IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 162163164165166 242>
Автор
Порака
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 11:24
Доказ - историја: Православната вера постои 2008 накај 9 години.
Сеуште мислиш дека и на атеист кој не верува во Бог и во ангели и демони може да му се „пристори“ некоја „халуцинација“ или некое „чувство“ дека е демоноопседнат?

Ме интересира твое мислење за ова.

п.с. прости ми за тоа рушиш, требаше да биде во наводници.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 13:04
Ќе ги одговорам прашањата на Zlatnik според учењето на прахристијанската заедница Универзален Живот, каде во денешно време Христос низ објави преку својот инструмент, Габриеле од Вирцбург ослови и такви теми:

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Дозволете ми да ве прашам, што подразбирате, или поточно, како ги замислувате демоните?

Демоните се души кои ги имаат извитоперено сите божествени особини на својата душа. Тие се дел од паднатите битија кои под водството на - првосоздадениот женски принцип - подоцна
самопрогласениот Луцифер(носител на светлината), се свртиле против Бога во желбата самите да станат богови. Тие тендирале кон деградација и расточување на сите создадени форми во течечки етер, првобитната супстанција. Луцифер(Сатаната) капитулираше по настанот на Голгота(распетието Исусово). Дел од нејзините следбеници ја отфрлаат прогласувајќи ја за слабак и здружени се повлекуваат во еден посебен дел на материјалниот космос, каде ја основале својата Демонска држава(подрачје).
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Кој ги создал? Бог?

Конечниот извор на сите души е Бог. Но како веќе веше објаснето, некои души користејќи ја својата слободна воља, се свртеа против Бога, најпрвин тежнеејќи кон поделено царство а потоа и кон поставување над Бога. Таквото нешто е невозможно, не затоа што некој тоа го брани, туку едноставно затоа што се работи за сулуда фикс идеја која е трајно неизводлива.
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Зошто ги создал? Да ги „искушуваат“ или заплашуваат луѓето?
Бог не ги создал демоните како демони туку како битија на светлината кои подоцна поради споствените постапки самите се одалечиле од Бога, вистинскиот извор на светлината и среќата.

Но демоните ја користат планетата Земја како свое упориште, а луѓето кои се достапни за тоа(такви има мнооогу)ги користат како генератори на енергија. Зошто?

Демоните бидејќи се многу оддалечени од Бога, не можат ништо да прават освен да вегетираат. Изворот на енергија кој е достапен само за оние кои доброволно ќе се насочат кон Него така што ги живета Божјите закони(нашата природна состојба), поинаку кажано низ слики, ние сме тие кои треба да вложиме труд, направиме чекори за да од сенка излеземе на Сонце за да не огрее бесплатно, а не сонцето да ни пријде нам во сенката. Бидејќи демоните немаат намера за таков труд, низ вешти интриги успеваат енергетски да ги манипулираат луѓето преку нивните мисли, зборови и постапки потикнувајќи ги да создаваат за нив енергија. Потоа добиената енергија ја користат пред се` за да се држат подалеку од законот на причина и последица(успеваат постојано да ја одложуваат наплатата на сметките, т.е. сркањето на лошата манџа што самите си ја зготвиле преку зли дејствија), и, за да повторно инвестираат во создавање на нови енергетски капацитети т.е. заведување на луѓето кои дозволуваат да се достапни за тоа.
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Дали се „раѓаат“ нови демони и дали некои „умираат“ ?
Не. И никогаш не се раѓале демони, како што не се раѓа никој научник или просјак. Тоа е само последица од збирот на неговите слободни одлуки низ животот.

Душите живеат вечно, само материјалното тело, поради законите на природата старее и еден ден умира. Одтаму ни демоните не умираат, но како и сите други души, еден ден, преку Христовата искра на спасение која Христос ја всади во сите луѓе и души ќе се покајат, преобратат и ќе се вратат во вечната Татковина, која ја викаме и Царство Небесно(се мисли на духовниот универзум, а не овој видливиот материјален).
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Колку време живеат?

Вечно, но еден ден луѓето веќе нема да им бидат достапни како генератори на енергија. Тогаш ќе бидат заплеткани во сопствената мрежа(Јовановото Откровение симболично вели дека сатанското ќе биде сврзано на илјада години), и ќе се најдат во безизлезна позиција, кога нема да можат ниту напред ниту назад, и ќе можат само да капитулираат.
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Какви се тие? Дали се тие духовни суштества или материјални? Или нешто трето?

Тие не се материјални и не се видливи за физичките очи. По природа се крајно себични и користољубиви. Нивната основна девиза која воедно телепатски ја зрачеа и ја зрачат помеѓу луѓето е: ПОДЕЛИ, ВРЗИ И ВЛАДЕЈ!

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Каде тие престојуваат? На небесата или покрај нас?
Тие престојуваат во еден посебен дел на вселената, не на Земјата. Но на Земјата имаат свои сојузници и амбасадори - гласноговорници(самите тие, најчесто се несвесни за тоа) помеѓу луѓето. Пред се` во науката, разни црковни институции(пред се во управните делови), политиката и шоу бизнисот.

Секој кој бил или е сојузник на демоните, без исклучок, порано или подоцна станува нивна жртва. Едно од другите правила на демоните е: „На посилниот му припаѓа правото!„ и „Јас ти дадов тебе, сега дај ми ти мене со камата!„.

Хиерархијски помалите демони, понекогаш се инкарнираат за да извршат некоја задача како луѓе, но и тогаш кога Демонската држава ги отфрла бидејќи нема веќе доволно енергија да ги држи сите подалеку од тркалото на повторно раѓање(во кое е активен законот на причиниа и последица). Тогаш таквите неизмерно патат под пеколни услови на Земјата уште од раѓање, бидејќи нивните бројни причини(сеидба) станале активни и се изразуваат низ соодветни последици.

Без разлика дали некој е демон или не, Бог преку Христа заповедал да се љубиуме едни со други и никому да не го правиме оноа кое не сакаме другите да ни го прават. Оттаму, не треба никому да судиме, туку самите да се трудфиме да постапуваме според Божјите закони, на тој начин воедно се штитиме од манипулациите на демоните.
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Како (во кои ситуации) стануваат „видливи“? ...

Во три случаја:
- ако некој доволно ја прочисти својата душа од грешното, така што ги оствари божјите закони во чувствата, мислите, зборовите и постапките. Со тоа за него се` му е видливо, како Небесните прекрасни Божји светови, така и демонските подрачја. Но таквиот просветлен човек никогаш нема да ѕирка таму од љубопитност, туку само доколку Христос го упати на такво нешто со цел на негов духовен развој.
- сите оние кои биле сојузници на демоните и нивни амбасадори, кога ќе им истече „мандатот„ т.е. по физичката смрт како души ќе се најдат во демонската држава. Тешко ним тогаш.
- преку силно љубопитство. Тоа е огромна ОПАСНОСТ, бидејќи енергијата за да можтоа да го види со своите духовни очи не ја добива од Бога, туку од самите демони, а тие се раководат секогаш според принципот „ЈА ти дадов тебе, сега со камата, врати ми ти на мене!„. Последица, еѓу другото,можат да бидат тешки душевни растројства за човекот. Истото важи и за оние кои сакаат од љубопитносат да ѕиркаат во отадестраните подрачја(астралните светови). Единствена желба треба на сите да ни биде да му се допаднеме на Бога така што ги живееме во пракса Исусовите упатства изложени во Беседата на Гората и 10те заповеди примени преку пророкот Мојсеј.


Изменето од Majkl - 11.Ноември.2008 во 14:25
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 14:07
Majkl, iako nemame isti pogledi kon nestata sepak, bravo za postov, bi trebalo site da se ugledame na nacinot na koj ti gi izlagas svoite svakanja...
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 16:19
1.Кој ги создал? Бог?

ne bile oni stvoreni kako demoni tuku kako angeli.demoni stanale po svoj sloboden izbor.(spored predanieto na crkvata otpadnale taka 1/3 od angelskiot svet.)

2.Зошто ги создал? Да ги „искушуваат“ или заплашуваат луѓето?

vidi kaj odgovor na broj eden

3.Дали се „раѓаат“ нови демони и дали некои „умираат“ ?

Ne,bidejki tie se bestelesni duhovni bitija stvoreni za besmrtnost(po blagodat ne i po sushtina) koi ne umiraat kako sto nie ludjevo umirame na zemjava(nie sme so telo i duh oni se samo duh)

4.Колку време живеат?

vidi kaj 3

5.Какви се тие? Дали се тие духовни суштества или материјални? Или нешто трето?

vidi kaj 3.pojasnuvanje:tie se duhovni bitija vo odnos na nas koi sme telo i duh no oni kako i angleite se "telesni" vo odnos na Boga.

6.Каде тие престојуваат? На небесата или покрај нас?

na podnebesata t.s na zemjava i medju drugoto i megju nas.


7.Како (во кои ситуации) стануваат „видливи“?

Oni mnogu bi sakalae na nas da ni se pokazat bidejki "dishat" so omraza kon lugjeto no moze da se javat vidlivo samo ako Bog im dopusti,nikako sami po sebe.
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 16:20
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... п.с. прости ми за тоа рушиш, требаше да биде во наводници.

Ц! Не сум јас тој кој простуванамигнувањеплазењеголема%20насмевкасмеење
За мене е доволно само големо%20гушкање (доообро и еден бакнеж)црвенеењенамигнување
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Доказ - историја: Православната вера постои 2008 накај 9 години.

Неспорно е дека толку трае! Но, што се 2000 години во развојот на свеста на човекот? Некои религии траат 1000 години, некои многу повеќе 3-4000 години, но факт е дека истите како настануваат, така и изумраат (да не завлегуваме во причините кои доведуваат до тоа). Колку илјади години траеле религиозните убедувања на маите, инките, ацтеките и на северноамериканските индијанци? Како и на сумерците, асирците, вавилонците? На старите грци, египјани и на римјаните? На далечноиндиските народи? Што останало од сите тие долговековни верувања? Каде се сите тие силни богови?
Секоја религија има свој почеток, развој и во одреден период изумира, исчезнува. Да направиме само една паралела меѓу христијанството и муслиманството.
Во христијанската цвилизација, со самото појавување на христијанството како учење, во првите неколку стотини години имало многу малку приврзаници, кои трпеле разни понижувања но, и убивања од страна на поединци кои верувале во други богови, и кои не прифаќале навлегување на друга религија во нивните простори. Со тек на време, христијанското учење станало се по раширено, се повеќе се омасовувало, за да после неколку стотини години дојде до таа фаза да ги прави истите тие понижувања и линчувања на луѓе кои се осмелувале да кажат нешто против нивниот бог. Тоа се одржало до пред само 300-400 години, кога речиси и да немало човек кој не верувал во бог или Исус. И секој најмал сомнеж за нивното постоење или обид за нивно оспорување или недај боже напаѓање, се казнувало со смрт. Секако, ова било „потребно“ да се заштити влијанието на црквата, свештениците да ја наметнуваат својата доминантност во секоја област од целокупното живеење на човекот. Полека, со тек на развојот на религиозната свест на  човекот, се надминувале овие драконски мерки и сега сме во онаа фаза кога има многу луѓе кои се декларираат како атеисти (не само кај нас).
Што се случува со муслиманството? Тоа е точно 621-2 години помлада религија од христијанството. И тоа од почетокот ги имало истите „породилни“ маки како и христијанството. И тогаш во С. Арабија се имало ривалство меѓу религиските убедувања на тамошните племиња. Под одреден сплет на околности победила религиската определба на племето корејши, чиј припадник бил Мохамед. Според муслиманскиот календар, од почетокот на настанувањето на исламот па до денес има поминато околу 1400 години. Сетете се само како било во христијанската цивилизација во XIV-XV век! Зарем денес овие забранувања (не смее да се објавува слика на пророкот Мохамед, не смее да се пишува поезија, не смее ова, не смее она ... ), закани и смртни пресуди на сите кои и на нај мал начин ќе го „навредат“ муслиманите, а се во името на својот бог, не ве потсетува на темниот среден век на христијаните или на нивните претходници римјаните и евреите?
Но, со тек на време и овој стадиум кај нив ќе се надмине! Навистина, ние тоа нема да го дочекаме, но генерации и генерации после нас ќе се прашуваат, ќе се чудат, а можеби и ќе се смеат на сегашниве религиозни погледи на свет, како што вие се смеете на некогашните политеистички религии.

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... Сеуште мислиш дека и на атеист кој не верува во Бог и во ангели и демони може да му се „пристори“ некоја „халуцинација“ или некое „чувство“ дека е демоноопседнат?

Ме интересира твое мислење за ова.

Да, верувам дека секому му се присторува „нешто“. Е сега, тие кои веруваат во бог, светци, ѓаволи, демони ... тоа прикажување си го толкуваат во согласност со своето верување. Онака како што им налага нивното учење. Оди ти убеди некој стар египјанец кој го сонувал (или кој во некое привидение го видел) Озирис, да не се плаши од него, дека подземниот свет не постои, дека ...!
Реалноста (треба ли да кажам, за мене?) е сосема друга. Човекот восприема секакви информации, свесно или несвесно. Порано или подоцна, во разни фази и временски периоди или под разни околности тие секвенци кои човекот ги перцепирал во текот на својот живот се репродуцираат. И секој си го толкува соодветно на себе.
Пример, кога пред точно 30 години мојот брат се правел операција од бубрег, мајка ми, во целата таа нејзина болка кон сопственото чедо,  се зарекла дека ако се испадне добро со синот, ќе и’ запали свеќа на св. Петка!  Се испаѓа добро со братов, арно ама, мајка ми заборавила на ветеното! По кратко време, ја сонувала (=привидение!) св. Петка како и’ тропа на прозорецот и ја потсетила дека нешто се обврзала кон нејзе! Оваа (мајка ми) уште истиот ден го сторила она за што се зарекла. Овој пример некој ќе го протолкува како вистинит т.е. дека вистина постои таа св.Петка и сл., но за мене тоа само ја открива човечката природа, човечката (под)свест. Сите тие се работи од опкружувањето на човекот и од сето тоа што го гледа или слуша. Немора нешто да види па да го сонува или да му се причинува! Доволно е да слушне за нешто и самиот мозок си креира, си прави слика за тоа нешто. На пример, ако на некого му се причинува (или сонува) змеј тој секако во јаве не го видел, но во сопствената имагинација неговиот мозок репродуцира онаква слика каква што е определена од дотогашното искуствено спознание на дотичниот човек. Во контекст на ова, баш ме интересира дали во времето на Исус или до пред само стотина години, некој имал привидение - компјутер?намигнување
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

... самопрогласениот Луцифер(носител на светлината), се свртиле против Бога во желбата самите да станат богови.

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Колку време живеат?

...Вечно, ...

Чекај, нели велите дека само бог е вечен? Тогаш од ова произлегува дека овој (по однос на вечноста) навистина станал „бог“голема%20насмевка
Со ова се согласувам, вечна е борбата меѓу доброто и злото. Тоа е во човековата природа!
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

... Луцифер(Сатаната) капитулираше по настанот на Голгота(распетието Исусово)...

Штом „капитулирал“ значи Исус го победил, а тоа значи дека не би требало повеќе да има зло! Или уште не е „целосно“ капитулиран?плазење Повторно треба нешто да се чека, повторно да се надева човек во нешто (судниот ден)!
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

...Но демоните ја користат планетата Земја како свое упориште, а луѓето кои се достапни за тоа(такви има мнооогу)ги користат како генератори на енергија....

Дали тоа значи дека во целата преостаната вселена нема демони? Дека само на оваа наша убава планета е целото зло? Којзнае! Можеби и е’!

Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 16:46
Majkl, chestitki i od mene za tvojata replika.

Neshto sto bi dodal na krajot, a se nadovrzuva na tvojot tekst...

Vo svetov, vo Kreacijava, postoi zakon na ramnotezha koja ne mozhe da bide narushena, Toa e kako zakonite vo naukata, kako akcija i reakcija, prichina i posledica, vlozheno i dobieno... ednostavno ne mozhe da se dobie povekje otkolku sto ke se se dade i se dobiva sekogash spored zasluzhenoto. Ne mozhe da ponudish nekomu gjubre i za toa da dobiesh zlato. Ne mozghe da se prosvetlish bez da se potrudish da go postignesh toa. Ne postojat kusi patishta za minuvanje dolgi relacii. Toa samo ponekogash taka ni izgleda ili taka sme dezinformirani. Se si ima svoja cena i na krajot... se se plakja. Iskoristuvanjeto na nekoja dobivka so itrina i nechesnsot samo prividno izgleda kako "mudrost". Toa podocna se naplakja so kamata. Za takvata korist evreite velat deka ne e kosher, a muslimanite deka ne e halal.

Neshto sto mi pagja na um vo momentov e koristenjeto na drogi... Imam sestra koja e nevropsihijatar i koja raboti tokmu so narkomani. Ednash mi reche deka skoro sekoj pat novite pacienti, posle nejzinoto razgovaranje so niv sto zavrshuva so osuduvanje na efektot i posledicite od drogite, so potcenuvanje ja prashuvaat "dali ti voopshto si zemala drogi i dali navistina znaesh kako tie deluvaat ili samo zboruvash na pamet kako sto te uchele ili si chitala od knigi?"

Vo sushtina, narkomanite imaat poenta. Ako sme iskreni i ako nepristrasno gi gledame rabotite, drogite ovozmozhuvaat privremen i delumen "kus pat" na preod vo sostojbi koi mozhat da se postignat samo po dolg i makotrpen pat na telesno i duhovno usovrshuvanje. No takviot veshtachki skok vo alteriranje na svesta e zavisen od drogata kako nadvoreshen faktor i zatoa so sebe si ja nosi katastrofalnata cena sto na krajot sekoj korisnik na droga ke mora da ja plati.

Kolku sto se leta nezasluzheno povisoko, tolku se prizemjuva zasluzheno ponisko. Smetkite na krajot sekogash se balansiraat i tie moraat da pokazhat "saldo nula". Se se vrakja i se se plakja. Sekomu spored zasluzhenoto. Sto se see, toa i se zhnee. Sto ke se raskine, toa ke se soshie.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 16:57
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Originally posted by Majkl Majkl напиша:

... самопрогласениот Луцифер(носител на светлината), се свртиле против Бога во желбата самите да станат богови.

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Колку време живеат?


...Вечно, ...


Чекај, нели велите дека само бог е вечен? Тогаш од ова произлегува дека овој (по однос на вечноста) навистина станал „бог“голема%20насмевка
Со ова се согласувам, вечна е борбата меѓу доброто и злото. Тоа е во човековата природа!
Се` што Бог создал живее вечно. Злото меѓутоа не го создал Бог па оттаму не живее вечно, еден ден ќе му дојде крајот. Но тоа не е крај на душите кои биле или се зли, туку момент кога тие целосно ќе се преобратат во добро и ќе добијат простување од оние кои биле некогаш нивни жртви и обратно.
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

... Луцифер(Сатаната) капитулираше по настанот на Голгота(распетието Исусово)...

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Штом „капитулирал“ значи Исус го победил, а тоа значи дека не би требало повеќе да има зло! Или уште не е „целосно“ капитулиран?плазење Повторно треба нешто да се чека, повторно да се надева човек во нешто (судниот ден)!
Сатаната(Луцифер) капитулирала под крстот, не и нејзините следбеници. Тие ја отфрлиле, и си одбрале нов водач, кој себе си се нарекол Демон а своите приврзаници демони.

За подобро разбирање, еден сликовит пример од историјата: Нацистичка Германија и фашистичка Италија капитулираа средината на 40-те од дваесетиот век. Но фашистичкиот режим на генерал Франко во Шпанија остана на власт до 70-те. Така е и со Сатаната. Таа го призна својот пораз пред две илјади години и премина во Христовата мисија, но не и демоните кои се борат и понатака останувајќи доследни на своите сулуди идеји.
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

...Но демоните ја користат планетата Земја како свое
упориште, а луѓето кои се достапни за тоа(такви има мнооогу)ги користат
како генератори на енергија....

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Дали тоа значи дека во целата преостаната вселена нема демони? Дека
само на оваа наша убава планета е целото зло? Којзнае! Можеби и е’!
Демоните имаат телепатско-енергетски пристап само до луѓето на Земјата, како и пристап во првите 3(од вкупно 4) астрални подрачја на душите(некои велат: светот на умрените). Нивната свест, моќта на нивното зрачење, не досегнува до подготвителните подрачја, светлосниот ѕид, ниту до чистите Небесни светови. Напротив, Божјото зрачење досегнува секаде. Разликата е само дали е некој отворен и насочен кон истото или не.

Изменето од Majkl - 11.Ноември.2008 во 17:00
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 19:21
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Majkl, chestitki i od mene za tvojata replika.

Neshto sto bi dodal na krajot, a se nadovrzuva na tvojot tekst...

Vo svetov, vo Kreacijava, postoi zakon na ramnotezha koja ne mozhe da bide narushena, Toa e kako zakonite vo naukata, kako akcija i reakcija, prichina i posledica, vlozheno i dobieno... ednostavno ne mozhe da se dobie povekje otkolku sto ke se se dade i se dobiva sekogash spored zasluzhenoto. Ne mozhe da ponudish nekomu gjubre i za toa da dobiesh zlato. Ne mozghe da se prosvetlish bez da se potrudish da go postignesh toa. Ne postojat kusi patishta za minuvanje dolgi relacii. Toa samo ponekogash taka ni izgleda ili taka sme dezinformirani. Se si ima svoja cena i na krajot... se se plakja. Iskoristuvanjeto na nekoja dobivka so itrina i nechesnsot samo prividno izgleda kako "mudrost". Toa podocna se naplakja so kamata. Za takvata korist evreite velat deka ne e kosher, a muslimanite deka ne e halal.

Neshto sto mi pagja na um vo momentov e koristenjeto na drogi... Imam sestra koja e nevropsihijatar i koja raboti tokmu so narkomani. Ednash mi reche deka skoro sekoj pat novite pacienti, posle nejzinoto razgovaranje so niv sto zavrshuva so osuduvanje na efektot i posledicite od drogite, so potcenuvanje ja prashuvaat "dali ti voopshto si zemala drogi i dali navistina znaesh kako tie deluvaat ili samo zboruvash na pamet kako sto te uchele ili si chitala od knigi?"

Vo sushtina, narkomanite imaat poenta. Ako sme iskreni i ako nepristrasno gi gledame rabotite, drogite ovozmozhuvaat privremen i delumen "kus pat" na preod vo sostojbi koi mozhat da se postignat samo po dolg i makotrpen pat na telesno i duhovno usovrshuvanje. No takviot veshtachki skok vo alteriranje na svesta e zavisen od drogata kako nadvoreshen faktor i zatoa so sebe si ja nosi katastrofalnata cena sto na krajot sekoj korisnik na droga ke mora da ja plati.

Kolku sto se leta nezasluzheno povisoko, tolku se prizemjuva zasluzheno ponisko. Smetkite na krajot sekogash se balansiraat i tie moraat da pokazhat "saldo nula". Se se vrakja i se se plakja. Sekomu spored zasluzhenoto. Sto se see, toa i se zhnee. Sto ke se raskine, toa ke se soshie.



И учењето кое го застапувате вие Г-не Месинџер (кое не е лошо) и односот на најголемиот дел на атеистичките невропсихијатри со своите пациенти (кој што не е апсолутно лош) има нешто заедничко а тоа е испуштањето на најважното.
Баш поради тоа испуштање на најважното и се појавуваат сите психосоцијални деформации на кој нити науката, нити филозофијата, нити религијаа која го има сознанието на прво место, неможе да им најде чаре.

Сепак за неверата – најлесното е најтешко!

поздрав


Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 20:25
Spiros, ne te razbrav, a mozhebi i ti ne si me razbral... no se e toa vo red prijatele.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 21:14
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Spiros, ne te razbrav, a mozhebi i ti ne si me razbral... no se e toa vo red prijatele.



Милоста БОЖЈА е многу повеќе од аутоматон, пријателе. Можеби и несум те доразбрал но и тоа е во ред, бидејќи јас од Милоста БОЖЈА ниѓто друго повеќе несакам да знам.

Знаат ли мудреците, моќниците и научниците на овој свет, што значи тоа МИЛОСТ?
Јас сум отворен за нивното сваќањен на МИЛОСТА и не се противам да ме поучат. Само напред!


    


Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 09:30
Спиросе, често пати ја спомнуваш божјата милост, па ме интересира, што е за тебе таа милост? Како ти ја разбираш? И, дали освен таа божја милост, за тебе постои и некоја алтернатива? (Мислам на милост од и кон човек!)

Изменето од Zlatnik - 12.Ноември.2008 во 09:30
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 22:33
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Спиросе, често пати ја спомнуваш божјата милост, па ме интересира, што е за тебе таа милост? Како ти ја разбираш? И, дали освен таа божја милост, за тебе постои и некоја алтернатива? (Мислам на милост од и кон човек!)
    Златен Златник, МИЛОСТА БОЖЈА е незаслужен ДАР!
ДА, златен Златник, верувам и дека постои и човекова милост.
Секоја милост потекнува од БОЖЈАТА МИЛОСТ и затоа е најскапоценото кај човекот. Без неа, човекот е трговец, е аутомат е дури (во некои случај) поопасен од крвожедно и безумно животно.
Јас не само што верувам, дека БОЖЈАТА МИЛОСТ се отелотвори во ИСУС за спасение на сите, туку и го доживувам тоа преку знаци од Госопода дека е така. Човековата милост без БОЖЈАТА е како флаширана вода која некои трговци ја продаваат збогатувајќи и спофалувајќи се себеси, негирајќи Го ДАРОТ на ИЗВОРОТ БОЖЈИ, кој е безплатен за сите!

Се што е добро на овој свет е ДАР БОЖЈИ, е МИЛОСТ БОЖЈА и затоа повеќе надарените имаат поголема одговорност кон помалку надарените.
За жал, неблагодарниот човек тоа не го увидува и се восфалува и воздигнува повеќе себеси (значи даропримачот) одколку БОГА (значи дародавачот)!

Искрено се надевам дека набрзо ќе ни се отворат на сите очите за МИЛОСТА, за ВИСТИНАТА БОЖЈА и ќе успееме во последен момент да ја прифатиме МИЛОСТА БОЖЈА спасувајќисе (со тоа) од огнената катастрофа што доаѓа.

ДајБОЖЕ + Иншаллах




      

Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 22:38
Спирос - ај добре дојде... долго време не се имаме читано
 
Поздрав во милоста Божја...
 
ГОСПОД НА ПОМОШ!!!
 
големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 22:48
АМИН! Секому па и на нас.      
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 162163164165166 242>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.