IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - БИЗНИС ВЕСТИ, НОВОСТИ, ИНФОРМАЦИИ...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

БИЗНИС ВЕСТИ, НОВОСТИ, ИНФОРМАЦИИ...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 36>
Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 01:40

Брисел предупредува за пад на економијата

Во текот на идната година, под влијание на глобалното економско забавување,условите за извоз на македонските компании ќе се влошат, во земјата ќе влегува помалку капитал, што ќе се одрази на инвестициите и потрошувачката на граѓаните. Ова го предвидува Европската комисија во редовната полугодишна прогноза за македонската економија.Според тимот на комесарот за економија Јоакин Алмуња, економскиот раст ќе се намали на 4,5%, што е за еден процент помалку од предвидувањата. Растот може да достигне 5% во 2010 година. Комисијата предупредува дека Македонија мора да биде внимателна затоа што економското забавување кај нашите главни трговски партнери може да доведе до поголемо намалување на економскиот раст.

Приватната и јавната потрошувачка се главните извори на економски раст, а според ЕК, приватната потрошувачка би требало да почувствува „позитивни ефекти од неодамнешните социјални реформи во областа на вработувањето“, се вели во полугодишниот извештај.Екипата на Алмуња констатира дека македонската економската активност почнала да се забрзува во 2007 и во оваа - 2008 - година по неколку бавни економски години. Сепак, увозот многу пораснал поради увоз на енергија и машини, поради што ланскиот дефицит од 3% пораснал на 13% во јуни годинава.

Според ЕК, пазарот на работната сила се подобрува, иако бројките говорат дека тоа е исклучително бавно, а бројот на невработени и понатаму е речиси 34%. Според предвидувањата, невработеноста и во наредните две години ќе остане над 30%.

ЕК констатира дека странските директни инвестиции годинава се зголемиле на 9% од БДП, а лани биле 3%. Најголемиот дел од овие инвестиции се вложувања на странски во домашните банки. За наредната година се предвидуваат инвестиции од 6%, а во 2010 година од 8% од БДП.

Сметките на централната власт во првата половина од годинава пораснале за 2%. Собранието усвоило дополнителен буџет за да се покријат загубите на МЕПСО и на ЕЛЕМ, за дополнителни социјални и пазарни мерки и за изградба и реновирање на објекти. ЕК предвидува значително поголем дефицит во идните две години, поради тоа што на земјата и' е неопходна модернизација на инфраструктурата и на институциите. За да се излезе на крај со тешкиот економски период, ЕК и' препорачува на Владата да се раководи според принципите на „добро владеење“ и да одржува ефикасна даночна политика.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 01:40
Originally posted by nelson nelson напиша:

Originally posted by anastea anastea напиша:

Таман работа!  Нигде немам кажано дека нема инфлација...


Кованиците постепено ќе ги заменуваат книжните банкноти, додека овие конечно не се исфрлат од употреба. Тоа поради трошоците, не заради инфлацијата...намигнување




- me nasmea
 
 
А што толку слатко те насмеа...трепкање
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 11:33
Европската банка за обнова и развој - ЕБОР инвестира шест милиони евра во акционерски капитал во винарската визба Тиквеш а.д. од Кавадарци  .

Финансирањето, ќе се користи за обезбедување одржлива финансиска основа за натамошен раст, преку натамошни инвестиции за модернизација и зголемување на присуството на компанијата во земјата и во целиот регион.

Тиквеш има годишен капацитет за обработка на 50 милиони килограми грозје и капацитет за производство на 35 милиони литри вино. Компанијата извезува повеќе од половина од своето производство, главно во земјите од поранешна Југославија. За своите вина Тиквеш има добиено околу 2.000 награди за квалитет на домашни и на меѓународни саеми и е најпознат по своите брендови „Т’га за југ“ и „Александрија“.

Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2008 во 14:48
 
 
Трговскиот дефицит на Македонија во надворешно трговската размена во периодот јануари-септември изнесува над 2,22 милијарди долари, соопшти Државниот завод за статистикаТрговскиот дефицит е зголемен за повеќе од двојно во  споредба со истиот период лани, кога изнесувал 1,06 милијарди долари.Истовремено, обемот на вкупната размена на Македонија со странство надмина 8,5 милијарди долари, што во однос на лани претставува пораст од 43,4 отсто.Македонија во првите девет месеци од годината, остварила извоз во вкупна вредност од 3,13 милијарди долари, додека увозот изнесува 5,36 милијарди долари.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргува со Србија, Германија, Русија, Грција и Бугарија.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2008 во 16:15
Владата го утврди Предлог-буџетот за 2009 година со кој расходите се планирани на 164 милијарди и 215 милиони милиони денари, приходите на 153 милијарди и 215 милиони денари, а буџетскиот дефицит е на ниво од 2,8 отсто во однос на планираниот БДП.

Фискалната политика следната година е креирана во насока на продолжување на рестриктивната буџетска потрошувачка, преку драстично намалување на непродуктивните расходи, за сметка на интензивиање на продуктивни инвестирања во проекти од стратешко значење за државата, како единствен начин во справувањето со можните последици од глобалната економска криза и рецесија. Се зголемуваат капиталните инвестиции во патната и железничката инфраструктура, енергетиката, образованието, културата, информатичкото општество.

Во вкупните приходи најголемиот дел 59% се планирани од даночните приходи кои пак се предвидени на повисоко ниво од 9,3%.

Со реформите во социјалната сфера се очекува стапката на невработеност следната година да изнесува 31,5%. За проекциите на останатите макроекономски индикатори, се очекува  да продолжи започнатиот тренд на остварување на високи стапки на економски раст при што реалниот БДП се очекува да оствари пораст од 5,5%, додека инфлацијата се очекува да биде 3,5% на годишно ниво.

Од буџетот за следната година, се предвидени 4,2 милијарди денари за исплата на субвенции на земјоделските производители и нивната подготовка за искористување на претпристапните ИПА фондови, 30 милијарди денари за капитални расходи, 20 милиони евра дополнителни средства за изградба на повеќе патни правци во државата, за експропријациски активности на коридорите 8 и 10. За изградба на магистралните патишта обезбедени се 10 милиони евра, како и 7,5 милиони евра за подготовка на проекти и физибилити студија, 10 милиони евра за изградба на железничката пруга од Коридорот 8, три милиони евра за одржување на постојната железничка инфраструктура, како и средства за субвенционирање на нерентабилниот патнички сообраќај од јавен интерес во износ од два милиона евра.

Во областа на образованието се планирани средства од 18,2 милиони евра за реконструкција, санација и изградба на основните и средни училишта, изградба на училишни сали, капитални инвестиции за опремување и изградба на постојните и новите факултети. 

За инвестиции во водоводните и канализациските системи се планирани 1,5 милиони евра, за довршување на северната трибина на Градскиот стадион во Скопје два милиона евра, 15 милиони евра за почнување на изградбата на источната и западната трибина и седум милиони евра за изградба на социјални станови.

Во областа на животната средина обезбедени се пет милиони евра за изградба на каскадните прегради на реката Вардар и за набавка на опрема за согорување на медицински отпад.

За имплементација на проектите компјутер за секое дете, документ менаџмент систем, електронско поврзување на регистри меѓу институциите, како и инсталирање на систем за авторизација на јавната администрација, електронска здравствена картичка и електронско поврзување на системите на јавните здравствени установи, се планирани 28,3 милиони евра.

Во буџетот се предвидени 9% поголем износ за редовна и навремена исплата на пензиите, надоместоците за материјално обезбедување на невработените лица и другите социјални надоместоци.

Расходите за стоки и услгуи за следната година се зголемени за 5% во однос на оваа година,  при што, како што рече министерот Славески, на минимум се сведени непродуктивните трошења поврзани со патувања, договорни услуги и репрезенација, а зголемување има кај расходите за реформите во образованието, односно за набавка на бесплатни учебници за што се предвидени 1 милијарда денари, потоа на средствата за бесплатен превоз во средното образование и подготовка на стандардизирани тестови, зголемени расходи во здравството за задолжителни здравствени програми, средствата за избори, како и тендерски процедури за имплементација на стратешките проекти.

Во 2009 година има планирано зголемување на средствата за исплата на плати и надоместоци во износ од околу 8% во што е вклучено зголемувањето на платите на државната администрација за 10% и потребното доекипирање поврзано со евроатлантските интеграциски процеси на Македонија.

Проектираниот дефицит, ќе се финансира со странско задолжување, како што се кредити од Светска банка, домашно задолжување преку издавање државни хартии од вредност и други форми на задолжување, а се разгледува и можноста за издавање еврообврзница, доколку се процени дека тоа го прифаќа пазарот. Тука се и некои проекти што влегуваат во буџетот и отсега се планирани да се финансираат со странски кредити. Најголемиот дел од нив ќе се покриваат истовремено со задолжување, како што е веќе потпишаниот заем од 70 милиони евра со Светска банка и претстојните заеми за водоводни и канализациски системи.

Кон врв
монте кристо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THERE CAN BE ONLY ONE

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6869
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај монте кристо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2008 во 16:33
нас не не тангира ништо , уживајте , ние неммаме економија хахаха
во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2008 во 23:46
da li ja gledavte novata reklama na grujo i vemero za pokacuvanje na penziite 10%. strava!
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2008 во 01:20
Ај раскажи ја... ако сакаш... за оние како мене шо не ја гледале...голема%20насмевка
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 16:22
 
Холандскиот центар  за промоција на  извозот од земјите во развој (ЦБИ) ги отвори за македонските фирми програмите за поддршка на извозот на свежо овошје и зеленчук и на вино.

Во рамки на овие програми, ЦБИ на компаниите им нуди обуки за извоз, контакти со потенцијални купувачи, стекнување искуство од бизнис заедницата во земјите од ЕУ и претставување на меѓународни саеми.

Заинтересираните може да се пријават по електронски пат со пополнување на формуларите објавени на веб страниците - www.cbi.ey/ffv  (Програма за поддршка на извозот на свежо овошје и зеленчук)  и www.cbi.ey/wine (Програма за поддршка на извозот на вино).

Селекцијата на фирмите за учество во двете програми ја прави Центарот по поднесување на апликациите и врз основа на однапред утврдени критериуми, кои, исто така, може да се најдат на интернет страните на двете програми. 

Министерството за земјоделство ќе обезбеди финансиска поддршка за 15 компании кои се занимаваат со извоз на вино и за 35 компании кои се занимаваат со извоз на свежо овошје и зеленчук со цел да ги поттикне, како што наведува, поактивно да се вклучат во искористувањето на холандската помош.

Котизацијата изнесува 1.000 евра, а услов за давање поддршка е фирмите да бидат избрани од ЦБИ за учество во една од програмите. 

Рокот за поднесување барања трае до 26 овој месец, а адресата е: Улица „Ленинова“ бр. 2,  1000 Скопје.

Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2008 во 17:35
Originally posted by anastea anastea напиша:

Ај раскажи ја... ако сакаш... за оние како мене шо не ја гледале...голема%20насмевка


- a , ne se raskazuva, mora da se gleda , oti ke zagubi od svojata ubavina
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2008 во 19:07
 
 

Со денешниот форум во Чикаго завршува еднонеделното Road show во САД. Владината делегација од тука си заминува задоволна заради остварените контакти со бизнисмените од Силиконската долина и Чикаго. Очекувањата се дека Македонија ќе биде новото европско економско чудо и покрај светската економска криза затоа што земјата останува макроекономски стабилна.

Во изминатата недела македонската влада ги презенираше потенцијалите за инвестирање во ИТ сектор во Силиконската долина во Калифорнија, како и во туризмот и енергетиката во Чикаго.

 
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2008 во 19:23
 
 

Новите кованици со апоени од 10 и 50 денари денеска се пуштени во оптек во Македонија.

Според најавите на Народната банка на Македонија кованиците ќе бидат во оптек паралелно со банкнотите од 10 и 50 денари, кои постепено ќе бидат повлекувани.

Новите кованици ги имаат истите обележја како и банкнотите. На кованицата од 10 денари е торзото на божицата Изида од втори век п.н.е. и мозаик на паун од шести век, а на оние од 50 денари Св. Пантелејмон главен капител Скопје и Архангел Гаврил од Св. Ѓорѓи -к*рбиново од 12 век.

Сега во Македонија во оптек има кованици од 1, 2, 5, 10 и 50 денари, како и банкноти од 10, 50, 100, 500, 1000 и 5000 денари.

 
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2008 во 21:51
juuupppii!
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
dark Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 247
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dark Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2008 во 21:37
toa znaci deka vrednosta na denarot paga ili jas sum tapa ekonimija ili sto i da e
faster then light :D
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.