|
Вашето сведоштво |
Внеси реплика | страница <12345 7> |
Автор | ||
butel2
Сениор Регистриран: 26.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 4138 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Citam citam i.... od nekoi zafrkancii pa do poozbilni svedostva , da ne ja rasipuvam temata, mozebi samo malku ... bidejki postot na AIDra mi padna vo oci... pa eve...
Za mene Bog ne napravil nisto ( ako go ima ) ... p.s. imav uste nesto napisano, ama se predomisliv Изменето од butel2 - 29.Август.2008 во 20:39 |
||
rabani
Сениор Регистриран: 02.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
izvini sho ti go smeniv polot ova e ushte eden dokaz kolku sme gresni svesno ili nesvesno |
||
DOAGA ISUS SO 200000 SVETII
ZA DA IM STAVI KRAJ NA SITE PROKLETII |
||
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
„БРАЌА, ПОТСИЛУВАЈТЕ СЕ ВО ГОСПОДА И ВО СИЛАТА НА НЕГОВАТА МОЌ.“
(Ефесјаните 6:10) Евангелос, денот кога ми кажа преку МСН дека наодите се во ред и дека Бог те излечи од опаката болест,(тоа беше пред неколку недели)беше празник за мојата душа, клекнав на колена и му заблагодарив на Бога, иако лично никогаш не сум те запознал, но знам дека имам вистински брат во Исуса Христа. Бог и понатаму да те пази и да те чува, но не само телесно, туку и духовно. „БЛАГОДАТ СО СИТЕ ШТО НЕИЗМЕНЛИВО ГО САКААТ НАШИОТ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС.АМИН.“ (Ефесјаните 6:24) Со почит, Госпел. |
||
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Vistina cool |
||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
||
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Brat eve citam i te4at solzi use malce da zaplacam lelele kolku jako lele svarno ovoj den ova so go procitav me izraduva sega verata mi e na povisoko nivo od kolku so mi bese Ej Coek. Imam Problemi so diseje se nadevam BOG kje me isceli AMIN |
||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако веруваш во неговата семоќност јасно дека ке ти помогне....а на кому не му помогнал тој!?
Ев навистина веруваше... |
||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Brat ne e samo toa ako pocna da gi redam... toa e sama povrsinska ama veruam BOG deka moze da go stori i za mene istoto kako za EV |
||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
брат имам женско на аватар...не помисли дека сум женско ?
|
||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Pomisliv sepak sorry ama imeto na masko me asocirase
|
||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
||
fileo
Сениор Регистриран: 08.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 165 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас поверував со читање на библијата.
си велев јас сум христијанин а не знам ништо за Бог. по некој ден еден комшија ми даде Нов Завет и јас почнав да го читам. откако го прочитав евангелието според Матеј, ми стана јасн колку е Исус добар и безгрешен, а јас имам многу гревови. се чуствував како најгрешниот човек на земјата и жалев за тоа. но по некој час нешто се промени во моето срце, ми олесна, се исполнив со една чудесна длабока љубов, радост и огромен мир. од тој момент јас не бев ист, добив голема глад за читање на библијата, и кажував зборови кои не сум можел никогаш да ги измислам тие извираа од моето срце. од тој момент јас се одлучив да го следам Исус по секоја цена. тогаш станав вистински христијанин, кога одлучив да го следам. никогаш нема да го заборавам тој настан, денот кога се новородив. Изменето од fileo - 30.Август.2008 во 13:55 |
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Евангелос, јас се радувам со тебе и го фалам Името БОЖЈЕ! ХАЛЕЛУЈАХ! Пентакосталец, со тебе сочувствувам и се надевам. Биди исцелен во Името ИСУСОВО! АМИН |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На неговите Тој им дава во сон Саботата навечер бев баниран. На Господа му благодарев! Рамазанот започна. Скоро сите мои пријатели од оваа вероисповес почнаа да постат. Понеделникот вечерта спиев во Благодата БОЖЈА и сонував потполно свесен за сонот. Во нашата рушена куќа во тетово лежам на стариот кревет. Мојата жена домене а во креветот и други особи. Ги препознавам мојте колеги од гостиварско. Жената легната во креветот а тој како станат. Во собата и други особи... Се разбудив. Првиот чекор ми беше на колена. Исусе Христе помилуј мене грешнаго! Колку е мојата телесна природа грешна. Простими! После 3 часа на работа се сретнувам баш со тој пријател од гостиварско во кантина. Тој јадеше однанозе. Женаму влегува, седнува карши мене и таа јаде. Тоа беше вторникот, вториот ден на рамазан. Сонот го разбрав. 8 дена покасно го сонувам дедоми во болница. Таму го видов последен пат. Сите апарати, и медицински препарати околу нас. Го гушкам го бакнувам се радувам. Утрината на работа баш на истиот ќош од мојата машина, ставени медицински нараквици. Солзи ! Од каде медицински ракавици во индустриска фирма и тоа баш на истото место како тогаш!? Како тогаш пред половина година! Мојот шеф има славно христијанско име но е некогаш застрашувачко агресивен а отворено ми рекол дека учењето Христово за него е ... Душава ме болеше како со нож да ме распори. Го сонувам пролетоска шефот како во фирмата ми зборува нешто, додека јас сум во тоалет. “Простетеми господине, но јас неможам да ве слушнам.“ Му велам јас. “ Машината бучи страшно!“ Тој и понатаму зборува! Се разбудив и знаев што има во срцето, што сакаше да ми каже! Утрината околу 6 часот доаѓам на работа и прво што гледам на ќошот од машината: тоалетна хартија! Никогаш за последниве 13 години немало тука тоалетна хартија. Сонот си помислив. Шефот! Дебелото црево, подсвеста ... Фројд, Јунг, ... Мојата работно дејствување е на простор можеби од 500 (ако не повеќе) метри. 3 часа после тоа, баш на тоа место, на тоа ќоше, кај таа машина доаѓа еден пријател од дирекција што е добар и со шефот и со мене и ми го вели следново: Сакам да знаеш дека си ми пријател и дека сакам да ти помогнам! Ќе ти кажам нешто што мора да остане помеѓу нас. Бев со твојот шеф и тој ми рече дека ако продолжиш отворено за Исус, ќе мораш ...! Така на сон и јаве добив информација за содржината на срцето на мојот антихристијански расположен шеф и за неговите планови со мене. Денес е со мене понежен и од мајками! Неговиот предходник истото ми го запрети пред одприлика двеипол години. Фалати Господи! Слава Тебе БОЖЕ, Спасителу мој! |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Живиот БОГ утешува вистински! Вчера бев – како повеќепати во животот – нападнат и ми беше префрлено дека “проповедам празни приказни“, дека немам вистинска љубов, туку само поради провокација го правам тоа итн. ОптужбаМе болеше! Дури помалку почна да ме занишува тоа во верата, бидејќи тоа беше речено од човек кој верува на Евангелието на Љубовта БОЖЈА! Кога оптужителот ме напаѓа преку луѓе пријатели, родбина, ... кои се дури крстени на името Исусово, тогаш најпојќе ме боли. Јас го познавам моето грешно тело и знам дека имам уште за одење додека стигнам до СОВРШЕНИОТ и никогаш не сум изјавил дека сум ја достигнал таа цел, таа светла смисла на секое постоење. Јас знам дека неможам ниту еден чекор да направам кон целта без БОЖЈАТА Милост! Но се трудам, а БОГ -сполај Мз - ми помага во тоа. Му одговорив на пријателот со факти, вистинити факти од мојот живот. Со пријателската традиција на мојата фамилија кон следбениците мухамеданови. Со мојот живот, со мојот (можеби) најдобар пријател на работа, со моите прекрасни комшии кои припаѓаат на оваа култура. Мојот побратим Тунчај е турчин сунит. Тој е од мене помлад 1 – 2 години. Тој ј апознава мојата вера и моето сведоштво за Исус и Неговиот Совршен И****! Ме наречува брате! Јас него само еднаш го нареков така и после тоа ми се случи малечок судар на кој и тој беше сведок. Зборувавме за тоа. Зборував и со еден постар колега (од истата култура) му кажав дека лиѓе кои го негираат Евангелието несмеам да ги наречувам браќа и заклучивме дека тоа е нишан. Јас него одтогаш го викам роде, побратиме ама никогаш повеќе брате. Го сакам човекот. Господ ми го пратил во животот и тој според она со што е задоен го прави најдоброто што знае и умее за мене а се надевам дека и јас за него. Вчера ако не последен ама еден од последните постови беше репликата на обвинението дека ги мразам следбениците мухамеданови. Го спомнав и мојот побратим Тунчај! Но ме болеше нападот, ме болеше префрлањето на христијанинот тука во форумот. Од срце му простив! Но неговото префрлање ме мачеше. Пред да легнам го отворив прозорот по обичај како и секогаш и му го предадов тоа на Господа, му предадов и други работи, му ја предадов мојата душа во Неговата милостива рака и си заспав како јагне. Денес сабајле, прв чекор – пред Господа! Како е прекрасно да се биде пред Него! Моите колена, моето чело, ... пред Неговите Милостиви Нозе! Денот започна. Благодарност. После личната хигиена отидов да с‘ркнам лажичка мед, но бидејќи беше потрошен зедов една смоква од регионот за кој пишува Евангелието. За 15 минути бев пред влезната врата од фирмата. Пред да влезам таму, во срцето молитва: Исусе Господе, тие еднаш со Твојата пресвета уста си рекол дека без Твоја помош ништо неможеме да сториме. Јас тоа со голема верба го верувам, Те молам зголеми ми ја вербата а пред се љубовта о Животе вечен, о вечна Животна Енергијо, за да може Твоето Царство да се раширеи во мене и вон мене ... АМИН! Влегувам во фирмата и ја вадам картата да ја “отчукам “. Што гледам таму покрај часовникот - Тунчај! Првиот човек кој го гледам во фирмата од околу 500 работници, која се простира можеби на неколку километри квадратни и е со повеќе одделенија. Мојот побратим Тунчај за кого пишував ноќта тука во форумов. На кого толку интезивно мислев. Тој ангел БОЖЈИ кој сеуште не го витка своето колено пред ДУХОТ БОЖЈИ, Спасителот (Христос). Никогаш досега не сум го видел како прв човек, бидејќи работаме во различни времиња. Тој во смени а јас двократно. Се поздравивме а јас го возфалив Бога на еврејски и арабски! Тој видно се брзаше. Додека одев кон гардеробите постојано благодарев на Живиот ГОСПОД кој постојано ме утешува додека непријателот, оптужителот ги употребува моите блиски да ми ја разниша верата. Одкако се преоблеков отидов кај Тунчај на одделение и како прво се прегрнавме. Го прашав што е работава, зошто беше предмалку кај влезот, кај часовникот, а тој ми рече дека се успал. Баш денес се успал! Баш денес ме пречека како прв човек на работа. Баш денес ГОСПОД го успа, да ме утеши одутрина после не баш најрадосните, оптужителните постови во форумов. Го успа Господ за на мене грешникот маловерен да ми покаже дека е Жив и дека се е во Неговата Милостива рака. ХАЛЕЛУЈАХ! Елхамдулилах! Алилуја! Фален и Славен ГОСПОД! Кај кого да одам другого мој Милостив ГОСПОДЕ, кој може да ме утеши како што ме тешиш Ти? Кој е друг како Тебе? ХАЛЕЛУЈАХ! Се што постои ќе го Фали Живиот ГОСПОД! Изменето од spiros - 24.Септември.2008 во 23:04 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се додека користиш термини како "Исусов Ислам" и "мухамеданови следбеници" - само ја докажуваш мојата теза. Има начин како да се обраќаш кон муслиманите, и има начин како да го објасниш "Исусовиот Мир", без да засегаш други религии. Ама очигледно не е тоа целта...
|
||
Do what is right, come what may...
|
||
Внеси реплика | страница <12345 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |