|
За смирението |
Внеси реплика | страница <1 678910 14> |
Автор | ||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
izvoren, таа мудрост им е дадена на прости луѓе, на овчари, земјоделци, кои не знаеле да читаат.
Многу е просто: јас сум најголемиот будала, во право е другиот. Проследено со плач и молитва, душата станува кротка и смирена. |
||||
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ne si vo pravo Majkal, i ne tresi od rakav... bas taa mudrost za koja velis-spomnuvash se projavuva vo najprostite, a toa bile PUSTINOZITELITE OD PRVITE VEKOVI KOI ZIVEELE PO PUSTITE MESTA, ISPOSNICITE, MOLITVENICI DEVSTVENICI POTOCNO DO DEN DENESHEN GI IMA ONIE KOI SE TRUDAT VO OCISTUVANJETO NA SRCETO...!!! |
||||
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
[QUOTE=zidarski]
Господи, дај ми мирно да го примам она што денов денешен ми го носи и целосно да и се предадам на Твојата Света волја. Упати ме и помогни ми во секој миг од денов: каков било глас да добијам, научи ме мирно и со цврста вера да восприемам дека се е по Твојата Света волја. Управувај со моите мисли, со моите сетила и со сите мои дела и зборови. Не допуштај во непредвиден случај да заборавам дека се од Тебе доаѓа. Научи ме добро да се однесувам спрема родителите и спрема ближните, никого да не го разгневам или да го оскрбам. Господи, дај ми сили да ја поднесам Тежината на денот денешен и се што во него ќе ми се случи. Управувај со мојата волја и научи ме да се молам, да верувам, да се надевам, да поднесувам, да простувам и да љубам. Господи, дај ми да бидам орудие на Твојот мир, та таму кај што има омраза да сеам љубов, кај што има осуда - простување, кај што има раздор - слога, кај што има очај - надеж, кај што има темнина - светлост, кај што има жалост - радост. 0 Божествен Учителу, нека не бидам утешуван, туку јас други да тешам; нека не ме трпат мене, туку јас да имам трпение за сите; не мене да ме љубат, туку јас сите да ги љубам. Зашто кога простуваме, тогаш и нам ни се простува; кога даваме, тогаш добиваме; а кога умираме, тогаш се рагаме за живот вечен. Свет Духу, помошник биди ми денов денешен да Му Го посветам на мојот Господ и Спасител. Господи Исусе, Сине Божји, поарно е да не се живее одошто да се живее без Тебе или против Тебе. Ти благодарам, Боже, за дарот на овој ден и за секое добро за коешто ќе ми помогнеш денеска да го сторам. Избави ме, милостив Боже, од желбата за самоугодување, и удостој ме во секој миг да бидам подготвен заради Тебе и заради ближниот свој да се откажам од себеси, зашто за таа служба и Си ми го дал животот. Помогни ми од себе да го отфрлам сето она што не е Твое, а она што е Твое да го примам во длабока вера, надеж и љубов. Дај ми ревност со која постојано ќе Ти служам: да ја поставам правдата над користа, да го поставам чинењето на благочестиви дела над минливите задоволства, да ги поставам другите над себеси за да ја исполнам Твојата заповед на љубовта. Стори светлоста на Твојата убавина, добрина и љубов да заблескаат во мојава душа. Амин. [/QUOTE> ХАЛЕЛУЈАХ! Изменето од spiros - 28.Октомври.2008 во 20:10 |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|||
Во манастирот, кадешто се подвизувал авва Доротеј, дошол еден поклоник да го праша, зошто колку човек е посмирен, се чувствува повеќе грешен. Тогаш авва Доротеј запрашал:
- Што си ти во вашето гратче? - Првенец, одговорил поклоникот. - Ами, ако отидеш во Кесарија, за што ќе се сметаш таму? - За последен од тамошните велможи. - А, ако отидеш во Антиохија? - Таму ќе бидам како еден од обичните луѓе. - А, ако отидеш во Цариград и се претставиш пред царот, тогаш како ќе се чувствуваш? - Е тогаш, рекол поклоникот, јас ќе бидам ништожник. Тогаш, одговорил авва Доротеј: - Ете, така е и со смирените. Колку повеќе се приближуваат кон Бога, толку повеќе се сметаат за грешни. |
||||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не ги комплицирајте толку работите со смирението, сега ке искочи дека има смирени и несмирени христијани
Тоа е еден од плодовите на Духот како што е напишано во Писмото.А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата; Изменето од izvoren - 28.Октомври.2008 во 21:17 |
||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
A нив се помалку ги има околу нас... |
||||
Do what is right, come what may...
|
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Без вистинска ПРАВДИНА, нема вистински МИР а без вистински МИР, нема вистинска РАДОСТ!
Дали вие познато ова од некаде? Дали е некој вистинит и праведен кој ги искушува своите ближни како би им го проверувал смирението? |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|||
изворен, ти што мислиш, што е тоа смирение?
Без вистинско смирение, нема вистински внатрешен живот, нема внатрешна молитва.. Без вистинско смирение, срцето е склоно на горделиви помисли. Толку „комплицираме“ околу смирението, бидејќи тоа е добра (ако не и неопходна) подлога за вистински внатрешен духовен живот. Смирениот човек е и кроток, а не може да не биде, затоа што го успокојува Божјата благодат која се има всадено во него. Светскиот човек го сака богатството и славата на светот, но Бог ја сака смирената душа. Постугнувањето на најдлабокото смирение, пред очите на Бога е постигнување на најголемо совршенство. Ниеден подвиг не може да се спореди со подвигот на смирението. Ајде сега тоа да го поврземе со подвизите и добродетелите. Веќе реков, без смирение, молитвата, милостињата, постот, воздржанието ништо не вредат. А самото смирение, и без тие работи е ценето. Подвизите сами по себе (немајќи смирение), можат да не возгордеат и погубат, како што ги погубија лицемерните фарисеи. Додека пак, смирението, самото по себе, и без да имаме други подвизи, може да не спаси, како што го спаси разбојникот на крстот, бедниот Лазар, и многу блудници, митници и грешници. Немојте погрешно да сватите, подвизите и добрите дела не се без значење. Тие можат да одат во прилог на нашето спасение, и да ни донесат поголема милост Божја. Но, предуслов е, да бидат направени со смирение. Светите Отци смирението го нарекуваат сол за добредетелите. Како што рибата без сол замирисува, така и добрите дела без смирение се кршат. |
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Многу убаво кажано Но сето тоа е вкоренето во ПРАВДИНАТА БОЖЈА и нејзина заслуга ! Кој учи нешто друго - се удира во гради, восфалува сопствени подвизи, ... - сеуште е далеку од СОВРШЕНАТА ВИСТИНА, ЉУБОВ и МИР. Така лие? |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Prosvetleniot im se obrakja na lugjeto na nachin koj im e najblizok i najdobar za niv. So priprostite govori so prost jazik, a na intelektualcite im se obrakja na nivnoto nivo na komuniciranje. Ushte povekje, govorot i sovetot e doziran spored potrebite i vazhnosta na onie koi slushaat . Zatoa na prostite im govori za edni vrednosti, a na drugite za drugi. Gledano od strana, za neupateniot vo ovaa mudrost izgleda kontradiktorno, nekarakterno, nestabilno, bez nikavi cvrsti temeli i neprosvetleno. Nema nishto popodaleku od toa! |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не само што е далеку, туку е блиску до својата погибел, затоа што ја земал гордоста за пријател. |
||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Прво, брат, не бил филоЗоф, туку филоСоф. А што велиш, стилов е комлициран за несмирените... |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
Внеси реплика | страница <1 678910 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |