|
Дали сме наследници на АнтичкитеМакедонци |
Внеси реплика | страница <1 5152535455 93> |
Автор | |
alan ford
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Techno thief Регистриран: 02.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 10782 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако сте мислеле дека колективното лудило , национал хистеријата , епилептичниот антички фантазам, која ги зафаќа луѓето од време на време во земјава (или пак никогаш и не престанува) , нема да може да прејде на еден друг пофанатичен ниво , сте се излажале.
Веќе подолг период на Скајнет каналот во својата емисија Македониум, водителката Мара покрај снимената репортажа за Бурушите од Хунза регионот ( ги викаме, хунѕи) се навраќа често на темата Хунѕи, со евоцираање на нашата поврзаност со нив, тие како вистински потомци на Александар Македонски, ние како вистински потомци.. и така се до моментот кога и свечено ја најави датата на нивното доаѓање. Гледајќи ја репортажата, слушајќи ги разговорите кои таа ги води со своите гости во емисијата македониум, потоа гледајќи ги нејзините ангажирани следбеници и милитанти низ интернет просторот како ја рекламираат, актуализираат и пропагираат темава, таман сте помислиле, темава ќе остане во Треќе око, Арка, Дисковери каналот и слично., разбирате дека сте во заблуда и дека парадата е започната. Спротивно на тоа што верувате дека во едно нормално разумно граѓанско општество ќе се случи, дека ова би останало во рамките на некаква соработка со еден наш институт со тамошниот, наши антрополози, археолози професионално ќе вршат студии, напротив, Хунѕите се повикани како гости на државно ниво, Македонската Православна Црква е сериозно ангажирана во проектот и во Соборниот храм ќе се врши некаква церемонија, а еден од тие свештени лица и посебна молитва составил по повод настанот, гостите се повикани, за да сето тоа благословено се пресели на плоштад во една голема прослава во чест на Хунѕите , поточно (Е)Мирот на хунѕа со својата жена , кралицата Рани Атика. Еден од главните авторитети цитирани во врска со тоа тврдење дека овие Буруши од Хунѕа регионот се директни (акцент на директни) потомци од војската на Александар е д-р Илија Чашуле кој работел на темава и престојувал 2 месеци кај луѓево. - Читајќи некои пренесени текстови од И. Чашуле кои често пати се цитирани кога се зборува за неговото истражување, лично мислев дека се занел во теоријата и романтичарски земал навистина да тврди дека нашиот јазик е сличен или има сличности со бурушаскиот. Доволно е малку повнимателно читање на тоа што тој го вели и очигледно е дека тој како лингвист , оди многу подалку во истражувањето во мислата, и заклучува дека бурушаскиот јазик има допирна точка со Бриг јазикот, практично е негов наследник , но со кој и ние имаме на некој начин со тоа што Бриг јазикот потекнал од овие краишта и се зборувал и во Мала Азија во пре антиката , па отишол уште подалеку (накај индија) оддалечувајќи се од нас ( последново е мој заклучок) Понатаму И.Ч вели “Секој од балканските јазици може да се разгледува и според тоа што зачувал од старите балкански јазици (бригискиот, тракискиот, старомакедонскиот, итн.).“ Од она што Чашуле кажува на моменти се гледа дека е внимателен со тврдењата во врска со јазиците, нивната сличност и потекло, за на крајот дури да отиде во тотална крајност и митологија и каже дека .... Некаде во 13 век пр.н.е. дел од Бригите од Централна Македонија, според Херодот, се селат во Мала Азија и таму ја разгрнуваат една од најголемите светски цивилизации, денес позната како фригиска (бригиска). Од нив е царот Мида кој се претворал во злато, големиот баснописец Езоп е фригиски роб, Гордиевиот јазол... тие процутеле на територијата на денешна западна и централна Анадолија. Некаде во 7 век пр.н.е. Лидијците, а подоцна и Кимеријците ја совладуваат и речиси ја сотруваат фригиската цивилизација, потоа следуваат Грците, па Римјаните. На самиот крај заклучува дека и самиот тој ги вчудоневидел и самите буруши –хунѕи. “Еден од нив дури ми рече дека старите велеле дека се дојдени од Бурса, односно од Турција. Јас, пак, им покажував дека нивната лексика е речиси иста со бригиската. Одеднаш народот и јазикот за кои се сметаше дека немаат врска со ниеден друг, излегува дека ја продолжуваат една од најголемите цивилизации! Кога им го објаснував тоа, тие беа вчудовидени“. ********** Сето ова во колку останеше во сферата на репортажа, дебата помеѓу лингвисти, антрополози, историчари ќе беше сосема во ред и ќе беше дури од голема важност особено резултатите од тие разни истражувања, студии, размена на информации помеѓу стручњаци во оваа област од повеќе факултети-институти низ светов. Затоа што се она што денес го откриваме, декриптираме и запознаваме од периодот на антиката ни припаѓа на сите нам, човештовото, а не да служи за некакво исполнување и разгорување на некаков квази-патриотизам, барање на вистината и докажување на светот кои сме. Ова го потенцирам пред се затоа што невладината организација на Мара , 16’9 и некакви