|
Интернетот во вероисповеста (религијата) |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | ||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
spiros, ne e World Wide War, tuku World War One, World War Two... i toa e na angliski jazik, neshto sto ne se koristelo vo razgovor i vo pishuvanje na togashnite narodi od tie prostori. Ova sto go pishuvaat World Wide War e segashno izmislena kovanica da se stokmi so teorijata na WWW=666.
Inaku odsekogash imalo vojni i ke gi ima, bez obzir kako ke gi narechat, taka da "Зашто ќе се дигне народ против народ и царство против царство; и ќе има глад, и помор, и земјотреси на разни места. Но сè тоа е само почеток на страдањата" se zbidnuva neprekinato odsekogash. Kazhi samo koga ne se skluchuvalo? Ubavo te prashav zoshto ja otvori temava so konkretni rashanja od koi ochekuvav konkretni odgovori. Samo mislam deka tebe temava ti e interesna onaka za muabet (sto ne e nishto losho) i faktichki nemash nishto konkretno na um, inaku nemashe da napishesh "... ќе престанеме да се сомневаме во КРВТА ХРИСТОВА, во ЕВАНГЕЛИЕТО и сите заеднички ќе го сториме тоа што треба да се стори! ", tuku ke KAZHESHE KONKRETNO STO TREBA DA SE STORI. Inaku ne veruvam deka diskutiranjeto okolu pretpostavkite sto znachi brojot 666 kako i implikacijata za Internetot (zoshto da ne bidat pechatot, radioto, televizijata ili neshto sosem treto sto doprva ke se pojavi?) ke pridonese bilo sto za da prestane somnevanjeto kaj nekoi lugje vo krvta Hristova i Evangeliot, kako sto velish ti... Iako temava vo sushtina nema nishto so veroispoved, osven manipulacija so eden od tekstovite vklucheni vo Noviot Zavet, ke ostane objavena na forumov dokolku drugite chlenovi naogjaat nekoj svoj religijski interes vo nea. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Паралелата е таа што и World Wide War и World Wide Web се знаците кои ХРИСТОВИТЕ очевидци и ушослушци ги запишале во Светото Писмо кој некој поради нешто сака да го банализира! Луѓето кои првата глобална војна ја сметале за свршетокот на светот би требале да обрнат внимание на следниве зборови: (Матеј 24: 7+8) Зашто ќе се дигне народ против народ и царство против царство; и ќе има глад, и помор, и земјотреси на разни места. Но сè тоа е само почеток на страдањата.
Во времето кога сите зјапаме по екраните, возиме дебели автомобили, летаме над облаците, итн. а истовремено забораваме дека (огнот) затоплувањето на климата се повеќе се зголемува, јас отворив една ваква тема со дечја надеж дека ние сите ќе се освеснеме - како што тоа го направи градот Ниниве во времето на пророкот Јона – ќе престанеме да се сомневаме во КРВТА ХРИСТОВА, во ЕВАНГЕЛИЕТО и сите заеднички ќе го сториме тоа што треба да се стори! (Јона 3:5 - 10 ) И нинивијците поверуваа во Бога; огласија пост и се облекоа во вреќишта, сите од најголемиот до најмалиот. Словото стигна до царот на Нинивија, тој стана од престолот, ја соблече плаштеницата од себе, се облече во вреќиште и седна во пепел. Тогаш по одредбата на царот и на неговите големци се огласи и се објави во Нинивија: „Луѓето и добитокот, говедата и овците да не вкусат ништо, ниту да пасат, ниту да пијат вода. Туку и луѓето и добитокот да се покријат со вреќишта, да повикуваат силно кон Бога и секој да се одврати од својот лош пат и од насилствата што се во нивните раце. Кој знае, можеби Бог ќе се смилува и ќе се одврати од Својот лут гнев за да не загинеме?” Бог ги виде нивните дела: дека се обратија од својот лош пат. И Господ се сожали заради несреќата со која им се беше заканил да ја направи, и не ја направи. |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Старец Лаврентиј, кој стекнал обилна благодат од Светиот Дух Божји, често на своите чеда им говорел за последните времиња, ги опоменувал дека треба да бидат будни и претпазливи, бидејќи антихристот е близу.
Баќушката говорел: “Еве, сега гласаме – тоа не е ништо, бидејќи се уште не го даваме гласот само за еден во светот. А кога ќе треба да се гласа само за еден – тоа веќе е тој, и не смее да се гласа”. Преподобниот говорел дека ќе има таква војна во целиот свет, што никој никаде нема да преживее, само тие по клисурите. “Ќе се бијат меѓу себе, и ќе останат две или три држави, и ќе одлучат: ‘Ајде да избереме еден цар за целата вселена’. И ќе го изберат. Во последните времиња вистинските христијани ќе бидат прогонувани, а старите и немоќните нека се фаќаат макар и за тркалата на колите и нека бегаат со нив”. Просветен од Светиот Дух, Старецот за доаѓањето на антихристот говорел: “Ќе настапи време кога ќе се собираат потписи за еден цар на земјата. Строго ќе се прави попис на населението. Ќе се влегува по домовите, а таму – маж, жена и деца. И жената ќе почне да го наговара мажот: ‘Ајде да се потпишеме, ние имаме деца, ништо нема да можеме да купиме за нив’. А мажот ќе рече: ‘Ти како сакаш, а јас сум podgotven и да умрам, ама за антихристот не го давам потписот’. Таква жалосна слика е иднината”. “Ќе дојде време”, говорел преподобниот отец Лаврентиј, “кога ќе се обновуваат и затворени храмови, и тоа не само однадвор, туку и одвнатре. Куполите и на црквите и на ѕвоната (камбанариите) ќе се позлатуваат. А кога се ова ќе заврши, ќе завладее антихристот. Да се молиме, Господ Бог, да ни го продолжи времето за да зацврснеме, затоа што не очекува страшно време. Гледате ли како се се подготвува на расипан начин? Сите цркви ќе бидат во најголем раскош, како никогаш порано, а во нив нема да се забранува да се оди. Антихристот ќе биде крунисан како цар, во велелепниот ерусалимски храм, со учество на големо духовништво и Патријарх. Влегувањето од Ерусалим и излегувањето од него ќе бидат слободни за секој човек. Но тогаш немојте да патувате, зашто сето ова ќе се направи за да се прелажат луѓето. Антихристот ќе биде син на девојка блудница – Еврејка од дванесетото колено на блудни. Уште како дете ќе биде многу паметен и способен, а посебно од моментот, кога како дванаесетгодишно дете, шетајќи се по градина, ќе го сретне сатаната, кој ќе излезе од самата бездна и ќе се всели во него. Детето ќе затрепери од страв, а сатаната ќе му рече: ‘Не плаши се , јас ќе ти помагам’. И од тоа дете, во човечки облик, ќе израсне антихристот. За време на крунисувањето, тој нема да дозволи, правилно да се прочита ‘Символот на верата’. На местото каде стојат зборовите: ‘Исус Христос, Син Божји’; тој ќе се откаже од тоа, и единствено себе ќе се признае. Тогаш Патријархот ќе повика: „Тоа е антихристот!“ – и поради ова Патријархот ќе биде убиен. За време на крунисувањето, антихристот ќе носи ракавици, а кога ќе ги симне за да се прекрсти, Патријархот ќе забележи дека на прстите нема нокти, туку канџи, и тоа ќе послужи уште како еден доказ дека тоа е антихристот. Од Небото ќе слезат пророците Енох и Илија, кои исто така ќе говорат дека дошол антихристот: „Тоа е антихристот, не верувајте му.“ И тој ќе ги убие пророците, но тие ќе воскреснат, и ќе се вознесат на Небото”. Монахињата Евлампија, во чија куќа живеел светителот за времето кога манастирот бил затворен, го кажува своето сеќавањe: “Беше 1930 год. Баќушката цела ноќ разговараше. Со кого, не можев да наслушнам. Не се осудував да влезам и да видам. Утрото ми рече: ‘Мајко, имавме гости, ти си сведок на тоа’. Прашав: ‘Кој беше тоа’? А старецот радосно ми одговори: ‘Пророкот Божји Илија и праведниот Енох. Со мене тие зборуваа за последните времиња и за судбината на светот, на Русија, на Православниот цар и за антихристот. И уште рекоа, дека Св. ап. Јован Богослов, ќе дојде да разговара со мене’. Една ноќ 1949 год., Старец Лаврентиј бил удостоен да го посети св. Евангелист Јован Богослов. Тоа се случи на 26 септември според стариот календар. Разговараа околу седум часа. Светиот Евангелист го дополнил она што гоговореле пророкот Илија и праведниот Енох, и говорел за јавувањето на Крстот Господов, за Воскресението на мртвите и за Страшниот Христов Суд”. Антихристот ќе биде научен на сите сатански лукавства и ќе дава лажни знаци. Него ќе го слуша и гледа целиот свет во исто време. По сведоштвото на архиепископот Симон, архиепископот Теодосие, епископот Јаков и архимандритот Теофан, светиот Божји угодник говорел: “Блажен е и преблажен човекот кој нема да го види богомрското лице на антихристот, ниту пак ќе посака да го види. Кој ќе ги слушне неговите богохулни зборови и неговите ветувања за земни добра, тој ќе се прелаже и ќе му се поклони. И заедно со него ќе загинат и ќе горат во вечен оган”. Отците го прашале Старецот: “Кога ќе се случи сето тоа”. Светиот Старец со солзи одговорил: “На свето место ќе владее гнасотија пустошна и ќе се појават скверни лажливци во светот; тие ќе ги залажуваат луѓето кои отстапиле од Бога, и ќе прават лажни чуда. По нив ќе се појави антихристот и целиот свет ќе го види во ист момент”. Тие го прашале: “Каде на свето место? Во црквата?”. Преподобниот одговорил: “Не во црквата, туку во секој дом. Во аголот каде стојат и висат свети икони, ќе стојат лажливи апарати за соблазнување на луѓето. Многумина ќе речат: ‘Па потребно ни е, за видиме и чуеме нови работи’. И ете, на вестите ќе се појави антихристот”. “Тој луѓето ќе ги ‘обележи’ со печат. Ќе ги мрази христијаните. Ќе почнат последните гонења на христијанските души, кои ќе одбијат да го примат печатот на сатаната. Најпрво ќе почнат прогонствата по ерусалимската земја, а потоа по целиот свет, ќе се пролие последната крв за Името на нашиот Искупител Господ Исус Христос. Од вас, деца мои, многумина ќе го доживеат тоа страшно време. Печатите ќе бидат такви, веднаш да се видат дали човек ги примил или не. Христијаните ништо не ќе можат да купуваат или продаваат. Но не тагувајте: Господ своите нема да ги остави... Не плашете се! Цркви ќе постојат, но православните христијани, во нив нема да смеат да одат, затоа што таму нема да се принесува Бескрвната Жртва на Господ Исус Христос, туку ќе биде сатанско збиралиште. И поради таквите безакони дела, земјата ќе престане да раѓа, од суша ќе испука, ќе се појават такви пукнатини, во кои ќе може човек да пропадне. Христијаните или ќе ги убиваат, или ќе ги прогонат на пусти места. Но Господ ќе им помага на Своите следбеници и ќе ги храни. И Евреите ќе бидат протерани на едно место. Некои Евреи, кои вистински живееле според Мојсеевиот закон, нема да го примаат знакот на антихристот. Тие ќе исчекуваат, внимавајќи на неговите дела. Тие знаат дека нивните предци не го признале Господ Исус Христос за Месија, и Бог ќе направи да им се отворат очите и нема да го примаат печатот на сатаната, туку ќе го признаат Господ Исус Христос и ќе владеат заедно со Него. А сиот слаб народ ќе тргне по сатаната, и кога земјата ќе престане да раѓа, луѓето ќе отидат, да го молат да им даде леб, а тој ќе одговори: „Земјата не сака да раѓа. Јас ништо не можам да направам.“ Ни вода нема да има, сите реки и езера ќе пресушат. Таа неволја ќе трае триипол години, но заради избраните Свои, Господ ќе ги скрати тие денови. Во тие денови уште ќе има силни борци, столбови на православието, кои ќе бидат под силно влијание на умно – срдечната Исусова молитва. И Господ ќе ги покрива со Својата семожна Благодат, и тие нема да ги видат оние лажни обележја кои ќе бидат подготвени за сите луѓе. Уште еднаш повторувам, во тие цркви нема да смеете да одите, благодат во нив нема да има”. Слушајќи ја оваа беседа, една сестра прашала: “Што да правиме? Не би сакала да го доживеам тоа време!”. “Ти си млада, можеби ќе го дочекаш”, рече Старецот. “Иако е страшно!” – “Ти бирај едно од двете: или земното или Небесното”. “Ќе биде војна”, продолжил Старецот, “и каде таа ќе помине, луѓе веќе нема да има. А пред тоа Господ Исус Христос на слабите луѓе ќе им испрати мали болести, и тие ќе умрат. А за време на антихристот смрт нема да има. И Третата светска војна веќе нема да биде поради покајание, туку поради истребување”. Сестрата на тоа кажала: “Добро е што ќе биде војна, бидејќи луѓето така ќе бидат прибројани кон мачениците”. А баќушката возвратил: “А не, ако веруваат и пострадаат во крв ќе бидат прибројани кон мачениците, но ако не веруваат, ќе отидат во адот”. “Значи, може и да се пропадне?”, прашала сестрата. А баќушката одговорил: “Слабите Господ Бог ќе ги земе кај Себе, а други ќе се очистат преку болести. Ќе има и такви, кои во војна ќе ги исперат своите гревови со сопствената крв и ќе бидат прибројани кон мачениците. А најсилните Господ Бог ќе ги остави за средба со Него. И додека бројот на Божјите сведоци, нарушен со отпаѓањето на дел од ангелите, не се потполни со оние кои се спасуваат, господ Бог нема да дојде да суди. Во последните времиња Господ Бог и живите, запишани во Книгата на животот, ќе ги приброи кон Ангелите, за да го дополни бројот на оние ангели кои отпаднале од Него”. “Обновувањето на храмовите ќе трае до самото доаѓање на антихристот, и секаде ќе биде невиден раскош”, говорел Старецот. “А вие во обновувањето на нашите цркви бидете умерени, кога е во прашање нејзината надворешност. Молете се повеќе, одете во црква, додека имате можност, особено на св. Литургија, на која се принесува Бескрвна Жртва за гревовите на целиот свет. Редовно исповедајте се и причестувајте се со Телото и Крвта на Господ Исус Христос и Господ Бог ќе ве поткрепи. Господ Бог е милостив. Оние Евреи, кои ќе одбијат да го примат печатот на антихристот и ќе извикаат дека тоа е измама, а не ‘месија’, Он ќе ги спаси”. Баќушката со јероѓаконот Георгие разговарал за последните времиња, горко плачел и говорел: “Многу духовници ќе загинат за времето на антихристот”. Отец Георгиј рекол: “Како јас да не загинам, па јас сум ѓакон?” Баќушката одговорил: “Не знам”. Тогаш отецот ѓакон, почнал да плаче и паднал пред нозете на Баќушката, па го замолил да се помоли за него, како би го избегнал пеколот. Старецот се помолил и рекол: “Добро. Ете, се случува, човек да се разболи од глава – да умре, и да влезе во Царството Небесно”. Она што Старецот го рекол во скриена форма, се овистинило. Добро го познававме тој ѓакон од Киево – Печерската лавра. Тоа беше монах, полн добродетели. Одеднаш се разболел “од глава” и набрзо се упокоил. Баќушката, често се смирувал (скрушувал) и плачел: “Полна е бездната со човечки души...И на земјата ќе се пренесе бездната. Сите демони ќе излезат од бездната и ќе влезат во луѓето, кои не сакаат ниту да се крстат, ниту да се молат, туку само ќе убиваат луѓе. а убиството е – првороден грев. Демоните ќе настојуваат, што повеќе луѓе да опрелестат со тој грев”. {zemeno od www.veruvam.com}za poslednite vremija} |
||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne znam kakva e paralelata so prvata svetska vojna i Internetot, no koga vekje ja spomna, za vreme na nejzinoto odvivanje, lugjeto vo Evropa smetaa deka tokmu taa e Armagedonot i go ochekuva sekoj moment vrakjanjeto na Hrista. Koga podocna vidoa oti ne bilo taka...
No da se vratime na temata za koja se ushte ne mi e jasno zoshto ja otvori... Dali celta ti e da pretpostavuvame deka Internetot e najavenoto 666 (ako voopshto toa ime/broj e kazhan i e korektno preveden) ili ti si siguren vo toa, pa sega ochekuvash da razgovarame za nekakov lek vo vrska so nego? Koj e tvojot stav za toa? Imash nekakov predlog? Da prestaneme da go koristime Internetot? Da go koristime so nekakvi limitiranja? Da sprovedeme nekakva zashtita? P.S. Patem, ne mora sekoj da e povrzan so Internet za da kupuva i prodava (vidi gi barem prodavnicite za hrana koi se snabduvaat od lokalnite proizvoditeli), a vekje odamna SITE (bogati i siromashni, mazhi i zhani, deca i vozrasni) se registrirani i oznacheni so brojki od drzhavnite sluzhbi (socijalni broevi, lichni karti...), koi megju drugoto po potreba se razmenuvat megju drzhavite. Изменето од Messenger - 17.Ноември.2008 во 20:48 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да, како што имало и илјадници војни досега но 1914 година започна првата СВЕТСКА војна koja е неспоредлива со сите поранешни (локални) војни. Таа започна баш во срцето на европа, во срцето на југославија, во срцето на босна и ХЕРЦеговина (херц на германски значи срце!) кога Гаврило (Габриел, Ѓаврил) Принцип го отепа австроунгарскиот крал. Потоа почнаа да паѓаат царствата како никогаш досега, за пред некој месец да падне и највисокото (географско) кралевство – непал. (види Пропрок Даниел 2:44). Интернетот пак е една војна направа која се етаблира во цивилниот свет пред се како комерцијална алатка. Денес скоро секоја фирма стопанисува преку интернет и кога би сте сакале да стопанисувате без него би ви било многу тешко (ако не и невозможно). Пред извесно време требаше да ја запишам ќерками во едно друго музичко училипте а секретарот ми кажува дека морам преку интернет да ја изпечатам пријавницата. Во меѓувреме интернетот уште повеќе и повеќе се шири. Дури и децата се така (од системoт) впрегнати што набрзо и тие веќе не ќе можат да го замислат своето детсво без интернет! (Откровение 13:16) И направи сите - мали и големи, богати и сиромашни, слободни и робови - да им се даде ознака ... Waw (wāw, also spelled vav or vau) (In Hebrew: Vav) is the sixth letter of many Semitic alphabets, including Phoenician, Aramaic, Hebrew, Syriac, and Arabic |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Pred edna godina od prilika zborev so eden so moze da se kaze deka e ateist mislam i coekov baagi se razbirase okolu bibliata i on mi zborese neso veroispoved vo vrska so religiata i mi kaza deka
www znaci 666 togas se zacudiv... i toa na evreski toa mislam znacelo inaku mislam ima znaceje neso i so jehovinite svedoci oti moze slobodno da se vidi pravilnoto ime e JAHVE a oni go prekrstia JEHOVA so e razlikata J,A,H,V,E-5 J,E,H,O,V,A-6 se izvinuam ako voa im preci na Svedocite. btw:{Niso ne e slucajno} Изменето од Pentakostalec - 17.Ноември.2008 во 20:01 |
||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Интернетот не треба да стане замена за секојдневниот човеков живот и физичка комуникација со другите луѓе.
Имаше еден добар блегијски филм на таа тема(прикажан на Скопски филмски фестивал 2001): „Вљубениот Томас„ или „Тома Тома„ како го беа крстиле во оргинал. Главниот лик Тома-тома има тешка фобија од отворен простор. Живее во херметички затворена куќа, храната и другите материјали му ги носат низ посебен отвор, целата комуникација со надворешниот свет му оди преку интернет. Набрзо набавува и сајбер секс облека преку која одржува сексуални односи со другите на интернет... Во Универзален живот пред 7-8 години имавме тема во рамките на космичката животна школа(така се викаат неделните средби на прахристијаните): „Ти човеку, во мрежата на интернетот!„ Токму низ секојдневните средби со другите луѓе ние имаме можност преку дневната енергија да се препознаеме себе си во различните ситуации и го постепено да го исчистиме нашето грешно, нашите противзаконити похранувања кои тендираат да се изразат како болести и судбински удари во нашиот живот. Затоа употребата на интернет се препорачува да биде умерена и пред се за завршување на оноа кое е битно за нашиот живот и добробитта на другите. |
||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во Христовите објави примени во Универзален живот тоа е објаснето вака:
Планетата земја ја обвиткува еден, за физичките очи, невидлив духовен слој во кој се содржани дословно сите некогашни и сегашни претстави, зборови, постапки на сите луѓе низ историјата. Таму е складирано се она што луѓето го мислеле и правеле, било добро, помалце добро или зло, лага и вистина, мешавина на двете, сите фантазии, и тн. Тој слој се нарекува и атмосферска хроника или во некои езотерични учења се нарекува и акаша-хроники. Атмосферската хроника денеска е веќе во голема мерка полна и почнува да се празни. Тоа објаснува зошто во ова време (крајот на 20 и почетокот на 21 век) има се` и сешто во светот како никогаш порано. Се` што е таму содржано, тендира во некоја форма да се изрази на земјата меѓу луѓето. На пр. низ настани, филмски и книжевни фикции, говори, музика, и тн и тн. Така, и самата атмосферска хроника се изразува себе си преку постоењето на светската комуникацијска мрежа - интернет. Во атмосферската хроника нема што нема, а и за интернет честопати велиме нема што нема да најдеш. Како што во атмосферската хроника има похранувања на добро и лошо, така е и со интернетот. Секој поединец има право да одбере колку и за што ќе го користи интернетот дур е во функција. Изменето од Majkl - 17.Ноември.2008 во 18:13 |
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А бе ти ми звучиш како да не си ја прочитал Библијата |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Макариос добро кажува за страстите - тоа е друга тема...
не заборавај брате Макариј, овиа изворни се бестрасни и безгрешни...
не разбираат тие 666 www и ондах то!!! |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
изворен, братче, со полувистини не можеш да го сведочиш Христос.
А како може да Го сведочиш Христос, кога си запнал за нешто што не е Христос? Јас тоа што го реков е мислење на Светите Отци. Многу малце од Отците се осудиле да го толкуваат Откровението. Така што, јас немам намера да си ја загубам душата во шестките. п.с. ова за Србите не ти доликува. |
||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако ставиш уште едно С ке искочи дека ѓаволот е некој Србин. |
||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Редно е да објасниш што преставуваат твоите термини или ги пиша колку да покажеш дека имаш мислење околу 666.
Изменето од izvoren - 17.Ноември.2008 во 01:02 |
||
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |