|
Црни прогнози за иднината на Балканот |
Внеси реплика | страница 123 15> |
Автор | |
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 12.Ноември.2008 во 11:16 |
Поривот за обединување на Албанците е закана за иднината на Македонија, вели директорот во Центарот „Вудро Вилсон“ Оклахома сити Црни прогнози за иднината на Балканот, и особено на Македонија, стигнаа од директорот за источноевропски студии на американскиот центар „Вудро Вилсон“. Првиот човек на реномираниот вашингтонски институт, Мартин Шлецингер, предвидува дека Македонија би можело да ја снема како последица на независноста на Косово, а целиот регион да влезе во серија кризи проследени со нови промени на границите. „Значи, тоа е процес и мислам дека е сосема природен, сега веќе и од политички причини. Раководството во Тирана и Албанците во Македонија тоа сега не го кажуваат, но мислам дека неизбежно ќе дојде до приближување. Би било убаво кога тоа би се случило преку ОН, но кога тоа ќе се случи ќе можеме да се простиме од Македонија. Тоа е сигурно. А тоа е само почеток“, изјави Шлецингер во интервју за Гласот на Америка, коментирајќи ја веројатноста за обединување на двете албански држави на Балканот. Со исклучок на црните сценарија на Шлецингер, другите американски аналитичари се невообичаено тивки во деновите по прогласувањето на косовската независност. Главно се изразува поддршка кон декларацијата на Приштина, а интересот не е насочен кон иднината на регионот, туку повеќе кон однесувањето на Русија. Македонија во тој контекст речиси и да не се спомнува. Според директорот на американскиот Институт за мир, Даниел Сервер, најголемиот ризик за независноста на Косово е неговата евентуална поделба, „Белград јасно ги стави до знаење своите намери да не ги дава оние три и пол општини на северот на Косово“, изјави Сервер за весникот „Вашингтон тајмс“. Поранешниот американски амбасадор во ОН, Џон Болтон, минатата недела предупреди дека новата независна држава на Балканот би била подложна на влијание од богатите исламски земји. За него, независноста на Косово ќе значи и охрабрување на малцинствата од други држави кои не сакаат да живеат во нив, да добијат гласност и во регионот и ширум проблематичните области во светот. На дилемата, кога може да се очекува Албанците од регионот да посакаат да живеат во заедничка држава, Шлецингер одговара дека тоа одамна веќе се случува. „Кога кон крајот на 1970-тите години почнував да работам во американската влада и во Конгресот, претставниците на албанската заедница ми даваа документи со мапи на кои Илирија ги опфаќаше Косово, половина Македонија, добар дел од Црна Гора и секако Албанија. Мислам дека Албанците беа многу мудри во таа работа и, на крајот на краиштата, сосема е природно за нив да сакаат да живеат во една држава, како што и сите Срби сакаат да живеат во една држава. Но, ние тоа го спречивме. Не гледам зошто сега би овозможувале создавање голема Албанија, која не би била ниту постабилна, ниту поморална од голема Србија. Всушност, би била многу понеморална, бидејќи би настанала со разбивање на други земји. Мислам дека е тоа процес што трае со години. И тоа не е ништо ново. Не е точно дека, како што велат претставниците на САД, до отцепувањето на Косово дојде поради насилството во времето на Милошевиќ и убивањето на 10 илјади луѓе во текот на војната - што е исто така претерување. Тоа е целосен нонсенс. Затегнатоста меѓу Србите и косовските Албанци околу таа територија трае веќе 100 години“, изјави Шлецингер. Шлецингер е долгодишен прв човек на источноевропското биро во центарот „Вудро Вилсон“, а работел и во американскиот Конгрес, каде што и последниве години е редовно консултиран околу политиката кон Балканот. Докторирал на тема „Југославија“, а се смета за експерт за Балканот и за проширувањето на НАТО. Тој е уверен дека ќе дојде до прекројување на границите на Балканот, како последица на независноста на Косово. „САД и т.н. меѓународна заедница тврдат дека тоа е една од трите црвени линии кои не смеат да се преминат - како што нема да има поделба на Косово, така нема да има ниту придружување на Косово кон друга држава. Но, ние тоа не можеме да го запреме. Или можеме да го запреме само ако сакаме. Дали сакаме, не знам, но секако ќе има иницијативи во тој правец. За Албанија, обединувањето со Косово и делови од Македонија би предизвикало внатрешни политички последици и етнички проблеми, бидејќи би дошло до преместување на центрите на моќ, но сметам дека чувството да се биде Албанец во Албанија ќе преовладее и дека тоа ќе биде нешто со што светот ќе мора да се соочи - не сега, не за 6 месеци, но веројатно за 6, 7 или повеќе години. Тоа е сигурно. Ова е само првиот чекор во новата фаза на она што ќе се случува на Балканот. Признавањето на независноста на Косово не реши ништо. Само отвори цела низа нови прашања и проблеми со кои сега ќе мораме да се соочиме“, рече Шлецингер во интервјуто за Гласот на Америка. |
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Море црно им се пише на шиптарите не на балканот
|
|
oon
Сениор Регистриран: 27.Мај.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 397 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Приштина - Една од земјите на „големата петорка“ што ја сочинуваат САД, Велика Британија, Франција, Германија и Турција нема ништо против поделбата на Косово, ако со тоа се согласуваат Приштина и Белград, пишува весникот „Зери“ , повикувајќи се на западноевропски дипломатски извори.
Како што дознава весникот, првите сигнали за недостаток од единство меѓу петте големи земји против поделбата на Косово на виделина излегоа последните недели. -Владата на една од петте земји во последно време јасно укажува дека нема ништо против поделбата на Косово, како можност, доколку со тоа се согласат Приштина и Белград, пишува весникот. За поделба на Косово е и Русија, иако таа официјално тој став се' уште не го изнела, но за тоа во два наврати пишуваше поранешниот руски премиер Евгениј Примаков. Истовремено „Зери“ укажува дека Борис Тадиќ, сега е посилен од кога било претходно и дека неговата моќ ќе има влијание во меѓународните кругови и кога станува збор за сега се' уште неофицијалната опција за поделба на Косово. (МИА) |
|
Vladimir88
Сениор "Arbeit macht frei" Регистриран: 20.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4349 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хехехехехех Република Банана сама си прави да и се пишува црно.
|
|
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не ми е јасно зошто „поделбата на Косово е најголема опасност за регионот“ ...
|
|
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a ko im velevme ne ni veruavaa! odnosno, znaea i tie ama ne sakaa da veruvaat!
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
Red`Black
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 25.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 845 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
sami si go barate :)
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
trebase da procitas nekoe " predviduvanje " za da sfatis deka seto ona sto sum go pisuval i poradi sto sum bil opomenuvan e vistina ? ...... c c c c c c c c c ..... sto ti znaci slepo sledenje i veruvanje na amerikanskite " dobri " nameri kon i za Makedonija ....... moze slobodno i nekoja vrsta na kult da se proglasi
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ti ne se raduvaj .... doprva doadja vaseto vreme
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ovoj izgleda ...slusha soveti,...,.i si go sredil,..bajpasot!,...samo,...sega ke vidime,..za moment,..dali ,..i kolku mu bila uspeshna,..intervencijata!
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
tebe izgleda zamrznuvacot ti e ispraznet pa pak pocna da jades govna kade kje stignes
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
aauu!,..izgleda nishto od toa,..frleni pari,..duri i polosho mu stanalo,..sega e celiot ispolnet so nusproizvodot ( poblago recheno!) od ishranata,..a ne samo glavata,...jaz'k,...a,tolku mlad,..ili star ke da e,..,.,
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
dovolno star za da se zaprasas ... dali sum ti mozebi i tatko
|
|
da be
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 101 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
бе ти се испиша татко на пола форум бе
|
|
Внеси реплика | страница 123 15> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |