IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - За смирението
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За смирението

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 14>
Автор
Порака
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 06:05
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

E. bas sega ja citam taa kniga "Hristijansko ziveenje" od Sv. Tihon Zadonski, t.e. se navracam na nea. Mnogu e ubava i poucna.
 

Kon tvojot osvrt, da, toa e toa.

"Golema mudrost e da ja pokoruvame nasata volja na Bozjata i zloto da go pobeduvame so dobro, gordosta-so smirenost, gnevot i lutinata-so krotkost i trpelivost, a omrazata so ljubov"

 

Lek za gordosta e samo smirenosta. I toa, dzabe e ako nekoj nadvoresno deluva smiren-a vo dusata ostanuva gord. Toa e demonceto koe mora da se pobedi vo sebe.


многу добро кажано...

Читај ја „Живот под духовно раководство“ од св. Теофан Затворник - прекрасна книга.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 06:33
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Доколку човек се смета себе си за добиток, со тоа тој го понижува делото на Божјите раце.

Доколку човек се смета за добиток, тогаш тој индирекно го нарекува и Бог добиток, бидејќи е создаден по Неговиот лик.


И Христос, второто лице на Света Троица стана Човек, а дали со тоа Тој ја понижил Божественоста? НЕ, туку само ја потврдил...

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Една од најголемите Божји заповеди вели: "Љуби го ближниот свој, како себе си". Доколку човек не се љуби себе си, тогаш како ќе го љуби ближниот свој КАКО себе си?


А како човекот се љуби себеси? Што значи тоа - да се љубиш себеси? Тоа значи да сакаш да бидеш со Бог, да бидеш во Неговото царство, затоа што си створен од Него и Тој ти ја дал сета љубов и сиот живот, и Тој е твојот живот (ако се љубиш себеси - сакаш да живееш). А како ќе бидеш со Бог? Со тоа што ќе стекнеш смирение и ќе станеш како мало дете... A какво е тоа смирение? Тоа е по примерот на Господ - зеде облик човечки (облик кој е на многу подолно ниво од Неговото Божество во секоја смисла)и стана малку подолен од ангелите, за потоа да биде овенчан со слава и чест (сп.Евреите 2,9) А кој е на подолно ниво од човекот? Се разбира, животните... Врвете по Мене...

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Затоа, чувајте се од лажната и лицемерната понизност. Секој човек треба да знае дека е вреден во Божјите очи, бидејќи е создаден по Божјото подобие.

 


Ова е точно, но... треба да се запрашаме дали тоа подобие сме го исполниле? Човекот е створен по лик и подобие Божјо. Ликот се гледа во неговата душа, слобода, додека пак подобието е бескрајно растење во совршеноста, како што бескрајно е совршен нашиот Отец на небесата. Сега се наметнува прашањето каков е нашиот лик и дали го исполнуваме призивот кој ни е даден во подобието? Ликот ни е извалкан со нашите гревови и преку подвизи треба да го очистиме, а особено преку подвигот на непрестајната молитва, подвигот на безусловното послушание кон својот старец, подвигот на љубовта и подвигот на смирението. Кога ќе почнеме да ги исполнуваме ревносно, со топла љубов кон нашиот Спасител, овие работи, тогаш постепено почнуваме да се вивнуваме нагоре кон Него и малку по малку да го исполнуваме нашето призвание кое ни е дадено (подобието). Светителите се тој пример кој го исполниле ова - станале слободни од гревот, секогаш служејќи Му на својот Бог, и самите станувајќи богови по благодат.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 06:40
лек за гордоста е понизноста, а не смиреноста.Кога ке се понизиш пред Бог и лугето гордоста ке исчезне.
Всушност Марија Магдалена е конатрадикторна првен вика дека лек за гордоста е смиреноста, а потоа џабе е некој смирен ако е горд внатрешно.

   Така да св.Тихон Задонски не баш добро ви го кажал лекот за гордоста.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 06:46
Izvoren, џабе ако надворешно изиграваме преподобие, а внатрешно пукаме од гордост. Зарем не беше и тоа поуката на Господ во однос на фарисеите? Надворешно - гробови варосани, а внатрешно - коски мртовечки и замирисани.

Џабе ако некој се понизува пред некој друг, а во себе со својот ум, во суштина тоа не го прави и не сака да почне да го прави...
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 08:49
Освен вистинското смирение, постои уште еден вид на смирение, а тоа е лажното смирение, или шарлатанско смирение. Се разбира, ваквото „смирение“ произлегува од нашата суета и гордост. Веќе ги опишавме знаците и плодовите на вистински (внатрешно) смирениот човек, како и тоа, во зависност од степените на духовниот раст, какво смирение може да има.

Лажното смирение е жедно за слава. Лажно смирениот човек, има лице на смирен човек, но внатре во себе е полн со страсти. Тука се крие и лукавство, затоа што таквиот човек видел дека смирението носи пофалби и почести на оние кои го имаат, па заради задоволување на своите страсти, ја зема маската на смирението. Ваквите луѓе ја немаат разбрано суштината на смирението. Да, и тие за себеси велат: „Леле, јас грешниот, ох колку сум недостоен.“ Да, вели, но истовремено посакува другите да му кажат дека тој не е грешен, дека е побожен, и веднаш му станува драго. Но, ако другите му речат: „Признаваш дека си грешен? Значи, вистина било тоа што го зборуваат за тебе.“, на лажно смирениот човек, веднаш му станува мачно, па почнува да прашува кој тоа така зборувал. Ова смирение не е спасоносно, и се нарекува смирение полошо и од гордоста. Свети Јован Лествичник вели: „Не покажува смирение оној кој самиот себеси се навредува, туку оној, бивајќи обесправен од друг, не ја намалува љубовта спрема него.“

Лицемерното смирение не претставува толкава опасност за световните луѓе, кои не го разбрале смирението и не ни сакаат да имаат вистинско смирение. Но, лажното смирение е многу опасно, пред се за духовните луѓе, односно за оние кои сакаат да живеат духовен живот. Лажното смирение е начин за стекнување на евтина и брза слава. Светите Отци велат, да не зборуваме ништо за себеси: ниту добро, ниту лошо, туку да внимаваме на душата и внатрешно да се бориме со сите нејзини пороци. Не обвинуваат ли, треба да молчиме и да не се оправдуваме. Инаку, ете ти ја гордоста. Не фалат ли - пак треба да молчиме. Инаку, ете ти го лицемерието (значи пак гордоста). Тоа е надворешното смирение. А внатрешното, она вистинското смирение, е мртво и за навредите и за пофалбите.

Еден подвижник рекол дека во последните времиња, нема да има веќе строги аскети и големи подвижници, но вистинските христијани ќе се спасуваат само со смирението. Дури и некои, само со смирението ќе достигнат големо совршенство.

Значи, ако сакаме да почнеме да живееме вистински духовен живот, треба да ја презреме сета човечка слава. Презирајќи ја, нашето лицемерие произлезено од лажното смирение, постепено ќе го преобразуваме со побожност и со плач за сопствените гревови. Постепено ќе се очистуваме од страстите, и ќе се здобиваме со вистинско смирение.

п.с. Многу е битно, сето тоа да се прави заедно со духовен отец. Не дека не може и сам, но тоа е многу потешко, и е многу лесен начин некој да западне во прелест.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 08:57
Прелест!?изненадување
Прв пат се сретнувам со овој збор. Иако според смислата на реченицата можам да го насетам неговото значење, сепак, бидејќи искуството од претходните дискусии во разните теми ми говори дека секој збор поинаку се толкува, можеш ли да ми кажеш што значи тој збор?
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 09:04
Накратко, духовна самоизмама. Поопширно подоцна. среќа
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 09:20
Originally posted by izvoren izvoren напиша:

лек за гордоста е понизноста, а не смиреноста.Кога ке се понизиш пред Бог и лугето гордоста ке исчезне.
Всушност Марија Магдалена е конатрадикторна првен вика дека лек за гордоста е смиреноста, а потоа џабе е некој смирен ако е горд внатрешно.

   Така да св.Тихон Задонски не баш добро ви го кажал лекот за гордоста.
 
Interesno...
Edna sosetka, (pentakostalka ili evangelka mislam), mi pobara nesto za citanje. I ja ponudiv ovaa kniga, Hristijansko ziveenje.
Koga ja zirna, rece, "oo-ooo, pa so ova ce se vratam vo 18 vek).
 
Kakva steta.
Tihon Zadonski vo ovaa kniga gi opfaca site aspekti na hristijanskoto ziveenje-a pri toa se povikuva samo na citati od  Biblijata.
Knigata e bezvremena....
Ne se ni potrudiv da i go kazam toa...Sekoj spored svoj vkus i ubeduvanje.
 
Sto e nejasno vo recenicvata, izvoren?
Zamisli si eden prekrasen sad, da receme izraboten od skapocen porcelan, ukrasen so dijamanti, rubini, i sto ti ne, a vnatre poln so nekoja gnasotija.
 
Ete toa e smislata na recenicata, dzabe ako nadvoresno deluvas smireno, a od vnatre izbiva gordelivosta vo vid na nepodnosliva smrdea.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 11:12
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Edna sosetka, (pentakostalka ili evangelka mislam), mi pobara nesto za citanje. I ja ponudiv ovaa kniga, Hristijansko ziveenje.
Koga ja zirna, rece, "oo-ooo, pa so ova ce se vratam vo 18 vek).

 

Kakva steta.

Tihon Zadonski vo ovaa kniga gi opfaca site aspekti na hristijanskoto ziveenje-a pri toa se povikuva samo na citati od  Biblijata.

03333 size=2]Knigata e bezvremena...


Tокму така. Ниту една книга која ја има напишано некој светител, просветлен од Светиот Дух преку личен опит, не може да биде „како да се враќаме во 18-ти век“(во негативна смисла), зашто Господ е ист вчера и денес и утре и секогаш. Работата е што секогаш ние сме тие кои забегуваме... Ако таа книга би била враќање во 18-ти век, односно нешто претставено во смила на „наместо напред да одиме, ние се враќаме назад“, тогаш што да речеме за Библијата? Јасно ни е дека денеска светот оди контра тоа што е заповедано во Библијата за наше спасение. Зарем треба да ги прифатиме сите тие световни негативности, само за да бидеме „во тек со времето“ и „да не се враќаме во 18-ти век“?
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 12:35
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

... Ако таа книга би била враќање во 18-ти век, ... тогаш што да речеме за Библијата?

смеење Good point!големо%20гушкање
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 13:35
Originally posted by izvoren izvoren напиша:

лек за гордоста е понизноста, а не смиреноста.Кога ке се понизиш пред Бог и лугето гордоста ке исчезне.


Лек за гордоста е смирението. Понизноста е само плод од смирението. Кога човек смирено ќе се смета себеси за недостоен за Божјата љубов, поради своите многу гревови, и кога ќе ги љуби сите други луѓе како посвети од него, тогаш многу лесно може да се понизи и да ја наведни главата и да го препушти првото место на „подостојните“ од него.

Христос се понизи Себеси и дојде на земјата поради Своето Божествено и бескрајно смирение. Самиот Тој нагласува дека Е смирен и дека и ние треба такви да бидеме

Матеј 11:29 Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи Сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за вашите души.


Изменето од Maran Ata - 30.Октомври.2008 во 13:36
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 14:58
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

E. bas sega ja citam taa kniga "Hristijansko ziveenje" od Sv. Tihon Zadonski, t.e. se navracam na nea. Mnogu e ubava i poucna.
 

Kon tvojot osvrt, da, toa e toa.

"Golema mudrost e da ja pokoruvame nasata volja na Bozjata i zloto da go pobeduvame so dobro, gordosta-so smirenost, gnevot i lutinata-so krotkost i trpelivost, a omrazata so ljubov"

 

Lek za gordosta e samo smirenosta. I toa, dzabe e ako nekoj nadvoresno deluva smiren-a vo dusata ostanuva gord. Toa e demonceto koe mora da se pobedi vo sebe.


Mnogu dobro kazhano. Toa e vsushnost istoto sto kaj nekoi drugi dalekuistochni religii i filozofii se narekuva borba za eleminiranje na Egoto ili vo juzhnoamerikanskite veruvanja se definira kako sovladuvanje na "maliot machitel" koj lezhi so site nas.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
bratljube Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bratljube Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 16:14
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Originally posted by izvoren izvoren напиша:

лек за гордоста е понизноста, а не смиреноста.Кога ке се понизиш пред Бог и лугето гордоста ке исчезне. Всушност Марија Магдалена е конатрадикторна првен вика дека лек за гордоста е смиреноста, а потоа џабе е некој смирен ако е горд внатрешно.    Така да св.Тихон Задонски не баш добро ви го кажал лекот за гордоста.

 

Interesno...

Edna sosetka, (pentakostalka ili evangelka mislam), mi pobara nesto za citanje. I ja ponudiv ovaa kniga, Hristijansko ziveenje.

Koga ja zirna, rece, "oo-ooo, pa so ova ce se vratam vo 18 vek).

 

Kakva steta.

Tihon Zadonski vo ovaa kniga gi opfaca site aspekti na hristijanskoto ziveenje-a pri toa se povikuva samo na citati od  Biblijata.

Knigata e bezvremena....

Ne se ni potrudiv da i go kazam toa...Sekoj spored svoj vkus i ubeduvanje.



Narodot kazal dve mudrosti: kaj gori kakolot ke gori i zitoto. Koga covek ke se izgori na mlekoto, duva i na matenicata.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 18:10


Смирението е Божествена особина на која лично не учи Богочовекот Исус Христос Христос Кој рекол: Поуичете се од мене зашто сум кроток и смирен по срце и Кој Самиот со Својот живот го потврди тоа смирувајќи се дури до смрт и тоа смрт на Крст ( крстната смрт во тоа време била најсрамната казна).

Блажени се бедните по дух зашто нивно е Царството Божјо , тоа е цврстиот камен во Евангелието на која е изградена зградата.( куќата) и само на чистите по срце може да и се открие тајната на смирението.Како што гордоста е почеток на сите гревови така и смирението е почеток и основа на секоја добродетел.

Смирението е присуство на благодатта на Светиот Дух. Покајанието, плачот и смирението се неразделно поврзани една со друга и неможат да се замислат една без друга
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.