|
За смирението |
Внеси реплика | страница <1 7891011 14> |
Автор | ||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Мајкл, како што претходно прочита, тоа беше кажано од светител. Бај д веј, светителите зборуваат од искуство и опит... па сега ако си смирен, ќе разбереш, ако не... И Христос зборувал работи кои биле тешки за примање од страна на оние што биле рационалисти... |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Просто ви завидувам како се оправате со православната филоСофија.
|
||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
А јас воопшто не ви завидувам на вашата филоЗофија - може да си ја чувате и негувате и понатаму.... |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|||
Смирениот човек постојано ги гледа своите недостатоци. Тој никого не осудува, не ги гледа туѓите гревови, не се потсмева, и себеси се смета за најлош од сите. Не се дразни, кога на други им се даваат почести, не завидува на туѓа слава, затоа што самиот за себе не бара земни задоволства. Погледот на смирениот човек е свртен кон Небото. Се стреми да му угоди на Бога и од Него очекува милост во денот на Страшниот суд. |
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ЈАс неможам ништо тука ниди да додадам, нити да одземам. Од срце се надевам дека и никој друг (поради својата гордост) нема да го стори тоа! Изменето од spiros - 28.Октомври.2008 во 23:06 |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Христос говорел и говори едноставно но генијално, интелектуалците меѓутоа честопати имаат потреба тоа да го усложнуваат бидејќи самите не ја разбираат вистината која е едноставна. |
||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|||
Старец Тадеј за смирението. Не бил баш некој интелектуалец.
|
||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Јас не се фалам со моето (не)смирение. Смирение е да се држиш до Светото Предание, да не контрираш на некој кој има поголем опит од тебе. Светите Отци постојат од самиот почеток на христијанството и тие не само што сфаќале што рекол Христос, туку и го доживувале! А чудно е тоа како на мене, неинтелектуалец, која сум со ограничени мозочни способности, тоа што го пастираше макариос од светителот, ми е совршено јасно... |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
За светите отци: некои од нив меѓутоа беа прогласувани и за еретици подоцна како што самата наведе во една друга тема. Изменето од Majkl - 29.Октомври.2008 во 00:06 |
||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Мајкл, тие што се прогласени за еретици никогаш не ни биле сметани за Свети Отци... нели убаво го објаснив тоа со Ориген... |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|||
Свети Теодосиј Печерски, игумен на Киево-Печерската Лавра, кој уште додека жив, од луѓето бил сметан за голем Божји угодник, често одел во Киев, кај кнезот Изјаслав. Една вечер, отецот останал до вечерта, па кнезот наредил да се приготви мала кочија со едно седало, и заповедал на едно момче да го врати отецот во манастирот. Немало место за кочијашот, па тој го терал коњот по патот, а кога се изморувал, го јавнувал, па потоа пак пешки. Момчето било незадоволно што, наместо да седи, ќе мора цела ноќ да вози некој си монах, и со роптање го потерал коњот. Излегле од градот, и момчето погледнало накај Теодосиј, та соблазнувајќи се од простата облека, помислил дека се работи за некој прост монах. Му рекол:
- Отец, ајде ти слези да ја потераш кочијата, а јас да се одморам. Свети Теодосиј смирено и без ропот рекол: - Бива чедо! Добро! - и се симнал од кочијата. Момчето се расположило, се осетило како господар, и за кратко време заспало. Цела ноќ, св. Теодосиј ја терал кочијата, и многу се изнемоштил. Утредента кога наближувале до манастирот, сите кои го сретнале св. Теодосиј, - и велможи и селани, - му се поклонувале како на Божји слуга. Момчето се чудело кога го видело тоа. „Зошто се поклонуваат на овој прост монах?“, си мислело. Се наближиле до лаврата. Стигнала вест дека игуменот се враќа од Киев. Целото братство излегло да го пречека. Сите братија длабоко му се поклониле до земјата на својот духовен отец. Момчето се ужаснало. „Кој е бре овој, та сите монаси му му се поклонуваат?“, пак се прашувало. И, кога разбрало, дека тоа е игуменот Теодосиј, се растреперило од страв, затоа што очекувал заслужена казна. А св. Теодосиј, кротко пристапил кон момчето, го фатил дружељубно за рака, го однел в кујната, и заповедал добро да го нахранат момчето. Ете, какво било смирението на св. Теодосиј Печерски. |
||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|||
Некако, препирањата се поинтересни...
За смирението некако слабо, а? Па тек кога ќе ги почнеме темите за послушание, Исусова молитва... |
||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Прво преведете ги овие зборови на современ македонски јазик, па потоа да ги дискутираме, ако воопшто се разгори некаква дискусија за нив. Македонскиот јазик не познава збор "послушание", туку "послушност".
|
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Добро братче, прости. Ајде, сега кажи што подразбираш под смирение (зборуваме за духовно смирение).
|
||||
Внеси реплика | страница <1 7891011 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |