IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - МПЦ го купи хотел “Изгрев“ за 1.500.000 евра???
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МПЦ го купи хотел “Изгрев“ за 1.500.000 евра???

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: МПЦ го купи хотел “Изгрев“ за 1.500.000 евра???
    Испратена: 17.Ноември.2008 во 02:34
 
Г.Г. Стефан извади милион и пол евра кеш, и го купи сопствениот хотел Изгрев!


МПЦ и поглаварот г.г. Стефан јавно тврдеа дека хотел Изгрев не е загубен, дека е нивна сопственост. Но, пред некој ден, тие за еден и пол милон евра го купија хотел Изгрев во Струга! Кој го продал хотелот ако е сопственик МПЦ, како што тврдеше г.г. Стефан?! МПЦ нема на сметка еден ипол милион евра свои пари за да го купи назад сопствениот хотел, чии пари се тогаш во трансферот?! Дури и да имала пари, МПЦ нема одлука на Синодот еден така голем износ да се потроши за купување на хотел кој е претходно веќе загубен заради сомнителни трансакции токму од МПЦ.

По правосилно судско решение, и завршена управна постапка за сопственици запишани во Катастар, извршителот Марјан Деребан го ставил хотелот на лицитација, откако добил известување дека жалбата на германската ЛХБ банка како доверител е одбиена. И, сосема неочекувано за пошироката јавност, на лицитацијата се пријавила само МПЦ, и за хотелот Изгрев понудила 1,5 милион евра. 

Хотелот Изгрев не е сопственост на МПЦ туку, со сомнителни трансакции, Црквата го загубила хотелот заради долг кон Банки и лица од Струга. Доверители, покрај германската ЛХБ банка, беа Тутунска банка од Скопје и една приватна фирма на македонски Албанец од Велешта, Струга. Извршителот Деребан вели дека со овие 1,5 милион ќе бидат вратени главните долгови за кредитите кон Тутунска банка и кон фирмата Авел ДООЕЛ од Велешта, без да прецизира детали како и зошто само МПЦ се јавила на лицитацијата за хотелот. Немаше ни детали за потеклото на парите, дури еден и пол милион евра на МПЦ за овој трансфер.

Шокантно е тоа што никој во МПЦ од членовите на Синодот не знае, ниту дека МПЦ повторно го купила хотелот Изгрев, ниту пак е јасно од каде на МПЦ толкава сума пари. Според досегашните изјави на г.г. Стефан, МПЦ сега сама си го купила сопствениот хотел, а милион и пол евра црковни пари (што значи наши, заеднички пари на сите верници) за ништо отишле во нечии раце. Владиците на МПЦ велат дека ваква точка на дневен ред на Синодот воопшто не била ставена и дека архиепископот самоволно во координација со својот финансиски советник Димитар Белчовски, поддржан од браќата Миладинови, влегле во оваа идеја за повторно купување на хотелот Изгрев. 
МПЦ е сопственик на “Изгрев“ од 2001 година. Набргу потоа, повторно без знаење на Синодот и без јавно објавен тендер “Изгрев“ е даден на управување на браќата Миладинови, заедно со хотелот Бисер, кој го доби како денационализација. Вечер пред две години прв ги објави скандалозните хипотекарни договори во кои, со црковен имот како залог од неколку банки беа подигнати кеш пари, неколку милиони евра, за кои никој во Синодот на МПЦ, до ден-денеска, не објасни каде завршија. ГГ Стефан ги негираше овие трансакции, тврдејќи дека се клевети.

Откако доверителите ја активираа хипотеката Тутунска банка од Скопје за еден милион евра кредит и Авел ДООЕЛ од Велешта за 1,2 милион евра исто така побарување хотелот беше ставен на лицитација. Набргу потоа лицитацијата беше стопирана бидејќи германската ЛХБ банка тврдеше дека МПЦ и Миладинови и од неа имаат земено кредит од 4 милиони евра, но некој во катастарот во Струга успеал да ги избрише од имотниот лист на доверители.  Најголем дел од владиците на МПЦ се шокирани и ќе бараат архиепископот да им образложи од каде нашол толкава сума пари? Владиците тврдат дека никогаш, на сметката на МПЦ, немало 1.500.000 евра. Особено не пари кои се слободни за купување хотели, во време кога МПЦ се соочува со низа финансиски проблеми за кои пари нема.
Бизнис партнерите на МПЦ уверуваат дека до 2009 ќе биде завршена реконструкцијата на хотелот, а кредитите ќе се отплаќаат до 2013. Сепак, не можат да потврдат која ќе биде идната функција на хотелот. Нивната намера е да се гради центар за рехабилитација.
--------------------------------------------------------------------------------------------------
 
Каков матен бизнис е ова: на МПЦ или приватен на дедо Стефан?
Од каде му толкави пари на поглаварот, и тоа за купување хотел?...збунетост
 
 
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2008 во 00:02
mu dal grujo zatoa i nema da ima proverka na poteklo na parite ! e grujo ,grujo! crni grujo !
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2008 во 01:47
Викаш Грујо му дал?...
Или за се Грујо е крив?...збунетост
 
Инаку, хотелот Изгрев е еден од најкомплицираните случаи на организиран криминал, тврдат од Антикорупциска и од Дирекција за перење пари, а истрага се води и во МВР...
Јавното обвинителство веќе формира обвинителен акт и се очекува истрагата да финишира.
 
Ќе видиме кој стои зад парите на дедо Стефан...намигнување
Кон врв
mmomirovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 15.Септември.2008
Локација: Tuvalu
Статус: Офлајн
Поени: 1219
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mmomirovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2008 во 09:17
Originally posted by anastea anastea напиша:

Викаш Грујо му дал?...
Или за се Грујо е крив?...збунетост

 

Инаку, хотелот Изгрев е еден од најкомплицираните случаи на организиран криминал, тврдат од Антикорупциска и од Дирекција за перење пари, а истрага се води и во МВР...

Јавното обвинителство веќе формира обвинителен акт и се очекува истрагата да финишира.

 

Ќе видиме кој стои зад парите на дедо Стефан...намигнување


Anastea, трдењето ти е релативна работа , ако сакале да посветат доволно внимание, и доволно време, како во многу случаи, ќе се дошло барем до каков таков заклучок, но тука се работи за спасување на образ на определени личности, кои поради некои работи, за кои мислеле, дека имаат апсолутна доверба, ќе поминат лесно кај нарадот, одкога увидоа, дека верувањет и реалноста се различни работи, мораа да спасуваат образ, зошто после толку долго време, сево ова го прават, со една причини се верува дека поминало доста време, народот како по обичај за три дена чудо... На оваа тема цели есеј може да се напише, но на крајот секогаш е едно исто, политика си е политика, дали државна, црквена или друг вид на политика...
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2008 во 23:07
od provereni izvori, politika , i toa visoka e vo prasanje! mnogi se zameskani, i mnogumina izgorea uste prviot pat! seiri ke gledame samo na kraj ke izleze "tresla se gora, rodio se mis"
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2008 во 23:08
so bi rekle nekoj ovde "bozja volja"
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 02:12
Ма каква политика, каква религија, “чист“ бизнис е во прашање: перење пари и малверзации. И да се замешени политичари, сигурно не е од политички туку од криминални побуди.
МПЦ купила акции во Изгрев уште во 2001-ва година во износ од околу половина милион евра и со тоа стекнала сопственост на една третина од хотелот. Изгрев потоа паѓа во стечај поради загуби, па формираат заедничка фирма со браќата Миладинови од Струга. Имаат земено 2 кредити од германската ЛХБ Банка во износ од околу 6 милиони евра. Како гаранција на кредитот ставаат хипотека на хотелот, па сега банката тврди дека струшкиот катастар издал фалсификат имотен лист од кој е избришана нивната хипотека.
Кредитите не се вратени, парите не се знае каде се, хотелот пак е на МПЦ?...збунетост
Чорба-каша...
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 19:29
popara... a dedo stefan molci....i ke molci....zalosno...kakov objekt....ne ni trebese da im go dadat na mpc ni prviot pat....zalosno,zalosno...
a i stvarno kaj ojdoja parite?
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 23:13
Originally posted by nelson nelson напиша:

popara... a dedo stefan molci....i ke molci....zalosno...kakov objekt....ne ni trebese da im go dadat na mpc ni prviot pat....zalosno,zalosno...
a i stvarno kaj ojdoja parite?


ВЕЛИШ ЖАЛОСНО КАКОВ ОБЈЕКТ ... ОБЈЕКТОТ НЕКОГАШ БЕШЕ НЕШТО, АМА СЕГА ОД ТОЈ ОБЈЕКТ `ХОТЕЛ ИЗГРЕВ` НЕМА АПСОЛУТНО НИШТО ... СЕ Е ИСПОКРАДЕНО СЕ. СТОИ САМО ЖЕЛЕЗНАТА КОНСТРУКЦИЈА ... ДА СЕ ЗАПРАШАМЕ КАДЕ Е ЦЕЛИОТ ИНВЕНТАР, ВРАТИТЕ, ПРОЗОРЦИТЕ, ПАРКЕТОТ, ПЛОЧКИТЕ, МЕБЕЛОТ, .... ВИ ВЕЛАМ СЕ Е ОДНЕСЕНО. А ЗА ТОА КОГО ЌЕ ОБВИНИТЕ? ПАК ДЕДО СТЕФАН? КАДЕ СЕ ТУКА БРАЌАТА МИЛАДИНОВИ КОИ КАКО ШТО ЗНАМ ВМЕШАА ПРСТИ И ВО `ЕВРОТЕЛ` И ВО `БИСЕР`. КОЛКУ ЛИ КУЌИ И ВИКЕНДИЦИ СЕ УРЕДИЈА СО ХОТЕЛ `ИЗГРЕВ`, НА КОИ ЛИ СЕ ШЕФОВИ И ДИРЕКТОРИ. ПА НА КРАЈОТ НА КРАИШТАТА АКО ГО КУПИЛА ЦРКВАТА
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 23:16
inventarot so vredese se prodavase na licitacija, a ostanatoto e pokradeno ama od sitni dzeparosi.
vrednoto go lapnaa glavesinite
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 09:40
Ќе видиме кој стои зад парите на дедо Стефан...(cit)
 
...leleeee..i tuka sum povtorno jas vmesan..!mora da ima i moj del od parite...не%20кажувај%20никому
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 23:23
ima,ima
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 16:28
И официјално Скопската епархија стана газда на „Изгрев“ за 1.500.000 евра. По втор пат платија за истото,а не знаат од каде ќе најдат пари за реновирање на хотелот...
Дедо Стефан го купил хотелот не во кеш, туку со обврзници...збунетост
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 19:33
...konecno da zavrsi nesto po moi keif...
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.