IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 137138139140141 242>
Автор
Порака
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 05:52
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Искрено, не можам да верувам дека скапите возила се донации. И доколку се, зошто МПЦ не ги продаде и парите да ги раздаде? Еве со еден скап џип би можела да работи една народна кујна неколку месеци. Зар не е така? Цело време вие Православните посочувате на фактот дека не е потребна само вера туку и дела за спасение. Каде се делата на вашите владици?


Jас ти тврдам од ептен лични блиски извори дека возилата се донации. На игумен од еден манастир (нема да спомнувам име), кој многу го почитувам и ептен, ептен добро се познаваме, му дадоа донација кола. После година и пол, поради тоа што имаше проблеми со возење на истата, му ја сменија колата за нова, и тоа беше донација. Истото го тврдам и за владика од Македонија кој има скапа кола, а му е донација од човек кој го почитува.

Самиот си кажа дека не си бил во контакт со ниту еден владика, а сепак пишуваш нешто што не е основано.
А што се однесува до народните кујни, да не си грешка нешто? Секогаш кога одам во манастир јадам и спијам без пари. А и црквите организираат народни кујни. Прошетај низ Скопјето малку. А ако не знаеш каде треба да одиш за да се увериш во ова, кажи, ќе ти најдам соодветна придружба. (и немој да го продолжуваш овој разговор за народните кујни затоа што има и фотографски материјал на нет, па да не останеш посрамен, или да ги искористам твоите зборови - за келвета се добива и казна).

И бај д веј, јас сум видела многу добри дела од многумина владици, а дали сум видела некое твое добро дело?
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 05:53
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

4 Х не


Барем добро е што си искрен, за разлика од некои твои сеоверници. Тоа е за пофалба
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 06:40
Би сакал и јас нешто да кажам на оваа тема.

Како прво темата воопшто не е благородна. Кој и што вози и кој и што прави... Нели Господ не учи најпрво да си ја гледаме гредата во своето око односно она што го имаме во своето срце и да го чистиме.

Мене мојот духовен отец ме учеше дека ако го препознаваме гревот кај другиот тоа значи дека ние самите сме болни од истиот. А како доказ ке наведам еден пример. Ќе го напоменам примерот со блудната страст. Простете ми ако сум вулгарен ама го наведувам како најочигледен за нас иако може да се каже и за секоја друга страст.
Ако ние видеме некоја убава и разголена девојка(момче во зависност од полот и страстта) ќе се соблазниме и веднаш во на,с ако не повеќе ќе се развијат барем помисли, ама кај децата не е така. Зошто?

Што значи преку гревовите и слабостите на другите секогаш да си ги препознаваме своите и да не ги судиме другите.

Тогаш дали е разумно да одиме да го лечиме другиот, а ние самите сме болни, и дали би плачеле над туѓ мртовец ако ние имаме свој мртовец дома?

Од друга страна.

Владиката е преставник на Црквата и ги зслужува сите достоинства и пошести од наша страна исто ако и пресседателот, премиерот и тн за државата. Па и срамота е ако не ги почитуваме.

Јас многу добро познавам еден наш Владика кој во своето возило и спиеше, што значи постојано беше подвижен на мисија. Од почетокот истиот тој Владика имаше мала кола и најпрво онаму каде требаше да се појави како Владика и преставник на Црквата беше враќан од стражарите и мораше пешки да оди, ај и тоа не е толку важно туку, таа своја мобилност и тогаш ја имаше со таа разлика што му беше многу потешко, а и мисијата му беше скратена. Незнам ништо за возила но знам дека правеше најмалку 10 пати повеке километри од секоја јавна личност кај нас.

На крај краева сепак Владика е, Црковен Великодостојник. Монах е едно а Владика сосем друго иако и Владиката длабоко во својата срж во својот внатрешен живот е монах ама кој тоа да го види и сфати.


И ве молам ако не сте во неговата кожа, положба, не судете никого.   не судете за да не ви се суди оти судењето е својство на паднатиот човек и нема ништо со Христа и кој повеќе кој помалку е тема на соблазна и суд.

Затоа советувам да се избегне оваа неблагодарна тема и да се фатиме за проблемите од внатрешен карактер.

Луѓе мои,
зошто никој овде не зборува за љубовта?
зошто никој не зборува за молитвата?
зошто микој не зборува за милостињата?
зошто никој не зборува за смирението?
зошто никој...

Ке ви кажам.

затоа што незнаеме ништо за нив оти ги немаме, а сме се фатиле за догматски теми, а без здрав и правилен добродетелен живот во Црквата нема ни правило разбирање на верата и за кои светите Оци со страв се осудувале и да пропелтечат.

Молете се за мене грешниот.



Изменето од Опитен - 25.Октомври.2008 во 07:02
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 06:44
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

Ке пишам овде нешто што ми се врти во памет од вчера.Знаете веке што се случи и цело време паметот ми е таму.Но една работа ја мислам и толку ми е мило за тоа.Мајка ми на работа (кога одеше сега е дома на боловање веке подолг период)имаше колега Албанец...Откако го познавам јас тој човек секогаш  бил со нас и во добро и во лошо.Моите одеа и на свадба кога правеа неговата сестра или пак брат..Тој доаѓаше за Нова Година кај нас, за Велигден особено никогаш не забораваше да дојде да ни честита празник....ни носеше баклава за Рамазан..ептен беа блиски пријатели со моите и тој и неговата фамилија, и сеуште сме.Кога и беше роденден на баба ми, памтам, ако не можеше да дојде ке и пратеше торта по такси...тагаА баба ми до последен момент го спомнуваше него....Вчера, за погребот, тој се фати за едната страна на сандукот да ја носи ....и она што ми остана во памет бешеБеа тоји неговата сопруга. И двајцата влегоа во Црква и запалија свеки да и го осветлат патот и се помолија за нејзината душа. Јасно, не се прекрстија и не бација икона...но како што запалија свеки така и на крај од молитвата и читањето на Евангелието од Јован, тие се поздравија со неа како што ние тоа го правиме.Навистина секоја им чест, значи пријателствата немаат граници.И сепак ке речам, било и ке биде тоа така, не е битно која вера сме и која националност...додека се има разбирање кој во што сака нека си верува, тоа си е негова лична работа и НЕ СМЕЕМЕ мегу себе да се јадеме за тоа. Можеби некогаш ми сметаше тоа, не велам не...Но мислам дека човек кој верува искрено во Бога нема да ги гази другите вери туку ке остави секој да си одреди по кој пат ке тргне за да стигне до Бога...

Како се викаше бабати да се помолиме за нејзината душа?

Изменето од Опитен - 25.Октомври.2008 во 06:46
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 08:12
Ајде малку да ја оставиме темата за владиците.
Пред извесно време во весникот Православна светлина (мислам дека е на МПЦ), сретнав податок дека чинот на ставање венци на главите на младоженците при венчавање претставува знак за победа, дека непобедени влегуваат во брачниот живот и дека не ги победила сладострасноста.
Е сега, ме интересира мислењето на сите оние кои го прифаќаат христовото учење, дали тие такви, непорочни (со чист образ) влегле во брачниот живот? И што со тие кои не се придржувале кон ова божја заповед, а сепак отишле во Неговата црква, пред Неговиот олтар и го примиле венецот на својата глава?
Бидејќи ова прашање задира во приватноста на секоја индивидуа, (иако е пожелно) не е морално (во смисла-обврзувачко) да се даде пишан одговор. Доволно е самите во себе да си го поставите ова прашање и да си дадете искрен одговор.
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 14:03
Исус влезе во Ерусалим на магаре!
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 14:06
И тие шо му постелаа палмови гранчиња, по некој ден извикуваа: Распни го, распни.
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 14:30
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Исус влезе во Ерусалим на магаре!


Магаре или магарица? Едно или две ? Прашање е сега на кое треба да ми одговорите!
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 14:35
Originally posted by Опитен Опитен напиша:

сакам да прашам. Видов девојчиња на молитва а деновиве дознав дека жените не влегуваат во храмот на молитва заедно со мажите. Дали можете да ми кажете каде се молат тие и зошто не се заедно. лично ме интересира.

благодарам


Жените влегуваат во џамијата, но, точно така не го обавуваат намазот/молитвата заедно/испомешани со мажите,туку тие си имаат свое посебно место ,позади мажите.

Намазот/молитвата во исламот зазема високо место, и покрај другото за нејзино обавување е потребна покрај духовна и телесна чистотија. Со оглед на одредени движења кои се застапени во самата молитва,жените клањаат позади мажите. Тоа е исламска регулатива која налага така да се обавува молитвата.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 16:37
Originally posted by deshad deshad напиша:

Originally posted by Опитен Опитен напиша:

сакам да прашам. Видов девојчиња на молитва а деновиве дознав дека жените не влегуваат во храмот на молитва заедно со мажите. Дали можете да ми кажете каде се молат тие и зошто не се заедно. лично ме интересира.

благодарам


Жените влегуваат во џамијата, но, точно така не го обавуваат намазот/молитвата заедно/испомешани со мажите,туку тие си имаат свое посебно место ,позади мажите.

Намазот/молитвата во исламот зазема високо место, и покрај другото за нејзино обавување е потребна покрај духовна и телесна чистотија. Со оглед на одредени движења кои се застапени во самата молитва,жените клањаат позади мажите. Тоа е исламска регулатива која налага така да се обавува молитвата.


Ti blagodaram mnogu brate.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
MOYA Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 24
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MOYA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 16:49
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Исус влезе во Ерусалим на магаре!


Ke sudime?

Pastorite na magare da ne javaat?
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 18:23
Господ е голем и им се открива на оние кои со чисто срце го бараат.

Ако на едно од овие најмали сте го направиле, Мене сте ми го направиле.
Ти благодарам Господи за се !
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Nya Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 17
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 23:56
Секој Велигден, во Храмот на гробот на Исус, од небото се симнува светиот оган и ја потврдува вистинитоста на православната вера.
Го повикувам EvAngelos да ми каже, дали и во библиските цркви се случува истото? Дали и тие имаат од небото потврда дека се вистинската вера?
Јас не ја знам Библијата толку како него и признавам дека со помош на Библијата не можам да ја одбранам православната вера, но затоа па знам за вакви чуда со кои бог ја докажува православната вера.
Ајде да видиме сега што ќе кажеш хани бакнеж
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 00:07
Ако сакаш поопширно да не информираш за ова чудо, поточно што се случува.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 137138139140141 242>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,471 секунди.