|
РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО |
Внеси реплика | страница <1 133134135136137 242> |
Автор | ||||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Во право си целосно. Јас еден период прекинав да го посетувам овој подфорум баш поради тоа напаѓање....
Но потоа сватив дека ако со добро се објасни не може да те напаѓа.. Или пак, не може некој на добар збор лошо да ти рече... Затоа пак ке речам, кој и да си каков и да си .... Сакај си го тоа што мислиш дека треба но остави другите да си го сакаат она што тие мислат дека е правилно... А пред Бога сите сме исти, и Бог е само еден незаменлив и нема друг. На крајот на краиштата сите ке сме кај него од оваа или онаа вера.. |
||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||
MOYA
Нов член Регистриран: 19.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 24 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Zamislete si vo Avstralija da ziveeja lugeto kako nie ovde na forumov, shto ke staneshe?
Razum, razum i elememtarna pochit ni treba. Gospodi Isuse Hriste, pomiluj ne. |
||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ова е вистина. Во Австралија има стотици разноверци.. будисти, православни, јеховини, римо-католици, англиканци, методиссти, евангелисти, протестанти, лутерани, мормони, муслимани, бахаулисти, хиндуси.... ај да не ги набројувам сите, и никој никому не вели ти вака треба да правиш, ти така. Го имаат токму тој човечки однос кој треба да го има не секој христијанин, туку секој кој се нарекува човек. |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Одговор за АлДра
Ние, православните христијани, свесни сме дека и еден ден да живееме, сепак ќе згрешиме. Знаеме дека постојано грешиме, иако се трудиме да не биде така. Св.Апостол Павле вели, го вршам она што не сакам, затоа што гревот царува во мене, но од друга страна советува да се бориме со тој грев и да не грешиме - да бидеме совршени како што е совршен нашиот Отец на небесата. Токму тоа е и најважно во духовниот живот - секогаш искрено и вистински да се сметаме себеси за големи грешници и недостојни за Божјата милост, барајќи од Него да не се сеќава на нашето безаконие. Господ е милостив, но од друга страна е справедлив. За оној кој има преголема љубов кон Бога, и најмалиот грев му се чини како најголем, и жали што го ожалостил со својата непромисленост. Поради тоа, се смета достоен за во пеколот, но од друга страна сака да биде со Љубовта и Го моли да не му го зема во обзир тоа што го сторил, туку едноставно да се смилува и да му дозволи да наследи царство небесно. А што е смирението, ако не сметање на себеси за последен и барање мислост поради својата огревовеност? Молитвата на секој христијанин треба да биде постојана - молете се непрестајно. Таа треба да биде насочена кон наше покајание и спасение, а не кон барање на овоземни работи како што тоа го прават незнабошците, затоа што Господ знае што ни е потребно. Непрестајната молитва на срцето и умот е Исусовата молитва - Господи Исусе Христе, помилуј ме, грешната! Тоа треба постојано да се повторува, извирајќи од внатрешноста со топла љубов кон својот Младоженец. Зарем оваа молитва не се сретнува и во Светото Писмо? Слепите и лепрозните викале по Христа - Господи, Сине Давидов, помилуј не! и кога ги допирале, тие уште повеќе викале. Така треба и ние да правиме, секогаш да го призиваме името Господово за да не помилува, затоа што сите сме острастени, а срцето од страстите не се очистува преку ноќ. Да го последуваме примерот на апостол Павле, и да Го молиме милостивиот Бог за прошка на секој грев направен во знаење и незнаење, свесно или несвесно, со збор или дело или помисла, затоа што Господ дојде да ги спаси грешниците, од кои првата сум јас! Псалм 50, 1 Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја добрина избриши ги беззаконијата мои. Изменето од Maran Ata - 24.Октомври.2008 во 16:11 |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
,,Ние, православните христијани, свесни сме дека и еден ден да живееме, сепак ќе згрешиме. Знаеме дека постојано грешиме, иако се трудиме да не биде така. Св.Апостол Павле вели, го вршам она што не сакам, затоа што гревот царува во мене, но од друга страна советува да се бориме со тој грев и да не грешиме - да бидеме совршени како што е совршен нашиот Отец на небесата.’’- за ова потполно се согласувам. Не само православните туку секој Христијанин треба да се смета за грешен затоа што тоа и е.
Но, имам едно друго прашање. Да речеме доаѓа кај тебе твоето детенце и ти вели: ,,Мамо ја скршив вазната, жал ми е и те молам прости ми! Ќе се обидам повеќе да не правам така’’. И ти се смилуваш на него и му речеш:,,Во ред е сине, ти простувам! Не грижи се за тоа. Добро направи што ми призна.’’. По некое време тој пак доаѓа, и ти вели:,,Мамо јас денес ја скршив вазната, те молам прости ми сега се каам за тоа!’’, а ти му речеш:,,Знам сине, пред малку ми рече. Нависитна е во ред. Не грижи се туку оди и кажи му на брат ти колку сум јас милостива.’’. Навечер, пред спиење, детево пак доаѓа и пак ти го вели истото:,,Мамо ама мене навистина ми е жал што ја скршив вазната и те молам да ми простиш!’’. Тогаш во тебе зар нема да се појави сомнеж дека тебе всушост твоето дете не ти верува? Зар не е грев да не Му веруваме на Бога? Па Тој Самиот вели:,,Ќе ги оддалечам од вас вашите гревови колку што се далеку истокот и западот... никогаш веќе не ќе се сеќавам на нив.’’. Како да ни вели:,,Тоа што ти не умееш да заборавиш е твој проблем, Јас веќе ти простив!’’. А ако не Му веруваш на Бога кога ти вели дека ти простил, зар не правиш грев? |
||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Секогаш има нов грев за кој се бара прошка. А ти ако сметаш дека си безгрешен, нема проблем, немој да се молиш. Твое право. |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Вчера во Црква слушнав една работа....
Има дел каде што Отецот вели-Сите сме грешни. Секој човек греши... |
||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Верувај ми сум поминал низ таа фаза, и навистина никуму не му поскавуам да се најде во таа ситуација. Постојано се молев за секој грев на кој ќе се сетев дека сум го сторил, дури и гревовите за кои одамна сум се покајал јас повторно се молев. Само Бог знае колку ревносно го правев тоа. Се осудував самиот себе дури и тогаш кога не можев да се сетам дека сум сторил грев. Тоа ми ги окупираше мислите постојано. Сватив дека така не може! Бог сигурно не сака јас така да живеам. Не велам дека сега не грешам! Далеку од тоа!!! Но верувам дека Христовата света крв ме чисти од сите мои гревови. Се што треба е да се исповедам на Бога. Се трудам да не грешам, но и доколку заради мојата грешна природа ми се случи такво нешто веќе не го гледам тоа толку критично. Целсоно се предавам на Бога и на себе веќе не се надевам. Слава Нему за огромната милост која ни ја укажа нам грешниците кога умре на крстот. |
||||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Сакаш да кажеш иако може Бог ти го простил гревот, ти си имал грижа на совест??
Мене тоа често ми се случува....тоа ти е некако .....и правилно на некој начин...да продолжиш да се каеш иако ти е простен.. тоа чува да не направиш повторно иста таква грешка.. Изменето од blueprayer - 24.Октомври.2008 во 16:20 |
||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ова што го искажа е суетно и гордо. Господ јасно кажал дали сме грешни или не. Светителите кои правеле чуда и живееле свето, се молеле на Бога да ги помилува, но според ова твоево, излегува дека ние, обичните смртници, сме посвети до нив. Треба да се навратиш на делот од Библијата каде ги пишува псалмите и да се потсетиш зошто се напишани. Цар Давид постојано бил во покајание и солзи, па сега ние големите праведници, не ни треба покајание и молење. Или забораваш што вели апостолот - дека со секој наш грев Го распнуваме повторно Христа? |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Патем ако размислуваме на тој начин тогаш ние треба постојано да се молиме за прошка. Зашто девете најголеми заповеди се:
29 Првата најважна заповед гласи: ,Слушајте Израелци: Вие имате само еден Господ и Бог! 30 Сакајте Го Господ, вашиот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја снага!‘ 31 Втората заповед е слична на првата, и гласи: ,Сакај го својот ближен како самиот себе!‘ Други заповеди, поважни од овие, нема.’’(Марко 29-31) Тие заповеди не се дадени за одреден термин, да речеме од 8-15 туку за целиот наш живот. Треба постојано да ги вршиме. Но кој може сто проценти од времето да Го љуби Бога и својот ближен? Според тоа штом во еден момент не го љубиш својто ближен како себеси ти веќе вршиш грев. Од друга страна пак апостолот Јаков вели:,, Греши секој што не прави добро, иако знае дека треба да го прави.’’(Јаков 4:17). Сите ние знаеме дека е добро во овој момент наместо да седиме на форумов да одиме кај некоја стара и изнемоштена бабичка и да и помагаме. Сите знаеме дека е добро се што имаме да го раздадеме. Но кој го прави тоа? Значи, ние грешиме речиси сто проценти од животот. Но, уште пред да бидеме зачнати Исус плати за сите наши гревови! Па затоа оние кои Го прифаќаат за Свој Господ и Спасител ќе престојуваат во Господовиот Дом засекогаш! |
||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Oва иде демек само поверувај и спасен ќе си без дела? |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Сети се Маран Ата дека еден од плодовите на Духот е радоста. А со постојано обвинување на самиот себеси нема радост. ОСвен ако си садо-мазо. Но, ако немаме радост тоа значи дека не веруваме дека Исус плати за се и дека го немаме Светиот Дух во нас. |
||||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Маран Ата мислам дека секој би се сложил со мене. Ова е Библиски став, не само лично мој. Не сме пратени на Земјава за само да се молиме за нашите гревови. Ако е така не треба ништо да правиш, единствено да се молиш за прошка. А потоа да се молиш за прошка зашто не си веувала дека Бог ти простил многу одамна. И потоа пак одново. И пак. И пак... И која е целта? Кога ќе го шириме Евангелието?
|
||||
Внеси реплика | страница <1 133134135136137 242> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |