IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Донирање органи за трансплантација- Да или Не?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Донирање органи за трансплантација- Да или Не?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Storm2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 07.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 432
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Донирање органи за трансплантација- Да или Не?
    Испратена: 30.Октомври.2008 во 09:54
TV STORIJA

100-тина луѓе чекаат трансплантација
Менче Атанасова Точи       

29.10.2008 19:03
Лекарите велат дека е потребен центар за трансплантација


Во Македонија десетици пациенти чекаат да им биде пресадено срце. Кардиохирургот Жан Митрев во Германија веќе направил осум трансплантации, но во Македонија 10 години чека на измените на законот.

„Потребите се недискутабилни, меѓутоа јас би сакал малку да осетам дека во нашата држава и во нашата фела ќе се створи малку попозитивна атмосфера за сите тие работи“, изјави д-р Жан Митрев, кардиохирург.

Годишно стотина пациенти со мозочна смрт се потенцијални дарители. Уште толку луѓе чекаат да бидат спасени со трансплантација на бубрег, срце, панкреас, црн дроб, бели дробови.

Лекарите велат дека е потребен центар за трансплантација, координиран со центрите во Европа.

„Тоа е добра работа, зошто да не се спаси некој живот? Тоа би требало да заживее, оти ништо не е поскапо од живот на човек“, рекоа граѓаните.

Револуција се и матични клетки од папочната врвка со кои се лекуваат 85 најтешки болести. Но, банка за дарители нема.

„Очекувам во многу скора иднина да се создаде и тој веќе долго очекуван национален регистар на доброволни дарители, ќе можеме да користиме соодветен материјал, размена на матични клетки на трансплантации на несродни дарители“, рече Борче Георгиевски

Годишно потреба од трансплантација со матични клетки десетици пациенти. Оние што немаат соодветен дарител, спасот го бараат во странство за 200.000 евра. Нешто помалку чини трансплантација на црн дроб.

На Клиниката за детска хирургија за една година треба да профункционира регионален центар за трансплантација за црн дроб. Со мала инвестиција, од него ќе имаат бенефит не само пациентите, туку и државата.

16 лекари веќе се едуцираат во Брисел. Но, не е доволен само ентузијазмот на лекарите. Државата со сериозна програма треба да ја поддржи трансплантацијата. Резултатите ќе бидат долгорочни.


Изменето од Biba_G - 25.Ноември.2008 во 15:24
Кон врв
Storm2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 07.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 432
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 09:57
Македонците на трансплантација во Средниот Исток
Елена Ацевска   

28.10.2008
Нинислав Ивановски


Над 36 македонски граѓани и на уште толку од Косово им бил трансплантиран бубрег во земјите на Средниот Исток. Овие луѓе не можеле да добијат бубрег од свои блиски. Преку разни канали спас побарале во Пакистан.

„Тие практично не гарантираат сигурност за болните и имаат многу компликации. За жал, дел од тие компликации мораме ние да ги решаваме“, изјави Нинислав Ивановски, Клиника на нефрологија.

Пред три години и скопјанецот Насер Бејтула се одлучи на овој ризичен чекор во Пакистан. Бубрегот го чинеше 32 илјади долари.

„22-годишен човек ми го даде бубрегот“, рече Насер Бејтула.

Во Клинички два тима на лекари вршат трансплантација. Пресадувањето е доброволно од роднини. Иако законот дозволува, се уште не функционира дарувањето од починат донатор.

Проблем се правилниците со коишто треба да се допрецизира законската регулатива. Постапките се уште тапкаат во место.

„Ќе дадам подоцна изјава до каде е законот за трансплантација и донирање на органи“, вели Бујар Османи, министер за здравство.

Еден болен на дијализа државата ја чини 10.500 евра годишно. Од трансплантацијата ќе имаат бенефит и болните и државата, велат лекарите.

„Доколку се сака да се воспостави рамнотежа на оние нови што доаѓаат за дијализа во Република Македонија, чија бројка изнесува 40-50 годишно, за да може да се сопре растот на вкупната бројка на пациентите на хемодијализа коишто многу ја чинат државата, ние потребно е нашата бројка од 20 да ја покачиме на 40-50“, изјави Живко Попов, директор на Клиниката за урологија.

Лекарите велат дека е потребен владин проект со кој државата ќе ја помогне трансплантацијата во сите области. Тоа го докажува Истанбулската декларација, со која се предвидуваат мерки и казни во случај на можна злоупотреба.

Кон врв
Storm2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 07.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 432
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 09:59
Македонците продаваат органи?
Менче Атанасова Точи   

24.10.2008
Tрговијата со човечки органи на овие простори зема замав


Над триесет македонски граѓани досега понудиле да продадат свој бубрег на Клиниката за нефрологија. Тие лично се обратиле до професорот Нинослав Иваноски и откако биле одбиени, на овие луѓе им се губи трагата.

Д-р Ивановски смета дека најверојатно завршиле на црниот пазар во некоја од соседните земји.

„Секој од нив имаше по некоја бизарна приказна. Секој од нив нудеше по еден бубрег за одредена сума на пари. Бидејќи кај нас тоа е недозволиво, а знаејќи дека постојат центри за трговија со човечки органи во соседните земји, сметаме дека овие луѓе ги понудиле своите органи таму“, изјави Нинислав Ивановски

Дека трговијата со човечки органи на овие простори зема замав, говори и сознанието дека во Суботица во некоја приватна болница полулегално оперира украински хирург, а донатори најчесто се сиромашни луѓе од Молдавија. Но, има и лекарски тимови кои патуваат и немаат единствено одредиште.

Каде завршиле македонските граѓани? Кому го понудиле својот бубрег засега останува енигма. Засега само се знае дека на црниот пазар бубрег може да се добие 30.000 евра, а донатори најчесто се луѓе од Бугарија, Србија, Романија, и најверојатно од Македонија.

Не е познато дали меѓу овие тимови кои бараат плен на овие простори е и познатиот доктор Шапира од Израел, кој пред десеттина години на Македонија и предложи да влезе во профитабилната трговија со бубрези.

„Шапира дојде во Македонија и преку Министерството за здравство се обиде да понуди т.н. трансплант туризам. Понуди богати израелски граѓани да доаѓаат во Македонија на трансплантација тука, интервенциите да се одвиваат во Скопје, а притоа да не не интересира кои се дарителите. Се разбира го одбивме насетувајќи ја измамата“, вели Ивановски.

Тоа му успеало во Естонија каде направил направил 14 трансплантации од донатори од Молдавија, по што бил протеран од државата, а Естонците му се извинија на светот.

Лекарите велат дека техниката на трансплантација е веќе позната, а овие простори поради сиромаштија се лесна мета за ваквиот вид криминал.

Во МВР немаат сознанија дека македонски граѓани продаваат органи во други држави, а немаат ниту пријавен случај за трговија за човечки органи внатре во земјава.


Кон врв
Storm2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 07.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 432
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 10:01
Донирањето на органи се уште табу тема
Елена Ацевска

20.10.2008
Јовановски: Шок беше барањето на докторите да се искористат бубрезите и срцето на мајка ми


Да донираш орган е најголема животна сатисфакција. За семејството на новинарот Борјан Јовановски ова било пресудно, по смртта на неговата мајката, срцето и бубрезите да бидат донирани и да спасат нечиј живот.

Никогаш не дознал во чие тело чука срцето на неговата мајка.

„'93. година во Бриселска болница почина мајка ми. Шокот којшто го доживеавме од веста за смртта е таков каков што е, нема потреба да го објаснувам, но она што следеше како изненадување и шок беше барањето од бриселските доктори да потпишеме да се искористат органите на мајка ми, бубрезите и срцето во случајов“, изјави Борјан Јовановски, новинар.

Донирањето на органи во Македонија е се уште табу тема. Додека во светот преку донирање се спасуваат стотици животи, кај нас на овој потег се одлучуваат само доколку се работи за некој близок, и тоа од жив донатор.

„Трансплантацијата треба да покаже дека претставува нешто најплеменито што може да го направите во вашиот живот, а тоа е да подарите живот на некому“, рече Владимир Чадиковски, Клиника за детска хирургија.

За подигање на свеста на граѓаните да донираат органи формирана е Национална фондација за трансплантација.

Ова е особено важно бидејќи Македонија идната година ќе стане регионален центар за трансплантација на црн дроб кај деца.

„Илузорно е да се зборува за сериозни програми, за трансплантација на органи, доколку не е решен проблемот со донирањето на органи“, вели Перо Петровски, директор на детска хирургија.

Фондацијата ќе добие поддршка и од Интернационалната асоцијација за трансплантација кај децата, со што Македонија за една недела ќе се најде на мапата на светските центри за трансплантација.


Кон врв
Storm2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 07.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 432
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 23:25
Vo Belgrad veke se izdadeni dozvoli za lecenje so alternativni metodi kako sto se akupunktura i makrobiotika vo sklop na oficijalna medicina. Treba da im se ovozmozi na lugeto da vrsat izbor na koj nacin ke se educiraat i lecat. Jas ne sum lekar i nije moj posao da lazam luge i da gi teram da davaat organi. JAS SUM PROTIV TOA ! Znam kako se sprecuvat i lecat bolestite i povtorno - nije moj posao da gi lecam so makrobiotiki. Samo kazuvam moznosti. Makrobiotika e resenie za sve probleme i zatoa se provlekuva niz sekoj moj post.

Ne bi sakal da komentirate toa sto pisuvam a da ne ste procitale prethodno vnimatelno. I sto vi e toa MAKROBIOZA. Ako ne ve zanima Ok ostavete neka komentiraat drugive i nema potreba da se bavite so mene.

Pozdrav !
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2008 во 17:11
Трансплантацијата на органи од духовна гледна точка е многу опасна. Имено душата на починатиот донатор останува врзана за трансплантираниот орган се додека тој не умре(почне да се распаѓа), та не може да оди понатака и да се развива во отадестраните подрачја. Тогаш таа решава да го наведе носителот на органот во такви ситуации каде тој лесно може да се најде во животна опасност или се упропасти примениот орган, со цел душата на некогашниот дарител се ослободи од врзаноста за органот.

Примателот на органот внесува во себе делови на туѓи животни програми - мустри на однесување кои не соодветствуваат на плановите на неговата душа кога се инкарнирала во своето тело со генетските предиспозиции кои покажувале исто треперење како и самата душа. Тоа предизвикува натамошнио компликации поради кои и донаторот и примателот порано или подоцна патат.

Познат е случајот на жена која по трансплантирано срце од маж загинат во сообраќајка, почнала да се здобива со силна желба кон пиење пиво и сесксуален нагон кон плавуши.
Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2008 во 23:17
tesko prasanje...
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2008 во 13:37
"Се’ што може да послужи на некој жив,грев е да се закопа"
Ова е дефинитивно моето размислување на темава и мојот краен личен став...

Кон врв
Storm2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 07.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 432
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Storm2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2008 во 21:28
Prezemeno od Net press

Свињите ќе го решат проблемот со трансплантација на органи

Научниците со тврдење дека за помалку од 10 години, можат да креираат свињи со човечки срца, бели дробови и други органи, кои секогаш ќе бидат достапни за трансплантација. Роберт Винстон има намера да направи генетски модифицирана свиња, која според неговото верување, може да го реши проблемот на недостиг и чекање на соодветни органи за пресадување.

Проектот и истражувањата се сеуште во рана фаза. Научникот цени дека така одгледуваните органи можат да бидат достапни за десет години. Само во Велика Британија 8.000 луѓе се наоѓаат на листата за трансплантација.

Винстон цени дека органите ќе станат достапни и евтини, кога еднаш ќе бидат создадени генетички модифицираните свињи. Тие свињи ќе бидат хуманизирани, за да не ги отфрли човековото тело. Тоа вклучува инјектирање на коктел од гени во машките свињи, за да им се измени спермата. По ова тие ќе се парат со нормални женки, кои ќе родат генетички модифицирани прасиња. Ако се употребат вистински гени, клучните молекули од површината на свинските органи ќе станат хуманизирани и на тој начин би се сокрило животинското потекло на трансплантираните органи, пренесува “Дневник хр“.

Овие хуманизирани органи ќе можат да се користат за тестирање на нови лекови, со што ќе се спречи ризикот од опасни реакции при човечка употреба.







Изменето од Biba_G - 21.Ноември.2008 во 18:16
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 15:41
Originally posted by Biba_G Biba_G напиша:

"Се’ што може да послужи на некој жив,грев е да се закопа"
Ова е дефинитивно моето размислување на темава и мојот краен личен став...

 
.....go imam istiot stav so Biba....i za da im olesnam na najmilite ,koi po pravilo bi trebalo da ja donesat odlukata vo momentot.....sama si gi napraviv site administrativni çekori.....taka da sega ja imam donatorskata kartaсреќа
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 16:19
Originally posted by Biba_G Biba_G напиша:

"Се’ што може да послужи на некој жив,грев е да се закопа"
Ова е дефинитивно моето размислување на темава и мојот краен личен став...

 
 
Исто.
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2008 во 17:57
Драго ми е што гледам дека имам многу истомисленици...А,зошто па би било поинаку?
Зошто да го однесам со себе она што може некому животот да му го продолжи?
Пресадување или трансплантација на органи во светот веќе одамна е прифатен и успешен начин на лекување на болните кај кои,од било кои причини доаѓа до неповратно откажување на еден или повеќе за живот потребни органи.
Органот потребен за живот на друг човек можно е да се добие од мртов човек по престанок на работата на срцето или порано додека сеуште чука срцето на човекот кој веќе нема мозочна активност.Со оглед на тоа дека без функција на мозокот нема живот,тој човек е веќе неповратно мртов. Токму таа состојба ,позната во медицината како арефлексна кома, овозможува добивање на здрав орган за пресадување.Основен услов за подоцнежна добра функција има оној орган кој до моментот на пресадување имал уредно снабдување со кислород,а тоа е најчесто кај луѓето со тешки повреди на главата и мозокот...
Дијагнозата за мозочна смрт денес се врши без и најмала грешка,со потполна сигурност...

Недај боже да ме снајде нешто такво...без двоумење се имам изјаснето по ова прашање...Колкав ли е само бројот на луѓе кои чекаат да им биде продолжен животот?

Одамна веќе давањето крв е вообичаена пракса без која секојдневната медицинска пракса веќе неможе ни да се замисли.Сметам дека токму на тоа ниво треба да се донесе и донирањето на органи од мртви луѓе.

И ондак то
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2008 во 10:57
....neznam....ustvari znam ,samo aj da ne kazuvam sto mislam...arno ama,edno e tocno!!!!....se rasfrlame so trupovi i lesevi koga cenata na coveckoto telo vo nekoi zemji kade sto ne patat za osnovnite potrebi i ziveat vo luksuz i neznaat sto da pravat od dosada,dostignuva preku ......zamislete 2000000 evra....ili dolari...zavisi so ddv ili bez....!!!a kaj nas.???.da ne uletase inspekcija na avtopazarot na fersped ke se najdese i poloven bubreg za samo 10000 evra...!!!bagatela....
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
doriangray Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Опсесивен компулсивец

Регистриран: 03.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1460
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај doriangray Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 14:20

Дефинитивно ДА!
Don't tell me what to do 'cause I'll never be uptight like you.
Don't look at me that way 'cause I ain't never gonna change.
And if you're talking about my life you're only wasting your own time!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.