|
Деца со посебни потреби |
Внеси реплика | страница <1 910111213 18> |
Автор | |
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Верувам дека е многу е тешко и за двајцата. Само се надевам дека набрзо ќе најдат решение, а исто така и не верувам дека ова е единствен случај во нашава ни мила државичка.
|
|
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се надевам само дека ова ова брзо време ќе биде вистина.
Ќе биде!!! е најкористената реплика од сите релевантни институции, ама кога е проблемот. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...vakvi morbidni sliki gledame vo nash*te zapusteni sela... a vo gradovite slikata e malku po sofisticirana... jas na obrazovanie otvoriv tema za sorabotkata na socijalnite sluzbi so obrazovnite institucii tokmu zaradi vakvi slucaevi...
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... Ministerot Pero Stojanovski ocekuvam vo najskoro vreme da go vidam na TVeto i da dade izjava...kako shto dade i za uspeshata upisna godina na disperziranite fakulteti...za akcija na vrabotuvanje na visoko obrazovnite kadri koi zavrshile na nedespirziranite fakulteti... i toa kadri koi kje pridonesat da se normalizira sostojbata i kje se vidat na delo intenciite za moderno obrazovanie... samo trebaat defektolozi za uspeshno opfakjanje na decata so POP... za "ucenje na zivot" ne za pokrivanje na brojkite na pomalite oddelenija... ne mora da se vo ucilishtata...neka se mobilen tim vo lokalnata samouprava koi kje doagjaat po strogo utvrden raspored... |
|
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да вакви случаи може да се сретнат во помалите места и сигурно ова не е единсѕвен случај. Во поголемите градови точно пософистицирано е , но и овде има родители кои своите деца ги чуваат затворени во своите домови и кога ќе дојде ред да оди во училиште детето манифестира агресивност и отпор. Па нормално кога претходно не бил соочен со нешто поразлично од неговиот дом.
Факт е дека детето со било какви ПОП доколку се третира од самото дијагностицирање (од најмала возраст), дотолку напредокот ќе биде поголем и интеграцијата во општествента средина помалку болна. Родители не се плашете од тоа кој како ќе реагира на вашето дете кога ќе излезете да се прошетате во Центар или парк,не им замерувајте на луѓето кои не знаат како да се однесуваат, бидејќи немаат никакви информации или имаат слушнато само негативни забелешки. И децата со ПОП имаат право да се шетаат во Центар, во парк, на Водно, пред зграда, да стапат во непосреден контакт со други деца.Охрабрете се, тоа сепак е ваше дете, а не на некој друг. |
|
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И како што беше очекувано, по веста за државна срамота која ја покажаа на сите телевизии во зејава и надвор од неа, проблемот на Илчо и неговиот татко се "реши", денес експресно тој е сместен во Специјалниот Завод во Демир Капија.
Значи се може да се реши, само треба да бидеме натерани за тоа. Ова беше и за очекување. |
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема дефектолози во специјалните училишта........
Училишта не можат да одговорат на потребите на децата со посебни образовни потреби. Иако законот предвидел со деца со пречки во развојот да работат дефектолози, реалната слика е сосема поинаква. Со овие деца работи само одделенскиот наставник, кој треба да им предава прилагодена програма. „Во редовните основни училишта во коишто има вклучени деца со посебни образовни потреби, треба да биде примен и дефектолог којшто ќе работи и директно со децата, но и ќе им помага на наставниците што работат со овие деца“, рече Ристо Петров, Институт за дефектологија. „За жал, сега се уште е тоа неостварено“, додаде Петров. За да им се помогне на децата со посебни образовани потреби, освен во училиштата мора да се направат промени во целиот систем, велат експертите. „Со организирање на државен буџет на национално ниво кој ќе ги обезбеди сите потребни финансиски средства за тие училишта, во смисла на обезбедување на специјализирани средства и помагала за децата со посебни потреби, и што е многу важно, мрежа на координација на професионалци коишто ќе бидат вклучени во овој процес, со нагласка на дефектолозите“, изјави Зора Јачева, Институт за дефектологија. Министерството за образование проблемот го гледа во училиштата во кои има деца со пречки во развојот, а кои не бараат дефектолози. „Самите училишта кои имаат потреба од вработување на дефектолог, потребно е да поднесат барање преку општините до Министерството за образование и наука за ние тоа барање да го разгледаме и да го одобриме вработувањето“, вели Маја Корубин, МОН. И додека институциите не преземаат нешто, вратите на училиштата за децата со посебни образовни потреби ќе бидат затворени. Или родителите ќе мораат од редовните да ги префрлат децата во специјални училишта затоа што со нив нема кој да работи. |
|
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За жал ова не нов проблем, ова веке неколку години се случува ама проблемот никако да се актуелизира во пошироката јавност.
Што е најтрагично од пред некое време е прифатен и предлог законот за основно образование во кој се предвидува доколку во училиштето има ученици со посебни образовни потреби треба да се ангажира дефектолог, но за жал тоа е само на хартија. И не е точно дека не се поднесени барања до Министерството за потребата од дефектолог, но тоа најверојатно и не е толку важно се додека не излезе во медиумите. Сега најверојатно ќе подразмислат малку и на оваа тема и искрено се надевам дека набрзо ќе се реши и овој проблем. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... realnosta e tragicna... decata so pop se prepushteni na oddelenskite nastavnici koi ne mozat da se snajdat zaradi golemata brojka na deca vo paralelka a deteto so pop bara poinakov tretman. Poseben problem se decata so POP koi manifestiraat i odredena agresija. vednash se organizira hajka od roditeli na drugite deca, da se izbrka...da se prefrli vo drugo oddelenie... ucilishte. taka pocnuva golgotata na roditelite na dete so POP...shetaat od ucilishte do ucilishte... a tolku malku treba... samo sproveduvanje na zakonot...angaziranje defektolog... i malku pogolem angazman na ucilishnite psiholozi...
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу работи се трули и гнили кај нас.
Многу. Во класот ма моето дете има едно дете кое покрај останататото е хиперактивно и ја омета наставата а им пречи и на другите деца, тоа е чудо едно. Би требало да има и вакви паралелки, зашто ова дете е сепак дете со посебни потреби, а не е за во специјално училиште одд типот Златан Сремац-зашто интелигенцијата не му е нарушена. Во друга паралелка пак има навистина дете со гранична интелигенција, кое е за во Златан Сремац, но родителите за да не им биде етикетирано детето по секопја цена го запишале да учи во “нормално“ улилишрте ако смеам така да кажам. Проблеми-колку сакаш. Мислам дека родителот треба да го прифати своето дете, лоша услуга ќе му направи нему ако не го испрати во соодветно училиште. Детето е дете, тоа е дар кој не смее да се отфрли, дали е гранично, хиперактивно, наглуво (колку пак деца со пречки во слух одат во нормални училишта само зашто родителите не го прифатиле деформитетот)....Најубав подарок, па и да е со посебна потреба....ДАР. Да се прифати, да се сака токму поради својата посебност... Едно детенце влегло во продавница за миленици и сакало да одбере кученце. Избрало едно мало кутре а продавачот му рекол: “Но тоа кученце криви, земи си друго“ Детево рекло: -Токму бидејќи ин јас куцам со едната нога го избрав ова кутре, зашто е како мене.... |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас верувам дека на родителите им е премногу тешко да прифатат дека нивното најмило е со посебни потреби и секогаш се обидуваат да водат "нормален" живот и поради тоа ги запишуваат своите деца во редовни училишта. А секогаш се соочуваат со разни проблеми и препреки за кои што можеме само да претпоставуваме. За мене родителите на овие деца се вистински борци, во права смисла на зборот.
Доколку родителот сака да го запише детето во редовно училиште, според законот тоа му се дозволува, но прашање е дали секогаш тоа е вистинското решение, зошто не секое редовно училиште е добра и мотивирачка средина за да детето со посебни образовни потреби го достигне својот максимум во согласност со неговите можности и способности. Затоа треба да постои координирана и тимска работа помеѓу родителите, наставниците во редовното училиште и дефектолози од посебно училиште, за да во случај детето не се прилагоди на средината во редовното училиште, тоа да може да биде префрлено во посебно училиште но колку што може тоа да биде што побезболно како за детето така и за неговите родители. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Republika Makedonija so svojot Ustav garantira ednakvost i obrazovna opfatenost za site deca. Vo Makedonija pokraj redovnite ucilishta ima i specijalizirani za deca so POP. Mnogu deca so posebni obrazovni potrebi (POP) se opfateni vo redovnite paralelki no decata koi imaat oshtetuvanje na vidot, sluhot i teshki psihicki narushuvanja se opfateni vo specijalizirani ucilishta kategorizirani spored hendikepot. Edna informacija vo Dnevnik
По повод Светскиот ден на слепите, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот донирал 40 звучни сигнали за 20 раскрсници во Скопје, за осум во Охрид и по шест во Штип и во Прилеп. Првата звучна сигнализација веќе е поставена на раскрсницата кај Градската болница во Скопје, со што Советот придонесе за исполнување на стандардите на ЕУ за безбедност на кратковиди и слепи лица. Раководството на Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата најави дека наскоро ќе започне акција за поголема безбедност на пешаците и на велосипедистите. me potikna da ja otvoram temava. I nekoj normalno kje prasha kakva vrska imaat raskrsnicite so temava. Naizgled nemaat, no sekoe obrazovanie se stremi svoite ucenici da gi osposobi za vklucuvanje vo sekojdnevniot zivot. Ova e edna mnogu humana akcija. Kje beshe ushte po humana ako nekoj razmislesha malku po daleku, ako planiranata akcija ja sprovedeshe po izvrsheno istrazuvanje na potrebite na slepite deca. Slucajno sekojdnevno minuvam pokraj ucilishteto za slepi deca. Tuka, na raskrsnicata na edna mnogu frekfentna i edna frekventnost vo podem od sporedna ulica nema nikakvi semafori, a kamoli zvucna signalizacija. Decinjata ne smeat ni da pomislat sami da ja preminat ulicata, sekogash mora da se dvizat so pridruzba ili da ostanat vo ramkite na ucilishniot dvor, barem onie koi se internatski smesteni vo domot za slepi deca koj e vo ramkite na ucilishteto. |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Законот дозволува, но никому тоа не му чини добро-ниту на самото дете, ниту на останатите.
Последниот инцидент кој се случи во училиштето навистина ме згрози, ми се блуе просто...., а освен укор за насрнувачот врз ретардираното дете (насрнувачот буквално го “залапал“ ретардираното момче, бидејќи освен хиперактивност си има и некои други проблеми врзани со половоста), на кое можеби дополнително ќе му се влоши состојбата, никому ништо.Кој кому овде прави услуга? Каде се одговорнитре? Никогаш во живот не сум била позгрозена од нешто и некого. Изменето од maria_magdalena - 18.Октомври.2008 во 12:21 |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одговорните си седат во топлите им канцеларии и удобни столчиња и чекаат некој по медиумите да ги извести какви се работите да реагираат експресно и после да се чукаат во гради.
|
|
Внеси реплика | страница <1 910111213 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |