|
МУЗИЧКИ ВЕСТИ |
Внеси реплика | страница <1234 32> |
Автор | ||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Art for Amnesty денес објави дека Peter Gabriel е добитник на наградата “Ambassador of Conscience“ на Amnesty International за 2008 година. Ќе биде доделена на 10-ти септември во Hard Rock Cafe во London.
Peter Gabriel долги години е активен на полето на човековите права низ цел свет, соработува прво со Amnesty International а покасно и со Human Rights Now!
"Peter has been at the vanguard of the struggle for human rights and justice around the world for nearly a quarter of a century" said Bill Shipsey of Art for Amnesty, 'all of his wonderful work, not just with Amnesty, could justify his selection as an 'Ambassador of Conscience'.
Наградата се доделува 6 години и е инспирирана од поемата напишана за Amnesty International од нобеловецот Seamus Heaney. Досегашни добитници на наградата се: Nelson Mandela, U2, Mary Robinson and Vaclav Havel.
|
||
DarlinG
Сениор *Lara*Croft* Регистриран: 09.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1621 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мараја Кери се соединува со познати изведувачи како Бијонсе, Ферги, Леона Луис, Мери Џ. Блајџ, Ријана и др во организацијата Stand up to cancer
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
МАДОНА ги вознемири католиците...
На концертот во Рим, што се одржа на 6-ти септември, Мадона ги вознемири католиците, со посветувањето на песната 'Like a Virgin’ на папата Benedict XVI...
Мадона, која е приврзаничка на кабалата, на концертот изјавила: 'I dedicate this song to the Pope because I’m a child of God. All of you are also children of God.'
Италијанските весници ја третираат изјавата како “изненадувачка провокација“... На концертот имало околу 60 илјади луѓе и се одржал на само неколку километри од Ватикан...
Изменето од anastea - 10.Септември.2008 во 01:31 |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ALICE IN CHAINS...
Се враќаат со нов студиски албум, после 13 години. Ова ќе биде нивни прв продукт после трагичната смрт на фронтменот Layne Staley во 2002 година. Групата ќе влезе во студио есенва со новиот пеач William Duvall и најавуваат дека во 2009-та година ќе се реактивираат.
|
||
Eli
Сениор Регистриран: 30.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1968 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
При крај подготовките за големиот концерт во чест на Тоше!
Деновиве ќе бидат финализирани деталите околу големиот концерт во спомен на Тоше Проески, што ќе се одржи на 5. октомври на Градскиот стадион во Скопје. На на него ќе бидат исполнети три аманети на трагично загинатиот македонски пејач. Според пишувањето на Дневник, на сцената на Градски ќе се качат голем дел од најблиските соработници на Тоше, а концертот, замислен како грандиозна и гламурозна музичка манифестација, ќе го пренесуваат сите земји од Балканот и од регионот. Голем број пејачи од Балканот веќе контактирале со менаџерката Лилјана Петровиќ за учество на оваа манифестација, но списокот на изведувачи не е комплетиран. Со овој концерт ќе ги испочитуваме и исполниме трите желби на Тоше. Едната е Градскиот стадион да биде преполн со публика, а другата, со неговиот англиски албум да ја промовира Македонија во светот. Третата желба веќе ја исполнив, но оставам да реши неговото семејство дали ќе ја експонира во јавноста. Им благодарам на Владата и на Министерството за култура што имаа слух за желбите на Тоше - изјави Петровиќ. Третата голема желба на Тоше била на следниот свој концерт, што планирал да го одржи на Градскиот стадион, да настапи заедно со внукот Кристијан. Еден месец пред својата прерана смрт тој напишал нумера што планирал да ја отпее во дует со внукот, но сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, во која го загуби животот, го спречи во таа намера. Од таа причина, демо-снимката од композицијата постхумно е доработена во Лондон кај Енди Рајт. Менаџерката Петровиќ и Аворд продукција доставиле молба до семејството да ја стават на албумот и да ја пуштат во етерот. Родителите на Тоше и сестрата Дори се уште не се подготвени психички да размислуваат на таа тема. Одговорот би можел да ви го дадам за неколку дена, доколку тие го дозволат тоа - изјави Славен Ристоски, сопруг на сестрата на Тоше. Организатори на големиот концерт се Министерството за култура, Меѓународната фондација Тоше Проески и најблиските соработници од менаџментот што се грижеше за македонската музичка легенда. Според плановите, тој ќе стане традиционален. Тоше на Градски низ годините 29 јуни 2004: Значаен датум за македонската поп-музика - Тоше го одржа првиот концерт на Градскиот стадион пред повеќе од 16.000 луѓе и покажа дека еден македонски интерпретатор може да направи величествен концерт и на овој простор, што дотогаш го исполнуваа само странски ѕвезди. Тоше Проески, Фајнал кат продукција и Космофон го претворија сонот во стварност. 23 јуни 2006: По неколкуте успешни настапи низ Балканот, Тоше повторно се соочи со големиот предизвик. Повеќе од 15 илјади посетители уживаа во незаборавниот концерт на својот миленик. 5 октомври 2007: Тоше Проески пееше пред повеќе од 20.000 фанови на Градскиот стадион, неколку месеци откако ја исполни најголемата сала на Балканот, белградската Арена. На Градски, Тоше, Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и Министерството за образование, под мотото Образованието е одговорност на сите, собраа околу 150.000 долари наменети за обновување на основните училишта во земјава. |
||
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Концерт за 50-тиот роденден на Милан Младеновиќ
Концерт за одбележување на 50-тиот роденден на фронтменот на култните ЕКВ, Милан Младеновиќ, ќе се одржи во Белград на 21.09.2008. Концертот ќе го одржат трибјут бенд ЕКВ и пејачката Тања Јовиќевиќ (некогашна вокалистка на бендот Октобар 1864), која пееше придружни вокали во ЕКВ и учествуваше во подготвувањето на албумите Само пар година за нас и Дум дум.
Милан Младеновиќ почина на 5-ти ноември 1994-та година и беше погребан на Алејата на великаните...
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Џони Штулиќ во Белград!?
Горан Стаменковиќ, директор на продукција “Емоушн“, ќе се обиде да го донесе Џони Штулиќ, лидерот на легендарните “Азра“, во музичко риалити-шоу “Операција Триумф“, кое треба да стартува кон крајот на септември.
Џони Штулиќ долго време живее во Холандија и одбегнува било каков контакт со Балканот! Иако Стаменковиќ тврди дека ќе стори се и дека ги потегнал сите можни врски да го донесе Џони во Белград, познавачите велат дека нема шанси тој да прифати учество во таков вид програма! Тоа би значело плукање на сопствените зборови и дека станал се она против што се бореше со децении во своите песни!.. Да видам не верувам!... Џони во реалити-шоу!...
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Македонија утревечер ќе бира претставник за детскиот Евросонг
Вчера напладне во просториите на МТВ се одржа прес-конференција по повод Националниот избор на детскиот Евросонг што ќе се одржи утревечер, со почеток во 20,30 часот директно од Студио 3 на Македонската телевизија.
Од многубројните пријавени композиции, во најтесниот круг се избрани само 12, а ќе учествуваат деца од целата држава. Најдобрата песна ќе биде избрана преку телевоутинг само од фиксната мрежа и петчлено жири, а победникот ќе не' претставува на изборот во Кипар што ќе се одржи на 22 ноември. Имавме пријавено 60 дечиња од кои, за жал, моравме да избереме 12, но бидејќи имаше многу квалитетни вокали, се потрудивме да направиме и неколку дуети, па така сега имаме 20 учесници. Жалосно е кога мора да се одбиваат деца кои сакаат да пеат, но правилата се такви и нема отстапување, изјави уметничкиот директор Љупчо Мирковски. Почетокот на изборот ќе го означат водителите Гораст Цветковски и Ивона Богоевска, а прв ќе настапи Петар Ѓуревски со песничката Сонувач, потоа Ајде горе раце и Горазд Грмашковски, Север- југ ќе пее Бисера Базер, Пејте со нас е со триото Дејана, Благоја и Сара, Среќни сме - Доријан Длака и Филипа Бибановска, Паричка ќе пее Наташа Латиновска, Симпатијо моја- Мирјана Бурназ, Училиште најмило - Мила Миливоевиќ, Мојот ас е песна на Марија Зафировска, Среќен ден - Марија Груевска и Наташа Алексоска, Прати ми СМС Боби Андонов и за крај Љубов моја- Анита Давиткова и Маја Јовановска. Покрај натпреварувачите, програмата ќе биде збогатена и со настапот на Калиопи, Влатко Илиевски, Тамара, минатогодишните претставници на Евросонг Росица и Димитар, Ања Ветерова и Сара Марковска. Утрински весник |
||
djercu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 20.Септември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
New Remix album by Tarkan.. Novo izdanie na albumot Metamorfoz so novi aranzmani obraboteno od poznati DJ ` i vo Turskiot muzicki svet.
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Скопје jazz фестивал 2008 – познати сите детали! Актуелново издание на Скопје jazz фестивал годинава започнува на 17. октомври, и вкупно ќе трае 5 дена. Програмата и овој пат изобилува со стилската шареноликост и големите имиња од светот на џезот... Преземено од Македонска музичка мрежа
|
||
Eli
Сениор Регистриран: 30.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1968 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во пресрет на големиот хуманитарен концерт со наслов Те сакаме сите, во чест на музиката и хуманоста на ангелот со големо срце – Тоше Проески, денес (среда, 24. септември 2008-ма), во просториите на Националната галерија – Мала станица, со почеток во 12.30 часот, ќе се одржи конференција за печат на која на јавноста ќе и бидат презентирани најновите информации врзани за овој настан.
На прес-конференцијата ќе учествуваат претставници на Меѓународната Фондација Тоше Проески – во својство на организатор на концертот, и претставници на Министерството за култура на Република Македонија. Хуманитарниот концерт во чест на Тоше е под покровителство на Владата на Република Македонија и Министерството за култура. Еве неколку интересни детали за настанот... Концертот ќе се одржи на Градскиот стадион во Скопје, на 5. октомври, со почеток во 19.30 часот. Освен пријателите и бендот на Тоше, учествува и Оркестарот на македонска опера и балет со диригентот Саша Николовски – Ѓумар. Билетите по симболична цена од 200 денари се во продажба ширум Македонија, како во музичките продавници, така и долж продажната мрежа на Космофон, Германос и Импулс. Дека со овој концерт продолжува хуманата мисија на ангелот Тоше Проески укажува податокот дека веќе започна да функционира хуманиот број: 143-100 (со повик донирате 100 денари + ДДВ), а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели! Руслана на Градски ќе пее за Тоше Украинската евровизиска победничка Руслана, на големиот концерт наречен „Те сакаме сите, Тоше, што на 5. октомври на Градскиот стадион во Скопје ќе се одржи во чест на Тоше Проески, ќе ја пее песната Лајф, со која Тоше ја претставуваше Македонија на Евросонг во Турција во 2004 година. Специјални гости ќе бидат соработниците и авторите со кои Тоше го работеше англискиот албум. Тие ќе соопштат дека на 25 јануари - роденденот на Тоше, на пазарот ќе се појави долгоочекуваниот албум на англиски јазик, а премиерно на публиката ќе и подарат уште еден необјавен сингл како негова најава. Овие две информации за Дневник ги потврди менаџерката на Проески, Љиљана Петровиќ. Тоше на секој концерт велеше Ве сакам сите и затоа овој ќе се одржи под мотото Те сакаме сите, Тоше, како наш одговор на неговите пораки - вели Петровиќ. Од Македонија, гости на концертот ќе бидат Калиопи, Синтезис, Наум Петревски - кој ќе ја пее омилената композиција на Тоше Има ли песна и Симон Трпчевски - кој на пијано ќе ја свири Љубена, нумера што ја напиша за Проески, а тој не забораваше да му се заблагодари за тоа на ниту еден концерт. Концертот ќе прерасне во традиција Освен Руслана, со која Тоше се запозна во Турција и со неа разви топло пријателство, на концертот ќе гостуваат повеќе ѕвезди од балканската музичка сцена. Од Хрватска ќе дојдат Тони Цетински и Нина Бадриќ, од Словенија Аленка Готар, а од Србија Леонтина Вукомановиќ, која ќе ја пее Чија си, Жељко Самарџиќ, кој ќе ја исполни Цреша, Биља Крстиќ, која ќе се претстави со Јовано Јованке и Гоца Тржан, а ќе настапи и црногорскиот изведувач Бојан Маровиќ. Повеќе од 20 пејачи околу три часа ќе ги пеат песните на Тоше. Своето присуство го потврдија и Енди Рајт, Вејн Хектор и Брајан Тејлор од Пипл ин моушн, кои ќе дојдат за да го објават датумот на излегувањето на англискиот албум на Тоше. Тоа ќе биде 25. јануари - денот на неговиот роденден, ден кој на сите нас посебно ни значи - вели Петровиќ. Концертот ќе го пренесуваат седум телевизии од повеќе земји, меѓу кои и Бугарија и Албанија. Македонската телевизија ќе врши директен пренос, а преку Сателитскиот канал атмосферата од концертот ќе му биде достапна на целиот свет... |
||
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Симон Трпчески продолжува да го освојува светот!
Новата концертна сезона Симон Трпчевски ја започна со два концерти во Бирмингем, Белика Британија. Нашиот музички амбасадор настапи како солист на Симфонискиот оркестар на Бирмингем (ЦБСО), во изведбата на Вториот пијано концерт од Сен-Санс, а под диригентската палка на Андрис Нелсонс. Вечерва настапи со изведба на камерна музика со музичарите на овој реномиран оркестар. Во официјалната програма на концертот, а по предлог на Трпчески, е предвидено и традиционалното Скопско оро во аранжман на Дамир Имери. Настапите со ЦБСО завршуваат во петок (26. септември), со концерт во Бедворт, од каде нашиот мајстор на пијаното продолжува да свири во Швајцарија. На 5-ти октомври, на Градскиот стадион во Скопје, Трпчевски ќе настапи на концертот во чест на Тоше Проески. Есенската концертна програма на Симон Трпчески веднаш потоа продолжува со серија концерти во Шкотска (Единбург, Глазгов и Абердин), како солист на Шкотскиот камерен оркестар. |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Еден милион евра за Депеш Мод во Белград?
Меѓу градовите кои се спомнуваат во агендата за европската турнеја на Дипеш Мод се спомнува и Белград. Организаторите на концерти во Србија почнаа да се натпреваруваат кој поголема цена ќе понуди за групата која секогаш привлекува многу публика, прави одлични спектакли, па според тоа и ризикот од неуспех на концертот е помал.
Реалната цена за концерт на Дипеш Мод се движи од 350.000 до 400.000 евра, но во моментов српските менаџери нудат и 750.000 евра, а се претпоставува дека цената може да стигне и до милион евра...
Вредат да се видат во живо, добро си ги организираат концертите и за атмосфера ги бива... ама милион евра се премногу, кога самите се согласуваат да свират и за 250.000 евра...
|
||
macaparket
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 26.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
МТВ најавува специјална емисија: За Тоше, со љубов
Како што е познато, во недела, 5. октомври 2008. на Градскиот стадион во Скопје ќе се одржи мега-концерт во чест на Тоше Проески под мотото Тоше, те сакаме сите. МТВ ќе врши директен пренос од концертот на својата прва програма од 19.30. до 23.30. Македонската Радио Телевизија како продуцент на настанот и медиумски покровител , ќе воспостави видео мостови со повеќе телевизиски центри од Балканот кадешто ќе се следи директно овој концерт. МРТ ќе го даде на користење бесплатно сателитскиот сигнал за сите заинтересирани ТВ центри, кои со посредство на Европската Радио дифузна мрежа ќе го емитуваат директно концертот. Организатор на мега концертот е меѓународната фондација Тоше Проески, а покровител е Владата на Република Македонија - Министерство за култура на РМ. Во недела, пред директното вклучување со пренос од Градскиот стадион во Скопје, на првата програма на МТВ ќе има специјална емисија За Тоше, со љубов. Оваа отворена програма со гостите во студиото и пријателите на Тоше кои ќе се вклучат телефонски ќе трае од 18 до 19.30 часот. Автор и водител е Миланка Рашиќ. МТВ ќе подготви и документарна емисија за овој мега проект. Автор на документарецот ќе биде Каролина Петковска, а режијата е на м-р Љупчо Билбиловски. |
||
UMRENI LJUGE UMRENI LJUGJE
NA UVO MI SE DERAT UMENI LJUGJE UMRENI LJUGE MNOGU GOMNA SERAT |
||
Внеси реплика | страница <1234 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |