|
Лустрација и кога ќе се проветриме? |
Внеси реплика | страница <1 89101112 26> |
Автор | |
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
[QUOTE=Палестинец]
А ти Орлов демек ја знаеш историјата па ни објаснуваш на сите неграмотни што е и како е. [QUOTE]Ја знам. Имаш проблеми од Истиријата??? Е, нормално ќе имаш. Те фатизаконот, дедоти к*ртули и таткоти, ама ти нема. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bласта го донесе законот за лустрација, кој не знам од кој причини воопшто не се спроведува! Дали власта се плаши да го примени и јавно го објави списокот на кодоши и Удбаши во политиката, бидејки не е сигурна во минатиот труд на доста пратеници од сегашниот состав и владини функционери или пак се работи за уште еден закон кој е донесен ради реда, колку да се каже дека и Македонија има Закон за лустрација? Јавноста, медиумите исто како и власта го заборавија овој закон, откако по големите негодувања од страна на одредени медиумски експонирани личности и по неговото изгласување, настапи тотален молк! Што воопшто се случува со овој закон? Дали навистина сакаме да се проветриме или пак се плашиме од настинки? Изменето од moira - 15.Септември.2008 во 12:33 |
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Закон како закон. Парче хартија кое ѓе оди дирекно во архива, како доказ дека некој во некое време работел нешто. Демек оди дирекно во историјата заедно со оние кои го изгласаа.
А, сега размислуваат кога еда го донесат законот за кастрација. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗАКОНОТ ЗА ЛУСТРАЦИЈА ОСПОРЕН ПРЕД УСТАВНИОТ СУД
Кодошите ќе к*ртулат? Лустрацијата на јавните функционери е доведена во прашање и постои можност таа воопшто да не се реализира и покрај тоа што Законот е донесен пред осум месеци. Лустрацијата досега не е имплементирана бидејќи Собранието се уште не може да собере сила да ја формира надлежната комисија, а сега стигнуваат и најави дека Законот е оспорен и пред Уставниот суд. Во судот веќе се пристигнати неколку иницијативи во кои се бара поништување или измени на делови од Законот. Најновата иницијатива доаѓа од штипската Секција за уставно право. Според нив, се работи за еден „сеирџиски закон“ од кој државата ќе има само штета и неговите решенија се тотално противуставни. Како пример за антиуставност се наведува дека со Законот се лустрираат само домашните тајни соработници и информатори, додека оние кои биле шпиони на странски разузнавачки служби практично се амнестирани. - Во иницијативата до Уставниот суд за поништување на овој антипатриотски закон нагласив дека тој не може да има повратно дејство бидејќи во однос на ретроактивноста тоа се прави само во случаи кога тој е поповолен за граѓаните - вели Панче Докузов, претседател на Штипската секција по уставно право. Во Уставниот суд потврдуваат дека е доставена ваква иницијатива и по барање на судот предлагачот и поднесителот веќе се изјасниле за спорните одредби и веќе е почната процедура за изјаснување на судот. Според иницијаторите за поништување на Законот, на Комисијата за верификација за факти и се даваат преголеми овластувања и таа практично ќе ја има улогата на паралелен Уставен суд. Професорот Стојмен Михајловскии смета дека со лустрацијата ќе се исправи една голема неправда, но предупредува дека секој случај е специфичен и затоа треба да се биде многу внимателен при неговата спроведувањето за да се постигне посакуваниот ефект. - Нееднаков пристап може да има во делот за лицата кои ќе бидат опфатени. Дејствувањето е исто, а тоа е давање информации во функција на одржување или рушење на некој режим и не треба да се прави разлика дали информаторите тоа го правеле по налог на домашни или странски разузнавачки служби - вели Михајловски. За Законот да почне да се спроведува неопходно е да се формира комисијата за верификација на факти која ќе треба да ги провери изјавите на сите вршители на јавни функции дека не соработувале со тајните служби во минатиот режим. Доколку комисијата открие нивна поврзаност, тие веднаш ќе треба да ја напуштат функцијата на која се наоѓаат и ќе бидат спречени да работат јавни функции и во иднина. - Не сум убеден дека Законот ќе се спроведе како што треба. Тоа најмногу ќе зависи од комисијата која е надлежна за негово спроведувањето. Премногу е широк кругот на лица што ќе бидат опфатени со овој Закон и тој ги опфаќа дури и членовите на верските заедници - вели Осман Кадриу, професор на Универзитетот ФОН. Од посткомунистичките земји најтемелна лустрација беше спроведена во Полска, каде што беа опфатени дури 700.000 луѓе, но и таму беа поднесени неколку иницијативи до Уставниот суд за оценување на законитоста. Судот во Полска оценил дека тој не смее да се употреби како одмазда за некои луѓе и дека не треба да биде селективен. Во земјите од регионот, иако речиси сите го имаат донесено, се судираат со големи тешкотии при неговото спроведувањето. ---------------------------------------------------------------------------------------------Антипатриотски и сеирџиски закон???...
А не било гледање сеир да им се душка на луѓето и во спалните соби и во интимниот живот???
Патриотски било да се кодошат свои луѓе за некои туѓи цели и за материјална корист??
Срамота, ако законот се оспори...
Ќе си останат кодошите заштитени ѕверки и покрај толку уништени животи и кариери, по нивна заслуга...
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...kodoshi imalo...ima..i kje ima... mene kodosh*te ne mi se tolku opasni... kolku mi se odvratni tie shto gi koristat nivnite uslugi... Mivki se i ednite i drugite... Vo makedonija momentalno e aktuelen nov vid kodoshenje... objektot e pod video nadzor... zarem lugjeto zaboravaat deka so zakon e zabraneto snimanje... i deka toa e dozvoleno vo isklucitelni situacii koga se zagrozeni interesite na drzavata... Koja li zashtita na drzavata se vrshi po ucilishtata...kakvo li perenje pari...kameri duri i pred nuznici... eee do kade stasavme... kje treba nov zakon...zashtita od sluzbeni kodoshi... kako li dobivam zelba sekoe vleguvanje vo ucilishte da gi pozdravam so pokazuvanje sreden prst... ama epten mi e pod nivo...zatoa izlishno e da zboruvame za kodosh*te od prethodnite sistemi... sega se ozakoneti...
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не мамамд, не е баш исто удбашкото кодошење во комунизмот и ова што го спомнуваш во школите со камерите...
Не е баш исто да те снимаат на работно место или учениците во школо, дали си задоцнил на работа, кога влегуваш на час... и да те следат мивки по 24 часа на ден, да ти навлегуват и во приватниот живот, па дури и пријатели да ти се претставуваат, за да се довериш со некоја информација, за да можат да спечалат на твој грб или да напредуваат во кариерата, а тебе да те закопаат...
И воопшто не е излишно да се зборува за кодошите во претходниот систем, затоа што многу од нив и денеска се на функции. Какви морални вредности и напредок може да очекуваме од такви луѓе, ако сеуште се на влијателни позиции...
И плус, најважно, има оштетени луѓе, кои е нормално да бараат правда за своите страдања, па макар и фиктивна, макар и едно признание да добијат на лист хартија...
|
|
mileg
Сениор Регистриран: 13.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 1758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Анализата на предлогот за донесување за определување на дополнителен услов за вршење јавна функција, од страна на Хелсиншкиот комитет: „Во законот за лустрација не се предвидува поведување постапка против лицата кои ги извршиле повредите на човековите права и слободи, било да станува збор за директните актери (оние што осудувале, што прогонувале, што убивале, тепале, малтретирале, односно, постапувале спротивно на националните и меѓународни закони) било да станува збор за оние кои биле на власт (заземале функции на кои се донесувале одлуки, кои можеле или требале да знаат што се случува и кои можеле да го спречат тоа со своето лично делување), туку на оние кои постапувале според законот или пак биле искористувани, употребувани и злоупотребувани од страна на директните и индиректни сторители на повредите на човековите права, или кои биле присилени од спомнатите. Со тоа се амнестираат институциите и носителите на власт на претходниот (и на сегашниот систем), а се казнуваат граѓаните кои биле жртви на тој систем.“ од законот: I Изменето од mileg - 11.Ноември.2008 во 01:43 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Го знам милег ова и затоа сметам дека е сторена огромна неправда кон оштетените!
Не само што не се поведува постапка против кодошите, туку тие се и заштитени со закон!!!
Ако некој јавно се повика на некое име, во смисла на оптужба дека дотичниот бил кодош, може да биде тужен и осуден!!!..
Па види ти сега...
|
|
Zajcef
Сениор TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Арно велеше бутел-по 20-30год. ќе отворат музеј на ,,Жртвите на ВМРОвската одмазда,,.Со ова само ќе се отворат стари рани и жртва ќе бидат внуците на кодошите.Затоа што кодошите се или мртви или имаат 90год.Што се криви внуците за постапките на нивните дедовци?На пример дедо на сегашниот преговарач Мартин Протуѓер е Александар Протуѓеров-треба да го сметаме за бугараш поради неговите корени?
|
|
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знам зошто сите се плашат од законот за лустрација и од неговото спроведување?
Напротив, законот е мошне здраво нешто и крајно време е да се расчисти со опашките и неправдите, но очигледно на повеќето им е валкан образот и се плашат од јавна осуда! Зошто другите земји немаа проблем со тој закон? Како Полска немаше проблем а таму беше најригорозен? Ееееее, се додека размислуваме, се плашиме да се соочиме со вистината, ништо од нас, опашки ќе влечеме а кодоши ќе глорифицираме. |
|
mileg
Сениор Регистриран: 13.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 1758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sto zboruvash mileg?
Aj prochitaj od pochetok i ke ti bide jasno! NE, NE SE PLAShAM!!! Nemam zosto da se plasham! I ti blagodaram na utehata... :))))))) |
|
mileg
Сениор Регистриран: 13.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 1758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ochigledno site!
Ne se sproveduva mileg zosto se plashat, ke izleze deka site bile i se kodoshi!!! |
|
Внеси реплика | страница <1 89101112 26> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |