|
СМЕЕ ЛИ МУСЛИМАН ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ИСЛАМ? |
Внеси реплика | страница <1 14151617> |
Автор | ||||||||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Ако имаше малце познавање на еврејскиот јазик немаше да тропнеш ваква глупост. Во семитската група на јазици постои и употреба на заменката НИЕ кога станува збор за изразување во смисол на искажување моќ и величина.Распрашај се поубаво кај некој експерт и ќе ти објасни.Па така и користењето на заменката Ние укажува на моќта и величината Божја. Истото во имаш и во арапскиот јазик.Провери...
Опа, значи сакаш да посочиш дека овде Господ се јавува во лик на ТРОЈЦА МАЖИ? Ајде подобро прочитај ја ПРВАТА КНИГА МОЈСЕЕВА и види за што се работи.
Брзо бриши го ова што си го напишала зошто некому ќе му се преврти дијафрагмата од смеење.. Хахаха, според твоево испаѓа дека за љубов се потребни ТРИ лица.Насетувам ли групњак.
Аман бре, не сум знаел.Значи сакаш да кажеш дека ЕДЕН БОГ би бил фаличен и неспособен за таков голем зафат!!!
Не би се сложил дејче. Ако ја изучуваме природата ќе видиме декоја секоја совршена целина се состои од ДВА дела: две раце, две нозе,две дланки,две подлактици,две надлактици,два пола,две.....Значи двоичноста означува целосност, потполност, совршенство. Бла,бла,бла...Ниту твојата,ниту мојата споредба има врска со она што го објаснуваш.Она што има врска е дека токму така, ако внимателно ја изучуваме природата и човекот тие ќе не наведат на нужното постоење на ЕДНИОТ и ЕДИНСТВЕНИОТ БОГ,кој што нема ниту партнер, ниту потреба да се дели на ТРИ делови.
И што има врска ова ? Ете ние муслиманите си имаме хиџретски календар,а има и многу други календари.Ама пак ќе те прашам што сакаш да кажеш со ова. Ич не те разбирам.? А за спомнувањето на Мухаммед во Библијата свеќа да му палите на Павле. А да те прашам,ако Исус е спомнат во Стариот Завет,зошто евреите не станале Христијани,туку упорно го негираат христијанството, служејќи се со најпогрдни називи во нивниот Талмуд?
Аууууу, ти и анкета си направила помеѓу нашите имами.Аферим! Демек не знаеме ни дали сме сунити, шиити,бектешии или други. Смешки во боја. Па ти девојче се утепа овде во дебатирањето со твоите Христијани кои не припаѓаат на твојата деноминација, а ги имате мнооооооогу, и сега се најде компетентна нам да ни кажуваш дали знаеме или не знаеме што сме. Ама ајде,тука ќе запрам... |
||||||||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Ochebijno, ti ni malce nemash poznavanje na hebrejskiot jazik. "Elohim" e mnozhina od "eloh", no bidejki na judeite vo Stariot Zavet ne im bila otkriena tajnata na Sv. Troica, tie ne mozhele da svatat zoshto ediniot Bog se javuva i zboruva vo mnozhina. Ne mi kazhuvaj mene shto jas da chitam, no ako imash argument, obrazlozhi, koi bile tie TROJCA MAZHI, na koi Avraam im se obratil so "Vladika"? Koj govori ovde za plotski odnosi? Zarem deteto ne mozhe da bide treta lichnost vo ljubovta? Jas govoram za povisoka - duhovna ljubov. Sepak, "ljubovta" na edno lice, sama za sebe i sama po sebe, ne mozhe da bide nishto drugo osven samoljubie. Odnosno, za da sakame nekogo potrebno ni e najmalku vtoro lice, a Bog ne bi mozhel da bide ljubov koga bi se sostoel od edno lice, shto znachi deka ne bi mozhel ni da tvori, bidejki ljubovta e tvorechka sila. Ljubovta ne e dobra zatoa shto ragja i tvori, a obratno, taa tvori i ragja, bidejki e dobra. Koga plotskata ljubov pomegju dvajca sopruzhnici bi bila dovolna i sovrshena, bezdetnite semejstva ne bi odele na sekakvi ekstremiteti, samo za da dobijat dete - treta lichnost, t.e. da go potpolnat i usovrshat svoeto semejstvo. Koja celina se sostoi od dva dela? Dve race i dve noze ne se nikakva celina, a imeno toa shto se: dve race i dve noze. Shto dobivash ti so dve nadlaktici? A shto dobivash so trite dela: dlanka, nadlaktica i podlaktica? Celosna raka mozhesh da dobiesh samo preku sostavuvanje na trite dela, dodeka so dve nadlaktici imash dve nepotpolni race. Bog sozdal chovek podoben na Sebe, po Svojot obraz i Svoeto podobie, kako shto svedochi prvata kniga Mojseeva, a fakt e, deka chovekot e troichno bitie, bidejki se sostoi od duh, dusha i telo. Krstot ni e otklrien vo Noviot Zavet, no toj e vgraden vo chovekot od samiot pochetok na negovoto postoenje. Imeno, krstot e konstrukcija na chovekot i svetot. Zastani pred ogledalo ispraveno, so racete ispruzheni kon istok i zapad, kako shto Bog go stvoril chovekot - rab Bozji i car na zemjata, i vidi kakva e konstrukcijata na tvoeto telo?!Za skulptorot da izvaja torso, neophodno e prvo da postavi konstrukcija vo forma na krst. Ako, pak, skulptorot saka da izvaja golema skulptura vo oblik na zemjinata topka, kakava forma na konstrukcija treba da postavi za da se drzhi skulpturata? Vashiot islamski kalendar nema nikakvo istorisko ni bitno znachenje za svetot. Vprochem, jas ne govoram za nekakov kalendar, a za najgolemite i najbitni nastani vo vo istorijata na svetot i na site vreminja - ragjanjeto, smrtta i Voskresenieto na zhiviot Bog - Isus Hristos, so chie ragjanje se smeni ne kalendarot, tuku seta era. Najbiten nastan e Hristovoto Voskresenie, so koe na chovekot povtorno mu e dadena mozhnost da zhivee vo zaednica so svojot Bog. Se chini deka ti ne si go prochital Stariot Zavet ili ne go razbirash. A shto mislish, zoshto Judeite talkaa vo pustinata 40 godini, koga Mojsej gi izveduvashe od ropstvo? Zarem Mojsej ne gi predupredi deka ako ne go slushaat Boga, kje bidat raseani niz svetot. I zarem ne bidna taka? Ne znam kakva vrska ima Sv. Apostol Pavle so Muhamed, nitu kakva e vrskata na Muhamed so Stariot Zavet, osven toa shto znam deka se obiduval da go chita, no prashanje e, dali go razbral? Mozhebi tvoeto neznanje za svojata religija ti e "smeshki vo boja", no muslimanite - Suniti, koishto jas gi poznavam, takvite kako tebe ne gi priznavaat za muslimani. Vprochem, sunitite ne go priznavaat shiitskoto uchenje, ni toa na drugite islamski sekti. Ako znaesh shto si, barem izjasni se! Изменето од Asya - 16.Септември.2008 во 06:26 |
||||||||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Леле!!!!!!!!!!!!!
Заремн и луѓето се мутанти со три лица?
Јас знаев за дволични луѓе, како особа М., на пример, но не и за тролични!!!
|
||||||||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||||||||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
|
||||||||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||||||||
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
zs da ne smee
islam ne e glava , srce ili pankreas da nesmee da se otkaze covek od nego |
||||||||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
ne si vo pravo,..brat!,...zarem ne gledash deka od seto toa i se,...otkazivaat!
|
||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||||||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Инаку, ај ќе ти дадам нешто од Стариот завет и од новиот завет, за Еден Бог, па ако не ти се допаѓаат, земи избриши си ги од следното издание на истата...
|
||||||||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||||||||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
По создавањето на Адам, во историјата на човештвото до луѓето била непрестано доставувана само една оригинална порака. Значи, за да ги потсетат луѓето на неа и да ги вратат на вистинскиот пат, многу пратеници и веровесници, вклучувајќи ги Адам, Ное, Авраам, Мојсеј, Исус и Мухамед, биле испратени од Едниот Вистински Бог за да ја соопштат следнава порака: Вистинскиот Бог е само ЕДЕН. Обожувај Го само Него и придржувај се кон Неговите наредби. Бог овие големи пратеници, како и многу други пратеници и веровесници, ги испратил да извршат неколку задачи и мисии, меѓу кои се: 1. Да го примат упатството од Бога и да им го достават на луѓето; 2. Да ја соопштат пораката дека Бог е Еден; 3. Да бидат пример за своите народи; 4. Да им укажат на своите народи на богобојазноста и на придржувањето кон Неговите заповеди; 5. Да ги подучуваат своите следбеници на важните верски и морални принципи и овосветски работи; 6. Да ги упатуваат оние што заталкале, кои Му се непослушни на Бога или обожуваат некои други божества или идоли; 7. Да им кажат на луѓето за нивната последна дестинација (Судниот Ден) и што се води до Рајот или Пеколот. Едноштвото на вистинскиот Бог, Создателот, јасно се гледа и лесно се забележува во светите списи на Евреите, христијаните и муслиманите. |
||||||||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||||||||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Студирајќи го поимот за Бога во Библијата и во к*ранот, искрено и објективно, искрениот трагач по вистината би можел да ги распознае уникатните својства што единствено Му припаѓаат на вистинскиот Бог. Некои од својствата што се одлика на вистинскиот Бог и кои јасно Го разликуваат од останатите кои тврдат дека се божества се: - Вистинскиот Бог е Создател, не е создаден; - Вистинскиот Бог е ЕДЕН, не е три или повеќе! Тој нема придружници ниту рамни на Себеси; - Вистинскиот Бог е невидлив; никој на овој свет не може да Го види. Тој не е физички манифестиран или инкарниран во други форми; - Вистинскиот Бог е вечен; Тој не умира и не се менува; - Вистинскиот Бог нема потреба од некого, како мајка, жена или син; ниту од нешто како храна, пијалок или помош. Но другите имаат потреба од Него; - Вистинскиот Бог е единствен во Своите особености; никој не е како Него. Не може да Му се припише никаков човечки или животински опис. Можеме да ги употребиме овие критериуми и својства (како и останатите кои Му припаѓаат само Нему) во испитувањето и отфрлувањето на било какви тврдења за божественост. Сега дозволете ми да ја разгледам претходно споменатата порака и да наведам некои цитати од Библијата и к*ранот кои го потврдуваат Божјото Едноштво. |
||||||||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||||||||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Но претходно би сакал со вас да ја поделам следнава мисла: Можеби некои христијани се прашуваат, „Очигледно е дека Бог е еден. Ние веруваме во еден Бог. Тогаш, што е поентата?“ Како и да е, базирајќи се врз читањето и студирањето на обемни материјали за христијанството и дијалозите со многумина христијани, дојдов до заклучокот дека тие Го спознаваат Тој Еден Бог преку тројството: 1. Бог – Отец; 2. Бог – Син; 3. Бог – Свет Дух. Така, базирајќи се врз здравиот разум и простата логика, искрениот и чесен трагач по вистината би резонирал: - На што мислите кога велите дека БОГ е ЕДЕН, додека од друга страна се упатувате кон три Божества? - Дали е Бог ЕДНО во ТРИ или ТРИ во ЕДНО?! (1 во 3 или 3 во 1)?! Згора на тоа, и според христијанските догми, овие три „Божества“ имаат различни идентитети, ликови, улоги и функции: 1. Отецот = Создател; 2. Синот = Спасител; 3. Светиот Дух = Советодавец. Впрочем, ако Исус, Богот Син (Синот Божји) е навистина Бог или дел од Едниот Бог, дали е ова контрадикторно со библиските искази дека никој не може да го види Бог, ниту да го слушне Неговиот глас? Библијата тврди: „А вие ни гласот Негов никогаш не сте го чуле, ниту лицето Негово не сте го виделе.“ (Иван, 5:37) „Кого никој од луѓето не Го видел, ниту може да Го види.“ (1 Тимотеј, 6:16) „Но лицето Мое не ќе може да го видиш, зашто не може човек да Го види лицето Мое и да остане жив.“ (Исход, 33:20) Базирајќи се врз овие, како и врз други библиски текстови, јас искрено и чесно прашувам: „Како можеме догмата дека Исус е Бог да ја изедначиме со библиските сведоштва дека никој никогаш не Го видел Бога, ниту пак го слушнал Неговиот глас?“ Зарем Евреите во неговото време, неговото семејство и неговите следбеници не го ВИДЕЛЕ Исус (синот Божји, како што некои веруваат!) и не го СЛУШНАЛЕ неговиот глас? Дали постои некоја тајна или сокриена цел што се однесува на вистината за Бог? Во Библијата вистинскиот Бог недвосмислено сведочи: „Јас сум Господ, и нема друг. Не говорев тајно Јас, не во темно место на замјата; не му реков на Јакововото племе: ,Напразно Ме барате‘. Јас сум Господ, Којшто изрекува Правда, Којшто ја открива вистината.“ (Исаија, 45:18-19) Па, што е вистината? Ве молам уште еднаш прочитајте го цитатот и размислете! Сега, ајде да појдеме на едно патување во кое ќе ја бараме вистината за вистинскиот Бог во Библијата и во к*ранот. На крајот од ова патување и по вашето критичко, искрено, чесно и внимателно читање на оваа книшка, а посебно цитатите кои следуваат, би сакал да ги дознаам вашите реакции или мислења. За да биде што е можно пообјективно, јас ги наведов цитатите без никаков коментар. Ве молам прочитајте ги следниве цитати ВНИМАТЕЛНО, КРИТИЧКИ И БЕЗ БИЛО КАКВИ ПРЕДРАСУДИ. |
||||||||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||||||||
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
|
||||||||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
||||||||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Едниот Вистински Бог во Библијата Стариот Завет: ,,Почуј, Израиле: Господ, нашиот Бог, е единствен Господ.“ (Повторени закони, 6:4) ,,…за да знаете и да Ми верувате, да разберете дека сум тоа Јас: пред Мене немаше Бог, и по Мене нема да има. Јас сум Господ и нема Спасител освен Мене.“ (Исаија, 43: 10-11) ,,Јас сум првиот, Јас сум и последниот; освен Мене нема Бог; зашто кој е како Мене?“ (Исаија, 44:6) ,,Нема друг Бог освен Мене, – Бог праведен и Кој спасува, нема освен Мене. Кон Мене обрнете се и ќе бидете спасени,… зашто Јас сум Бог и нема друг како Мене… пред Мене ќе се преклони секое колено.“ (Исаија, 45: 21-23) ОВА СЕ САМО НЕКОИ ЦИТАТИ ОД СТАРИОТ ЗАВЕТ Можеш ли да се сетиш на слични такви цитати? |
||||||||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||||||||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Едниот Вистински Бог во Библијата Новиот Завет:
(Матеј, 19:16-17) ,,А животот вечен е тоа, да те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исуса Христа.“ (Јован, 17:3) ,,На Господа, твојот Бог, да Му се поклонуваш и само Нему да Му служиш!“ (Матеј, 4:10) ,,Чуј Израиле! Господ, Бог наш, е еден Господ.“ (Марко, 12:29) ,,Зашто еден е Бог, и еден е посредникот помеѓу Бога и луѓето – човекот Христос Исус.“ (1 Тимотеј, 2:5) Можеш ли да се сетиш на некои други цитати кои потврдуваат дека БОГ Е САМО ЕДЕН? (А НЕ ТРОЈЦА!) |
||||||||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||||||||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Повели, размисли, не брзај.
Или е вака, или онака, или книгата ви е полна со контрадикции. Друго нема!
|
||||||||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||||||||
Внеси реплика | страница <1 14151617> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |