|
МУЗИЧКИ ВЕСТИ |
Внеси реплика | страница <1 45678 32> |
Автор | ||||||||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
|
||||||||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
|
||||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Одложен е настапот на познатиот музичар Рамбо Амадеус вечерва во Скопје, поради сообраќајна несреќа на еден од членовите на неговиот бенд. Во несреќата бил повреден Владимир Чукиќ, басистот на РАСМЦ (Рамбо Амадеус светски мега цар), поради што брендот соопшти дека е приморан да го одложи концертот во Скопје за десетина дена. Басистот Чукиќ е полесно повреден со скршеници на левата рака. Рамбо Амадеус и неговиот бенд РАСМЦ требаше да настапат на концертот што по повод годишнината од ослободувањето на Скопје ќе се одржи вечерва во Младинскиот културен центар. Организаторите соопштија дека, и покрај одложувањето на настапот на РАСМЦ, вечерашниот концерт насловен „Ослободи се Скопје“ ќе се одржи. Меѓу десетината групи кои ќе настапат е познатиот српски рок бенд „Обојени програм“. |
||||||||
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Тоше Проески - пејач на векот
Од организацијата на фестивалот Еврофест најавуваат дека меѓу признанијата годинава е предвидена и специјалната награда Пејач на векот, која постхумно ќе му биде доделена на Тоше Проески за песната Сонце во твоите руси коси, со која настапи на овој фестивал во 1999 година. Одлуката за наградата е донесена во согласност со Фондацијата Тоше Проески. Како што беше најавено, вечерва во Универзална сала во Скопје ќе се одржи дванаесеттото издание на Еврофест. Годинава фестивалот се одржува под покровителство на Градот Скопје, Министерството за култура и амбасадата на Кралството Норвешка, а во организација на Старс медија, при што е предвидено да настапат повеќе имиња од македонската музичка сцена. Првиот дел ќе биде од натпреварувачки карактер, додека во ревијалниот блок свои настапи ќе имаат Александра Пилева, Роберт Билбилов, Тони Зен, Јован Јованов, групата Next Time, Влатко Илиевски, Тамара, Врчак и Адријан Гаџа. Како ексклузивен гостин на фестивалот ќе се појави норвешката ѕвезда Чарлс Марвин Камингс - Туфи, кој ќе настапи заедно со својот Тумбао салса-бенд. |
||||||||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
||||||||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Изменето од blashka - 15.Ноември.2008 во 18:53 |
||||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Чикашката публика на нозе од „Пајдушка“ на Трпчески
Триумф на Симон Трпчески во Чикаго. Концертот на најдобриот македонски пијанист во Симфони центарот во Чикаго, кој ги отвори Деновите на македонската култура во САД, се одржа пред до крај исполнетата сала.. - Присуствувавме на концерт со многу емоции. Се радувам што целата сала се крена на нозе - изјави Трпчески по концертот. Тој не пропушти да истакне дека овие концерти се организирани половина година порано од неговиот менаџер, со што одговори на прашањата дали неговиот настап во САД е во организација на Деновите на македонската култура. По концертот беше приреден свечен прием во чест на Трпчески. Деновите ма македонската култура во САД се одржуваат во Чикаго, Вашингтон и Њујорк до 26 ноември. Трпчески и Ланг Ланг на иста сцена Интересно е што по деби-настапот на Трпчески со Чикашкиот симфониски оркестар, завчера, синоќа и денеска на истата сцена настапува и Кинезот Ланг Ланг, еден од највозбудливите млади пијанисти моментално на светската музичка сцена. Ланг Ланг, синоќа одржа камерен концерт на кој настапи заедно со првиот челист на Чикашката филхармонија - Џон Шарп и виолинистот Роберт Чен. На програмата на синоќешниот концерт беа пијано триа од Шуберт и Чајковски. |
||||||||
zorans
Нов член Регистриран: 19.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 10 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Од денеска веќе на радио станиците и на интернет порталите може да се слушне македонската „Live Aid“ песна „Сонувај“. Таа е химна на Кампањата за поддршка на децата и младите жртви на сексуалната злоупотреба (симнете ја на www.cira.org.mk). Група на музичари направија прекрасна песна “Сонувај”, на која комплетен автор е Александар Масевски и истата е снимена со поддршка на Two Hearts продукцијата. Музички ѕвезди кои учествуваа во снимањето на песната се: Александра Пилева, Браво бенд, Бени Шаќири, Мартин Србиноски, Некст тајм, Елена Петреска, Даниел Стојмановски, Мартин Вучиќ, Андријана Јаневска, Иле Спасев, Тања Б, Џемини, Дејана и Александар Масевски. Песната ќе биде официјално промеовирана а 20 ноември 2008г, Светскиот ден за заштита на децата, во 13:00 часот , во Англискиот Пап (дел од Македонсата опера и балет). Денеска почна да се снима спотот за Сонувај во продукцијата Community Pictures на Дарко Антоновски, а истиот ќе се промовира на 23 ноември 2008г, во рамките на Отворенaто ТВ програма-Телетон “Сонувај мирно”, која ќе се емитува на Македонската радио телевизија (прва програма) во периодот од 14:00-18:00 часот, како еден од настаните во рамките на кампањата. Во неа преку 100 медиумски познати лица ќе одговараат на телефонските повици на гледачите, и тие ќе бараат донаци за поддршка на жртвите на педофилите. Слушнете ја песната и поддржете ги децата и младите жртви на сексуална злоупотреба со вртење на бројот 143-404 (од сите оператори) се донираат 100 мкд + 18% ддв. Поздрав, Зоран С. |
||||||||
zorans
Нов член Регистриран: 19.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 10 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Од денеска веќе на радио станиците и на интернет порталите може да се слушне македонската „Live Aid“ песна „Сонувај“. Таа е химна на Кампањата за поддршка на децата и младите жртви на сексуалната злоупотреба (симнете ја на www.cira.org.mk). Група на музичари направија прекрасна песна “Сонувај”, на која комплетен автор е Александар Масевски и истата е снимена со поддршка на Two Hearts продукцијата. Музички ѕвезди кои учествуваа во снимањето на песната се: Александра Пилева, Браво бенд, Бени Шаќири, Мартин Србиноски, Некст тајм, Елена Петреска, Даниел Стојмановски, Мартин Вучиќ, Андријана Јаневска, Иле Спасев, Тања Б, Џемини, Дејана и Александар Масевски. Сите вклучени песната ја направија на некомерцијална основа, како нивна поддршка на децата и младите жртви на сексуалната злоупотреб. Песната ќе биде официјално промовирана на 20 ноември 2008г, Светскиот ден за заштита на децата, во 13:00 часот , во Англискиот Пап (дел од Македонсата опера и балет). Денеска почна да се снима спотот за Сонувај во продукцијата Community Pictures на Дарко Антоновски, а истиот ќе се промовира на 23 ноември 2008г, во рамките на Отворенaто ТВ програма-Телетон “Сонувај мирно”, која ќе се емитува на Македонската радио телевизија (прва програма) во периодот од 14:00-18:00 часот, како еден од настаните во рамките на кампањата. Во неа преку 100 медиумски познати лица ќе одговараат на телефонските повици на гледачите, и тие ќе бараат донаци за поддршка на жртвите на педофилите. Слушнете ја песната и поддржете ги децата и младите жртви на сексуална злоупотреба со вртење на бројот 143-404 (од сите оператори) при што се донираат 100 мкд + 18% ддв. Поздрав, Зоран С. Изменето од zorans - 17.Ноември.2008 во 22:51 |
||||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Легендарните Леб и сол, на 12. декември 2008-ма година, пред скопската публика ќе го промовира својот најнов албум И така натака.
Концертот ќе се одржи во Метропилис Арена на скопско Сајмиште, со почеток во 20.30 часот, а освен бендот, на сцената ќе продефилираат и многубројни гости... Веќе во декември Леб и сол ќе има неколку концерти во Хрватска... |
||||||||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Chinese Democracy, шестиот албум на Guns's Roses на кој Аксл Роуз потроши два милиони долари долари, пуштен е онлајн.
Обожавателите на Guns's Roses конечно можат да здивнат. Петнаесет години од нивниот последен албум The Spaghetti Incident, а неколку дена пред официјалната премиера, на MySpace страницата на бендот може да го преслушаат нивниот нов албум Chinese Democracy. Фронтменот Аксл Роуз на албумот работеше изминатите 14 години, а наводно на него се потрошени два милиони долари. Албумот во САД излегува на 23-ти декември. Претходниот албум, колекцијата на обработки The Spaghetti Incident излезе во 1993 година, а оттогаш, бендот го напушти целата оргинална постава, освен пејачот Аксл. |
||||||||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
...Никогаш не сум ги сакала ....Мадона....и овој...Мајкл..........
|
||||||||
apce
Сениор Регистриран: 18.Октомври.2007 Локација: Malaysia Статус: Офлајн Поени: 2717 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
aa, ne kazavte kolku pari mu se ponudeni
da premine vo islam,
i seto toa javno da go reklamira
|
||||||||
apce
|
||||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Бљак...
|
||||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
ДРАГАН ДАУТОВСКИ Интервју
Македонски инструменти, стари шест милениуми, ќе се чујат во САД Публиката во Вашингтон ќе го чуе звукот и на двата неолитски инструменти: топчестата флејта и неолитското свирче. И двата инструменти се постари од 6000 години. Таму ќе музицирам уште на два инструмента, гајдата, и еден нов жичан инструмент од семејството на тамбури. На Деновите на македонската култура во САД настапувате на концертот со Борис Трајанов, Александар Стефановски, со пијано придружба на Дарко Маринковски. Ваш приоритет е македонскиот фолклор, па оттука дали сметате дека тој "поминува" кај публиката во странство? - Поминаа оние времиња кога фрустрациите и комплексите на малите држави во однос на "поразвиениот и поцивилизиран свет" беа изразени можеби најмногу во сферата на културното живеење на заедницата. Кога во колективот, во еден миг, ќе се провее некаква трендовска помисла дека таму некаде во белиот свет не само што поубаво се живее, ами и музиката е поубава од оваа нашата, веќе е на повидок сериозна катаклизма по нацијата, а тоа се рефлектира врз нејзиното битисување во сите опшествени сегменти. Со еден збор, сигурно дека македонскиот фоклор многу повеќе ќе помине кај публиката во САД отколку таму да настапите со дела од Гершвин. Барем моето долгогодишно искуство говори во таа насока. Имајќи предвид дека го имате свирено Моцарт на тамбура, што друго "невообичаено" ќе се чуе сега во САД? - Навистина не е никакво чудо денес на било кој инструмент да отсвирите дело од било кој композитор, но, ако на широкиот аудиториум во САД му претставите еден, уште поточно два извонредно раритетни наоди, во случајот два праисториски инструменти, тоа е веќе "невообичаено" и кое се граничи со сензација, според нивните културни критериуми се разбира. Но, за жал, тоа не важи и кај нас, барем не до блиското минато. Но, работите полека се менуваат и по тој основ. Дали публиката во Вашингтон ќе го чуе и звукот на неолитската топчеста флејта стара 6000 години? - Да, публиката во Вашингтон ќе го чуе звукот и на двата неолитски инструмента: топчестата флејта и неолитското свирче. И двата инструмента се постари од 6000 години. Секако, во Вашингтон ќе музицирам уште на два инструмента, гајдата и еден нов жичан инструмент од семејството на тамбури. Што мислите, како публиката ќе го прими тој мистичен звук од древната окарина? - На ист начин како и публиката во Скопје, Париз или Загреб, како нешто што носи своја порака и има големо културолошко значење. Сметате ли дека треба да се направи некаква поинаква стратегија со која македонскиот звук полесно ќе се "продава" во странство како македонски, а не, како што имаше случаи како бугарски, српски и сл.? - Највистинската стратегија на институциите на државата и нивните системи треба да биде отворената, безрезервна и неселективна политика на поддржување на вистинските вредности. Ништо не треба посебно да се пакува за полесно да се продава. Континуитетот во презентирањето, оргиналноста и силината на музичкиот јазик, самите ќе си го направат своето и на музичкиот пазар и во одбраната на националниот идентитет. |
||||||||
Внеси реплика | страница <1 45678 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |