|
Критична маса ... |
Внеси реплика | страница 123 5> |
Автор | |
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 23.Октомври.2008 во 10:38 |
Критична маса....
Во ООН членуваат 192 држави...практично сите меѓународно признати и независни држави на планетава...(освен Ватикан)... Во главно се работи за национални држави...или барем држави кај кои се знае кој народ е носител на државноста... Но има и многу народи кои немаат своја држава... к*рдите се неколку милиони... но немаат своја држава.. Ги има и други... Се прашувам... Има ли Македонија критична маса на народ (без да ја нагласувам националноста) кои ја сакаат својата држава... Македонија...за таа да може да опстои... Дали народ како Македонскиот е способен да има своја држава... Без некој од надвор да му помага во тоа... Колку Македонци чекаат со години во ред пред Бугарска амбасада за да земат бугарски пасоши... си го ценат или знаат идентитетот...???!! си ја почитуваат сопствената држава и интереси...?? Колку Македонци се најголеми патриоти само кога ќе се преселат во друга држава, па од таму продаваат приказни за патриотизам и како тоа треба да се води државата...а немаат абер некогаш да се вратат да живеат во Македонија... Колку Македонци ги полнат швајцарските банки со државни пари... Колkу "Вранишковски" постојат... Колку има такви како Љупчо Георгиевски... Колку многу душата ќе си ја продадат ... правејќи се Европејци.. заборавајќи дека никој не сака подлизурковци... па дури ни старата к***.. Колку името ќе си го сменат за еден е**н одмор во Грција... Колку Македонци има во Македонија... Има ли, воопшто, критична маса... |
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
добро поставено прашање...иако одговорот и сам го знаеш...ама си велиш ај нека потврди некој за да бидам сигурен...можеби и не е се така црно како изгледа...за жал имаме патриоти кои помодреле од лупање во гради а основа цел на нивниот патриотизам е висока позиција и нешто да се ушиќари...имаме стечајци кои лежат по паркови и пак одново си дозволуваат да бидат излажани...имаме гастербајтери кои ќе дадат 2 долари за да биде македонија,,олрајт,, имаме уште многу други чуда ама Македонци за жал немаме...нашите од дијаспората ќе ни го кројат животот со нивните гласови,патриотите со бугарски пасош во џебот ќе ни раскажуваат како сме ние во оаза на мирот и како се е убаво ама ние за инает велиме дека не е така,како државниот буџет достигнал астрономски бројки,нас светската криза не ни може ништо...а нашата критична маса паднала во длабок сон од тооолку убави приказни |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
butel2
Сениор Регистриран: 26.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 4138 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zalno no vistinito ..kaj nas vladee mislenjeto deka pravite makedonci se ovie ili onie, i koga ednite sa najglasni vo kritikite na drugite, koga ke gi zamenat na stolcinjata go pravat istoto ... a naradot i za toa ima opravduvanje --- e sto , onie da ne bea podobri... i taka ....
zalno sto osobeno mladite koi najveke treba da se zagrizeni za svojata idnina, ja svakaat demokratijata samo kako poveke partiii, izlezi da glasas za koja mislis i tolku.... do slednite izbori zalno sto imavme drzava so seta legitimnost, zboruvame za nacionalni cuvstva i identitet, a go rasfralme za evtini pari i ocigledno ne sme svesni za toa , od republika na makedonskiot narod i naciolnite malcinastva koi ziveat vo nea, stanavme multietnicka drzava ( koja multietnicka koga samo albancite ni zastanaa rame do rame a drugite nacionalnosti kako da ne postojat) , a vo najskoro vreme ako ne ni se sluci otcepuvanje, ama federacija ne ni bega vazno imame "najdobra vlada" mlad , pameten, perspektiven premier koj odlicno si ja vrsi rabotata , a narodoto uziva sreken vo svojata beda i nemastija |
|
Zajcef
Сениор TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не ние не заслужуваме држава тоа е сигурно!Таа критична маса кај нас се активира само доколку изгубиме слобода се дотогаш е во хибернација.Денешниот ден нека продолжи да се слави како доказ за неспособноста на македонецот да живее сам со себе!Од 1014година-1991година Македонците живееа под робства или управување на други држави-И функционираа одлично.Формираа братства,беа сложни и во најголемите маки низ нашата историја,формираа револуционерни организации(затоа го спомнав денешниот ден)и земаа активно учество во нив,се бореа и гинеа за Македонија...
Значи скоро 1000години тие функционираа добро се додека не добија своја држава за која се бореа тие (скоро)1000години!Од тогаш македонците веќе ебени 18години не можат да се согласат ни за прашање како видот на градски автобуси!Скоро ја уништија својата држава го продадоа нејзиното име,ја вовлекоа во војна,ја распродадоа нејзината историја,наскоро повторно ќе ја вовлечат во војна и ќе дозволат да биде поделена... Јас велам РОБСТВО!Да се почуствуваме повторно како Македонци.... Изменето од Zajcef - 23.Октомври.2008 во 14:40 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Штом сеуште опстојуваме како држава, критична маса мора да има.
Дали нашиот опстанок како Македонија ќе продолжи или не, зависи од многу фактори, кои се повеќе водат кон намалување на критичната маса. А под критична маса, знаеме не смее да се оди!...
Покрај факторите кои претходно ги спомна, тука се и голем процент од нашите националности кои ја сакаат државата, ама својата матична: Албанија, Србија, Бугарија... Голем процент македонци кои патат по поранешната ни Југославија и никако не можат да се идентификуваат како Македонци... Голем процент на анационални граѓани кои не познаваат термин “национално чувство и патриотизам“ и за кои е сеедно дали ќе бидат Македонци или Марсовци... Немање единствена национална стратегија која ќе ги дефинира нашите национални интереси и приоритети...
И плус, огромна апатија, малодушност и сервилност кај голем дел од населението. Сето тоа ја отапува националната свест, не прави полтрони и пасивни набљудувачи на сопствената судбина.
Јас се прашувам, како што се прашувал еден паметен политичар на времето, што ние можеме и што правиме за нашата држава? Не за власта, не за политичарите, туку баш за ДРЖАВАТА, од која толку многу очекуваме? Дали државата ја поистоветуваме со власта, која и да е, па кога сме незадоволни од власта, сме незадоволни и од државата и и вртиме грб? Власта е минлива и против неа можеме да се бориме, ама против државата и државните интереси не смееме ни да помислиме, ако сакаме да опстанеме во ова лудо време!
Колку секој од нас си ја познава сопствената историја и колку ја цени, колку секој може да придонесе за државата на свој начин, не чекајќи некој друг тоа да го стори за него, колку секој од нас претпочита благосостојба пред чесност, патриотизам и национален дигнитет?
Оти лесно е да бидеш богат и да се чукаш во гради, тешко е кога човек нема и за сол, па пак не го губи достоинството и љубовта кон државата во која се родил... Ај баш денеска, на празников, да се запрашаме: живееле ли нашите револуционери во луксуз и благосостојба, возеле ли џипови, имале ли конта во швајцарски банки... па што толку многу направиле за нас и не задолжиле со своите дела? Или некои од нив немале ни леб да јадат, ама сепак не плукале по Македонија туку и гинеле за неа, во сета беда и сиромаштија во која живееле!... Гинеле луѓето за идеали, еееј, а ние денес ни она што имаме не знаеме да си го сочуваме!..
Каде ни исчезнаа идеалите... упм...???...
|
|
Vladimir88
Сениор "Arbeit macht frei" Регистриран: 20.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4349 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За повеќето работи самите сме си криви. |
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да.Македонката маса е најкритична.
Изменето од orlov - 23.Октомври.2008 во 18:42 |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
biljana.madrid
Сениор Прилепчанка Регистриран: 22.Ноември.2007 Локација: Spain Статус: Офлајн Поени: 358 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Neprijatelite treba da gi barame megu nas a ne megu, citiram ¨Македонци се најголеми патриоти само кога ќе се преселат во друга
држава, па од таму продаваат приказни за патриотизам и како тоа треба да се води државата...а немаат абер некогаш да се вратат да живеат во Македонија...¨ Gluposti.... Sekogas drug ni e kriv... Ili sakame da gi lechime svoite frustracii zosto ne sme zaminale stranstvo pagajki nisko so rechenica kako tvojata...
Nekoi temi e nevozmozno da se prokomentiraat zatoa sto nekoi ¨SUPER PATRIOTI¨veke od pòchetok ke ja zatrujat...
Zatoa nemam komentar i za ovaa
Изменето од biljana.madrid - 23.Октомври.2008 во 19:05 |
|
Прилепчанка
|
|
Јордан Шумарот
Сениор Регистриран: 08.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 230 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
одлично којсумјас... и јас почвам да се прашвам истото...Сум можел да избегам од овде.. но сум останал.. сега сваќам колку сум глуп и тврдоглав.. колку сме мизерни и безкичмењаци... и јас мислам дека не заслужуваме држава.. уствари не ни знајме кај тераме...
|
|
Zajcef
Сениор TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во пропаст-кај може да тераме?!Туку ај да бидеме хепи малку сепак опстојуваме 18години-последната република ни траеше 10 дена така да ова не е малку...
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
а зошто па вие иселениците толку се навредувате од коментарите како овој на којсумјас?
Ајде објасни ми ти мене како може еден наш иселеник во Австралија да има право да гласа на избори во Македонија а при тоа 20 години да не се вратил во државава.И со кое право тој да ми го крои животот мене?Последиците од нивното гласање ќе ги почувствуваме само ние ,во Македонија.
Не сакам ни да размислувам колку се тие информирани за актуелната ситуација во државава.
Од ваша перспектива тоа е супер.Ќе го дадете вашиот глас и ќе придонесете(кобајаги)нешто за државата која сте ја напуштиле,а ние пак таквите експерименти ќе ги почувствуваме на сопствената кожа и можеби скапо ќе ги платиме
|
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Biljana....od Madrid... Види сега... Бидејќи во Шпанија железничарите имаат мали плати... здравството е никакво... економијата е тапа... предлагам на следните избори да гласаш за Републиканската партија и Ангела Меркел... Молам...??? Нема републиканска партија во Шпанија...???!!! Како не бе...! ..има..има.. Како...??!! Ангела Меркел не е од Шпанија... Ајдеее.... Па, каде ли живееш ти ...!!! Што велиш...Економијата е добра...Ама ти изгледа поим немаш... Знаеш што ...полека ...ќе се разбереме.. Политиката ти е како шах... Кога гледаш од страна подобро гледаш... Кога играш ..не ти се гледа се... Затоа на Каталонците да им дадете излез на море... Како...???. Барале автономија... првпат слушам... И те молам... Па ти направи дека сме 2 000 000 народ овде во Македонија исфрустрирани затоа што не сме можеле да одиме во странство...неспособни едни... гастербајтери да сме ти биле ние...да го видиме Мадрид...Париз да го видиме...балканци едни... низаедни исфрустрирани од сопствената неспособност да заминат во ветената земја... па сега ни се виновни оние што толку многу си ја сакаат својата држава... што морале да одат на гастербајтерска работа...исфрустрирани од сиромаштијата во сопствената држава... да видат Мадрид.. Париз да видат... во Лондон чајче да си пијат.. Пари да заработат и да се вратат тука ... пари да дадат за татковината.. што толку си ја сакаат.. па дури избегале од неа... зошто балканци не се тие... туку европејци да ти биле.. со Европски манири... Туку друго ми е поентата мила Биљана од Мадрид...Париз..Тороонто ...Манитоба..Црни Врв..(упс..)..what ever... Зборувам за критична маса на Македонци... Ти...!!!??? не ќе да си во таа група... P.S.No1. Ќе заборавев за малку...Кога ќе има гласање во Шпанија следниот пат да гласаш за Меккејн..да, да..не прашувај зошто...само гласај... и не ги слушај комуњариве... Гоцета го отепаа 48-та ...на Голи оток... даа.... P.S. No2. Уште нешто предлагам... СИТЕ ДА ОТИДИМЕ ВО СТРАНСТВО...Во Македонија да останат само политичарите...Ќе си гласаме редовно..уредно...и супер.. Само едно ме плаши...Какви што ни се политичариве... Да не си најдат па друг народ... А уствари уште поубаво... Ние од странство ќе има кого да заебаваме... Ко ќе коме ако не свој своме.. е па не преведувам... сите знаеме барем еден странски јазик... Изменето од којсумјас - 24.Октомври.2008 во 09:20 |
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
anastea... Во политиката нема поезија... Политиката си е последица од економијата.. Политиката си ја водат тие што имаат пари... За пари... нормално... Тие што немаат пари...ни леб да јадат... не можат многу да направат за својата држава... што би можеле..???!!! Но затоа тие што имаат...што возат џипови... и тоа како можат... ама сакаат ли...??!!!! И политика .. се води со ладна глава... нема тука чувства... уште помалку идеали... само интерес... Да не излезе дека сум off topic за тема што сам ја започнав... ама дел од поентата беше и тоа... колку има критична маса на Македонци кои сакаат своја држава.... и ваква држава... за да можат да креираат политика која ќе овозможи опстојување на достоинствена држава.. и достоинствен живот... а патриотизам...и празен стомак.. тешко дека одат заедно... Изменето од којсумјас - 24.Октомври.2008 во 09:32 |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
nastea...
Во политиката нема поезија... Политиката си е последица од економијата.. Политиката си ја водат тие што имаат пари... За пари... нормално... POLITIKA VO DRZAVITE, E ORUZJE NA EKONOMIJATA, NISO VISE NISO MANJE KOJA DRZAVA KAKO KE GO UPOTREBI ORUZJETO TAKVA EKONOMIJA KJE IMA TOA E EDNO VIKAS DALI IMA MAKEDONCI IMA I TOA KJE TI KAZAM KAKVI PRED RAMNO 15 GODINI, NASIOT CENET BRANKO DOJDE NA VLAST I NEGOVATA IZJAVA BILA nie kje se bavime so politikata i direktorite kje se bavat so ekonomija pogolema glupost se nema istreseno vo istorija na covectvoto so toa pocna da se jebava nasata drzava baras makedonci koi ja sakat drzavata????, nemozes da najdes makedonski lideri koi ja sakat pa ti najde za obicnite lugje pozdrav Изменето од anakin - 24.Октомври.2008 во 09:28 |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
Внеси реплика | страница 123 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |