IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - БИЗНИС ВЕСТИ, НОВОСТИ, ИНФОРМАЦИИ...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

БИЗНИС ВЕСТИ, НОВОСТИ, ИНФОРМАЦИИ...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 36>
Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: БИЗНИС ВЕСТИ, НОВОСТИ, ИНФОРМАЦИИ...
    Испратена: 21.Октомври.2008 во 02:40

Ќе ја отворам темава со една неубава вест:


Регулаторната комисија за енергетика до крајот на неделава ќе одлучи за колку проценти од 1 ноември ќе поскапе струјата за граѓаните и за малата индустрија. Новиот процент за кој ќе се коригираат сметките ќе биде микс од барањата на трите енергетски компании, ЕЛЕМ, МЕПСО и на ЕВН - Македонија, кои последователно во период од еден месец поставија барања за зголемување на цената на струјата. ЕЛЕМ побара корекција на производствената цена на електричната енергија за речиси 77 отсто, МЕПСО бара двојно зголемување поради повисоките трошоци при транспортот, а дистрибутивната компанија ЕВН-Македонија бара струјата да поскапи за девет проценти.

Регулаторната комисија за енергетика, како што неофицијално дознаваме, ќе одобри зголемување на цената на струјата најмногу за 15 проценти. Дека е неизбежно струјата да поскапи беше заклучено и на неодамна одржаниот Меѓународен енергетски симпозиум во Охрид. Енергетските експетри тогаш предочија дека Македонија има најниска цена на електричната енергија во регионов. Експертите сметаат дека корекција мора да има ако сакаме да се подобри состојбата на енергетскиот пазар што со години е во криза поради немањето финансии за нови инвестиции.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 02:52
 
 
Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) ќе почне со изградба на станови за да ги урне високите цени на квардатниот метар: 1000 комерцијални станови во Скопје и 500 во Битола, по цена од 800 евра за квадратен метар. Според него, ова е релативно ниска цена и се разликува од цените на станбен квадрат што во моментов ги продаваат други градежни компании. На пазарот на недвижности, цените на станбен квадрат во Скопје се движат од 800 евра па нагоре. 
Покрај комерцијални, ЈПССДП ќе гради и социјални станови, како и станови за деца без родители. Покрај 102-та социјални стана во Ѓорче Петров и 29-те во Македонска Каменица, што се во фаза на градба, до крајот на годинава ќе се почне со изградба на такви објекти и во Кавадарци, Кочани, Крива Паланка, Охрид, Кичево и Штип, а од идната година и во други градови.

Поради високиот квалитет во изведбата на станбената изградба, на ЈПССДП вчера му беше врачен сертификатот ИСО 9001:2000 од страна на реномираната сертификациона куќа Сосиете Женерале од Женева.
- Со овој сертификатот ЈПССДП е вброено на листата на доверливи испорачатели на услуги и меѓу најпознатите светски фирми и јавни претпријатија... Ова е прв сертификат за јавно претпријатие во Македонија и се надевам дека ќе биде поттик и за другите - рече Маринко Копола од СГС.

Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 14:40
 
Еве една најнова информација за брендирање на Македонското вино...
 
  Денес се разговараше за маркетинг на македонското вино во Европската унија. Најголемиот проблем кој го посочија претставниците од винарските компании е брендот и промоцијата на македонското вино.
Прашањето беше ...како да се скрои стратегија за маркетинг на македонското вино која би функционирала во континуитет...
 
 
“За таа цел во иднина владата на Македонија, посебно министерството за земјоделие ќе пристапи кон законско уредување на оваа сфера за да се овозможи полесна препознатливост и полесен помин на македонските вина на Европските пазари“,
Министерството за земјоделие ќе продолжи со поддршката на пласманот на виното во делот на првопромоција преку посета на многу саеми, манифестации како и промоција на македонското вино до одредени трговски куќи.

Претставниците на винарските компании изјавија дека Македонското вино не претставува бренд на Европските пазари, како и тоа дека со поединечно претставување на пазарот успехот на компаниите би бил многу мал. Нивниот заклучок е дека мора да се гради заеднички бренд од Македонија ....

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2008 во 00:44
Владата прераспределува 74 милиони евра од буџетот
 
Околу 74 милиони евра буџетски пари ќе се прераспределат меѓу државните институции, поради потребата да се обезбедат пари за проекти кои мора да се реализираат годинава. Нови социјални станови, доизградба на Градскиот трговски центар и на стадионот во Скопје, инвестиции во железницата, пари за МРТВ и за државниот преносен оператор МЕПСО - на ова треба да се потрошат дел од предвидените пари. Владата планира да набави и 25 противпожарни возила, три авиони за гасење пожари, посебни возила за спроведување на осудени лица, нова информатичка опрема за судовите.
Владата со предлог одлуката им ги крати буџетите на повеќе државни институции. Се одземаат пари од Министерството за економија, од Министерството за правда, за животна средина, образование, труд и социјала, здравство, култура, но и од Секретаријат за европски прашања, од Уставниот суд, од Министерствата за одбрана и за надворешни работи, а се пренасочуваат во државните фондови. Владата му одзема пари и на претседателскиот кабинет. Во делот за патни трошоци на претседателот скратени му се повеќе од 8. 000 евра. Од неговиот кабинет велат дека со оваа постапка Претседателот се ограничува во водењето на надворешната политика во клучен период за државата. Дали на ваков начин Владата го ограничува претседателот во вршењето на должноста, прашуваат од кабинетот од каде тврдат дека за пренамената претседателот не бил консултиран ниту дал согласност.
 
 
 
Како е можно во време на интензивно грчко лобирање по странство, да се одземаат пари од буџетот на МНР, во време на натрупани економски проблеми да се одземаат пари од Министерство за економија... и да не редам, за да се дадат на доградба на ГТЦ - Скопје, на пример?...изненадување
Каква глупава одлука!...
 
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2008 во 01:19
 
 
Владиниот Секретаријат за европски прашања - СЕП ќе добива помош од Германското друштво за техничка помош (ГТЗ) за подобрување на правната рамка на македонската економија за нејзино вклучување на европскиот пазар. Договорот за спроведување на проектот го потпишаа вицепремиерот за европски прашања, Ивица Боцевски и директорот на ГТЗ, Улрике Ганцер-Сомер.
- На овој начин како држава влегуваме во подлабоко ниво и во однос на самиот процес и во однос на самото усогласување на нашите институции и нивната подготовка за преземање на законодавството од ЕУ - нагласи Боцевски.
Ганцер-Сомер рече дека подобрувањето на законската рамка во економијата е особено важен дел за членството на Македонија во ЕУ. Таа изрази очекување во извештајот на Европската комисија да биде споменат прогресот во тие области. Проектот ќе се спроведува до крајот на 2010 година со буџет од половина милион евра.
 
 
 
Во кој извештај... во овој што го чекаме или во некој следен?...
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2008 во 01:26
 
-Рудниците "Злетово" за олово и цинк работат веќе на граница на рентабиолност, "Тораница" е тука негде, "Саса" работи добро, ние сме на граница. Ние веќе работиме во минус, како "Бучим", затоа што црвената линија кај нас е 5500 долари а денеска цената изнесува 4870 долари  - изјави Николајчо Николов, претседател на македонската асоцијација на рударство.
Со домашните рудници раководат странски газди. Русите од Бучим засега велат не планираат да си заминат од земјава, бидејќи инвестирале многу. Во меѓувреме на светските берзи од април драстично паѓа цената на металите. Ако тогаш еден тон бакар се продаваше за над 8600 долари, сега чини 4875 долари. Двојно опаднала цената и кај оловото и цинкот. Најголем пад има кај никелот од 52 на 10 илјади долари по тон. Поради падот на цената на металите, металуршките комбинати Кавадаречки Фени и Скопски легури на принуден одмор веќе испратија околу илјада работници. Со застрашувачка прогноза излезе и меѓународната организација на трудот. Како резултат на глобалната економска криза ќе се укинат 20 милиони работни места.
 
 
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2008 во 08:12
 
 
 

Еве ја реакцијата на опозицијата.....
< content=Word. name=ProgId> < content="Microsoft Word 11" name=Generator> < content="Microsoft Word 11" name=Originator>

< =text/>

Незаконска е владината одлука да се пренаменат 74 милиони евра, буџетски пари. Пратениците од СДСМ велат дека со предложената прераспределба на некои институции им се одземаат и по повеќе од 15 отсто од парите, со што директно се крши Законот за буџети.

-Кај одредени буџетски корисници има намалување и до 30% што значи дека директно се крши законот за буџетите. Исто така, буџетот претставува закон и неговата измена и дополнување исто така треба да се врши во форма на закон.

 

Владата предлага пратениците да усвојат одлука со која ќе се прераспределат пари од буџетот, со образложение дека на ваков начин се обезбедуваат средства за дозавршување на некои клучни проекти до крајот на годината. Се планира и финансиска помош на МРТВ и државната компанија МЕПСО. Од Министерството за финансии тврдат дека нема никаков законски пропуст.

-За тој тип на прераспределби нема ограничување и за нив одлучува нели Собранието на РМ како што  е конкретниот случај. Ваков вид на прераспределби се регулирани со европските директиви и се пракса во повеќето земји од европската унија во текот на извршувањето на буџетскиот процес  - вели Мартин Мартиновски, портпарол на министерството за финансии.

 

Со оваа пренамена најмногу пари им се одземаат на Министерствата за одбрана и за надворешни работи, а се пренасочуваат во државните фондови. Власта тврди дека парите се реалоцираат во консултации со институциите, иако вчера од кабинетот на претседателот за Канал 5 рекоа дека, без нивно мислење на претседателот му се одземени 8. 000 евра, пари предвидени за патни трошоци.

Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 22:58
 
 
 Kompanijata ...MEPSO...e edinstvenata drzavna kompanija koja
se naoga na 90  mesto ...na kompanii so najgolem prihod vo JIE...
Tri mesta podolu se naoga ...ELEM....Dodeka ....Okta i Makpetrol ..
od nasive kompanii se naogaat na sredinata na listata...
Na prvite mesta  se naogaat naftenite kompanii...  Ina  od Hrvatska,
Romanskiot Petrom i Sloveneckoit Petrol......
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 18:12
 
Според бeрзанските дилери, падот на вредноста на еврото се должи на очекувањата за намалување на основната каматна стапка во зоната на заедничката европска валута, како и на успорениот економски раст.
 
Аналитичарот на „Си-Ем-Си Маркетс“, Гери Томсон смета дека намалувањето на вредноста на еврото го предизвикале гласините оти Европската  централна банка до крајот на годината ќе донесе нова одлука за намалување на висината на основната каматна стапка.
 
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 02:56
 
Регулаторната комисија за енергетика во вторник ќе одлучува за колкав процент ќе поскапе струјата во земјава. Неофицијално, цената ќе се зголеми за 13,5 проценти, а се очекува одлуката на Комисијата да биде микс од сите три барања кои ги доставија енергетските компании ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН-Македонија.

Во земјите пак од ЕУ се очекува струјата да поевтини. Европскиот комесар за заштита на потрошувачите, Меглена Кунева, изјавила дека ЕК е решена да ја намали цената на струјата во Европа.

Според неа, дека предизвикот за намалување на цената на струјата ќе биде тежок, оти има дузина монополи, но изразила надеж, дека тоа може да биде постигнато, ако има конк*ренција. “Нашата цел е да се отстрани врската меѓу сопственикот на мрежата и дистрибутерот на електрична енергија, така што корисниците ќе можат да ги избираат најдобрите доставувачи. Инструментот за постигнување на таа цел е третиот законодавен пакет за енергетика.“

И додека Европа очекува намалување, нашите компании, поточно ЕВН денеска се пожали дека 13,5% се малку...
 
 
Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 06:36
чо направите бе?изненадување

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E5BB6CF53F28B647BB840B69E3F58468

не ми се веруваизненадување

файда поне не сме последниголема%20насмевка


Изменето од да бе - 25.Октомври.2008 во 06:37
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 01:08
 
И покрај сите напори што беа направени од Федерацијата на фармерите и од страна на млекарниците со посредство на Министерството, од ФФРМ велат дека дел од млекарниците не го почитуваат договореното од двете страни. Затоа, фармерите својот револот го искажуваат со масовно продавање на кравите, а во северозападнито дел од државата најавуваат за празникот к*рбан Бајрам  масовно да  заколат голем  број крави. Овие чекори, можат да се одразат на цената на млекото. Иако неодамнешните протести се ставени во мирување, според фармерите состојбата во одредени региони како битолскиот повторно е алармантна, што не ја исклучува можноста од нови протести.
Иако со посредство на  Министерство за замјоделие беа формирани работни групи  за преговори со сите поголеми млекарници, дел од нив не се придржуваа на договореното, велат од ФФРМ. Според нив, во однос на цената не се постигнаа никакви подобрувања, млекото и натаму се откупува по цена од 13-25 денари по литар, а исплатата се’ уште е нередовна. Таа доцни и по неколку месеци, така што годинава македонските фармери ниту можеа да купат навреме поефтина храна, ниту, пак, навреме да ги посеат своите ниви. 
Формираните работни групи се’ уште преговараат околу навремена исплата, земањето анализи, кантарните белешки, за предвидениот Унифициран договор и за цената на млекото.
Во меѓувреме млекото од соседните држави навлегува на македонскиот пазар со многу конк*рентни цени на нивното пастеризирано млеко поради високите државни стимулации.Како последица на тоа, во Македонија почна да се уништува сточниот фонд.  Тоа, пак, како што преупредуваат фармерите, за догледно време може да доведе до ситуација увезеното млеко да биде продавано по многу повисоки цени. Меѓутоа, во тој случај домашниот сектор не ќе може да парира, затоа што заради сегашните состојби бројката на грла говеда во државата ќе биде минимален.   
Фармерите бараат да им биде исполнето ветеното, да ги добијат државните субвенции, особено од оние млекарници чии списоци се доставени во подрачните министерства затоа што веќе многу се доцни.
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 00:53
Стопанска комора на Македонија ќе и предложи на владата системско решавање на прашањето за регулирање на побарувањата и обврските кои настануваат во односите меѓу фирмите и државата по сите основи. Стопанската комора ќе предложи создавање систем за автоматско пребивање на побарувањата на претпријатијата од државата, на централно и на локално ниво, по сите основи, со обврските на компаниите кон државата по основ на даноци, придонеси и други давачки. За таа цел се предлага донесување посебен закон за задолжителна компензација на побарувањата и обврските со којшто Министерството за финансии би се определил како надлежен и одговорен орган за прибирање на податоците, нивна обработка и реализација, односно пребивање.
 
Ќе биде предложено реинвестираната добивка во нови инвестиции и суштински да се ослободат од оданочување, а не само декларативно, со оглед дека со актуелните законски решенија се овозможува само трансформација на плаќањето на данокот на добивка на рати. На тој начин, даночно ослободување дека од данок на добивка е ослободен секој денар издвоен од нето-профитот и вложен во нови инвестиции, не ја добива вистинската функција на поттикнувачки механизам за зголемување на инвестирањето.
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 01:10
 
Дваесет милиони мажи и жени ќе ги загубат своите работни места, како последица од финансиската криза што ги зафати повеќе држави во светот. Главниот директор на Светската организација за труд, Јуан Сомавиа, изјавил дека бројот на невработени што изнесувал 190 милиони во 2007 година може да се искачи на 210 милиони до крајот на 2009 година. Според извештајот на Светската организација за труд, бројот на жители што живеат со помалку од долар на ден, можно е да порасне на 40 милиони, а тие што живеат со два долари дневно ќе порасне повеќе од 100 милиони лица. Светската глобална криза го погоди градежниот сектор, туризмот, финансискиот, како и недвижниот сектор.
 
Од секаде црни прогнози...тага
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.