![]() |
|
За Иконите (само текст, без слики!) |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2425262728 57> |
Автор | |||||
semkarot ![]() Нов член ![]() Регистриран: 26.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 20 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Зошто единствената икона спомната во Библијата е Иконата на Сатаната?
|
|||||
![]() |
|||||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Никаде во постот директно не спомнав дека се „обожуваат“ иконите туку го реков ова:
Ти тоа можеби си го поврзал со ова моја изјава:
Ако се гледа од поширок аспект, да, може и така да се свати. Тоа почитување на иконите да се поистовети со обожување, затоа што не секој подеднакво ја почитува некоја икона. Некој онака, дури несвесно, само пали свеќа пред неа, без да знае што конкретно прави (значи се самозалажува дека станал помил на тој светец или во крајна линија на бог). А некој навистина ја „обожава“ некоја икона, се клања пред неа, постојано ја моли ... Да повторам уште еднаш, но со малку други зборови за да бидам подобро разбран. Значи, јас забранувањето на бог да се почитуваат или обожаваат други предмети,слики, икони ... ја согледувам како намера на бог да го насочи верникот само и исклучиво кон почитување на еден бог. За се што му треба на верникот (за зло или за добро) да му се обраќа (да му се моли) само нему лично, а не преку некои посредници, па макар тие биле и луѓе кои со своето однесување и делување станале светци и биле „блиски“ до бога. Единствената врска на човека со бог треба да биде индивидуална, преку молитвата, и тоа не сите да го слушаат како се моли, туку доволно е во себе да го чини тоа, и не преку трети лица. Токму ова е суштината на монотеизмот.
Го разбирам вашиот космополитски став во однос на гледањето на православието. И јас се согласувам со вашето мислење дека така треба да биде. (btw. Махатма Ганди во една прилика имал речено дека ако христијанството не било поделено, тој цела Индија ќе ја преобрател во христијанска) Но, која е реалноста во рамките на православието? Тоа е поделено според државата каде опстојува соодветната црква, што не е добро за самото православие. Во рамките на Македонија, и јас би прифатил да има икони на кинески, арапски, па и грчки, доколку проблемите со кои МПЦ денес се соочува не се предизвикани токму од тие национални поделености и од експанзионистичките претензии на грчката православна црква. Таа на секој начин гледа да го наметне своето влијание, а ова со иконите е само еден од тие начини. И не само да го наметне своето влијание, таа (ГПЦ) гледа да го уништи македонското православие и се друго што е македонско. А вие, „не гледате ништо лошо во тоа“!?!?!? Не си дозволувајте еден атеист да ги брани интересите на православието во Македонија. btw. јас иако сум атеист, апсолутно ја уважувам и ја ценам улогата на православието во Македонија во очувувањето на македонскиот идентитет, на македонското битие. |
|||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||
![]() |
|||||
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Не ми е јасно зошто ми се ставени на пендинг апрувал моите постови со кои дебатирам со Евангелос околу Неракотворната икона?
![]() Мислам, човечки разговараме за чудата на Исус кои едноставно не можеле да бидат запишани во Библијата, меѓу кои и оваа икона (во склоп на тема) угоден разговор од убавина...Што е финтава? Сметам некому? Изменето од maria_magdalena - 23.Октомври.2008 во 13:00 |
|||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||
![]() |
|||||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Со самиот факт дека на форумов има членови кои се припадници на разни конфесии, како и атеисти, неминовно е дека ќе има спротивставени мислења и дискусии. Секој има право да каже зошто во нешто верува и ли не верува. Притоа секако дека ќе се изнесат аргументи кои се во спротивност со нечие верување, убедување, но тоа не значи дека се сака да се омаловажи истото. Не би било добро да се изнесуваат работи со кои ќе се навреди личноста, како на пример: „ Ти не си нормален што веруваш (или не веруваш) во такво нешто“! Или нешто слично на ова. Пред се тоа не би било добро за самиот пишувач, бидејќи сите останати имаат можност за секого да видат и да оценат каков е. Но, барем засега јас таков пример немам сретнато. Затоа не би било на одмет да се даде малку поголема слобода во изнесувањето на своите гледишта.
|
|||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||
![]() |
|||||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Gledistata na dvete strani (treba i ne treba) se veke izneseni. Treba da pocnes da citas od pocetok. Изменето од Maran Ata - 23.Октомври.2008 во 13:21 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
![]() |
|||||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Православните го држат Божественото Апостолско Свето Предание, она што Христос усно поучувал и го предал на Апостолите, Апостолите на нивните ученици, тие ученици на следната генерација ученици… се така до ден денеска. Затоа св.ап. Павле за Светото Предание вели: 2 Солунјаните 2, 15 И така, браќа, стојте и држете ги преданијата што ги научивте било преку нашето слово, било преку нашето послание. 2 Солунјаните 3, 6 Ви заповедам, браќа, исто така во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат кој живее неуредно, а не според преданието што го добивте од нас! 1 Солунјани 4, 1 И така, браќа, ве молиме и ве заколнуваме во Христос Исус, онака, како што научивте од нас како треба да живеете и да Му угодите на Бога, како што и постапувате, с# повеќе во тоа да напредувате; 1 Солунјани 4, 6 и да не престапува и го измамува во тоа братот свој; бидејќи Господ за сето тоа се одмаздува, како што ви зборувавме и сведочевме порано. Филипјаните 4, 9 И она што го научивте, примивте, чувте и видовте во мене, тоа правете го, и Бог на мирот ќе биде со вас! Изменето од Maran Ata - 23.Октомври.2008 во 14:23 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
![]() |
|||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Maran Ata, стиховите со кои спамираш по сите теми немаат врска со некакво си, како што ти го нарекуваш "Божественото Апостолско Свето Предание". Впрочем, да било тоа такво, ќе било канонизирано и ќе се нашло меѓу кориците на Божјиот Збор - Светото Писмо, а не во збирката на некои ткн. "православни преданија" кои, во многу случаи, се противречни на Светото Писмо, а чии зборови православната црква сака да им ги стави во устата на апостолите демек "они така кажале".
Сепак, од нивните канонизирани и Боговдахновени посланија и евангелија, чија Боговдахновеност ја признаваме сите христијани, ние јасно гледаме дека таму не се спомнуваат никакви икони, никакво цртање на икони, никакво поклонување пред икони, никакво целивање на икони, никакво осветување на икони, никакво кадење на икони итн. Единствена икона што се спомнува во Новиот Завет е "Иконата на Ѕверот". Зарем не ве става во мисла овој податок?
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
![]() |
|||||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
А вие вистински ако ја почитувавте Библијата, тогаш ќе ги почитувавте и тие кои ја канонизирале, зашто без нивна канонизација (благослов да се читаат само тие книги) вие сеуште ќе читавте како „џуџињата ја чувале ПЕПЕЛАШКА се додека не дојде принцот“ ![]() |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
![]() |
|||||
makarios ![]() Сениор ![]() Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Евангелос, доста си контраверзен. Велиш дека Св. цар Константин бил паган, и дека не е достоен за светител; велиш дека Вселенските Собори немаат никакво значење; велиш дека иако е востановен на Соборите канонот за иконите, дека тоа е будалесто, и дека Св. Јован Дамаскин бил анатемисан?! ![]() Од друга страна - велиш дека Светото Предание да било од Бога, ќе било канонизирано. Канонизирано, од кого? А Светото Писмо од кого е канонизирано? Толку ли не можеш да сфатиш, оти преданието од Отците не е завршено, та да се канонизира. Преданието се гради и ден денеска. Светото Писмо е дел од преданието што ни го оставиле апостолите. Во него е запишано се што ни е потребно да знаеме за нашето спасение. Но, уште на почетокот се јавиле разни толкувачи, кои придодавале човечка мудрост во Божествениот збор. Затоа, Светите Отци напишале еден куп книги за правилно толкување на Светото Писмо. Сето поимање на истото, ако отстапува од учењето на Отците - е празно. Барате цитати од Светото Писмо, ви ги вадиме, и ви ги потенцираме, а потоа велите дека тоа нема врска и дека тоа не е така! Прво бараше каде пишувало дека имало херувими и каде пишува дека се кадело. Откако ти покажавме, рече дека тоа се глупости и дека тоа било старозаветен обред. Ти беа посочени и цитати, каде што Свети апостол Павле, не само што вели, туку и заповеда да се прими преданието оставено од Христос, а пренесено преку апостолите, и тоа каде да се прима - во срцата. На истото место кадешто пребива и молитвата. Уште еднаш, Светото Писмо произлегува од Црквата, а глава на Црквата е Христос. Вие ја градите обратната логика: градите црква, врз основа на Светото Писмо. Кој е глава на таквата црква? Зарем тоа не е идолопоклонство? п.с. Можеби малце излегов од рамките на темата, ама, овие работи се тесно поврзани, и за да се разбере животот внатре во Црквата, мора да се објаснат сите овие работи, и да се види нивната поврзаност и значење за животот на православниот христијанин. |
|||||
![]() |
|||||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
И мене оваа работа ми е доста контраверзна. Ама ептен. Барам задоволителен одговор - но немааааа! Изменето од Maran Ata - 23.Октомври.2008 во 15:21 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
![]() |
|||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Светото Писмо не било канонизирано ни од паганинот Константин, ниту на вселенските собори, ниту од ексомуницираниот и анатемисаниот Јован Дамаскин. Но сепак канонизацијата е друга тема. Тука темата се иконите, а вие гледам, немајќи одговори, лукаво се обидувате да избегате од таа тема Ајде да се задржиме на она што ни е заедничко. Јасно е дека за нас библиските христијани само Библијата е Боговдахновено Божјо Слово, а за вас таа и плус една библиотека од православни преданија. Ајде да се задржиме за она што и нам, и вам ни е Боговдахновено слово. Ајде да се задржиме на она што ни е заедничко. Заедничкиот јазик од сегакош бил добра основа за квалитетна дискусија.
Од канонизираните и Боговдахновени посланија и евангелија, чија Боговдахновеност ја признаваме сите христијани, ние јасно гледаме дека таму не се спомнуваат никакви икони, никакво цртање на икони, никакво поклонување пред икони, никакво целивање на икони, никакво осветување на икони, никакво кадење на икони итн. Единствена икона што се спомнува во Новиот Завет е "Иконата на Ѕверот". Зарем не ве става во мисла овој податок?
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
![]() |
|||||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Епа оти ти во темата Предание до сега не даде одговор на ова? Милион пати ти беше кажано, ако ние „неуките“ ништо не знаеме и историјата лаже, тогаш дај брате просветли не. Нели во тек е постапката да те канонизираме? Па можеш да почнеш со нашата просвета, ама почни од објасненија за канонизацијата на Светото Писмо - кој, каде, зошто канонизирал? А колку до темата, еве една убава фреска да ве потсети за кого Господ сето ова го претрпе (за сите или само за избрани?) ![]() |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
![]() |
|||||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Komentirajte za temite, a ne za komentatorite.
Apsolutno e vo red da imate razlichni veruvanja i ubeduvanja, no ne e vo red da gi potcenuvate ili omalovazhuvate onie koi ne se sl*gaat so vas. Изменето од Messenger - 23.Октомври.2008 во 18:22 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
![]() |
|||||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
А бе ќе почнам јас да банирам... само тоа му е лекот!
ТЕМАТА Е - ИКОНИТЕ!!! Преданието има посебна тема. Евангелос - дали мислиш дека ако уште еднаш го кажеш својот став, дека нешто ќе смени во одговорот кој ќе го добиеш?! |
|||||
Do what is right, come what may...
|
|||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2425262728 57> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |