|
За Иконите (само текст, без слики!) |
Внеси реплика | страница <1 1617181920 57> |
Автор | |
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Maran Ata, јас еднаш отворив цела тема за тоа што правел првосвештеникот еднаш годишно, но тоа нема врска со цитатот за кој што ме цитираш. Провидно е дека сакаш да го избегнеш моето шах-мат прашање кое го поставувам.
А кога сме веќе кај прашањата, ти ми должиш мене еден куп неодговорени прашања и затоа, за да не се надвикуваме кој колку одговорил, ако сакаш јас и ти да си поставуваме и одговараме на прашања, повели ќе отвириме една тема со ред и правила и таму ќе си поставуваме и одговараме на прашања
Ајде сега назад на тема. Кој знае нека цитира библиски стих каде што апостолите црале иконите, се поклонувале пред икони, ги осветувале, ги целивале, ги продавале, ги каделе итн. Значи зборувајте за апостолите, а не за EvAngelos Изменето од EvAngelos - 21.Октомври.2008 во 02:27 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не сме на “дај побрзај“ или “Супер Бинго“ или “Вашите 5 мин.“ за да поствуваш вакви прашања...
верата е индивидуална работа... јас верувам поучен од ЖИВАТА ЦРКВА дека св ап. Лука ј нацртал првата икона ... кој не сака не мора да верува во тоа...
Бог никој Никогаш не го видел, ама Единородниот Син и Го откри ...
Па акое така не треба и во Бога да веруваме ... пошо никој не го видел ... значи ли тоа дека не постои?
прашања на квиз ... верата е индивидуална работа за верниците,...
|
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чоек, Свети апостол Лука има нацртано икона на Пресвета Богородица.
Де кажи ми, пред малце го споменуваше Светиот цар Константин.. со кој библиски стих се споменува дека тој бил цар?! Или... според преданието, ти го позна Св. Константин дека бил цар? Слично, и за иконите, нам, кои вистински ја исповедаме верата (или, барем се трудиме вистински да ја исповедаме, и своето знаење го црпиме од Светите Отци на Црквата, кои ги има и ден денеска), оставено ни е во предание, со иконите да се однесуваме така, како што погоре е опишано од православни корисници на форумот. За волја на вистината, во Светото Писмо, има цитати, каде што Бог наредува да се направат сеници на херувими. Имаше и други моменти, ама одамна не сум се расчепкал по тоа книгите. |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве еден цитат:
Таму Јас ќе ти се откривам и ќе говорам со тебе… меѓу двата херувима кои се над ковчегот на откровението, за сè што ќе им заповедувам преку тебе на синовите на Израил |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова е догматот усвоен на Седмиот вселенски собор:
„...Со секоја грижа и обѕирност определуваме, светите и чесни икони да се предложуваат за поклонение, а исто така и изобразбата на чесниот и животворен Крст… Колку почесто преку иконите се созерцуваат ликовите на Господ Исус Христос, на Пресвета Богородица, ангелите и светите, толку почесто, гледајќи ги тие икони – луѓето се побудуваат да си спомнуваат за самите првообрази и да стекнуваат поголема љубов кон нив. Да ги чествуваат со целивање и поклонување (но, не со богопочитување, кое ѝ припаѓа само на едната Божествена природа), туку со почитување… со тимјам и палење свеќи… Зашто, честа што му се воздава на образот, преминува кон првообразот…“ |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не сфаќам каде во овој стих се вели дека апостолите се поклонувале пред икони, целивале икони, се молеле рпед икони, продавале икони, осветувале икони, палеле кандила на икони? Каде? Бидете ве молам прецизни во одговорите
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па ти си толмач на Светото Писмо, според својот ум, а не како што велат Светите Отци, така што, можеш да ни истолмачиш каде е :)
Потруди се, одговорот е таму, во тие стихови, ај ќе ти дадам фора неколку денови, ако не може да се снајдеш, ќе идеме делче по делче. |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Точно така, јас сметам дека Светото Писмо е Божја објава до секој човек, до обичните смртници без ореоли на главата, а не само на одредени привилегирани ткн. "свети отци" преку чие толкување вие православните ја примате Божјата објава.
Да не сакате да кажете дека е забрането да се чита Библијата и да се расудува со свој мозок?
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ептен се расплинуваш во муабетите. Поставуваш многу прашања, кои заслужуваат скроз нови теми. Да се сконцентрираме на иконите.
Ти посочив цитат, ти извадив делче од Седмиот вселенски собор, и те прашав да ми најдеш библиски стих, во кој се кажува дека Св. Константин бил цар (ова нема врска со темата, но е суштинско за да разбереш некои работи). |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Точно така, ти проба да го заобиколиш моето едноставно прашање со Константин и со седмиот вселенски собор, но тоа не беше одговорот на моето едноставно прашање. Нејсе, кога ќе ми најдеш библиски цитат каде што апостолите користеле икони, врати се на темава, а се до тогаш, поштеди ме од фаќање кривини. |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Евангелос - пак велам - тоа е твојот став.
Затоа што ние имаме став дека Светото Предание е истотака Божја Реч. Ти не. Соодветно - никогаш нема да најдеме заеднички јазик по тоа прашање. Многу едноставно. Ако ние го прифатиме твојот став за иконите, значи да негираме Божја Реч која ни е предадена преку Преданието. Ако ти го прифатиш нашиот став за иконите - тогаш тоа значи да го прифатиш и Преданието - а тогаш тоа ќе значи да се откажеш од сегашните свои убедувања. За исти стихови во Светото Писмо имаме различно разбирање - ти велиш не се однесуваат на икони, ние велиме дека се однесуваат на икони. Еден ист стих е во прашање. И? Кој е во право? |
|
Do what is right, come what may...
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ев, ако сум во заблуда, разобличи ја мојата заблуда.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ете затоа zidarski јас правам разлика меѓу библиските христијани и православните. Мило ми е што конечно сам ја увиде разликата. Библиските христијани веруваат дека Библијата е Божјиот Збор, додека пак православните веруваат дека Библијата е само едно скромно делче од огромната библиотека на православни преданија кои тие исто така ја нарекуваат Божји Збор. Дали тоа е Божји или човечки збор, сум зборувал многу на другите теми. Сепак важно ми беше да ја разбереш разликата меѓу библиските христијани и православните.
Кој е тој стих? Во Библијата не пости ниту еден стих кој нуди двосмислено значење околу иконите. Нема никаде да најдете во Библијата како библиските личности се поклонувале пред икони, како продавале икони, како се молеле пред икони, како осветувале икони, како палеле кандила пред икони или сл. Такво нешто нема во Билбијата. Можеби во вашите православни преданија има, но не и во Библијата. Да имаше такво нешто во Библиајта, ние библиските христијани ќе бевме првите што ќе користевме икони. Но ете, за жал или не, такво нешто нема во Библијата.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На која библија се повикуваш? Пошто ја пишуваш со голема буква, претпоставувам - на Светото Писмо. Ајде прочитај, пред малце ти објаснив дека Светото Писмо не е „изворно“ христијанско.
|
|
Внеси реплика | страница <1 1617181920 57> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |