IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Кое е божјото име?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кое е божјото име?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 17>
Автор
Порака
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2008 во 02:51
Евангелос - ја имам прочитано и препрочитано цела... НИКАДЕ не е спомнато Божјето Лично Име!
А ти пак го избегнуваш одговорот - кажи книга, поглавје, стих. Еден збор и две бројчиња барам само.
Бидејќи Неговото Име не е спомнато во Библијата, таков одговор нема да добијам.
Do what is right, come what may...
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2008 во 02:53
Патем - ако некој православен мисли дека грешам - истото важи и за нив - нека наведат конкретен стих. Ама мислам дека ниеден православен не би тврдел такво нешто... може грешам - може ќе се најде некој да посочи конкретен стих.
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2008 во 02:55

Да, и јас сум во нестрплив да видам што ќе кажат другите православни верници. среќа

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2008 во 02:58
А јас сум нестрплив да чујам од тебе каде тоа виде во Библијата дека Божјето Име е кажано?!
Посочи ми само едно место! Едно единствено и јас јавно ќе ти се извинам и ќе те молам за прошка - и тебе и Бога.
Само што НИКОГАШ нема да можеш да посочиш такво нешто, така што молитвите ќе ги користам за друго по се изгледа...
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2008 во 03:23
"А Господ е Бог Саваот; יהוה е Името Негово."
(Осија 12:5)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2008 во 03:57
Евтин обид Евангелосе! Многу евтин.
Да - JHVH. Никаде нема име. Одговорот е како одговорот даден на Мојсеј - ЈАС СУМ! Битието е Неговото Име! Тоа цело време го зборуваме тука.
Нема никаде лично име - само опис.
Ако овој стих мислиш дека означува лично име, тогаш тоа значи дека ја побиваш смислата на разговорот меѓу Бог и Мојсеј.

п.с. Во многу од преводите овој стих се преведува вака:
5 Even the LORD God of hosts; the LORD is his memorial.
на Бугарски е - "Неговото Паметно Име".
Односно - на македонски, најточно преведено би било - JHVH е Неговата Слава. Што впрочем, е значењето секогаш кога се користи изразот "Во Твое Име Господи" или "Во Негово Име" = Негова Слава, а не лично име. Провери на еврејски - ќе видиш дека го има токму ова значење.
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2008 во 04:05
YHWH или יהוה-е личното Име на Бог кое во Библијата се спомнува над 7000 пати и во македонскиот превод е преведено како Господ, во англиските преводи како Lord. Во King James преводот личното Име на Бог се разликува од титулата Господ (македонски: Господар, еврејски: адонај, грчки: кириос) по тоа што таму тоа е напишано со сите големи букви LORD.
 
Зошто е таму е преведено со LORD?
Кај евреите се појавила една ерес поттикната од Третата Божја заопвед (Не изговарај го напразно името на Бог) и тие толку буквално ја сватиле оваа заповед што воопшто не го изговарале Името на Бог. И затоа за да не паднат во искушение да го прочитаат Неговото Име при читањето на светите списи, они решиле во нив да го заменат Божјото лично Име со еврејскиот збор за Господ - адонај. Па така во некои списи се среќава адонај, а во некои тетраграматонот YHWH.
 
Никој не знае како се изговара таа кратенка. Евреите при пишувањето не ги запишувале самогласките, туку само согласките. При читањето на списите, кога ќе дошле до името на Бог тие правеле една кратка пауза (2-3 секунди молк) и потоа продолжувале, а слушателите знаеле дека таму се спомнува името на Бог. Па оттаму ние денес не знаеме како точно се изговара името на Бог. Најчести претпоставки се Јехова и Јахве или Џехова што би рекли американци.
 
Од ова Име се изведени и имињата на многу библиски имиња како: Еремија (Ереми Јах), Исаија (Исаи Јах), Илија (Или Јах), Софонија (Софони Јах), Осија (Оси Јах), Захарија (Захари Јах), Малахија (Малахи Јах), Неемија (Нееми Јах) итн.
Дали некогаш си се запрашал од каде потекнува зборот АЛИЈУЈАХ? "Алилу Јах" или "Слава на Јахве"!
 
Се надевам сега ти е појасно.
Поздрав.


Изменето од EvAngelos - 25.Септември.2008 во 04:10
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2008 во 04:15
Апсолутно ми е јасно - но тоа не е лично име Негово. А тоа е многу убаво објаснето во Излез. Или ти имаш некое предание кое ти го објаснува Излез поинаку?
Do what is right, come what may...
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2008 во 04:17
Патем - објаснувањето со преводите кое го дадов, не е заради LORD (кое е јасно зошто се употребува), а заради тоа што следи - memorial name, паметно име, односно - Негова Слава. А не лично име...
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2008 во 04:34
zidarski, Божјото лично Име, ЈХВХ, теолозите сметаат дека значи: Оној Кој Е, Вечниот, Самобитниот, Самопостоечкиот, Суштиот итн. Тоа што ова Име има и значење, тоа не значи дека не е Име. Па сите имиња имаат значење. Петар значи "карпа", Мојсеј значи "изваден од вода", Јуда значи "Оној кој го слави Бога", Анастасија значи "Воскресение", Божидар значи "Божји Дар", Мирољуб значи "Оној кој љуби мир", Жарко = "жар", Радован = "Оној што се радува" итн итн.
И што сакаш да кажеш дека сите овие немаат имиња само затоа што имињата им имаат некакво значење? среќа
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2008 во 04:49
Не - секое едно име има значење.
Но ЈХВХ не е лично име, туку е суштина, односно Битие.

Eве само пример дека тоа што ти го нарекуваш лично име, всушност е опис на Битието Негово и на Славата Негова.
Погледни го прашањето од Мојсеј:
13 Тогаш Мојсеј Му рече на Бога: „Ако отидам при Израелците и им речам: ‘Бог на вашите татковци ме испрати при вас’, и тие ме прашаат: ‘Како Му е името?’ - што ќе им одговорам?”

И види како одговара Бог и на што всушност се однесува ЈХВХ:
14 „ЈАС СУМ, КОЈ СУМ,” му рече Бог на Мојсеја. Потоа продолжи: „Кажи им вака на Израелците: ‘ЈАС СУМ, ме испрати при вас.’”

Тој Е. Тоа не е име, тоа е суштина, битие. Оттаму - секој пат кога се спомнува како "Неговото Име" - се однесува само и единствено на "Неговата Слава". Било кој пример можеш да го погледнеш каде е спомнато ова "име" и ќе видиш дека на тоа се однесува.
Do what is right, come what may...
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2008 во 04:51
Да надополнам само на претходното - токму Бог кажува, дека не може да го прашаш како се вика, затоа што Тој Е. Тој Е Се. Тој Постои. Тој Е Битието.
Не можеш да го ограничиш во едно име, затоа што Тој Е.
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2008 во 05:03

zidarski, залудно го цитираш 14-от стих, таму Бог воопшто не Го кажува Своети Име, туку само користи една посебна реторика велејќи му на Мојсеј да им пренесе на евреите дека Оној кој Е, го испратил. Но тука Бог воопшто не го спомнува Своето лично Име. Во тој стих воопшто не се наоѓа тетраграматонот YHWH. Во 14-от стих Бог никаде не вели "ова е Моето Име". Не, залудно го цитирате тој стих, бидејќи таму воопшто не станува збор за Името Божјо.

Но ако го погледенш следниот стих, само еден стих после горенаведениот Бог одговара на прашањето на Мојсеј (Како Му е Името?)

"Натаму Бог му рече на Мојсеја: „Речи им на Израелците вака: ‘Господ (ЈАХВЕ), Бог на вашите татковци, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов, ме испрати при вас. Тоа е Мое име довека, така ќе Ме викаат од род до род"
(Излез 3:15)

Ајт сеа добра ноќ. И не ми реплицирај одма. Прочитај прво што ти напишав и размисли убаво. Не сум Јеховин сведок, долго ги имам истражувано овие работи, и верувај ми, за ова сведоците се во право - ЈХВХ е личното Име на Бог.
 
п.с. И поштеди ме мене, а и себе си, од филизофии и мудрувања за Името Божјо. Покори се барем еднаш на Библијата и читај што ти кажува таа. Точно, Бог не може да се ограничи само во едно Име, затоа има и изведени имиња како: Јахве Шалом = Господ е Мир, Јахве Рааф = Господ е Пастир, Јахве Рафа = Господ Исцелител, Јахве Јире = Господ обезбедува итн. Но Јахве си е Јахве, го има во сите изведени имиња, затоа што тоа е личното Име на Бог.


Изменето од EvAngelos - 25.Септември.2008 во 05:07
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2008 во 05:10
Е ајде де - ајде да го погледнеме 15-тиот стих:

15 God, furthermore, said to Moses, “Thus you shall say to the sons of Israel, ‘The LORD, the God of your fathers, the God of Abraham, the God of Isaac, and the God of Jacob, has sent me to you.’ This is My name forever, and this is My memorial-name to all generations.

ЈХВХ е опис на Неговата Вечност. Тоа е неговата слава (memorial name). Јас Сум (од 14) - е тетраграматонот.
Затоа - стојам на мојот став дека Бог во Библијата нема лично име, а само форми на обраќање кон Него, атрибути и описи на Битието. Не можеш да Го ограничиш во рамки на име, би било сосема бесмислено.
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.