IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Македонско-Турски односи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонско-Турски односи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 10:53
Овој рамковен тип на договор дава основа за подоцна да се донесат акциони планови за соработка меѓу двете земји во повеќе конкретни области како во одбраната, културата, образованието и индустриската, вклучувајќи ја и воената индустрија. Ваков вид на договор досега Република Македонија има склучено само со САД во мај годинава

razbiram i sum za sorabotki od oblast na kultura, obrazovanie, ekonomija .... drugi sorabortki ne ... ovde veke ne se znae za strateski mesta, dejnosti, raboti koi nikako ne smeat da se ispustat od race nitu da se dozvoli drug da zirne vo niv ....
Кон врв
oon Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 397
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2008 во 01:44
Многу повеќе им верувам на САД и Турција него на нашите соседи.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2008 во 12:00
По посетата на председателот на Турското собрание, останува да не радува фактот дека за разлика од многу други Турција безрезервно ја подржува МАКЕДОНИЈА во нејзиниот пат кон Евро-Атланските асоцијации.
Турција е земја која прва ја призна Македонија под уставното име и која за разлика од некој други држави не го користи тој факт за остварување дипломатска предност во односите помегу двете држави.
Се разбира дека во сето тоа не е од љубов туку најмногу поради совпаѓање на интересите...

Еве како извстуваше канал 5 за посетата на господинот Ќоксал Топтан.

Претседателот на турското Собрание Ќоксал Топтан се обрати во македонскиот Парламент
Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција Ќоксал Топтан во својот говор во македонскиот Парламент денеска оцени дека политичките односи меѓу двете земји од ден на ден се повеќе се зацврстуваат. - Природно е правото на Република Македонија за што поскорешно интегрирање во евроатлантските структури. Македонија како што заслужи да го заземе своето место во НАТО има и заедничка иднина со ЕУ. Многу значајно е тоа што огромен број државјани на Македонија даваат поддршка за зачленување на земјата во овие институции. Се надевам дека НАТО и ЕУ соодветно ќе ја вреднуват оваа порака, истакна Топтан.
Потсетувајќи дека Турција отсекогаш силно и искрено ја поддржувала кандидатурата на Македонија за членство во НАТО, претседателот на турскиот Парламент посочи на придонесот на Македонија во мисиите на НАТО.
- Македонија повеќе од потребното ги исполни критериумите за членство во НАТО и тоа што Македонија не беше поканета за членство на Самитот на НАТО во Бук*решт го оценуваме како една голема неправда, истакна тој.
Нереализирањето на членството на Македонија во НАТО за Турција која е членка на Алијансата од 1952 година, според Топтан беше едно големо разочарување. Сепак, тој изрази верба дека за кратко време Македонија ќе биде членка во Алијансата и додаде дека Турција ќе продолжи со нејзината одлучна поддршка кон Македонија.
Претседателот на турскиот Парламент изрази благодарност за поддршката што Македонија и ја даде на Турција за нивната кандидатура за привремен член на Советот за безбедност на ОН за периодот 2009/2010 година. Тој оцени дека признавањето на Косово од страна на Македонија е една многу значајна одлука.
Топтан од говорницата во македонскиот Парламент побара да се преземат соодветни чекори за реализирање на принципот за соодветна застапеност, кој според него ќе биде во согласност со духот на Охридскиот рамковен договор.
- За време на мојата посета, уште еднаш се уверив во тоа колку е силно пријателството помеѓу Македонија и Турција и колку се интензивни и искрени нашите односи, изјави Топтан. Македонија, додаде тој, за нас е една пријателска земја со која сме длабоко поврзани - со нашите меѓучовечките односи, културата и минатото.
- На чело со првиот претседател на Големото национално собрание на Турција, великиот Ататурк повеќето од хероите кои што одиграле клучна улога во оформување на Република Турција се од овие краишта. Тоа што основачот на Републиката големиот државник Мустафа Кемал Ататурк го започнал своето образование во Битола е една темелна определба која што од страна на сите Турци се знае наизуст уште од нивното основно образование и е наша заедничка гордост, истакна претседателот на турскиот Парламент.
Турската држава, како што нагласи Топтан, е првата земја која ја призна независноста, уставното име и постоењето на македонскиот народ.
Тој потсети на соработката што се остварува помеѓу Македонија и Турција и на таканаречениот стратегиски документ „за зацврстување на билатералнта соработка“ што беше потпишан минатиот месец во Анкара.
- Парламентарната димензија на нашата соработка е придонес кон зацврстување на врските кон нашите земји и народи, рече Топтан и посочи дека како показател за љубовта што турскиот народ ја чувствува кон Македонија е тоа што 369 од 564 пратеници во турското Ссобрание се членови на парламентарната група за пријателство со Македонија.
Топтан подвлече дека во овој момент Турција е еден од најзначајните трговски партнери на Македонија и една од десетте земји со најголеми инвестиции во Македонија, додавајќи дека постојат реални потенцијали економската и трговската соработка да се развиваат уште повеќе. Турција безусловно ги поддржува вооружените сили на Македонија во достигнувањето на НАТО стандардите и во здобивањето високо образование на нејзините офицери, изјави претседателот на Големото национално собрание на Турција.
Осврнувајќи се на културното наследство на Македонија, тој потсети дека во Македонија има се уште околу 500 споменици од османлиско-турскиот период што претставуваат значаен придонес кон туристичкиот потенцијал на Македонија и посебно се привлечни за турските туристи.
- Поради тоа зачувувањето на овие дела во нивната оригинална форма е многу значајно и од аспект на зачувувањето на културното наследство на Македонија, рече Топтан најавувајќи отворање културни центри во двете земји.
Тој исто така потсети дека еден од најзначајните турски поети Јахија Ќемал потекнува од овие краишта и оти тој бил пратеник на Големото национално собрание на Турција во петтиот изборен период. Неговиот татко Ибрахим Наџим, кој по потекло бил од Ниш, своевремено бил и градоначалник на Скопје.
Според официјалните статистики во Македонија живеат околу 80 илјади Турци.
- Турците се еден од камен темелниците на оваа земја. Тие се лојални кон својата држава и живеат во братство со другите заедници. Зачувувањето на својот јазик, културата и идентитетот претставуваат придонес кон богатството на Македонија, рече Топтан.
Тој се заблагодари на Владата на Република Македонија која го поддржа празникот на турското образование што беше одбележан вчера во Скопје.

Кон врв
mileg Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mileg Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2008 во 01:55
Почитуван Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија, почитувани пратеници,
Би сакал да го започнам своето обраќање со чувството на голема чест од можноста да и се обратам на вашето возвишено Собрание за време на мојата посета на Република Македонија.
За нас Македонија е една пријаелска земја со која сме длабоко поврзани како со нашите меѓучовечки односи, култура и минато.
На чело со првиот претседател на Великото Национално Собрание на Турција Великиот Ататурк, повеќето од херои кои одиграле клучна улога во оформувањето на Република Турција се од овие краишта.
Тоа што оснивачот на Републиката, големиот државник Мустафа Кемал Ататурк го започнал своето воено образование во Битола кое утре ќе го посетам, е една темелна определба која од страна на сите Турци се знае на изуст уште од нивното основно образование и наша заедничка гордост.
Сакам со задоволство да подвлечамандман дека нашите политички односи од ден на ден се зацврстуваат од самото прогласување на независноста на Македонија.
Турската држава е првата земја која што ја призна независноста, уставото име и постоењето на Македонскиот народ.
Овој приод е сосема природен за Турција која што му придава животна значење на долгорочниот мир и стабилност на Балканските простори.
Посетите на високо ниво, меѓусебната соработка на меѓународните платформи и споделените заеднички вредности се показатели за светлата иднина на нашите односи кои што се втемелени на здрави основи.
Како што знаете, минатиот месец, беше потпишан “Стратегискиот Документ” насочен кон зацврстување на билатералната соработка помеѓу двете земји.
Овој документ кој што има животно значење го посочува достигнатиот степен на соработка на сите полиња, а пред се на политичко, економскмо и културно и го утврдува правецот на нашата идна соработка.
Парламентрната димензија на нашата соработка е придонес кон зацврстување на врските помеѓу нашијте земји и народи.
Кај Турскиот народ како и негов претставник во нашиот Парламент се гаи една длабока љубов кон Македонија.
Најголем показател на оваа состојба е тоа што од постојните 546 пратеници во нашиот Парламент 369 се членови на Парламентарната група за пријателство со Македонија.
Во еден период каде парламентарната дипломатија доби нови задачи, ни причинува особено задоволство обостраните и редовни посети како на високо така и на техничко ниво помеѓу парламентите на Турција и Македонија.
Почитуван претседателе, почитувани пратеници,
Во овој процес на глобализација нашите економски и трговски односи брзо се развиваат.
Македонија е стабилна земја која успева да ги привлече странските инвеститори од другите земји.
Користејќи ги предимствата од географската блискост, турските претприемачи посакуваат соодветно да ги вреднуваат потенцијалите на оваа земја.
Во овој момент Турција е една од најзначајните трговски партнери на Македонија и една од десетте земји со најголеми инвестиции во Македонија.
Меѓутоа, економската и трговската соработка за која сум убеден дека не ги одразува реалните потенцијали ќе можеме да ги развиеме уште повеќе и не се сомневам дека во блиска иднина ќе биде нејзин уште позначаен партнер.
Република Турција со цел да и помогне во нејзиниот економски и социјален развој со посредство на Турската агенција за обнова и развој (ТИКА), без разлика на нивната етничка припадност, помага во сите инфраструктурни земјоделски и образовни проекти кои им служат на сите луѓе во оваа земја.
Без сомнение дека помеѓу нашијте земји постојат длабоки културни врски.
Во Македонија во овој момент сеуште опстојуваат околу 500 зданија од Османлиско-турскиот период.
Поради тоа, зачувувањето на овие дела во нивната оригинална форма е многу значајно и од аспект на зачувувањето на културното наследство на Македонија.
Во наредниот период Македонија и Турција обострано ќе отворат културни центри.
Тоа што значајните пера на турската литература како што е Јахја Кемал се од овие краишта, се една друга духовна димензија која не зближува уште повеќе.
Познатиот турски поет Јахја Кемал Бејатли, кој што бил пратеник на Големото Национално Собрание на Турција во 5 изборни периоди и чиј татко Ибрахим Наџи по потекло од Ниш, своевремено бил и градоначалник на Скопје, тагата и љубовта кон родното Скопје ќе го опее на следниот начин во неговата песна насловена како “Изгубен град”.
     “Изгубен град чија што илузија остана во моето срце!
     Болката од разделбата е длабока!
     Иако разделбата е долга, иако изминаа многу години,
     Ние и да не сме во тебе, ти си во нас”,
ќе рече и ќе ја изрази оваа љубов и тага.
Без сомнение дека основниот мост на сестраната пријателска соработка помеѓу Република Турција и Република Македонија се и меѓучовечките врски.
Како што знаете, Турската заедница е третата етничка заедница по големина во Македонија.
Многу тешко е да се претпостават бројките на нашите државјани кои во минатиот век се иселиле од Македонија во Турција и кои и ден денес имаат живи контакти со овие краишта.
Имаме семејства кои се иселиле од овие краишта во Турција и таму ги примиле презимињата како што се Тетово, Велес, Куманово и на тој начин во срцата ги носат спомените на овие градови од вашата убава земја.
Турците во Македонија се еден од камен темелниците на оваа земја.
Турците од Македонија кои што се лојални кон својата држава и кои живеат во братство со другите заедници, со тоа што ги зачувуваат својот јазик, културна оставштина и идентитет, претставуваат придонес кон богатството на Македонија.
Во постојниот законодавен дом постои еден турски пратеник.
Гордост е да се претставуваат Турците во Македонија на овој возвишен дом.
Од друга страна посебно пријатно и гордо е што во Македонската Влада има и еден турски министер.
Мојата посета на Македонија на еден прекрасен начин се совпадна со “21 декември” Националниот ден на Турците, празникот на турското образование.
Чувствувам задоволство и благодарност кон Владата на Република Македонија која што даде силна поддршка кон овој празник, кој вчера се одбележа со голема возбуда.
Почитуван претседател, почитувани пратеници,
Природно е правото на Република Македонија за што поскорешно интегрирање со евроатланските структури.
Македонија денес е земја која произведува безбедност и која придонесува кон мирот и стабилноста во својот регион и пошироко.
Македонија како што заслужи да го заземе своето место во НАТО има и заедничка иднина во Европската унија.
Турција отсекогаш силно и искрено ја поддржувала кандидатурата на Македонија за членство во НАТО. Повеќе е од потребно Македонија да ги исполни потребните критериуми за членство во НАТО.
И покрај тоа што Македонија не беше поканета за членство на Самитот на НАТО во Бук*решт го оценува како една голема неправда.
Турција која е членка на НАТО од 1952 година и која гледа во оваа организација како основен елемент за евроатланската безбедност и искрено ја поддржува политиката на отворена врата за членство, нереализирањето на членство во НАТО на Македонија беше едно големо разочарување.
Верувам дека за кратко време, на начин кој ќе биде прифатлив за својот народ, Македонија че биде членка на НАТО.
Нашата одлучна поддршка кон Македонија ќе продолжи и понатаму.
Наша заедничка цел е членството во Европската унија.
Одлучно продолжуваме со реформите кои се забрзани во последните години.
Во овој момент нашијте преговори продолжуваат, само едно поглавије е затворено, додека пак 10 други се отворени за преговори.
Ни причинуваат задоволство чекорите кои Македонија ги прави во правец на членство во Европската унија.
Се надевам дека ќе се елиминираат пречките кои стојат на патот на Македонија во овој процес, дека што поскоро ќе започнат преговорите и дека Македонија ќе биде успешна во овој процес.
Почитуван претседател, почитувани пратеници,
Нашата соработка на меѓународен план, се разбира не е од едностран карактер.
Република Македонија ја подржа нашата кандидатура за привремен член на Советот за безбедност на Обединетите нации за периодот 2009-2010 година.
Тука пред вас сакам да уја изразам уште еднаш нашата благодарност.
Турција на себе достоен начин ќе ја вреднува оваа прилика и како еден ефикасен и активен член на меѓународната заедница ќе придонесе кон поспешување на мирот и стабилноста во светот за одбрана на човековите права и зајакнување на демократијата.
Почитуван претседателе, ценети членови на Македонскиот парламент,
Балканот кој одиграл значајна улога во Светската историја посебо во европската политика, зазема значајно место во турската надворешна политика.
Нашите односи кои се зајакнати со историските и културните врски ги доведуваат балканските простори во привилегирана положба и и даваат можност на Турција да се вреднува како еден неразделен дел од Балканските простори. И денес Балканот е во центарот на вниманието на светската политика.
Со прогласувањето на независноста на Косово се затвори еден период и се отвори една нова страница.
Признавањето на Косово од страна на Република Македонија е една многу значајна одлука.
Македонија како и Турција одблизу го прати развојот на настаните во соседно Косово.
Посакувме и Косово што поскоро да ја поспеши својата теријторијална целовитост и да се стабилизира.
Во една измешана географија, етничката и културната разноликост треба да се зачуваат, меѓутоа, етничките разлики не треба да доведат до нови поделби и нови граници.
Во една измешана Балканска географска положба Македонија важи за земја која успешно ги решила проблемите на етничкиот соживот.
Функционирањето на мултиетничкото општество во Македонија е регулирано со Охридскиот рамковен договор.
Овој Договор како инструмент од животно значење кој го реглира зачувувањето на правата на сите народи за Македонија, сите чекори на реализирање на одредбите на овој договор одблизу се пратат од страна на меѓународната заедница.
Во тој правец најцврстиот прицнип е принципот на “Праведна застапеност” во соодветните институции, безбедносни сили и вооружени сили во сооднос со нивниот процент во вкупното население во земјата. Се разбира, преземањето на соодветни мерки за реализирање на ова е во надлежност на државата Република Македонија.
Безпрекорното функционирање на парламентарниот систем од аспект на демократијата и поспешувањето на мирот во Македонија е незамислив без надминување на проблемите со размена на мислења во согласност со демократските придобивки помеѓу партиите кои имаат различна политичка проминиенција.
Дотолку повеќе што Парламентот е место на кое на најдиректен начин и најлегален начин е претставена волјата на народот.
Почитуван претседателе, почитувани пратеници,
Меѓупарламентарните односи во основа ги претставуваат врските помеѓу две нации и два народа.
Како што можев уште еднаш да се уверам при оваа моја посета на Македонија, ние ги претставуваме двата народа кои меѓусебно многу добро се познаваат.
Поради тоа чувствувам гордост што можамандман а се обратам до вашето возвишено Собрание во името на Турскиот народ.
Народите на Турција и Македонија по историските врски се браќа меѓу себе.
Кон вас кој го претставувате народот на Македонија и кон возвишеното Собрание на Македонија го изразувам моето најдлабоко почитување.
Нека е вечно Турско-Македонското братство и пријателство
Кон врв
oon Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 397
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2008 во 03:51
Битола е градот со кој што најмногу Македонија е поврзана со Турција , а Турција е нашиот најголем стратешки партнер после САД, и затоа огромно БЛАГОДАРАМ за поддршката која што ја пружи оваа земја за Македонија.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2008 во 10:56
Originally posted by oon oon напиша:

Битола е градот со кој што најмногу Македонија е поврзана со Турција , а Турција е нашиот најголем стратешки партнер после САД, и затоа огромно БЛАГОДАРАМ за поддршката која што ја пружи оваа земја за Македонија.



Поврзаноста на Битола со Турција се објаснува, со тоа што Ќемал Ататурк се школувал во Битола а и во околината на Битола порано живееле многу Турци кои денес се исселени во Измир.
Мене ме радува фактот дека куќата на Ќемал Ататурк ќе биде реновирана...
Кон врв
criminal-F Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2009
Локација: Japan
Статус: Офлајн
Поени: 173
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај criminal-F Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2009 во 22:37
temava ubo veke so pristigna vo edno vazno mesto i za vas sovet ne igrajte i ne omalozuvajtegi turcite zs pak nekoj den tie ke vladat i + tie mozat vas da ve kopat kako sto ste zato so ogan ne se igrat...............
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2009 во 01:22
Originally posted by Rafiz Aliti Rafiz Aliti напиша:

Ne zasluzuvate Prijatelstvo so Turcija, Dvolicni ste!

Na niv tamu se praete ko da ste angeli, ko da ste najdobri prijateli na turskiot narod, a tuka turskiot narod i site drugi koi ne se po vasa vera gi smetate za paraziti i sistematski gi maltretirate.Nemojte da mislite deka turskite vlasti ovie vistiniti ne gi znaat...oni imaat seuste semejstva tuka.
Nie barem albancite ne sme dvolicni kako vie sto ste.
Isto i so amerikancite se prajte deka ste prijateli so niv, i posle odma pocnuvate anti amerikanski i anti turski kampanji da pravite. Jas da bev amerikanec ili turcin ne ke vi pomognev.
Zatoa sto ednostavno vie ste D-v-o-l-i-c-n-i pa toa se gleda i preku postovite na makedonskite forumi...
Л О Л, а кој лиже американски задник? Нека ми прости модераторот.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,641 секунди.