IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поучни случки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поучни случки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 23>
Автор
Порака
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 12:31
Vnimatelno so upotrebuvanje na "protestantski poemi" kako vo slucajov so "stapalki vo pesokot" za da ne se vmetne protestantski duh vo pravoslavieto.

Изменето од izvoren - 24.Октомври.2008 во 12:31
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 12:46
Се што е добро, без разлика од која страна доаѓа ВРЕДИ ДА СЕ ПРОЧИТА И ДА СЕ ИЗВЛЕЧЕ ПОУКА ОД ТОА!

Затоа престанете барем на оваа тема со лични преписки и дофрлувања и дајте некоја убава поучна случка,како што тоа го направи Маран Ата.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 12:46
Izvoren, православието прифаќа се што не се коси со правослвните догми. Во случајов, поемата се однесува за тоа колку Господ се грижи за нас и колкава љубов ни дарува. Не ти ја гледам поентата како може да се вметне протестантски дух во православието, кога ова е општо позната работа за сите вери во цел свет?

Ај да се вратиме на темата. Еве нешто многу многу убаво.

ГОСПОД МУ ГОВОРИ НА ЧОВЕКОТ

Дали некогаш си размисувал, сине, дека се што се допира до тебе, истовремено се допира и до Мене, зашто се што се допира до тебе, cе допира до зеницата на Моето око.

Ти си драг во Моите очи, бесценет, и Јас те засакав, па затоа за Мене особено задоволство е да те воспитувам.
Кога искушенијата те нападнат и непријателот навали како река, знај дека тоа е по Мое допуштение, зашто твојата немоќ чувствува потреба за Мојата сила и да сфатиш дека си сигурен само кога Јас се борам за тебе.

Ако се наоѓаш во тешки прилики, меѓу луѓе кои не те разбираат, кои не водат сметка за тоа што ти е пријатно, кои те одбиваат - тоа е по Мое допуштение.

Јаc сум - Бог, Кој управува со ситуациите. Ти не си се нашол случајно на своето место; тоа е баш она место кое Јас ти го одредив!

Ме молеше да те научам на смиреност, па, еве, гледај: те ставив во онаа средина, во онаа школа, каде таа лекција се учи. Твојата средина и луѓето кои живеат со тебе само ја исполнуваат Мојата волја.

Ако се наоѓаш во парична оскудица, тешко врзуваш крај со крај - тоа е по Мое допуштение, зашто јас располагам со сите материјални средства. Јас сакам ти да Ми се обраќаш и да зависиш од Мене. Моите ризници се неисцрпни. Јас сакам да се увериш во Мојата верност и во вистинитоста на Моите ветувања. Да не се случи во твојата неволја да можам да ти речам: "Вие не Му верувавте на Господа, вашиот Бог" (5. Мојс. 8,12-13).

Ако ја преживуваш ноќта во болка, ако си одвоен од своите ближни - тоа е по Мое допуштение. Јас сум Утешител и Исцелител на болестите, Јас тоа го допуштив, за ти да Ми се обратиш и за да најдеш вечна утеха во Мене.

Ако те разочарал твојот пријател, ако те разочарал некој кон кого си го отворил своето срце - тоа е по Мое допуштение. Јас допуштив да се разочараш, за да ти покажам дека Господ е најдобар твој пријател.

Јас сакам ти се да Ми принесуваш и да Ми се доверуваш. Некој те наклеветил. Препушти ја таа работа на Мене и приклони се кон Мене, Прибежиштето твое, за да се избавиш од зол јазик. Јас ќе ја изнесам твојата вистина на светлоста на денот и ќе ја докажам твојата невиност.


продолжува....


Изменето од Maran Ata - 24.Октомври.2008 во 13:18
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 12:48


Прекрасно!
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 12:51
Originally posted by deshad deshad напиша:



Прекрасно!


Секогаш можеме да најдеме нешто заедничко кое ќе не сплотува, наместо да се караме и осудуваме кој како верува. Секој си има право да верува во што сака, но најдобрата проповед е преку добрите поуки, а не преку кавгите.

Сепак, сите сме браќа и сестри, од Адам и Ева.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 13:31
Originally posted by izvoren izvoren напиша:

Vnimatelno so upotrebuvanje na "protestantski poemi" kako vo slucajov so "stapalki vo pesokot" za da ne se vmetne protestantski duh vo pravoslavieto.


Само се чувам од фарисејскиот квас...ако смеам така да се изразам.

Нема ништо лошо во тоа да се биде претпазлив, нели, впрочем, истото важи и за вас, изворните...Од пусти страв од православните, секој втор збор на склужба ви е “неверниците= православните“....




МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 14:04
ГОСПОД МУ ГОВОРИ НА ЧОВЕКОТ (втор дел)

Ако твоите планови пропаднале, ако си опаднал со душата и телото - тоа е по Мое допуштение. Ти си правел планови и си ги изнел пред Мене, за Јас да ги благословам. Но, јас сакам ти да Ми препуштиш Јас да располагам со приликите во твојот живот. Тогаш одговорноста за се ќе падне на Мене, зашто за тебе таа е премногу тешка и ти сам не можеш да излезеш на крај со неа.

Ако неочекувано те снашле животни неволји и ако срцето ти се исполнило со тага, знај - тоа е по Мое допуштение. Јас сакам твоето срце и твојата душа секогаш да бидат огнени пред Моите очи и со Моето име да ја победуваш секоја малодушност.

Ако долго време не добиваш глас од оние кои ги сакаш, па според својата малодушност падаш во очајание и ропташ - тоа е по Мое допуштение. Преку страдањето на твојата душа Јас ја испитувам јачината на твојата вера во моите ветувања и силата и снагата на твоите молитви за ближните. Затоа што, ти ним не си им го препорачал Покровот на Мојата Пречиста Мајка, ниту си ја препуштил грижата за нив на Мојата Татковска љубов.

Ако те снашла тешка болест - минлива, или неизлечива, па си прикован за постелата, знај дека тоа е по Мое допуштение. Јас сакам ти, во твојата телесна немоќ, уште подлабоко да Ме запознаеш. Сакам да не ропташ зашто ти е пратено искушение и да не ги испитуваш Моите непроникливи планови за спасение на човечките души, туку со доверба да се препуштиш на Мене и да дојдеш под Мојата закрила.

Ако си фантазирал да направиш некое посебно дело Мене ради, а наместо тоа си паднал во болничка постела и си снемогнал, знај - тоа е по Мое допуштение. Кога беше здрав, беше презафатен со своите обврски и твоите мисли беа далеку од Мене. Сети се дека некои од Моите најдобри соработници се оддалечија од светските работи, за да се научат во мир непрестајно да се молат.

Ако неочекувано си повикан да превземеш некоја тешка и одговорна работа, оди, нафати се и потпри се на Мене. Јас ти ја доверувам таа задача, затоа те благослови Господ Бог во сите твои дела, во се што ќе правиш со своите раце.

Денес ти го давам овој сад со свет елеј. Слободно користи го, дете Мое. Секоја тешкотија која ќе се појави, секој навредлив збор кој ќе го примиш, секоја пречка во твојата работа која би можела да те ожалости и обесхрабри, секоја своја немоќ и неспособност – помажи ги со овој елеј. Сеќавај се дека секоја неволја – е Божја поука, можност да се научиш на нешто. Секоја острина ќе отупи само за ти да не се повредиш. Со тоа всади ги во срцето свое зборовите кои денес ти ги објавив: тоа е по Мое допуштение. Зашто, ова за тебе не е само збор, туку тоа е - живот твој.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 15:57
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Секогаш можеме да најдеме нешто заедничко кое ќе не сплотува, наместо да се караме и осудуваме кој како верува. Секој си има право да верува во што сака, но најдобрата проповед е преку добрите поуки, а не преку кавгите.

Сепак, сите сме браќа и сестри, од Адам и Ева.






Така е сестричке! Иншалах набрзо да се отворат очите, ушите и срцата за Оној кој е многу поважен и поголем од Адам и Ева. Имено за *ДУХОТ БОЖЈИ, *ОТЕЦОТ – и МАЈКАТА – на Животот, чија Светлина за спасение на сите, се отелотвори во *ИСУС!

АМИН       


Ти благодарам за постот!


Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 06:55
Господ ни зборува

Ме нарекувате Господ, а сеуште Сум далеку од вашите срце.

Ме нарекувате Учител, а не учите од Мене.

Ме нарекувате Пат, а сепак не Ме следите.

Ме нарекувате Вистина, а не Ме сведочите.

Ме нарекувате Љубов, а не Ме љубите.

Ме нарекувате Пастир, а бегате од Моето стадо.

Ме нарекувате Врата, а не чукате на неа.

Ме нарекувате Вечен, а постојано Ме убивате.

Ме нарекувате Спасител, но сепак не барате помош.

Ме нарекувате Извор, но не пиете од Него.

Ме нарекувате Леб, а сепак не јадете од Него.

Ме нарекувате Судија, а се судите еден со друг.

Ме нарекувате Исцелител, а одите кај „лекувачи“ и предвидувачи на иднината.

Ме нарекувате Благ, а се мразите еден со друг.

Ме нарекувате Милостив, а вие не покажувате милост.

Ме нарекувате Човекољубец, а се убивате еден со друг.

Ме нарекувате Праведен, а вие не покажувате праведност.

Ме нарекувате Свет, a сепак не се осветувате себеси со Мене.

Ме нарекувате Отец, а се откажувате од Мојот дом.

Ме нарекувате Цар, а не влегувате во Моето Царство.


Во свое време повторно ќе дојдам со сета Моја слава, тогаш каков одговор ќе дадете???



Изменето од Maran Ata - 25.Октомври.2008 во 06:57
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 08:46
Ти знаеш сè, о МИЛОСТИВ ГОСПОДИ!
Твојата МИЛОСТ нашиот единствен спас!
Те молам ПОМИЛУЈ НАС!


Изменето од spiros - 25.Октомври.2008 во 08:50
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 10:09
Маран Ата, заради просторот не би скал да ги пастирам првите два дела од написот „Господ му говори на човекот“.
Би сакал да дадам коментар на поентата на овие написи.
Во целиот текст (во двата дела) провејува грижата на бог кон човекот, дека тој е тука со него во секое време, дека тој управува со неговиот живот во секаква ситуација, во добро и зло, дека тој одредува кои и какви настани ќе му се случат на човекот ... и да не набројувам понатаму.
Зборот ми е, ако бог во секој момент е со човекот и управува со неговиот живот, тогаш каде се согледува слободната воља која бог му ја дал на човекот тој сам да одлучува?
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 10:15
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Маран Ата, заради просторот не би скал да ги пастирам првите два дела од написот „Господ му говори на човекот“.Би сакал да дадам коментар на поентата на овие написи. Во целиот текст (во двата дела) провејува грижата на бог кон човекот, дека тој е тука со него во секое време, дека тој управува со неговиот живот во секаква ситуација, во добро и зло, дека тој одредува кои и какви настани ќе му се случат на човекот ... и да не набројувам понатаму.Зборот ми е, ако бог во секој момент е со човекот и управува со неговиот живот, тогаш каде се согледува слободната воља која бог му ја дал на човекот тој сам да одлучува?


Очекував дека некој ќе го постави ова прашање. Тоа ти што си го замислуваш не е во согласност со тоа што сака тука да се каже. Твоите заклучоци произлегуваат од непознавањето на христијанството. Ќе се потрудам да ти одговорам, но не сега. Кога ќе бидам малку послободна. Ако заборавам, потсети ме.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 10:35
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Маран Ата, заради просторот не би скал да ги пастирам првите два дела од написот „Господ му говори на човекот“.Би сакал да дадам коментар на поентата на овие написи. Во целиот текст (во двата дела) провејува грижата на бог кон човекот, дека тој е тука со него во секое време, дека тој управува со неговиот живот во секаква ситуација, во добро и зло, дека тој одредува кои и какви настани ќе му се случат на човекот ... и да не набројувам понатаму.Зборот ми е, ако бог во секој момент е со човекот и управува со неговиот живот, тогаш каде се согледува слободната воља која бог му ја дал на човекот тој сам да одлучува?


Си земам за право и јас нешто да кажам во врска со ова.
Златен златник, БОЖЈАТА СЛОБОДА и БОЖЈАТА ВОЛЈА се над човековата слободна волја.
БОГ никогаш не го казнува човекот, туку човекот се казнува самиот себеси со тоа што својата егоистична “слободна волја“ ја става над БОЖЈАТА МИЛОСТИВА ВОЛЈА!
БОГ го “казнува“ човекот со тоа што му ја допушта неговата “слободна волја“ (мислена е онаа човечката, егоистичката)

Во својата пасивност Тој е суперактивен! А Неговата активност е чиста ЉУБОВ.
Сетисе на Голгота!

поздрав

       




Изменето од spiros - 26.Октомври.2008 во 00:16
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 20:50
РАСКАЗ ЗА ШУГАВИОТ , ЌЕЛАВИОТ И СЛЕПИОТ

Пренесува Ебу Хурејре р.а. дека го слушнал Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., како раскажува :

„Аллах џ.ш. сакал да испроба тројца луѓе од Израелците, од кои: едниот беше шугав, другиот беше ќелав, а третиот беше слеп, па им испрати еден мелек - ангел. Мелекот дојде кај шугавиот и го праша:

- Што сакаш највеќе?
- Највеќе сакам да имам убав тен и убава кожа, и да се ослободам од ова, од кое луѓето се згрозуваат, - одговори шугавиот. Мелекот го истри со својата рака преку целото тело, па од него испопаѓа сета шуга, и доби убава боја на кожата.

Потоа мелекот го праша:

- Кој имот ти е најдраг ?
- Камили ! - одговори шугавиот. Тогаш Аллах џ.ш. му подари една убава камила која во својот стомак носеше младенче, а мелекот повторно му рече :

- Во неа Аллах ти дава берекет.

Потоа мелекот отиде кај ќелавиот и го праша:

- Што сакаш најповеќе?
- Убава коса, и да се ослободам од ова, од кое луѓето се згрозуваат, - одговори ќелавиот. Мелекот го помилува по главата, па помина неговата болест и доби прекрасна коса. Мелекот го праша:

- Кој имот ти е најмил?
- Крави, - одговори ќелавиот. Тогаш, Аллах џ.ш. му подари една прекрасна стелна крава, а мелекот му рече:

- Во неа, Аллах ти дава берекет.

Потоа мелекот појде кај слепиот и го праша:

- Што сакаш најповеќе?
- Аллах да ми го поврати видот, за да можам да ги гледам луѓето, - одговори слепиот. Мелекот го помилува по очите и Аллах му го поврати видот, потоа мелекот го праша:

- Кој имот ти е најмил?
-Овци, - одговори слепиот. Аллах џ.ш. му подари една овца.

Кај сите тројца, имотот се плодеше и множеше, па поранешниот шугав имаше полна долина со камили, поранешниот ќелав полна долина со крави, а поранешниот слеп полна долина со овци. Потоа, мелекот дојде кај шугавиот, во неговиот поранешен лик и форма, и му рече:

- Јас сум бедник, останав напуштен на своето патување, и никој освен Аллах, не е во состојба да ми помогне, па ти направи го тоа. Затоа те молам во Оној кој ти ја подари таа прекрасна боја и кожа, и толку имот, да ми дадеш една камила за да го продолжам патот. Поранешниот шугав му одговори:

- Обврските и трошоците се многубројни. Мелекот повторно му рече:
- Како да те познавам од некаде, да не си ти оној шугавиот, од чив изглед и беда луѓето се згрозуваа, па Аллах ти подари здравје и богатство ? - Тогаш тој му одговори:
- Напротив, јас ова го наследив од своите претци. Мелекот тогаш му рече:
- Ако лажеш, Аллах нека те врати во онаа состојба во која се наоѓаше претходно.

Потоа мелекот дојде кај поранешниот ќелав, во неговиот претходен лик и форма, и му го рече истото како и на шугавиот, а тој му возврати како и првиот. Мелекот му рече:
- Ако лажеш, Аллах нека те поврати во онаа состојба во која се наоѓаше претходно.

Потоа дојде кај слепиот во неговата поранешна форма и лик, и му рече:

- Јас сум сиромашен, останав напуштен во своето патување, и никој освен Аллах не е во состојба да ми помогне, па ти направи го тоа. Затоа, те молам во Оној кој ти го подари видот да ми дадеш една овца, за да се потпомогнам со неа на своето патување. - Тој му одговори:

- И јас бев слеп, па Аллах ми го врати видот, земи колку што сакаш, а остави ми исто така колку што сакаш. Се колнам во Аллах, нема ништо да ти забранам да земеш, поради Моќниот и Голем Аллах џ.ш.!

Мелекот тогаш му рече:

- Задржи го сиот твој имот. Вие бевте само искушувани. Аллах е задоволен со тебе, а гневен на твоите двајца другари..." ( Бухари и Муслим)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.