|
РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО |
Внеси реплика | страница <1 134135136137138 242> |
Автор | |||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Mnogu dobar poenta, AlDra. Se preteruva so akcentiranje na "greshnosta" na chovekot, "greshkite" na chovekot, so postojanoto molenje za prostuvanje i se odi do tamu sto vmesto da se afirmira bozhenstvenosta na negovite koreni, postojano se reciklira negativnosta vo negovoto sekojdnevno postoenje. Ova e tolku vazhen element vo teologijata sto zasluzhuva duri da se otvori nova tema vo koja poopshirno bi se diskutiralo okolu toa sto e grev, sto e Bozhjata ljubov, sto e molenje za prostuvanje i dali i kolku Bog prostuva. |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Колку погрешно толкување... за ова можам многу да ти пишувам... Брат, а за што ти се молиш кога се молиш? Никој од вас нема грев, нема потреба да се молите за прошка. А штом сте толку свети и му верувате на Бога дека Тој се ни дава уште и пред да побараме од Него, значи ниту за земни неопходности не се молите? Се молите ли вие воопшто за нешто? И не ми вели дека се молите за ближните, затоа што по ваша логика, Господ знае што им треба и на нив, а ако се молите за да им даде нешто, тогаш не Му верувате. |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Патем што можеше разбојникот на крстот да стори? Сепак беше спасен иако не стори ниедно добро дело. Единствена причина за неговото спасение беше верата во Божјиот Син. Е сега за нас верата треба да произведе дела. Но, казната за гревовите е смрт. А Тој умре место нас. Затоа се вика заменичка жртва. Затоа што анс не одмени. За ние да бидеме чисти Тој умре. Божјата правда е задоволена.
|
|||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Таговна радост, радосотворна тага
Молитвата разговор и заедница со Господа. Воздух за душата. Кога се молиме ние сме со Нег и живееме, затоа и св.ап Павле советува да се молиме непрестајно. Господи Исусе Христе, помилуј ме.Господи Исусе Христе, помилуј ме.Господи Исусе Христе, помилуј ме. А свети цар. Давит вели: Јас спијам а моето срце бдее. Молитвата ја поросветлува и грее душата, но смирената и покајната молитва, а не гордата. Исповдајки си ја својата греќност пред Бога ние се смируваме, а тој не подига а ако се воздигнуваме ќе бидеме поразени. Во молитвата не треба да бараме светлина или виденија туку покајание за своите гревови. Молитва е барање Господ цел да ни се даде или поточно ние целите да му се предадеме нему. Еден со друг, самите себе и сиот наш живот на Христа Бога да му го предадеме. Господи Исусе Христе, помилуј ме.Господи Исусе Христе, помилуј ме.Господи Исусе Христе, помилуј ме. Молете се за мене грешниот. Изменето од Опитен - 24.Октомври.2008 во 17:03 |
|||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
А бе тој стори и те какво дело. Само вие тоа не го почитувате - еднаш го споменав на друга тема. Господ умре за да бидеме чисти од што??? Ако е за нашите гревови што се препиваме, прејадуваме, навредуваме други... тогаш значи треба да се распне уште милион пати, затоа што очигледно сеуште постојат тие гревови и се повторуваат. Ај ова објасни го, затоа што логикава ваша некако не ми штима. п.с. да не мислиш на откупителна жртва, затоа што Тој нас не откупи од гревот? Изменето од Maran Ata - 24.Октомври.2008 во 16:47 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ок маран ата таков е мојот став. А еве ти повели искажи го твојот став. Доста ме критикуваш мене, кажи го твоето верување.
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Јас само извлеков заклучок според твоето кажување. Ако не е така кажи како е. Мојот став го изнесов со одговорот што ти го пастирав на почеток и мислам дека тоа е доволно и кажува се. Ти сам кажа дека Господ умре за да бидеме чисти, а јас те прашав од што??? Од што чисти?
А што се однесува до твојот став, уште од одма ти реков - ако се сметаш за безгрешен, не мора да се молиш. Твое право, но не им го оспорувај на другите правото да се молат. |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Со Крсната жтрва Христос го откупил гревот на светот и со воскресението и вознесението му го отворил патот наљ Царството Небесно и кој поверува ЌЕ биде спасен, а верата без дела е мртва.
Честицата ЌЕ е збор кој означува дејствие што ќе се случи, што значи дека е потребно дејствие, време за ние да си го заработиме спасението. Бог е милостив но и справедлив. св.Силуан си размислувал дека Бог е милостив, јас си се покајав за своите гревовови, се исповедав и Господ ми ги прости. Сега не треба да се секавам на нив. Но неговатра мисла се возгодевала и неговата гордост растела до прелест и еднаш кога се борел со слични помисли Бог му ја открил оваа поуката: Држи го својот ум во пеколот и не очајувај. п.с. браќа мои, кога ќе се најдеме во близината Божја ништо нема да правеме освен да плачиме. Изменето од Опитен - 24.Октомври.2008 во 17:02 |
|||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Од каде најде дека јас не се молам за моите гревови и дека сметам дека сум безгрешен? Знаеш ли дека клеветењето е грев? Згора на тоа е и кривично дело. Јас ти простувам зашто не ми е важно што ќе мислат форумџииве за мене туку Бог. А ти советувам ти со ваквата пракса да престанеш. Можеш некаде да добиеш кривична. Ова е совет, не закана.
|
|||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Мир вам!
|
|||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Дете, живеам во правна држава каде одлично функционира законот и знам како одат тие работи. Се треба да се докаже. А јас, еве ти ги приложувам твоите зборови.
А и не ми бегај од прашањето. Интересна практика имате, кога немате одговор, оп, ајде, ќе изиграваме жртвено јагне. Одговори ми за кој тоа грев бил распнат Господ? Ако е за навредување, викање, карање... тогаш доаѓа дека џабе го распнале, затоа што истото се повторува веќе 21 века. Тогаш значи не сме ни чисти. Објасни си ја логиката на тоа што го кажуваш. Веќе еднаш те повикав, ама ... нема одговор од тебе. Изменето од Maran Ata - 24.Октомври.2008 во 17:11 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
За кој грев умрел Исус? За сите наши гревови.
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Е добро. Значи велиш за сите наши гревови. А кога гревот се повторува или се врши нов грев(некој што претходно не сме го направиле), тогаш треба да молиме за прошка, така? Или не? п.с. ова прашање е меч со две острици Изменето од Maran Ata - 24.Октомври.2008 во 17:18 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Треба да го исповедаме гревот пред Бога:
,,Но ако живееме во светлина, како што и Бог е во светлина, тогаш навистина ќе општиме еден со друг, а крвта на Божјиот Син, Исус Христос, ќе не исчистува од секој грев.’’(1. Јованово 1:7) ,, Но ако Му ги признаваме своите гревови на Бог, Тој е правичен и ќе си го одржи ветувањето: ќе ни ги прости гревовите и ќе не исчисти од сета неправедност.’’(1. Јованово 1:9) ,, 1 Чеда Божји, ова ви го пишувам за да не грешите. Но, ако некој од вас направи грев, Го имаме праведниот Исус Христос, Кој се застапува за нас пред небесниот Татко.2 Тој е помирителната жртва што се принесе за нашите гревови, и не само за нашите, туку и за гревовите на целиот свет.’’ (1. Јованово 2:1,2) |
|||||
Внеси реплика | страница <1 134135136137138 242> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |