|
За Иконите (само текст, без слики!) |
Внеси реплика | страница <1 23456 57> |
Автор | |||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Зборот икона доаѓа од грчкиот збор εἰκών (еикōн), што значи лик, образ, слика. Господ го создал човекот според своја икона (лик, образ, слика), но не во материјална, односно надворешна, туку во духовна смисла. Значи, Господ е првообразот, а ние сме создадени според Неговата икона (лик, образ). Но, со паѓањето во грев, ние го валкаме тој образ, таа икона. Затоа, само оној кој ќе си го очисти срцето од страстите и ќе го просветли својот ум, само тој го стекнува оној чист образ кој Бог на почеток им го даде на првите луѓе. А таа цел ја имаат постигнато светителите – тие се оние луѓе кои се вратиле кон првобитната состојба која Бог ја дал на Адам и Ева, односно таквите луѓе станале богови по благодат.
Затоа св.Василиј Велики ќе рече: “Почитувањето упатено на иконата, допира до првообразот”. За православните, иконата е цртано Евангелие. На неа се прикажани сите настани од Библијата. Само брз поглед да се фрли, на пример, на иконата на св.Јован Крстител, јасно ни станува дека тој бил обезглавен и главата му била ставена на чинија, дека живеел во пистина, дека бил облечен во облека од камилски влакна и појас од кожа околу слабините, и по крилјата кои му се нацртани разбираме дека тој е оној ангел кој бил испратен пред лицето на Господа, за да го приготви Неговиот пат. Иконите се средства преку кои се буди нашата внатрешна духовна состојба. Само кога ќе ја погледнам иконата на св.Јован Крстител, мене веднаш ми текнува колку ревносно тој Го следел Господ и дека заради Неговото име и пострадал, и ми доаѓаат покајнички мисли. Порано, тоа на сите ни е познато, луѓето не се школувале како што денеска тоа се прави. Тие не можеле да го читаат Светото Писмо, но преку иконите ја дознавале неговата содржина.
Православните христијани не се поклонуваат и не ја почитуваат иконата како материјал, како боја и дрво, туку се почитува таа човечка икона која е насликана на неа. Значи, кога има голем број на цитати од Библијата во која луѓето се поклонувале еден на друг… 1 Мојсеева 27, 29 Народи да ти слугуваат и племиња да ти се поклонуваат! Да бидеш господар над братот свој и да ти се поклонуваат синовите на мајка ти! Проклет да биде оној, што тебе те проколнува, а благословен – оној што тебе ќе те благословува! 1 Мојсеева 42, 6 А Јосиф беше управител во земјата; тој и му продаваше жито на сиот народ од таа земја. И браќата Јосифови, кога дојдоа, му се поклонија со лицето доземи. 1 Мојсеева 47, 31 И му рече: „Заколни ми се!” И тој му се заколна. Тогаш Израил му се поклони врз перницата од својата постела. Дела 16, 29 А тој побара светло, истрча и растреперен падна пред Павле и Сила; …зошто тогаш би било грев да се поклонуавме пред изобразба на некој кој е бог по благодат, пред некој кој достигнал еден дел од совршенството, од кое ние сме многу далеку? Тоа воопшто не значи дека го ставаме на местото на Бог, туку дека го почитуваме затоа што живеел свет живот и е добар пример за нас како и ние треба да живееме угодувајќи Му на Бога, знаејќи дека тој светител сега е во небесните обители во радоста на славата Божја. Ако некој бакне икона на која е изобразен св.Јован Крстител, тој со усните го бакнува, а со умот се вознесува до светителот, т.е. не го бакнува материјалот, туку оној што е насликан. Православните христијани не ја обожаваат иконата, ниту пак светителот кој е изобразен, туку го почитуваат. Пак ќе нагласам – НЕ ОБОЖАВАМЕ светители, туку почитуваме. Истото се случува и со сликите кои дома си ги чуваме. На нив има многу наши мили личности и знаеме понекогаш со чувство на љубов да ја бакнеме сликата, односно личноста која е сликана, но тоа не значи дека ние сме идолопоклоници. Некој тука ќе приговори зошто тогаш не се молиме на тие наши мили личности кои се на сликата, ама логиката е многу јасна – затоа што тоа може да се луѓе кои, како што реков, си го имаат извалкано својот првобитен образ, луѓе кои не се христијани, кои се атеисти, луѓе кои воопшто не се ни трудат да живеат богоугодно. Луѓе кои не ја исполниле и не сакаат да ја исполнат својата цел да станат богови по благодат.
Најчесто, најголема полемика се ствара околу втората Божја заповед. Но за да се сфати суштината што сака Бог да каже преку тоа, ќе ја пастирам и првата заповед, бидејќи втората доаѓа како нејзина последователност. Исход 20, 2 „Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од земјата египетска, од домот на ропството. 3 Немој да имаш други богови освен Мене! 4 Не прави за себе идол, ниту некаква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата;5 немој да им се поклонуваш, ниту да им служиш, бидејќи Јас сум Господ, Бог твој; Бог ревнител, Кој за гревовите на татковците ги казнува децата до третото и четвртото колено, ако тие Ме мразат; Во овие стихови јасно се вели дека се забранува да се прави идол, друго божество кое ќе се почитува и ќе се стави на местото на Бог. А со оглед на тоа што православните христијани не ги обожаваат иконите и светителите, значи дека не се ни идолопоклоници. Господ понатаму Самиот појаснува дека навистина со оваа заповед мисли на туѓи божества, идоли, кои се во врска со бесовите. Исход 20, 23 Не правете си сами сребрени богови, ниту златни богови не правете сами за себе. Исход 22, 20 Кој принесува жртва на други богови, освен на Единиот Господ, со смрт да се истреби. Исход 23, 13 Пазете го сето она, што ви го кажав. Не спомнувајте ги имињата на туѓите богови; ова да не се чуе од устата ваша. Исход 23, 23 Кога ангелот Мој ќе појде пред тебе и те одведе кај Аморејците, Хитијците, Перизијците, Хананците, (Гергесејците), Евејците и Јевусијците, и кога ќе ги истребам (од пред вашето лице): 24 немој да им се поклонуваш на боговите нивни, ни да им служиш, ниту да правиш што тие прават, туку скрши ги и спомениците нивни уништи ги. Исход 34, 13 туку жртвениците нивни урнете ги, и спомениците нивни скршете ги; и светите дрвја нивни исечете ги (и нивните излеани Богови изгорете ги во оган). 14 Зашто ти не треба да се поклонуваш на други богови освен на Господ (Бог), бидејќи името Негово е ревниво; Тој е Бог ревнител. 15 Не стапувај во сојуз со жителите на таа земја, та кога ќе се оддаваат на блуд за своите богови и им принесуваат жртва, да не те поканат и тебе да јадеш од нивните жртви. 16 И не земај од ќерките нивни жени за своите синови (и не давај ги своите ќерки за нивните синови), та да не би и ќерките нивни, вршејќи блуд за боговите свои, да ги натераат и синовите твои на блуд за боговите нивни. 17 Не прави за себе лиени богови! Броеви 25, 1 Израил живееше во Ситим и народот почна преку блуд да се осквернува со ќерките на Моав; 2 и тие го покануваа народот да присуствува на принесувањето жртви на идолите нивни, и народот ги јадеше жртвите нивни и им се поклонуваше на боговите нивни.3 И му се приклони Израил на Ваал Фегор. И се разгоре гневот Господов против Израил. Напротив, Бог дури и му заповедал на Мојсеј да направи ликови за богослужбена употреба на вистинскиот Бог. Исход 25, 9 Се, (направете) како што ќе ти покажам Јас на планината: и образецот на скинијата, и образецот на сите предмети во неа – така да направите. Исход 25, 18 И направи два херувима од злато, ковани направи ги и постави ги на двата краја од капакот; 19 направи херувими: еден од едната страна, а друг од другата страна на капакот; направи ги херувимите на обете страни од очистилиштето. 20 херувимите да бидат со крилата угоре, та со крилата да го засолнуваат капакот, а со лицата свртени еден спроти друг; лицата на херувимите нека бидат свртени кон очистилиштето. 21 И стави го капакот одозгора врз ковчегот, а во ковчегот положи го заветот, што ќе ти го дадам Јас Светилник со седум гранки Исход 25, 31 И направи светилник од чисто злато; светилникот нека биде кован; неговиот столб, неговите гранки и чашки со јаболкца и неговите цветови – сите тие од него да излегуваат;32 шест гранки нека излегуваат од страните: три гранки од едната страна на светилникот, а три гранки од другата страна на светилникот; 33 три чашки во облик на бадемов цвет, со јаболче и цветови нека има едната гранка, и три чашки како бадемов цвет, со јаболче и цветови на другата гранка; и така нека има на шесте гранки, што излегуваат од светилникот, 34 а на самиот светилник нека има четири чашки во вид на бадемов цвет, со јаболкца и цветови; 35 едно јаболче под две гранки, од него, и едно јаболче под другите две гранки, од него, и едно јаболче под другите две гранки – така под шесте гранки што излегуваат од светилникот (и на светилникот четири чашки во вид на оревов цвет). 36 Јаболчињата и гранките нивни од него треба да излегуваат; целиот да биде кован од чисто злато.40 И гледај да ги направиш според образецот, што ти беше покажан на планината.” Исход 26, 1 „Направи и скинија од десет платништа: од пресукан лен, од сина, црвена и светлоцрвена волна; врз нив да направиш и херувими – уметничка изработка. 30 Така ќе ја направиш скинијата според образецот, што ти беше покажан на планината. 31 И направи завеса од сина, пурпурна и црвена волна и пресукан лен; и на неа нека има уметнички извезени херувим 3Царства 6, 18 По кедарот однатре имаше резби, слични на краставички и распукнати цветови; се беше покриено со кедар; камен не се гледаше. 23 А во Светињата над светињите направи два херувима од маслиново дрво, високи по десет лакти. 29 И по сите ѕидови на храмот наоколу издлаби ликови на херувими, палми и расцутени цветови, однатре и однадвор. Езекил кажува - 1, 5 во средината негова, пак, видов призраци на четири животни - по обликот свој слични на човек; 6 секое од нив имаше по четири лица, и секое од нив - по четири крилја; 7 а нозете нивни - прави нозе, со перја, а стапалата нивни како телешки копита (крилјата, пак, нивни беа лесни). 8 А под крилјата нивни имаа човечки раце - на сите четири страни. 9 четирите животни имаа свои лица и крилја, крилјата нивни се допираа едно до друго, а кога одеа, тие не се свртуваа, туку врвеа секое во насока на лицето свое. 10 Обликот на лицето нивно им беше како лице човечко и лице лавовско од десната страна кај сите четири; а, пак, од левата страна - лице телешко кај сите четири, и лице орловско кај сите четири животни. Езекил 41, 18 беа направени херувими и палми: палма меѓу двата херувима и кај секој херувим - по две лица. 19 Од едната страна кон палмата имаше свртено човечко лице, а од другата страна кон палмата - лице лавовско: така беше направено по целиот храм наоколу. 20 Од подот до врвот на вратата имаше направено херувими и палми, а исто и по ѕидовите на храмот. Во заповедта се вели дека не треба да се прави слика на се она што е на земјата (вклучувајќи ги и растенијата и животните), но веднаш потоа Бог вели да се направат цветови и палми и херувими со животински и птичји лик. А треба со особено внимание да го забележиме овој стих Исход 25, 22 и тука, над капакот, меѓу двата херувима, кои ќе бидат над ковчегот на заветот, ќе ти се јавувам тебе и оттаму ќе ти зборувам тебе и за се ќе им заповедам преку тебе на синовите израилски. Господ не само што дава заповед да се направат Херувими, туку и се јавува меѓу нив! Значи, разликата помеѓу оние ликови кои претставуваат идол и помеѓу ликовите кои се за богослужбена употреба се состои во тоа што идолите се нереални претстави на нешто што не постои, зад чија позадина стојат нечистите духови и им се препишува славата која може да ја има само единиот Бог, додека, пак, иконите за богослужбена употреба се реални луѓе кои постоеле, кои живееле за Бога и кои со својот живот Го исповедале, т.е нешто што е Божјо и нема никаква врска со бесовите. Интересна работа е што Евреите до нивното излегување од египетското ропство немале храм, немале скинија, и за да знаат како таа треба да изгледа, Бог им заповеда да ја направат по образецот што Тој им го дал. Истото се однесува и на иконата со ликот на Господ. Во Стариот Завет Христос сеуште не бил воплотен преку Богородица, сеуште никој не знаел како изгледа Господ, но откога Тој се објавил на човештвото и откако видовме и знаеме како изгледа, нема никакви пречки за Неговиот лик да го изобразуваме и да го почитуваме. Всушност, таа вистина ја потврдил и Тој Самиот, кога цар Авгар бидејќи бил болен и верувал дека преку Господ ќе се исцели, пратил сликар да го наслика, но Господ зел крпа, Го отиснал Својот лик на неа, и му ја пратил на царот. (тој спомен го славиме на 29-ти август – нов стил). Изменето од Maran Ata - 15.Октомври.2008 во 04:03 |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Maran Ata, sekoja cest za trudot sto se obiduvas da dokazes deka postoenjeto na ikoni e od Boga zapovedano.
Samo vo site tie stihovi sto gi citiras nikade ne ja opravduvaat ulogata na ikonite vo zivotot na pravoslavnite vernici. Nema da najdes nikade vo Pismoto kade pisuva konkretno da se crtaat sliki i da se molime pred niv. Stopati e pisuvano na forumov, ako bilo tolku vazno ke bese zapisano vo Biblijata. |
|||
Cinik
Група Регистриран: 24.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 58 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Tolku trud za dzabe?
Procitajte i poucete se i baba mi si imase ikona na koja i se molese akoga se molese liceteo kako da i se menuvase i od nego se citase nesto neobicno i sveto. |
|||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
nemojte da bidete sueverni |
|||
Cinik
Група Регистриран: 24.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 58 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Zosto sueverni?
Jas zaklucuvam razumno. pricinsko-posledicno. |
|||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Евангелос, кажуваат некогаш нешто на телевизија што ти веруваш дека е вистина?
Имаш дома телевизор или гледаш по некогаш некаде телевизија? И посветуваш - барем и малце - внимание на истата? Поздрав |
|||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Mozhe da dojde i mlad,ne mora babichka... toa ne menuva nishto vo principot deka SEKOJ SI ODGOVARA SAMIOT ZA SVOITE POSTAPKI. Tuka ne vazhi ubeduvanjeto, koe e vsadeno vo lugjeto so vekovi: "ne pravi ili ne zbori taka oti nekoj ke vidi pa ke pomisli deka toa e dobro (ili losho)". Sebe ogranichuvanjeto, poradi eventualnoto greshenje na nekoj drug, koj poradi svojata ogranichena svest i znaenje, pogreshno bi ne razbral ili slepo bi ne kopiral, e iluzija koja proizleguva od dogmata deka nie imame grev dokolku nekoj zgreshi poveduvajki se po nashiot primer. Toa bi vazhelo samo dokolku svesno sovetuvame ili sugerirame nekomu da zgreshi, inaku nema apsolutno nikakva logika. Zamislete, nekoj se frla vo Vardar zatoa sto videl kako drug, pred nego, go napravil istoto... i se udavuva zatoa sto ne znae da pliva. Sto mu e kriv ili kakov grev ima onoj pred nego, zatoa sto se frlil za da se razladi i da prepliva na drugiot breg? Sekoj si odgovara za svoite postapki. Povrzano so temava - ne gledam nikakov problem vo ikonite dokolku tie ne stanat predmet na idolopoklonstvo. I toa ostanuva problem za onie koi gi primaat kako takvi i ne bi go generaliziral na site lugje ili so verata na koja pripagjaat. Sosem druga rabota e ako nekoj gi sovetuva vernicite da stanat idolopoklonici na tie ikoni. Za ova mozhe da se diskutira, no za imanjeto, kolektiranjeto i chuvanjeto ikoni od simbolichki, sentimentalen ili umetnichki aspekt ne vredi da se rasprava, pa zatoa i ne drzhi mislenjeto za prohibicija na istite. Изменето од Messenger - 14.Октомври.2008 во 17:03 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Идејата дека иконите се виновни за идолопоклонството и оддалечувањето од вистинската вера се апсурдни. Докази за тоа има во самата Библија. Евреите, само што Мојсеј заминува на планината, веднаш почнуваат да прават златно теле. Џабе било што ги виделе сите чудеса со свои очи, џабе било што само малку пред тоа виделе самите како Бог го раздвојува морето за тие да поминат, џабе било се - оние кои биле празноверни, веднаш направиле идоли. Но... дали сите тргнале да се клањаат и да им се молат на тие идоли? Се разбира дека не.
Оној кој нема вера и верба - во пустина да е, ќе најде зрно песок за да го боготвори. Оние кои имаат силна вера - знаат дека змијата не е предмет на обожание. Знаат дека иконите не се предмет на обожавање - туку нешто на кое се восхитуваме, нешто кое е приказ на Евангелието, или на луѓето кои целиот живот си го посветиле на него. |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ikonite bas nemaat vrska so prikazuvanje na evangelieto(radosnata vest). Sto moze da pokazuvaat ikonite samo likovi(portreti),ako se objavuvase radosnata vest preku sliki apostolite ke nosea so niv i slikovnici za podobra ilustracija na nastanite. A pak veke tie sto imaat silna vera vo Bog nemaat potreba od dopolnitelni rekviziti za da imaat ziv odnos so Bog.Koga imaat silna vera taa istata nema da im dozvoli da im se vosh*tuvaat(ne da gi obozavaat)ikonite. |
|||
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Da da i kovcegot na zavetot nemal nisto So Boga i Negoviot zakon! kako moze vakvi neshta da pisuvate, se cudam toa sto ti go sega zboruvash nekoj go zboruval i pred tebe pa se utvrdilo sto e ispravno... SLAVA NA BOGA sto nie imame dokazi deka sepak nahata vera e prifatena od Boga, pa Bog MILOSTIVO POGLEDNUVA NA NEGOVITE VERNI CEDA KOI BARAAT POMOSH OD NEGO! |
|||
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во право си за првото - но јас под заеднички содржател ги ставив и иконите и фреските - бидејќи станува збор за иста идеја. Се извинувам што не го уточнив тоа. Никој, не вели дека радосната вест се објавува преку слики! Никаде, никогаш не сме го рекле тоа. Сликите се израз на почит и восхит од одредени настани (фреските) и одредени личности (иконите). А колку до "реквизитите" - истотака - никаде и никогаш не сме рекле дека иконите се неопходни за да имаме жив однос со Бог. Живиот однос со Бог е во нашите души, секаде и секогаш, не зависи ни од икони, ниту од нешто друго, затоа што се состои во молитвата и во личната врска која ја имаме со Него. А колку до последното - за восхитувањето... зошто да не се восхитуваш на нешто? Што има лошо во тоа?! |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Molim te navedi nekolku od dokazite sto ukazuvaat na toa deka "vasata" vera e prifatena od Bog. |
|||
Внеси реплика | страница <1 23456 57> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |