IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 138139140141142 242>
Автор
Порака
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 00:26
pred moji o4i lugje so ne odele pocnuvale da odat,pred moji oci isteruvale demon,na 4lenovi od mojta crkva nozi so im bile po kratki bile isceluvani samiot sum osetil kako raboti svetiot duh ljubovta so ja nemam od svojot bioloski tatko mi ja nadgonaduva mojot nebesen tatko koe delo bozjo za potvrda na verata na mojta crkva i evangelskata crkva go sakas poekje od ova NYA???
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 00:44
хани бани, па кога веќе намина, можеше да ми одговориш на репликата на темата што вчера ја отвори за молитвата на ткн. "Пресвета Богородица". Како што можеш да видиш, никој не се најде храбар да одговори на репликата таму (туку, како и обично, ја свртеа џенем правец), ама си мислев дека барем ти, која ја отвори темата, дека ќе одговориш. Но, нејсе понекогаш и молкот е најдобриот одговор нели? трепкање
Ајде сега да видиме што си шкртнала и на оваа тема... зевање
 
Originally posted by Nya Nya напиша:

Секој Велигден, во Храмот на гробот на Исус, од небото се симнува светиот оган и ја потврдува вистинитоста на православната вера.
Го повикувам EvAngelos да ми каже, дали и во библиските цркви се случува истото? Дали и тие имаат од небото потврда дека се вистинската вера?
Јас не ја знам Библијата толку како него и признавам дека со помош на Библијата не можам да ја одбранам православната вера, но затоа па знам за вакви чуда со кои бог ја докажува православната вера.
Ајде да видиме сега што ќе кажеш хани бакнеж
 
1. Светиот оган од Небото ние христијаните го имаме во нашите срца. Тоа е Светиот Дух Кој го добивме по ветувањето на нашиот Господ Исус Христос, а Кој почива во нашите срца и гори и ревнува за што повеќе спасени луѓе за Христос.
 
2. На празникот Педесетница т.е. на првиот Духовден, Светиот Дух слезе од Небото во вид на огнени јазици не врз "гробот" на Христос, не врз Храмот во Ерусалим, туку врз апостолите. Значи, во Библијата, христијаните се тие врз кои слезе "Светиот Оган од Небото", а не врз некој материјален храм, или врз "гробот" на Исус.
Апостол Павле во своето послание до Коринтјаните дури и дирекно ќе каже:
"Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух" (1 Коринтјаните 6:19)
 
3. Никаков "свет оган" не се симнува од Небото како што ти велиш, туку се работи за ефтин трик на самозапалување на одредени свеќи. Симптоматично е тоа што тамошните, слободно ќе ги наречам "чувари" на Храмот никогаш не дозволиле научниците да го испитаат ова ткн. "чудо", исто како што и Саи Баба не прифати да "создаде" песок под лабараториски услови. Но ете, сепак и тој создава песок од ништо, дирекно од дланката. Епа? Зарем не е за тебе тоа Божја потврда дека кај него е вистината? среќа
Илузионистите како Дејвид Коперфилд прават уште поспектакуларни "чуда". Зошто не веруваш во нив? Зошто не си нивна следбеничка? Инаку, познато е дека белиот фосфор може да се самозапали и на собна температура, а во комбинација и со некои други примеси, има многу интересни својства. Но сепак не сум хемичар да одам подалеку во анализата, но знам дека Коперфилд се смее на ваквите чуда и верувам дека тој може и од џебот да ти извади "оган од небото" голема%20насмевка
 
4. Знам дека имаш слабо библиско познавање, но дали некогаш, можеби случајно, си налетала на следниов библиски цитат:
 
"И видов друг ѕвер, како излегува од земјата, и имаше два рога, како кај јагне, а зборуваше како змев. И тој ја вршеше власта на првиот Ѕвер, пред него, и направи земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот Ѕвер, чија смртоносна рана беше залечена. И правеше големи чуда, така што и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето. Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат икона на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив. "
(Откровение 13:11-14)
 
Кажи ми Nya, како ќе го разликуваш ти дали овој оган е од Бога или од Сатаната? Ако ти се палиш на неколку свеќички кои што се самозапалуваат, тогаш што ќе кажат верници од твојот калибар кога ќе видат како по заповед на некој "Ангел на Светлината" се симнува од Небото пред луѓето? изненадување Не треба да е човек пророк за да предвиди каква ќе биде рекацијата на оние чија вера се базира на спектакуларни чуда:
 
"...му се поклонија и на Ѕверот, велејќи: „Кој му е еднаков на Ѕверот, и кој може да војува против него?”"
(Откровение 13:4)
 
А згора на тоа, погледни што вели првиот цитат што ти го цитирав:
"Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат икона на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив."
(Откровение 13:14)
 
Немој да мислиш дека на оваа икона ќе биде насликан некој Ѕвер со рогови и ѓаволска опашка намигнување Ова ќе биде голема измама и големо искушение за иконољупците!
 
Затоа мила моја, додека сеуште Светиот Дух го задржува Антихристос да се отелотвори и да дојде на сцената, побрзај и прочитај ја Библијата и моли од Бог да те просветли за да го разбереш тоа што е напишано таму, затоа што не постои човечка интелигенција што нема да биде заведена од Лукавиот. Но оние, кои се запечатени со Светиот Дух и го пазат Словото, ќе бидат имуни на заблудата која што наскоро доаѓа и веќе е на сцената.
 
И уште нешто. Исус Христос ВОСКРЕСНА! Како е можно да има гроб на некој Кој воскреснал (кој е жив), па таму да се симне Св. Оган? Живиот човек не може да е во гроб. Гробовите се за мртви луѓе, во нив се телата на починатите, а нашиот Господ воскресна, Тој е жив и е од десно на Бог Таткото! Алилујах! големо%20гушкање
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 01:01
Извинете за офтопик но кој е моментално главниот патријарх,или како го викат,вселенски?
Резил жив,Joseph Alois Ratzinger znam deka e papa,a za nashiov neznam...
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 01:21
Вартоломеј.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 05:24
Originally posted by Nya Nya напиша:

Секој Велигден, во Храмот на гробот на Исус, од небото се симнува светиот оган и ја потврдува вистинитоста на православната вера.Го повикувам EvAngelos да ми каже, дали и во библиските цркви се случува истото? Дали и тие имаат од небото потврда дека се вистинската вера?Јас не ја знам Библијата толку како него и признавам дека со помош на Библијата не можам да ја одбранам православната вера, но затоа па знам за вакви чуда со кои бог ја докажува православната вера.Ајде да видиме сега што ќе кажеш хани бакнеж


А ти кажи ми со кој цитат од Светото Писмо е потврдено тоа?

Евангелос ( прочитана книга)

п.с. не само што е прочитана туку и со кратка содржина била

Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 06:04
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Светиот оган од Небото ние христијаните го имаме во нашите срца. Тоа е Светиот Дух Кој го добивме по ветувањето на нашиот Господ Исус Христос, а Кој почива во нашите срца и гори и ревнува за што повеќе спасени луѓе за Христос


Радосна Вест

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

На празникот Педесетница т.е. на првиот Духовден, Светиот Дух слезе од Небото во вид на огнени јазици не врз "гробот" на Христос, не врз Храмот во Ерусалим, туку врз апостолите. Значи, во Библијата, христијаните се тие врз кои слезе "Светиот Оган од Небото", а не врз некој материјален храм, или врз "гробот" на ИсусАпостол Павле во своето послание до Коринтјаните дури и дирекно ќе каже "Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух"


А, Господ не е способен да ја пројавува Својата сила преку оган и во друго време и на друго место?

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Илузионистите како Дејвид Коперфилд прават уште поспектакуларни "чуда". Зошто не веруваш во нив? Зошто не си нивна следбеничка?


Братче, ти сега стана и пророк? Знаеш што мисли Дејвид Коперфилд? И ја прашуваш Nya зошто не е следбеник на нехристијанин?

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

И видов друг ѕвер, како излегува од земјата, и имаше два рога, како кај јагне, а зборуваше како змев. И тој ја вршеше власта на првиот Ѕвер, пред него, и направи земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот Ѕвер, чија смртоносна рана беше залечена. И правеше големи чуда, така што и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето. Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат икона на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив. Откровение 13:11-14


Да, а тој ѕвер веќе 2000 години праќа оган од небото, но никако да му дојде крајот. А јас знаев дека Откровението вели тој ќе биде на земјата само 3 и пол години, или грешам?

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

А згора на тоа, погледни што вели првиот цитат што ти го цитирав"Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат икона на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив."
Откровение 13:14
Немој да мислиш дека на оваа икона ќе биде насликан некој Ѕвер со рогови и ѓаволска опашка  Ова ќе биде голема измама и големо искушение за иконољупците


Изгледа пак јас нешто грешам. Мислев дека православните христијани почитуваат само икони на светители (оние кои веќе се упокоени и кои имаат нетлени и чудотворни мошти). А како тоа ќе почитуваме икона од ѕверот кој самиот ќе си заповеда да му се изработи додека тој е жив?

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

И уште нешто. Исус Христос ВОСКРЕСНА! Како е можно да има гроб на некој Кој воскреснал (кој е жив), па таму да се симне Св. Оган? Живиот човек не може да е во гроб. Гробовите се за мртви луѓе, во нив се телата на починатите, а нашиот Господ воскресна, Тој е жив и е од десно на Бог Таткото! Алилујах!
    

Прв пат слушам дека и гроб може да воскресне.


Изменето од Опитен - 27.Октомври.2008 во 06:07
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 06:15
Брат, и јас имам милион на коментариве на ЕвАнгелос, ама ова:

Originally posted by Опитен Опитен напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

И уште нешто. Исус Христос ВОСКРЕСНА! Како е можно да има гроб на некој Кој воскреснал (кој е жив), па таму да се симне Св. Оган? Живиот човек не може да е во гроб. Гробовите се за мртви луѓе, во нив се телата на починатите, а нашиот Господ воскресна, Тој е жив и е од десно на Бог Таткото! Алилујах!
    

Прв пат слушам дека и гроб може да воскресне.


Гроб воскреснува
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
only_me Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: Israel
Статус: Офлајн
Поени: 295
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај only_me Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 18:42
Luge vie ovde ke izmislite nekoja nova religija ej, alal da vi e
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 20:57
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

...
3. Никаков "свет оган" не се симнува од Небото како што ти велиш, туку се работи за ефтин трик на самозапалување на одредени свеќи. Симптоматично е тоа што тамошните, слободно ќе ги наречам "чувари" на Храмот никогаш не дозволиле научниците да го испитаат ова ткн. "чудо", исто како што и Саи Баба не прифати да "создаде" песок под лабараториски услови. Но ете, сепак и тој создава песок од ништо, дирекно од дланката. Епа? Зарем не е за тебе тоа Божја потврда дека кај него е вистината? среќа
....
 
Добро е да се биде информиран
(жалам што се текстовиве и странициве на српски јазик)
 
Повелете и прочитајте УБАВО!
 
1.
 
 
2.
...
Платинастобела, пурпурна, громолика, огњена нит спушта се кроз отворену куполу Саборне цркве, чујно парајући ваздух, брзином таман довољном да људско око све региструје. Присутни виде огромну муњу која се разлива невиђеним сјајем. Та сила Благодатног огња пали патријарху кандило и вате на Гробу, а он од њих припремљене свеће. Благодатни огањ у првим минутима уопсте не пече, нити може било шта да изгори ако се њиме упали. За тили час огањ се разнесе свуд по храму. Црква личи на огромну буктињу. Огањ се брзо разнесе по Јерусалиму и Маслинској гори, али и по целој Светој Земљи. Током целе године кандила и свеће на часним трпезама православних храмова у Светој Земљи пале се и горе овом чудесном ватром.
...
 
 
3.
 
 
4.
а погледнете и овде иако интернет адресата звучи можеби неудобно за некои од читателите:
 
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 21:28
Православие - го избришав потписот што го имаше. Не дозволуваме рекламирање на други сајтови преку потписите.
Do what is right, come what may...
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 22:34
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Искрено, не можам да верувам дека скапите возила се донации. И доколку се, зошто МПЦ не ги продаде и парите да ги раздаде? Еве со еден скап џип би можела да работи една народна кујна неколку месеци. Зар не е така? Цело време вие Православните посочувате на фактот дека не е потребна само вера туку и дела за спасение. Каде се делата на вашите владици?

A дали ти би го продал скапото возило (ако го имаш) за народна кујна? Заправо, ако е донација зар не смее да имаат и тие такво нешто???
Како што кажа Зидарски, повекето манастири се на повисока надморска височина и само баш превозните средства од типот на Лада Нива им е потребно зимно време, а не нешто во стилот на Ауди ТТ. Делата не мора јавно да се искажат и да се фалат свештените лица по весници ....делата е доволно да ги знаат тие, оние кои ги примиле и Бог.


Изменето од blueprayer - 27.Октомври.2008 во 22:34
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 22:38
Одлично видување блу...
Сега испаѓа дека ако се тие свештеници,кутрите треба да си одат само пешки. Тие немаат право на кола, убава куќа итн.

Ма ајде бре ве молам.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 22:41
Да си свештеник ти е исто како и да си било што друго со дарба.
За се треба дарба, мислам, за тоа што го работиме.
Тие истовремено се одлучиле да работат за Бога и да помагат на
лугето и да заработат.
Така е и кај вас сигурно Дешад и кај нас.
Сигурно свештените лица не работат нешто друго хонорарно за
да заработат. Чиста логика. Не знам што тука има грешно ако си имат убава кола...
Гледам на некој друг што си заработил со своја пот и труд па префрлено му е што има убава кола.....глупости!
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 22:42
Tака е секогаш - поради нашата неспособност ние да живееме на одреден начин, се тешиме со другите и тоа го бараме од нив. Па тоа пак би излегло нешто како - дај да ти ја извадам раската, ако не гледам кај ти е од мојава греда...
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 138139140141142 242>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.