како орудие во божествената икономија, тие икони се најскапото отечко заветување во Православната побожност. Последниве децении некои неправославни конфесии како и историчарите на уметноста ја разоткрија вистинската вредност на иконата. Така иконата станува симбол на медитацијата и откривението, бидејќи: сведочи за светото и Божественото присуство во времето и просторот, во делон на Овоплотувањето, или Восреснувањето на Неговиот Син, ја соопштува визуелната невидлива божествена стварност која доаѓа како перцепција на чулата, ја наговестува светлоста на Идниот Век, состојбата на обожувањете или точката на средба на историското време со вечноста; го признава човечкото учество во преобразувањето на творбата.


Jeромонах Доситеј

продолжува...
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 20:30
Ovaa materija e regulirana so vtorata Bozja zapoved koja kazuva: Ne pravi si idol, nitu kakva i da e slika od ona sto e gore na neboto,ili dolu na zemjata,ili vo vodite pod zemjata! Nemoj da im se klanjas nitu da im sluzis! Zasto jas,Gospod,Bog tvoj, sum Bog lubomoren,koj gi kaznuvam grevovite na tatkovcite-grevovite na onie koi me mrazat-kaj decata do treto i cetvrto koleno,a pokazuvam milost kon iljadnici koi me sakaat i gi drzat moite zapovedi
(2. Mojseeva 20,4-6)

omilen izgovor:
Nie ne im se klanjame nitu pak gi obozavame slikite,ikonite i skulpturite,tuku svetitelite koi stojat zad niv,a ikonite i skulpturite ne potsetuvaat i ne doblizuvaat do niv i vo nasite crkvi sozdavaat cuvstvo na posebna svetost i crkovna atmosfera.
Ubavo! No istoto toa na gospodin Milin bi mu go kazal i eden mnogubozec od vremeto na prorok Ilija,ili od vremeto na prorok Daniel.Da gi cueme i negovite argumenti!
I nie,mnoguboscite,koga se klanjame pred kipovite na nasite bozestva,vsusnost ne im se klanjame i ne im sluzime na kipovite, tuku na bozestvata koi stojat zad niv-na Val,na Mitra,na Marduka,na Ozirisa,na Amona... Koga gi gledame kipovite,tie isto taka i nas ne priblizuvaat do niv i niv do nas.
Nasite kipovi uste poveke gi razubavuvaat nasite velicestveni hramovi i bogosluzenija, na koi muzikata stapuva vo sprega so niv,so sto se sozdava prekrasen,prijaten ambient koj gi pleni nasite srca.!?
Taka gi pravda svoite idoli glasnogovornikot na hristijanstvoto koe pocituva ikoni i kipovi,taka gi pravda svoite idoli glasnogovornikot na starozavetnoto mnogubostvo,so koe Bog i Bozjite proroci postojano imale raspravii.
No,i na edniot i na drugiot,Bog im veli: “Vasite argumenti nastrana! Bozjata zapoved kazuva“Ne!” Ziveeme spored vera,a ne spored gledanje”
(2. Korincanite 5,7).
Bog e Duh,i onie koi mu se poklonuvaat,treba da mu se poklonuvaat vo duh i vistina” (Jovan 4,24).
Verata doagja od slusanje,i toa od slusanje na Bozjata rec” (Rimjanite 10,17).

Hristijanskite teolozi go napagjale paganskoto idolopoklonstvo:Ako na vasite idoli im se odzeme onaa cudesna ubavina sto im ja dalo dletoto na golemite umetnici,vo niv nema da ostane nisto,osven amorfna materijaв, kazuva Oktavij.
Hristijanite gi otfrlaat ovie bogovi,zasto tie se samo kamen,drvo ili metal,a ne vistinski Bogв,zaklucuva Tacijan.
Vakvi citati ke najdeme na bezbroj mesta vo Stariot zavet,zasto od svoite pocetoci monoteistickata svest mu se protivstavuva na sekoe idolopoklonstvo.Dolgo crkovnite otci odbivale sekoja pomisla na slika ili skulptura koja bi imala svetost.I za intelektualcite vo helenistickiot i rimskiot svet najgolema precka bila da veruvaat vo sliki i kipovi.Za da se nadmine ovoj problem i idolite da stanat opsto prifatlivi za site,se razvila misticna svest,pri sto sodrzinata se tolkuva simbolicno.


Изменето од Pentakostalec - 17.Ноември.2008 во 20:30
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 20:58

ИДОЛИТЕ СЕ ЗА ИДОЛОПОКЛОНИЦИТЕ...

 
ИКОНИТЕ СЕ ЗА ВЕРНИЦИТЕ...
 
ИСТОРИЈА = РЕАЛНОСТ = ВИСТИНА!!!
големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање


Изменето од Tetratka - 17.Ноември.2008 во 20:59
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2008 во 05:43

Беседа изречена од св. Јован Дамаскин

Бидејќи некои не прекоруваат што се поклонуваме на иконите и ги почитуваме иконите на Спасителот и Владичицата наша, како и иконите на останатите светители и угодници Христови, нека слушнат дека Бог од почетокот го створил човекот по сопствената икона (слика, образ). Поради што, се поклонуваме еден на друг, ако не затоа што сме создадени по иконата Божја? Како што вели богоносниот и знајниот на божествените работи, Василие, почитувањето упатено на иконата, достигнува до праобразот; „а праобразот (прволик, прототип) е она што на иконата е изобразено, од кое произлегува образот. Поради што Мојсеевиот народ, застанат во круг, се поклонувал на шаторот, кој бил икона и образ на небесните стварности, или на целокупната творба? Господ Бог му вели на Мојсије: „Гледај, па направи го се ова по сликата (образот) која ти е покажана на гората. Зарем, херувимите кои правеле сенка на жртвеникот не се дело од човечката рака? Што ли е прочуениот храм во Ерусалим? Нели е ракотворен и од човечката вештина на нивните раце.

Божественото писмо, меѓутоа, ги осудува оние кои се поклонуваат на киповите, но и оние кои принесуваат жртви на демоните. Јелините принесувале жртви, а принесувале жртви и Јудеите; меѓутоа, Јелините жртвите ги принесувале на демоните, а Јудеите на Бога. И беше Јелинското жртвопринесување отфрлено и осудено, а жртвата на праведните прифатена од Бога. Бидејќи Ное принесе жртва и Господ Бог омириса мирис од праведник, зошто прими мирис на добра воља и благодарност упатена Нему. Така, киповите јелински, го преставувале изобразувањето демонско, и биле отфрлени и забранети.

Згора на тоа, кој е во состојба да го изобрази невидливиот и безтелесниот, неописивиот и неизобразивиот Бог. Према тоа, изобразувањето на она што е божествено знак е на крајно безумие и бесчестие. Оттука во стариот завет небила вообичена употребата на иконата. Меѓутоа бидејќи Бог поради својата голема милост постанал човек за нашето спасение, и тоа не онака во човешки облик како што се јавил на Авраама или пророците, туку навистина суштински постанал човек живеел на земјата и со луѓето, па чудотворел, страдал, бил распнат, воскреснал, и се вознесол, и сето тоа навистина се случило, и луѓето тоа го виделе, и запишано е тоа, па затоа да се сеќаваме на тоа и поучиме и ние кои тогаш не сме биле присутни, да иако несме виделе поверуваме ќе се удостоиме со блаженствата Господови. Бидејќи сите не се вични на писмото, ниту читаат, затоа светите отци одлучија тоа, како некакви исклучителни дела, да биде на иконите запишано, поради кратки помени. Навистина многу пати немајќи го на ум Христовото страдање, кога ќе го видиме на икона Христовото распнување ни доаѓа во сеќевање спасоносното страдање, и паѓајќи на земја се поклонуваме, не на материјата, туку на оној кој е на иконата изобразен, како што не се поклонуваме на материјата на Евангелието ниту на материјата на крстот, туку на нивниот вообраз. Бидејќи по што се разликува крстот кој на себе го нема образот Господов од оној кој го има? Исто така кога станува збор за Богоматеријата: бидејќи почитувањето кое е кон неа прикажано, го упатуваме кон Оној кој од неа се восплотил. На сличен начин и големите дела кој ги створиле Светителите не потстикнуваат на човечност и ревност и подржување на нивните предности и славата Божја. Бидејќи како што спомнавме, почита која ја укажуваме кон благодарните сослужителите ја покажува благонаклоноста кон заедничкиот Владика, и почитување кон иконата преоѓа на прволикот. Тоа е всушност не запишано предание, како што е поклонувањето кон исток, поклонување на крстот и многу друго слично на тоа.

Се кажува и некое предание дека царот Авгар кој владеел во градот Едеса, го испратил сликарот да го изобрази ликот Господов, но тој не бил во состојба поради заслепувачки блесок на Неговото лице. А Господ го приклонил своето лице на едно платно и го изобразил на него својот лик и така му го испратил на Авгар, кој тоа го сакал.

А дека апостолите многу тоа незапишано ни го предадоа, за тоа пишува апостол Павле, апостол на народот: „Значи така браќа, застанете цврсто и придржувајте се кон преданијата, на кои сте научени, било преку нашиот збор или преку посланија“. А на Коринтјаните им напишал: „Ве пофалувам, браќа, што се мое паметите и го вршите преданија како што Ви го предадов“.
св. Јован Дамаскин



Подготви: јеромонах Доситеј (Бигорски манастир)


Превземено од премин портал
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 22:29
Како и да е иконите се дискутабилни. Што е со иконоборците? Верата во Живиот Бог не е спорна. Па така оние кои ги застапуваат иконите можеби се во рпаво можеби не се, додека оние кои веруваат во Бога секако дека се во право. Зошто да ризикуваме?
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 22:40
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Како и да е иконите се дискутабилни. Што е со иконоборците? Верата во Живиот Бог не е спорна. Па така оние кои ги застапуваат иконите можеби се во рпаво можеби не се, додека оние кои веруваат во Бога секако дека се во право. Зошто да ризикуваме?


За да не ризикувате, почитувајте ги иконите и молете им се на светителите да ве застапуваат пред Бога.
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 22:44
Т.е. баш тоа не правете го! Иако во економијата важи правилото ,,ризик ствара капитал’’ овде важи спротивното!
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 22:59
Алдра, Господ самиот дал заповед по храмовите да има изрезбано Херувими, палми и сл. Зошто вие во вашиот храм го немате тоа?
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 23:10
Братче знаеш што е интересно,
За посигурно, почитувај го само Бог...
 
А за уште посигурно, или нај сигурно почитувај го Бог, зашто на иконите е изобразен Бог, (Словото Божјо, Христос)!!!
 
Така е нај нај сигурно... затоа што нема што да изгубиш, (а можеш само да добиеш) бидејќи ти така (на тој начин) пак Го почитуваш Бог...
 
 
големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2008 во 00:16
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Како и да е иконите се дискутабилни. Што е со иконоборците? Верата во Живиот Бог не е спорна. Па така оние кои ги застапуваат иконите можеби се во рпаво можеби не се, додека оние кои веруваат во Бога секако дека се во право. Зошто да ризикуваме?



Иконоборците се јавуваат поради некои тогашни-општествени економски услови. Во иконоборството всушност се крие обид за борба против тогашната положба на Црквата во Византија. Прочитај повеќе малку за иконоборството- на интернет има некои работи и за него ( од аспект на историјата ).
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2008 во 04:08
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:

Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Како и да е иконите се дискутабилни. Што е со иконоборците? Верата во Живиот Бог не е спорна. Па така оние кои ги застапуваат иконите можеби се во рпаво можеби не се, додека оние кои веруваат во Бога секако дека се во право. Зошто да ризикуваме?



Иконоборците се јавуваат поради некои тогашни-општествени економски услови. Во иконоборството всушност се крие обид за борба против тогашната положба на Црквата во Византија. Прочитај повеќе малку за иконоборството- на интернет има некои работи и за него ( од аспект на историјата ).


100% se soglasuam so tebe
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2008 во 04:13
Originally posted by Pentakostalec Pentakostalec напиша:

Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:

Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Како и да е иконите се дискутабилни. Што е со иконоборците? Верата во Живиот Бог не е спорна. Па така оние кои ги застапуваат иконите можеби се во рпаво можеби не се, додека оние кои веруваат во Бога секако дека се во право. Зошто да ризикуваме?



Иконоборците се јавуваат поради некои тогашни-општествени економски услови. Во иконоборството всушност се крие обид за борба против тогашната положба на Црквата во Византија. Прочитај повеќе малку за иконоборството- на интернет има некои работи и за него ( од аспект на историјата ).


100% se soglasuam so tebe


A свесен ли си на што се согласи? До некни ти викаше дека иконите се ерес, а сега велиш дека се во ред. Прочитај внимателно што пишал мацедон_алекс.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2008 во 04:49
e od kaj znajs ti moze sum smenil misleje
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2008 во 06:38
Originally posted by Pentakostalec Pentakostalec напиша:

e od kaj znajs ti moze sum smenil misleje


Па ако ти се разјаснил проблемот, освен стандардните гушки ти давам уште една плус
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3536373839 57>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,516 секунди.