IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - За смирението
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За смирението

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 14>
Автор
Порака
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 02:01
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Прво преведете ги овие зборови на современ македонски јазик, па потоа да ги дискутираме, ако воопшто се разгори некаква дискусија за нив.

Македонскиот јазик не познава збор "послушание", туку "послушност".
 
ПОСЛУШАНИЕ - ВИКАЛ ДЕДО!
ПОСЛУШНОСТ ДЕДО ТИ -  АКО Е ПОМЛАД ...
 
и темава не е македонски јазик ...
 
Вакви теми има на “историја“
 
иди таму расправај се ...
 
ОВДЕ МОЖЕШ САМО ДА СЕ СМИРИШ ...
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 02:42
Светите Отци утврдиле три степени на духовен раст: очистување на срцето од страстите, просветлување на умот, и обожување на човековата личност. На секој од овие степени му соодветствува одреден процес на очистување, на молитва и на искушенија.
Свети Амвросиј Оптински вели дека, како што гордоста има три степени, така и смирението може да се манифестира во три степени.

Во првиот степен, смирението е, човек да се покорува на поголемите од него, и да не се превознесува над еднаквите со него. Гордоста не се покорува никому, и како таква се јавува како разрушител на општествениот поредок. Наспроти ова, смирението овде се појавува како здрава основа за градење на човечко општежителство. Секој, кој се противи на каква било форма на законска власт (световна, црковна, образовна и сл.) е далеку од секакво смирение.

Вториот степен на смирение е, човек да се покорува на еднаквите, и да не се превознесува над помалите. Ако првиот степен на смирение, колку и да е наложителен, ни се гледа како непријатен, вториот ни се чини многу тежок. Како е можно да се покоруваме на еднаквите? Сме навикнале на заповедување, почести, пофалби.. едноставно гордоста не ни дозволува да се покориме на еднаквите. Себељубието ни забранува пак, да се изедначиме со помалите од нас. Чувството на сопствено достоинство не подбуцнува да не се потчинуваме, ами да бидеме надмени. Та не сум ли поумен од нив? Не сум ли понадарен, поречит? Овие помисли и овие дејствија може да ги сметаме како патоказ дали сме го достигнале вториот степен на смирение, или сеуште сме заплетени во мрежата на гордоста.

Третиот степен на смирение е, човек да се покорува на пониските од себеси и да си мисли дека е ништо, дека е добиток, недостоен за човечкото општество. Е тоа, ни се гледа како невозможно! Но, така правеле светителите. Сите се сметале за најпоследни грешници. Заради таквото големо смирение, светителите биле удостоени со голема Божја благодат. Благодатта се дава според мерката на смирението. Колку е подлабоко смирението - толку повеќе благодат пребива во тој што го има.

До врвот на смирението се стигнува ако се спуштиме во длабочините на унизеноста. Како што рекол и самиот Господ: Кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде слуга.


Изменето од makarios - 29.Октомври.2008 во 02:50
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 10:28
Originally posted by makarios makarios напиша:

Светите Отци утврдиле три степени на духовен раст: очистување на срцето од страстите, просветлување на умот, и обожување на човековата личност. На секој од овие степени му соодветствува одреден процес на очистување, на молитва и на искушенија.
Свети Амвросиј Оптински вели дека, како што гордоста има три степени, така и смирението може да се манифестира во три степени.

Во првиот степен, смирението е, човек да се покорува на поголемите од него, и да не се превознесува над еднаквите со него. Гордоста не се покорува никому, и како таква се јавува како разрушител на општествениот поредок. Наспроти ова, смирението овде се појавува како здрава основа за градење на човечко општежителство. Секој, кој се противи на каква било форма на законска власт (световна, црковна, образовна и сл.) е далеку од секакво смирение.

Вториот степен на смирение е, човек да се покорува на еднаквите, и да не се превознесува над помалите. Ако првиот степен на смирение, колку и да е наложителен, ни се гледа како непријатен, вториот ни се чини многу тежок. Како е можно да се покоруваме на еднаквите? Сме навикнале на заповедување, почести, пофалби.. едноставно гордоста не ни дозволува да се покориме на еднаквите. Себељубието ни забранува пак, да се изедначиме со помалите од нас. Чувството на сопствено достоинство не подбуцнува да не се потчинуваме, ами да бидеме надмени. Та не сум ли поумен од нив? Не сум ли понадарен, поречит? Овие помисли и овие дејствија може да ги сметаме како патоказ дали сме го достигнале вториот степен на смирение, или сеуште сме заплетени во мрежата на гордоста.

Третиот степен на смирение е, човек да се покорува на пониските од себеси и да си мисли дека е ништо, дека е добиток, недостоен за човечкото општество. Е тоа, ни се гледа како невозможно! Но, така правеле светителите. Сите се сметале за најпоследни грешници. Заради таквото големо смирение, светителите биле удостоени со голема Божја благодат. Благодатта се дава според мерката на смирението. Колку е подлабоко смирението - толку повеќе благодат пребива во тој што го има.

До врвот на смирението се стигнува ако се спуштиме во длабочините на унизеноста. Како што рекол и самиот Господ: Кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде слуга.
 
Makarios, ubav osvrt, no ova sto go potencirav vo tekstot nikako ne mi e jasno. Mislam, zosto e potrebno covek da dojde i do toj stadium, da misli deka e dobitok i nisto, koga vece Gospod ne go sozdal kako stoka, tuku kako covek obdaren so um i razum?
Mislam deka takvoto omalovazuvanje na sebesi moze da dovede do teska depresija...
Inaku apsolutno se soglasuvam deka "До врвот на смирението се стигнува ако се спуштиме во длабочините на унизеноста. Како што рекол и самиот Господ: Кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде слуга."
 
Te molam pojassni mi go pogornoto, pozdrav.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 11:53
Доколку човек се смета себе си за добиток, со тоа тој го понижува делото на Божјите раце.
Доколку човек се смета за добиток, тогаш тој индирекно го нарекува и Бог добиток, бидејќи е создаден по Неговиот лик.
Една од најголемите Божји заповеди вели: "Љуби го ближниот свој, како себе си". Доколку човек не се љуби себе си, тогаш како ќе го љуби ближниот свој КАКО себе си?
 
Оваа "понизност" се нарекува еретичка понизност. Поради ваквата "понизност" многумина правеле многу смешни работи, оделе во џунглите, спиеле по шталите, јаделе со свињите итн. Поради ваквата "понизност" многумина одбиваат дури и да се крстат и да се причестат, велејќи дека се недостојни за такво нешто (небаре некој друг се удостоил самиот себе си за да земе причест или да биде крстен).
 
Затоа, чувајте се од лажната и лицемерната понизност. Секој човек треба да знае дека е вреден во Божјите очи, бидејќи е создаден по Божјото подобие. Исто така секој христијанин треба да знае дека е откупен со Христовата скапоцена крв, со што нашата вредност во Бог е зголемена!
 
Нека ми прости ткн. "светец" Амвросиј Оптински, но претерал малку со "смиреноста". Сакајќи да се истакне со радикалната "смиреност" т.е. во случајов "понизност", тој ја преминал Божјата долна граница за човековата вредност.


Изменето од EvAngelos - 29.Октомври.2008 во 11:57
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 13:09
Ев, бидејќи не го живееш животот внатре во Црквата, можеш така произволно да си ги толкуваш работите. Дури и да си внатре во Црквата, ако го немаш поминато првиот степен, овие другиве два ти стојат налудничави.

Но, еве и старец Тадеј вели, дека кога човекот ќе се исполни со постојана молитва и благодат Божја (значи го достигнал совршеното смирение), му протекуваат солзи дури и за животните и за растенијата.

Еве што вели старец Паисиј:
Кога дојдов во манастир, често се прашував: „Дали како искушеник треба да се смирам и да имам послушание само кон старецот или и кон сите останати монаси?“

Еден ден, додека разговарав со старец Пајсиј за таа тема, тој ми рече:

„Мислам дека дури и животните се подобри од нас, така што и пред нив се смирувам и им сум послушен. Утрово, кога се разденуваше, бев уморен зашто се молев цела вечер. Освен тоа бев исцрпен и од болеста, така што одлучив да се одморам. Набрзо, потоа, слушнав мачка која мјаукаше како да и треба нешто. Навистина сакав да се одморам, но се смирив и постапив спротивно на својата волја. И бев послушен на мачката и одговорив на нејзиниот повик. Отидов да ѝ ја отворам вратата. Почна да врне и ја пуштив внатре да не ја наврне. Што мислиш сега? Дали требаше да му бидам послушен на тоа животно? Јас мислам дека требаше.“

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Mislam deka takvoto omalovazuvanje na sebesi moze da dovede do teska depresija...

Тоа согледување е пак од подолна инстанца на духовниот развој.

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


koga vece Gospod ne go sozdal kako stoka, tuku kako covek obdaren so um i razum?

Свети Макариј вели дека умот кој престанал да го созерцува Бога е или животински, или ѕверски. Победно од ова е - умот да стане демонски. Тоа е дното.

Бог не` создаде да станеме богови по благодат. Ни даде слободна волја и разум. Но, ние таа бесплатна благодат ја отфрливме. На животните тоа не им е дадено. Тие си ги исполнуваат своите обврски според она што им е дадено. Ние бевме повикани за повисоки цели, и сето тоа го погазивме. Тогаш, нашиот разум наликува на бесловесноста кај животните.

Човекот кој достигнал до степенот на обожение, многу јасно ги согледува овие работи, и гледа колку е западнат во грев, и колку ја погазил таа благодат (а замислете ни се дава за џабе!!!). Нам тој човек ни изгледа свет, и Божји угодник, а тој не може да престане да плаче за своите гревови. Гледа дека љубовта што ја има спрема Бога е безначајна, и дека Он однапред целосно ни се даде. Затоа таквиот човек се смета за крјајно недостоен, па дури и смета дека и едно обично бесловесно животно е подобро од него.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 13:17
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Доколку човек се смета себе си за добиток, со тоа тој го понижува делото на Божјите раце.

Не.
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Доколку човек се смета за добиток, тогаш тој индирекно го нарекува и Бог добиток, бидејќи е создаден по Неговиот лик.

Пак не.
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Една од најголемите Божји заповеди вели: "Љуби го ближниот свој, како себе си". Доколку човек не се љуби себе си, тогаш како ќе го љуби ближниот свој КАКО себе си?

Исто така и човекот исполнет со себељубие се љуби себеси. Треба убаво да се размисли што сакал авторот да каже со тој цитат.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Оваа "понизност" се нарекува еретичка понизност. Поради ваквата "понизност" многумина правеле многу смешни работи, оделе во џунглите, спиеле по шталите, јаделе со свињите итн.

Наведи ми кој вели така? Јас не зборував за понизност, туку за смирение (и тоа за внатрешното смирение).

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Поради ваквата "понизност" многумина одбиваат дури и да се крстат и да се причестат, велејќи дека се недостојни за такво нешто (небаре некој друг се удостоил самиот себе си за да земе причест или да биде крстен).

Во православната Црква, таков пример не е познат.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Затоа, чувајте се од лажната и лицемерната понизност.

Зарем јас реков поинаку?

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Секој човек треба да знае дека е вреден во Божјите очи, бидејќи е создаден по Божјото подобие. Исто така секој христијанин треба да знае дека е откупен со Христовата скапоцена крв, со што нашата вредност во Бог е зголемена!

Сепак, знаејќи ги овие работи, и да останеме несмирени... збунетост За мене ова е налудничавост.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

 
Нека ми прости ткн. "светец" Амвросиј Оптински, но претерал малку со "смиреноста". Сакајќи да се истакне со радикалната "смиреност" т.е. во случајов "понизност", тој ја преминал Божјата долна граница за човековата вредност.

Да се надеваме дека ќе ти прости.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 15:31
Makarios, blagodaram za objasnuvanjeto. Sekako deka moitre sogleduvanja se od podolna instanca na duhovniot razvoj, zatoa sto samata nemam dostignato nekoe nivo za da gi sogledam i od ovoj agol.
 
"Ние бевме повикани за повисоки цели, и сето тоа го погазивме. Тогаш, нашиот разум наликува на бесловесноста кај животните."
 
Ovaa recenica, cinam, ja otslikuva svesta na gordeliviot covek...sto e pak sprotivno na smirenosta.
 

 
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 18:10
Идејата дека си пониско од добитокот, ако се прочита само како извадок, звучи доста чудно, дури и глупаво. Но - ако се постави во контекст има сосема друга смисла. Бог нас не дарил со ум и со разум. Не дарил со слободна воља. Ни дал можност да избереме што ќе правиме и како ќе го направиме. Тоа не е само дар, туку многу тежок "аманет" и обврска! Ако некој без разум згреши, не можеш да му земеш за зло (дури и законот ги ослободува таквите), затоа што не знае што прави... но ако некој со разум згреши, тоа е страшно, затоа што точно знаел што прави.
Во случајов - тој разум и таа слободна воља, не предупредуваат дека секое Божје Творение на оваа земја е важно и со самото тоа што ние го разбираме тоа - е поважно од нас самите!
Тоа не е слепо послушание, ниту пак е понизност. Тоа е извисување над работите, над материјалното, и пред се и најважно од се - извисување над егото!
Do what is right, come what may...
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 19:05

Tokmu taka.

Kako sto pogore mi pojasni makarios, "Ние бевме повикани за повисоки цели, и сето тоа го погазивме. Тогаш, нашиот разум наликува на бесловесноста кај животните."
 
Mislam deka gordeliviot covek nalikuva tokmu na nesvesno zivotno koe, rakovodeno od svoite instinkti, rita i kloca, gazejci se pred sebe....


Изменето од maria_magdalena - 29.Октомври.2008 во 19:05
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 19:08
Ах таа гордост....човечка...
Срека што Бог се простува ако се покае човек.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 19:16

Ma ostaj se, da ne e Bog...ce ritame kako oslinja, plukajci i gazejci po licnosti bez pardon.

Slava Mu sto ne sozdal -LUGE.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 20:59
Вчера напишав - во согласност на учењето на Црквата - дека колку човекот е посмирен, толку погрешен се чувствува. Колку повеќе се вивнува во висините на смирението, толку повеќе паѓа во амбисот на унизението. Вака, здраворазумски гледано, ова е навистина налудничаво и ненормално. Во математичката логика може да се нарече како парадокс, а во природните закони како некој вид на аномалија.

За момент да погледнеме на гордоста (се надевам ќе зборуваме и за тоа); зарем не може да се види овој парадокс и овде, само свртено од страната на гревот? Колку повеќе се возгордева и следствено се огрешува човек, толку за поправеден се смета. Овој парадокс ни е некако поимлив, лесен за разбирање: возгордеаните се сметаат за подобни. Тие всушност се во заблуда, затоа што гордоста ги заслепила. Од друга страна, непоимливо ни е, како е можно добредетелните христијани, особено светителите, да достигнале големо совршенство, дури се здобиле и со дар на чудотворство, а сепак себеси се сметале за грешници! Исто така, здраворазумски е да се запрашаме: Нели е возможно тие да ги виделе своите совршенства? Биле ли искрени во своето сознание за гревовност? Нивното смирение, не било ли само надворешно? На крај, длабоко во себе си, најискрено, не ли го чувствувале целото свое обожение?

Св. Тихон Задонски вели вака:
„Во вистинското смирение се забележува непрестаен глад за Божјата благодат: затоа што смирението не гледа на тоа што веќе го има, а мисли и го бара тоа што го нема. Како што учениците од книгите и учителите, што повеќе се поучуваат, толку повеќе ја гледаат својата неукост; затоа што многу подалеку е она што не го знаат, од она што го научиле; така и учениците во школата на Божјата премудрост, се гледаат толку победни во духот, колку што повеќе стануваат учесници на Божјите дарованија - затоа што гледаат дека уште многу нешта немаат, та затоа барат смирение и воздишки.“

Од овде јасно се гледа, зошто светителите без секоја сомнеж се нарекувале грешници. Само горделивиот од духовна слепост и незнаење, секогаш мисли за себеси дека е прав, а смирениот христијанин достигнал голема мудрост, и со својата духовна прозорливост гледа многу гревови и неправилности во себе. Сите светители биле големи духовни мудреци, и затоа сите и се сметале за големи грешници.

Има нешто многу естетствено во сознанието на праведникот, дека тој е недостоен и грешен. Секоја човечка добредетелност без Божја помош е како ситна светкава небесна ѕвезда во темната ноќ на животот. Ѕвездите светат само ноќе, кога е темно. Но изгрее ли сонцето, тие веднаш го губат својот блесок, и исчезнуваат. Така е и со луѓето. Додека се во ноќта на гревовите, далеку од Бога, светат, се гордеат со она или ова. Но изгрее ли Бог во нивните души, тие веднаш згаснуваат и гледат дека се ништо пред Божјото величие. Е, тоа е всушност смирението - кога човекот невидливо стои пред Бога и покрај добредетелноста што ја има, се смета за ништо; бега од слава и почести и не трпи суетни пофалби за себеси, и непрестано секоја слава и пофалба ја предава на Бога.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 21:35
E. bas sega ja citam taa kniga "Hristijansko ziveenje" od Sv. Tihon Zadonski, t.e. se navracam na nea. Mnogu e ubava i poucna.
 
Kon tvojot osvrt, da, toa e toa.
"Golema mudrost e da ja pokoruvame nasata volja na Bozjata i zloto da go pobeduvame so dobro, gordosta-so smirenost, gnevot i lutinata-so krotkost i trpelivost, a omrazata so ljubov"
 
Lek za gordosta e samo smirenosta. I toa, dzabe e ako nekoj nadvoresno deluva smiren-a vo dusata ostanuva gord. Toa e demonceto koe mora da se pobedi vo sebe.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 21:46
Psalm 146:3
"On gi isceluva skrushenite po srce i gi prevrzuva ranite nivni"
 
Psalm 50:17
"Zrtva pred Bog e smiren duh, srce ponizno i smireno Boze, Ti ne otfrlas"
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.