IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО - 1
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО - 1

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 256>
Автор
Порака
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2008 во 10:49
Грција и формално потврди дека не сака решение на спорот за името. Грчкиот преговарач Васлиакис вчера цел час го убедувал медијаторот дека сега не е време за нов предлог со што и официјално потврди дека Грција во моментов не ја интересира решение на спорот.

Вообичаено оптимистички настроениот грчки амбасадорот, по средбата не скаше да го коментира разговорот со медијаторот Нимиц. Василакис само рече : „Нема да одговорам на ништо, не зборувам за ништо“.

- А за што зборувавте со Нимиц? „За времето, зборувавме за времето“, одговори Василакис.

Главниот аргумент на Атина е дека без единствен став на македонскиот државен врв не е можно решение.

Обидувајќи се да избегне ситуација во која Атина со евентуално одбивање на уште еден предлог ќе ја открие својата неконструктивност, Василакис ја префлри топката на македонската страна што не било доволно добра причина за Нимиц.

Тој на македонските преговарачи им најавил дека ќе направи нов важен чекор за преговорите.

За разлика од нервозниот Василакис, кој не очекува ништо важно, денеска Димитров и Протоѓер времено го пополнија јазот што постои во македонскиот државен врв и со соодветни аргументи се обиделе да влијаат на најновите идеи на Нимиц, за да бидат поповолни за Македонија.

Според неофицијални информации од средбите, Нимиц со македонската екипа разговарал за судирот во македонскиот врв и за начинот на кој би се одвивале преговорите доколку повторно една од страните го отфрли предлогот.

Покрај силниот притисок на грчката страна, за предлогот да биде одложен Васлилакис на Нимиц прецизно му порачал дека и покрај тоа што прашањето за нацијата и јазикот не се дел од преговорите, Атина нема да се согласи граѓаните на Македонија да се нарекуваат исто како и неговите сонародници во Северна Грција.


Kakva sizofrenija , i strav ka Grcite neverojatno, e da ne bese Branko.
Кон врв
komarec 69 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 12.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај komarec 69 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2008 во 15:11
na niv ne i e problemot imeto na drzavata,na niv i e problemot nacijata.zatoa ne ni ocekuvam da se resi ovoj problem so nasite afrikanski sosedi
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2008 во 18:15

Медијаторот Нимиц достави нов пакет на идеи до преговарачите на Грција и Македонија. “Се работи за добра база, врз основа на која двете страни ќе мора да се изјаснат наскоро“, рече Нимиц, притоа не даде прецизни рокови, до кога треба Македонија и Грција да одговорат.

Инаку, неофицијално од она што може да се дознае веднаш по прес-конференцијата се работи за многу комплициран пакет без решение за името на македонска нација и македонскиот јазик.Различни нивоа, различни полиња на јазикот, има комплицирана анализа на опсегот на употребата на јазикот, при што придавката „северна Македонија најверојатно ќе биде основата на која понатаму ќе треба да се најде решение.

Од грчка стана се уште нема реакции. Грција уште вчера најави дека не е подготвена за нов предлог особено ако Нимиц зборува за националната припадност, нешто што како директно прашање во предлогот го нема.Меѓутоа има неколку различни идеи, коишто дополнително ќе го објаснат правото на Македонија, на нејзиното име и јазик, да се нарекува Македонија во ОН.

------------------------------------------------------------------------------------------
 
Ете го конечниот предлог на Нимиц, име со гоеграфска одредница, и плус многу недоречености околу нашиот идентитет и јазик, кој им остава простор на Грците да си ги остварат барањата до крај!
Не дај боже да прифатат такво решение! лутина
Кон врв
dojcinoski1977 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dojcinoski1977 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2008 во 08:09
AKO IMA SEVER KE IMA I JUG ISTO KAKO KOREA A MOZEBI OBEDINUVANJE VO IDNINA ( SEVERNA MAKEDONIJA) MNOGU DOBAR PREDLOG DAJ BOZE DA GO PRIFATET
Кон врв
трендафил Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 06.Ноември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 68
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај трендафил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2008 во 12:55
Има и Северна Ирска, а нема јужна. Членството на двата дела во ЕУ нема допринесено многу за обединувањето. Предлогот на Нимиц според А1 телевизија не е многу поволен за нас. Кој ли ова го договараше???????????????????????????????????
 
 
_________________________________________

Преговорите за името во ќорсокак



  



 

Македонија ќе влезе во неизвесна битка да го сочува националниот идентитет доколку се согласи на најновите идеи на медијаторот Нимиц. Со неговите предлози Република Северна Македонија за сите меѓународни организации и препорака од Советот за безбедност на Обединетите нации, земјите членки да го прифатат новото договорено име предлогот, ни оддалеку не е промакедонски.

Меѓу најконтроверзните идеи е делот според кој во македонските пасоши треба да стои уставното име на кирилица придружено со новото сложено име напишано на три други јазици.

Резолуцијата на Обединете нации со која земјите ќе се повикаат да го прифатат новото име доколку дојде до договор ќе знаци дека Македонија сама се откажала од својот назив, по што е логично земајте членки да ја прифатат сугестијата на светската организација.

Иако грчката страна се обидува да претстави дека употребата на macedonian во графата за јазик во светската организација како чисто македонско решени Атина е свесна дека ќе може во иднина да влијае дури и тоа решение да биде блокирано имајќи ги предвид сложените процедура во ОН.

Се разбира Атина не го крие задоволство што Нимиц предлага во графата за националност да стои граѓани на Република Северна Македонија, што е реалност ако Македонија го прифати предлогот на Нимиц.

Преморениот Нимиц, кој по 15 години напори да го реши спорот, се уште има енергија за преговори, кои очигледно влегуваат во ќорсокак.




 

„Јас ги сметам за идеи, употребете збор којшто сакате, на кој било јазик. Соломон бил крал, тој давал наредби, можел да прави поделби, никогаш не сум дал таков совет. Но, не сум ни крал, немам надлежност, јас сум медијатор. Тоа што ќе се случува во иднина зависи од двете страни“, вели Нимиц.

Вели дека преговорите нема да прекинат дури и ако предлогот пропадне. За него тоа е фер и достоинствена варијанта.

На Атина не и се брза, се обидува да ја натера Македонија прва да го отфрли предлогот за да си го олесни притисокот од западните сојузници.

Се признава дека во предлогот има поместувања што ги задоволуваат грчките апетитите но, сепак не биле доволни за неговото прифаќање.

И покрај неофицијалните најавите дека Грција веднаш и официјално ќе го критикува предлогот во првата изјава портпаролот на грчкото МНР со умерена изјава, дека Атина сериозно го разгледува предлогот, за кој ќе биде даден коментар подоцна.

Според Кумуцакос, Грција е заинтересирана за крајно взаемно прифатливо решение без победници и поразени.



Изменето од moira - 09.Октомври.2008 во 22:10
Негација на негативното.
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2008 во 12:57
a be daj neka mu opnat stapot i neka go nabrkaat ... sto k*r ima da se zamarame so nesto sto odnapred e podgotveno vo anti Makedonskite kujni .... grckata i amerikanskata лутина
Кон врв
kum Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3279
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kum Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2008 во 22:17
ebati pregovaracot...ne eba jako...
JOIN THE FAMILY
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2008 во 22:55

Според извори во ОН, последниот пакет идеи на медијаторот отвораат сериозна дилема за зачувувањето на македонскиот национален идентитет. Имено, нема гаранции дека во графата за националност и јазик ќе остане „македонски“ или алтернативата „граѓани на Република Северна Македонија“, како и јазик на Република Северна Македонија, за што, според една од точките, ќе одлучува Секретаријатот на ОН кој ќе треба да усвои, како што стои, соодветни термини за придавката употреба за втората страна во согласност со нејзините вообичаени процедури.

Со предложениот пакет, уставното име Република Македонија останува само за домашна употреба, а меѓународното Република Северна Македонија, за кое ќе требаат уставни измени во сите меѓународни контексти, во мултилатерални организации, до состаноци и официјални документи.

Краткото име, кое ќе се користи во официјална употреба во ОН, ќе биде Северна Македонија.

Во пасошите меѓународното име ќе биде испишано на англиски и француски, а уставното Република Македонија, но во кирилично транскрипција.

Во една од точките стои дека во Советот за безбедност на ОН ќе препорача третите држави да го употребуваат името во рамките на ОН, меѓународното, за официјална билатерална употреба.

Сепак, најсимптоматичен дел од документот е последната точка од која се посочува на натамошни преговори. Имено, Македонија и Грција би преговарале под покровителство на ОН, за нова конечна спогодба која ќе ја замени "времената". Овие преговори ќе отпочнат во рок од три месеци по ефектниот датум на започнување на употребата на името во рамките на ОН, меѓународното име, и новата конечна спогодба ќе ги опфати овие прашања од заеднички интерес за кои двете страни имаат постигнато согласност.

-----------------------------------------------------------------------------------------

...која мешаница и каша ни ја спакувал ценетиот посредник...на овој начин не самошто ни го менува Името, туку и комплетно идентитетот!

Историјата на македонскиот народ и на Македонија која ке биде?
Ќе треба да се откажеме и да ја заборавиме ли?
Ќе почнува од денот на менувањето на Името?
Лудило!!!
Со ова само се потврдува дека не се работи за промена на Името и дека името и не бил толкав проблем што ги вознемирува елините, туку идентитетот е најголемиот проблем. На овој начин и со овој прелог се обезличуваме и стануваме народ-кованица од 21 век!

И не ми е јасно што понатаму би се преговарало со елините по ефектниот датум на започнување на употребата на името во рамките на ОН???






Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2008 во 02:06
 
Следува резиме на клучните елементи на препорачаната структура за решавање на прашањето за „името“, која ќе биде содржана во неколку документи, вклучувајќи и билатерална спогодба помеѓу двете Страни, извештај на генералниот секретар на Обединетите нации до Советот за безбедност и резолуција на Советот за безбедност (ратификувана од Генералното собрание). „Првата страна“ и „Втората страна“ се дефинирани во Привремената спогодба од 13 септември 1995.
 
1.Уставното име, Република Македонија, ќе остане уставно име на Втората страна и ќе се употребува како официјално име на Втората страна во интерен (домашен) контекст.

2.Втората страна ќе го усвои преку својот уставен процес името „Република Северна Македонија“ (Republic of North Macedonia), (на француски: Republique de Macedoine du Nord) (наречено во овој документ: име во рамките на Обединетите нации/меѓународно име), кое ќе има целосно правно дејство и ќе се употребува како официјално име на Втората страна во меѓународен контекст, вклучувајќи:

а. Во организацијата на Обединетите нации по ратификацијата на името во рамките на Обединетите нации/меѓународното име преку резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации и Генералното собрание;

б. Во други официјални и квазиофицијални меѓународни, мултилатерални и регионални организации, вклучувајќи ги Европската Унија и НАТО;

ц. На официјални и квазиофицијални меѓународни, мултилатерални и регионални конференции, состаноци, иницијативи и слични ситуации;

д. Во мултилатерални спогодби, договори и слични официјални документи и инструменти.

3.Краткото (неформално) име, кое ќе се користи при официјална употреба во Обединетите нации и за друга официјална употреба во меѓународен контекст ќе биде „Северна Македонија“ (North Macedonia) (на француски: Macedoine du Nord).

4.Советот за безбедност на Обединетите нации ќе препорача третите држави да го употребуваат името во рамките на Обединетите нации/меѓународното име за официјална билатерална употреба. Во секој случај, како што е утврдено во став 2 погоре, името во рамките на Обединетите нации/меѓународното име ќе се користи единствено во сите мултилатерални официјални и квазиофицијални конференции, состаноци, иницијативи и слични ситуации без разлика каде се одржуваат и без разлика кои се строго билатералните аранжмани во однос на која било земја-домаќин или учесник.

5.Поранешна Југословенка Република Македонија“ нема повеќе да е прифатлива употреба за името на Втората страна.

6.Македонија“ кога „именката“ стои сама, нема да се употребува од страна на ниту една држава како официјално име.

7.И Првата и Втората страна може да ги употребуваат зборовите „Македонија“ и „Македонски“ (Macedonian) во соодветни неофицијални контексти, сепак, под услов ниту Првата ниту Втората страна да не изразуваат ексклузивни права, политички, комерцијални или поинакви кон името „Македонија“ или „македонски“ кога стои само во кој било јазик.

8.Пасошите и сличните документи за идентификација што се употребуваат меѓународно (а, не само во рамките на Втората страна) ќе имаат формат и избор на зборови утврдени во Анекс 1 на овој Работен документ.

9.Првата страна и Втората страна ги задржуваат своите позиции за прашањето за соодветни придавки што се однесуваат на Втората страна, кое прашање не е релевантно за билатералната спогодба, која треба да биде склучена помеѓу нив. За целите на официјална употреба во рамките на Организацијата на обединетите нации, Секретаријатот ќе усвои соодветни термини за придавска употреба за Втората страна во согласност со нејзините вообичаени процеси.

10.Имињата „Македонија“ и „македонски“ може да се користат за комерцијални цели од субјектите и на Првата и на Втората страна на неексклузивна основа во согласност со меѓународното право, конвенциите и практиките во однос на употребата на географските имиња за комерцијални цели. Страните ќе го спроведат овој став преку соодветни технички договори и аранжмани.

11.Секоја страна ќе го реафирмира своето откажување од какво било побарување во однос на територијата на другата страна и ќе се согласи да не изразува или охрабрува иредентистички побарувања или непријателски изјави насочени кон другата страна.

12.Првата страна ќе ја поддржи апликацијата на Втората страна под името во рамките на Обединетите нации/меѓународното име за приклучување кон НАТО и Европската Унија, предмет на исполнување од Втората страна на редовно применливите услови и критериуми за членство.

13.Првата страна и Втората страна ќе преговараат, под покровителство на генералниот секретар на Обединетите нации, за нова конечна спогодба, која ќе ја замени Привремената спогодба од 13 септември 1995 година. Овие преговори ќе почнат во рок од три месеци по ефективниот датум на почнување на употребата на името во рамките на Обединетите нации/меѓународното име во организацијата на Обединетите нации, и новата конечна спогодба ќе ги опфати прашањата од заеднички интерес за кои двете Страни имаат постигнато согласност.

Republic of North Macedonia
Republique de Macedoine du Nord
Република Македониjа

 

пасош
passport
passeport

Вака, според Aнекс бр. 1 во предлогот, името
на нашата земја би било напишано на пасошите

------------------------------------------------------------------------------

Значи дефинитивно со овој предлог се остава отворено прашањето за нашиот идентитет, демек само вие сменете си го името, за идентитетот после ќе е лесно. Уставното име ќе си го користиме за по дома, а за по надвор ќе станеме северни...изненадување

Браво бе Нимиц... Колку само време ти требаше да го смислиш ова...
Кон врв
Zajcef Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
TOTENKOPF

Регистриран: 16.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1252
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zajcef Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2008 во 09:34
Најверојатно овој предлог ќе биде прифатен..
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
Кон врв
vili2121 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Papa Bear

Регистриран: 04.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 5628
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vili2121 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2008 во 12:18
Nikoj ne bara da go smenime imeto za da vlezeme vo NATO ili EU. Najbitnata rabota sto gi interesira e ekonomijata, ako ekonomski sme jaki nitu atina ili bilo koj drug ke moze da ne spreci vo priemot ... bilo kade.
Samo sto togas tie ke ne molat nas da se priklucime kon niv a ne kako sega.
Na primer Irska od mala neatraktivna drzava se pretvori vo raj za investicii

niedno drugo ime osven
REPUBLIC OF MACEDONIA
Скапа е мудроста што се плаќа со искуство
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2008 во 12:20
NIKOJ OSVEN grcija i celiot nato i eu sojuz ... ama bas nikoj голема%20насмевка
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2008 во 12:52
Македонија може да го следи српскиот пример и со резолуција во Генералното собрание да бара арбитража од Меѓународниот суд во Хаг, за проблемот со признавањето на уставното име.

Но, на таа можност треба да се гледа како на последна алатка, бидејќи иако одлуката на судот на правдата најверојатно ќе биде во наша корист, таа нема да биде задолжителна за земјите - членки на Обединетите нации, а во никој случај нема да ја прифати Грција.

„Нас не треба да не засега резултатот од таа резолуција. Нас треба да не засега фактот што тоа ни е последното орудие кое го имаме за да се ослободиме од грчкиот диктат. Според тоа, ние требаше да гласаме за орудието, за да можеме утре, кога ќе се најдеме во таква ситуација, и ние да се повикаме на консултативно мислење на меѓународниот суд во Хаг, дотолку повеќе што тој суд еднаш веќе има пресудено, дека земји не може да се примаат со дополнителни услови“, вели Слободан Чашуле, поранешен министер за надворешни работи.

Наспроти поранешниот шеф на дипломатијата, Чашуле, дел од интелектуалците порачуваат да ја заборавиме надежта за судска разрешница на спорот, бидејќи таа е преспора.

Ниту еден суд, па ниту тој во Хаг, не може да го реши спорот толку брзо колку што ни треба нам, за што поскора интеграција во ЕУ и НАТО.

„Да чекаме две, три, можеби и десет години, додека судот донесе конечно решение. Дали имаме ние можност да го издржиме тоа чекање пред судот? Тоа прашање мислам дека треба да се постави, да се постави на сите оние кои што ја заговараат тезата дека треба да ги прекинеме преговорите и да одиме на суд“, изјави Жарко Трајановски, колумнист.

Доколку Македонија се реши да побара од Обединетите нации признавање под уставното име, правна помош ќе добие од влијателната група за меѓународно јавно право и политика, составена од врвни експерти од Бостон и Лондон.

Таа веќе ги има понудено своите услуги, бесплатно.


Ima i drugi nacini za resavanje, moze ke treba poveke vreme ama ima.
Mene edinstveno me plasi sto ke se sluci ako OBAMA pobedi vo SAD.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2008 во 13:15
Vakov predlog i se ocekuvase od NIMIC 100% progrcki, a e rezultat na naporite na nasiot PREDSEDATEL, vo uskladuvanje na stavovite.
Ti blagodarime PREDSEDATELE sto tolku hrabro ja predstavuvase MAKEDONIJA vo NEW YORK, i sto uspea da izdejstvuvas vakov kompromis za imeto , kaj sto GRCITE 100% ke se zadovolni.

Ti blagodaram sto so tvojata umesnost i ljubov kon tatkovinata tvoja (uste ne e ispitano ,potekloto),ni go otvori patot kon EU i NATO.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 256>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.