ликови како Ниче Димовски ја водат целата пропаганда на едно секташко ниво, со секташка формулација на самата тема која е прерасната во идеологија и која според мене само уште толку го заглупува обичниот човек, создава колективно лудило но од друга страна зајакнува авторитети (Мара,Ниче и подмладокот..) кои пак како во сите луди времиња ваквите воскреснати практично библиски елементи ги користат за некаква лична себе-глорификација од која на пат се да извлечат голем профит. Мал дел, транскрипт од емисијата Македониум Мара: Што е важно со нивното доаѓање? Трње: Планот е да се изгради македонски културен центар во Хунза каде што нели, младите луѓе и воопшто целиот народ во Хунѕа ќе се образува малце на повисоко ниво.. за моменталната Македонија и целиот нејзин историјат со кој долго време биле отсечени они знаат за едно време од Александар Македонски но овдека уште има многу други херои. Мара: Така. . Повеќе пати сум кажала , само ќе допринесе осветлување на тие бланкови во нашите македонски души ќе значи составуванње на еден вистински мозаик и ќе значи нешто можеби најважно.. а , ..веке,, .. нели... достигнување на едно ниво на резултати, со научни, научна тежина, научна вистина и пласирање на таа во светот. А...... за нас овде македонците ми се чини дека горе долу (после таа наша прва средба во 2005) луѓето слушнаа, луѓето го исперцепираа тоа , на вистинскиот начин и се свесни за таа конекција, она што ни претстои сето ова како наша вистина е да го пласираме во светската јавност. Ниче: Така е... Тие доаѓаат, да го исполнат аманетот на нашиот и нивни цар Александар III Македонски, да му покажат на целиот свет тука сме меѓу своите, тука се нашите корени. Ние македонците.., отсекогаш сме биле домаќини, ги примаме со отворено срце и душа. Јас би ги повикал сите Македонци на 18 јули на плоштад да ги пречекаме како вистински Македонци. Да се осетат како меѓу своите , да направи една голема прослава после 2300 години и тоа да биде незаборавно, затоа што ова е една голема шанса која е неповторлива. Значи, како што реков , постои една шанса ..шансата ни е сега дадена . и нема назад. Мара: Така.. ние сме тука со цел наш капацитет нели , да го вообличиме тоа во конкретен дочек во конкретно идни проекти што ќе произлезат од оваа средба и во потенцирање на македонското , секогаш кога сме ние во прашање, 16‘9. (во еден друг момент на разговорот) Ниче: Никогаш не постои шанса за прв впечаток, затоа ќе ги пречекаме со симболот на империјата , со 16 крако сонце на жолто на црвена основа и ј јас верувам дека луѓето ќе го ја бакнат македонската земја во која ние живееме , нарочито ние истражувачите. Мара: Така.. а Ниче: Ништо не е случајно. Ако е нешто случајно некој однапред добро го смислил. /tnx-Sataniel/ |
|
I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
neso bilo mnogu ubao denovive bez 100 postotnite
gi nemalo pak li se vrakjaat upm |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
da be
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 101 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
мдаааа
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
da da
|
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
dejanpp
Сениор Регистриран: 30.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
dali sne naslednici na anticki makedonci ?
pa nie ne sne naslednici na nikakvi makedonci zasto makedonskata rasa na lujdze imaat trkalezna forma na glavite a ovie sto rajdzaat "kitkiritkovci" definitivno se amerikanci koi se zacnati od "usa army" koi se na sluzba vo makedonija. |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
se prevrtuva,..aco vo grobot,..kaj i da mu e,...koga ke chue deka mu bile,..."naslednici"!
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
tebe nbat taka mi se cini kje ti ode glaata......kikiritkova
Изменето од anakin - 16.Септември.2008 во 15:28 |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
DelijaSkopje
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Какви наследници, какви бакрачи...???
Ние сме СЛОВЕНИ и треба да се гордееме со тоа... |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Може ти незнаеш кој си и што си ама немора твоето незнаење да го диктираш на другите кои ете гледаш знаат кои се
|
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dali sme naslednici na antichkite Makedonci
Делумно |
|
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Normalno deka sme naslednici na antickite Makedonci.Ako ne sme nie,togas koj se?????? |
|
~Live the life you love, love the life you live~
|
|
da be
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 101 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
мда
логика трепач |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
->
|
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
da be
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 101 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
аууууууууу
зайко байко |
|
Внеси реплика | страница <1 5152535455 93> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |