|
МАКЕДОНСКА БЕРЗА |
Внеси реплика | страница <1 45678 11> |
Автор | |
DelBoy
Нов член Регистриран: 27.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ova mu doaga kao - tie sto profitiraat ja znaat tajnata na g.Jozo kako da zarabotis milion dolari.
P.S. Sum bil vo drustvo so ubici i mafijasi i ne sum se plasel ,no od vas bankari, advokati,direktori i brokeri ......Ufff 'malce se potresov'. Изменето од DelBoy - 01.Октомври.2008 во 15:57 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве колку не може да влијае светската финанска криза и врз нас...
Македонските берзански власти решија да интервенираат на берзата со цел да се спречи нејзиниот евентуален крах. Ова дојде како реакција на дводневниот пад на македонскиот берзански индекс за повеќе од 7 проценти, предизвикан од паничната реакција на нашите инвеститори по падот на Волстрит. Новите правила на тргување ќе почнат да важат од утре.
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одборот на директори на берзата одлучи да го ограничи дневното движење на цените на акциите за да го ублажи континуираниот пад на индексот. Вредноста на акциите на компаниите отсега ќе може да падне или да порасне за најмногу 5%, а во случаите на т.н. фиксинг тргување кое досега не беше ограничено ќе може да се движи до 10%.
Најголем фактор за пад на акциите е паниката кај инвеститорите, но на подолг рок најважни се сепак перформансите на компаниите во формирањето на цените на акциите.
Берзите во светот се тесно поврзани, па падот на една берза неминовно предизвикува пад и кај другите. Вчера имаше пад на сите балкански берзи.
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...ova e najdobrata recenica nekogash izgovorena ...shto ja odlikuva vistinskata slika za bankarite...najmalku 10 pati go imam gledano filmot so silvester stalone zaradi ova ... i slatko sum se smeela... a nashiot "VOL strit"... ta koga bil jak... tamu skapi se samo tepisoncinjata... ona dzvonceto... i nishto drugo... |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во јавноста се почесто се споменува и дискутира за продавање на Мекедонска берза. Најголемите акционери на Македонска берза веќе дискутираат и за тоа кому и како. Идејата е да се продаде на стратешки инвеститор кој би купил 51% од акциите на берзата, со цел да се обезбеди побрз развој и спас од неликвидноста. Веќе има и заинтересирани, пред се КДД (Централна клириншка депотна дружба) од Словенија. Една од пречките е и Законот за хартии од вредност, кој не дозволува еден акционер да поседува повеќе од 10% од вкупниот акционерски капитал на друштвото.
|
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НЕТРАНСПАРЕТНОСТА ЈА ПРЕДИЗВИКА ФИНАНСИСКАТА КРИЗА КОМПАНИИТЕ ДОБИЈА ПРАВИЛА ЗА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ Компаниите што котираат на берзата добија правила како да составуваат финансиски извештаи. Унифицирани, разбирливи и транспаретни податоци кои нема да ги доведуваат во заблуда инвеститорите. Нетранспарентноста и натаму е одлика на некои од македонските акционерски друштва, велат од Комисијата за хартии од вредност. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас не знам каков е тој менталитет кај нашите компании да ги кријат извештаите, кога повеќето од нив што котираат на берзата имаат позитивни финансиски извештаи... Се плашат од имплементирање нови акционери и менаџери во сопствените фирми, а не се свесни дека така само и штетат на компанијата... Во развиените економии, компаниите своите финансиски извештаи ги пласираат редовно и навремено...
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Почнаа да се затвараат брокерски куќи...
Од денеска „КБЦ Секјуритис АД Скопје“ престанува со работа според законот за хартии од вредност и најверојатно ќе оди во ликвидација.
|
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПАД НА ПРОМЕТОТ ЗА НАД 70%
МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА И НАТАМУ ВО КРИЗА Кризата ги однесе инвеститорите надвор од земјава. Тоа се гледа по слабиот интерес за тргување на Македонската берза.
Оваа недела прометот падна за над 70% во однос на минатата и изнесува нешто помалку од три милиони евра. Падот се должи на намалениот интерес за обврзниците. Оваа недела прометот со нив е за 97% помал во однос на претходната недела. Состојбата со акциите неделава остана иста, тие и натаму се неатрактивни. Тргувањата и неделава главно на официјалниот пазар. 94% од трансакциите поминале тука, остатокот на редовниот пазар. Акциите не само што останаа неатрактивни туку и натаму ја губат вредноста. Од десетте најтргувани хартии од вредност на официјалниот пазар, најголем пад има кај Стопанска банка Битола, 22%. Значителен пад на вредноста бележат и акциите на Макстил 8%, Комерцијална банка над 5% и Топлификација над 4%. |
|
dasaf
Нов член Регистриран: 24.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сакам да ви претставам еден портал за инвеститори со многу графици, вести, анализи и сл. http://www.broker.com.mk/
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пресметките кои Капитал ги направи врз основа на податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност и статистичките податоци достапни на Македонската берза, најголеми парични загуби имаат директорите на друштвата чии акции изминатава година беа најтргувани и кои за време на берзанскиот бум имаа најголем пораст на цените. Додека најмали загуби, а во некои случаи и добивка, имаат оние директори кои управуваат со компании што изминатиот период не беа толку атрактивни за инвеститорите на домашниот пазар на капитал.
Така, од листата на бизнисмени и директори на најголемите македонски акционерски друштва, која ја состави Капитал, за изминатава година (од 26 септември лани до 26 септември годинава) најмногу пари, односно 12,9 милиони евра загубил директорот на градежната компанија Гранит, Страшо Милковски. Или, вредноста на неговиот акционерски удел од 15,9% во компанијата која ја води Гранит, за една година се намалила за дури 59%. На 26 септември лани просечната цена на акциите на Гранит беше 2.781 денар, а на 26 септември годинава 1.153 денари.
Единствен од ова друштво на најмоќни македонски директори кој заработил во текот на изминатава “црна” берзанска година, е кратовскиот бизнисмен Љубисав Иванов-Ѕинго. Неверојатно, но Иванов, кој има мнозински акционерски удел од 54,3% во Рударскиот комбинат Силекс од Кратово, оваа година заработил 31,9 илјади евра. Или Ѕинго, за една година ја зголемил вредноста на сопственичкиот удел во Силекс за 13%. Причината за ова, се разбира е помалиот интерес за тргување со акциите на Силекс, а и малиот пораст на цената на акцијата на ова друштво, која лани изнесувала 63 денари, а деновиве чини 71 денар. --------------------------------------------------------------------------------------------------
Гревчиња бе, кутрите директори....
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
.....sum napisal ,a ne sum se poslusal...
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оти бе загоре, коси кубеш, да не те зезнаа нешто?...
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
....koj ja...???.....ne ma.....samo si pisuvam po forumive......
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Внеси реплика | страница <1 45678 11> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |