|
Алергија |
Внеси реплика | страница <1 89101112 13> |
Автор | ||||||||||||
nikita
Сениор Регистриран: 29.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1610 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Да...мајка ми ги имаше овие маки да ги речам,и она е алергична на прав...и на промена на време,како сега се утепува од кивање...
|
||||||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Што беше, како беше, незнам, ама ќе го памтам, мислев дека ќе умрам, а сега на вести гледав некоја анкета, со граѓаниве, повеќето се пожалија на некакви тегоби. Сепак нагло паѓање на температура за 20 степени не е играчка, Боже мили, од сите страни сме накажани па и климава не утепа.
А и ова дрвава мајку им нивна, неплански садени канадски тополи и липи по цел град колку набрзина да се добие зелен појас, и тоа не го бива. Се жалат и ученици по училиштата, а никој не ги кастри на пролет, многу дечиња имаат тегоби...
|
||||||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||||||||
Storm2
Сениор Регистриран: 07.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 432 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
ALERGIJSKI REAKCII - PRICINI
Mozebi MASTITE i PROTEINITE od MLECNITE PROIZVODI se ODGOVORNI za nekoi vidovi na ALERGIJSKI REAKCII. Vo tekot na mnogute godini, jas, Michio Kushi, davav soveti na mnogu luge koi od nekakva pricina bile alergicni na integralnite zitarki. Spored moe mislenje ( Michio Kushi ), lugeto se ALERGICNI na GLUTEN ili DRUGITE SOSTOJKI na - psenicata, ovesot, pcenkata, ili proizvodi od integralno brasno - verojatno uste od raganje KONZUMIRALE redovno ili premnogu MLECNI PROIZVODI ili redovnop ili premnogu RAFINIRAN SEKER. A kolkava e taa kolicina ? TOa e BILO KOJA KOLICINA, ako postoi alergicnost na integralnite zitarki. Najverojatno deka problemot pocnuva vo najranoto detstvo. Na bebinjata koi se hranele ili se hranat so KRAVJO ili VESTACKO MLEKO na cucla - im NEDOSTASUVA KOLOSTRUMOT na nivnata majka, mlekoto koe se laci nekolku dena po raganjeto na bebeto. KOLOSTRUMOT e potreben da STVORI JAK IMUNITET i ZDRAVA CREVNA FLORA pred bebeto da bide podgotveno da ja vari vo zeludnik cvrstata hrana. Bebinjata hraneti od shishe ppodlozni se na bolestite vo detstvoto a podocna na alergiskite reakcii, osobeno ako i ponatamu konzumiraat redovno ili preterana kolicina na MLECNI PROIZVODI i RAFINIRAN SEKER. KONZUMACIJATA na MLECNITE PROIZVODI i RAFINIRAN SEKER mnogu godini, dodveduva do PROMENA vo KELIITE na ZELUDNIKOT i CREVATA, vklucuvajki gi i RESICKITE vo tenkoto crevo ( mali strukturi slicni na pipki koi se zadolzeni za apsorpcijata na hranata ). CELOKUPNIOT ORGANIZAM mozda se PRILAGODUVA na POGOLEMITE MOLEKULI na ZIVOTINSKIOT PROTEIN od MLEKOTO i IZOBILSTVOTO na KALCIUM i drugite hranlivi materii vo kravjeto mleko. Istovremeno, mozebi doaga do NEPOVOLNI REAKCII NA voobicaenite INTEGRALNI ZITARKI - tie reakcii gi narekuvame ALERGIJSKI REAKCII. Ako ste ALERGICNI na GLUTENOT od ZITARKITE, osobeno na toj od - psenicata, ovesot ili pcenkata - obidete se da gi ZAMENITE so - INTEGRALNIOT ORIZ ili PROSOTO - koi SODRZAT pomalku GLUTEN. Istotaka, ZGOLEMETE ja kolicinata vo ishrana na zelencukot i jadete poveke mahunarki, kako i proizvodi od niv. Postepeno SMALUVAJTE ja kolicinata na MLECNITE PROIZVODI i HRANA so RAFINIRAN SEKER i slicno, dodeka ne bidete vo sostojba POTPOLNO da gi IZBEGNUVATE. Za nekolku nedeli, obidete se da jadete malku GLUTEN od INTEGRALNITE ZITARKI. Postepeno, mozebi ke vi bide mozno da gi svarite i apsorbirate integralnite zitarki BEZ NIKAKVI neprijatni ili ALERGIJSKI REAKCII. od kniga " The Macrobiotic way", By Michio Kushi |
||||||||||||
Goldi
Сениор ЗЛАТНО МОМЧЕ Регистриран: 10.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7729 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Дијагноза на алергијаПокрај физикалниот преглед, кој при типични случаи укажува на алергија, за поставување на дијагноза на алергија, како и за речиси секоја друга дијагноза, потребни се тестови кои ќе ја докажат болеста. Речиси еден век најупотребуваниот метод за дијаноза на алергија, како и за утврдување кој материја ја предизвикува алергијата кај пациентот, се кожните тестови. При изведување на овие тестови, кожата е директно изложена на супстанции кои најчесто предизвикуваат алергии-алергени и се пратат знаците на алергиска реакција. Заедно со историјата на болеста и физикалниот преглед, кожните тестови можат да докажат дека симптомите како кивавица, исипи по кожата, свирење во градите, се предизвикани од алергени и уште поважно од кои алергени. Според јачината на локалната алергиска реакција може посредно да се утврди и тежината на алергијата. Со овие податоци лекарот може да го припреми планот за лечење, вклучувајќи избегнување на алергенот, секако доколку тоа е можно, лекови или имунотерапија ( вакцини против алергија).
Лекарот обично поставува детални прашања за текот на болеста, присуството на алергија кај други членови во семејството, за самите симптоми, нивната тежина, кога најчесто се јавуваат и кога се најмногу изразени. Обично самата историја на болеста и физикалниот преглед се доволни кај типични случаи, но во одредени случаи кожните тестови мора да се направат за да се докаже алергија. Сепак кожните тестови најчесто се користат за утврдување кој алерген ги предизвикува симпотмите. При изведувањето на тестот, мали количини на прочистен екстракт од алерген (како полен, прашина, отров од оса, и сл.) се инјектираат во кожата на раката или на грбот и се следат знаците на алергиска реакција. Алергените исто така можат да се детектираа со лабораториски тестови. Употреба на кожните тестови Кожните тестови често се употребуваат за дијагноза на алергиски болести како алергиски ринит, алергиска астма и дерматит. Кожните тестови се безбедни за сите возрасти, вклучувајќи мали деца и постари лица. Сепак, во некои случаи, кожните тестови не се препорачуваат, како на пример при :
Во случај кога кожните тестови на можат да се изведат, се изведуваат лабораториските тестови ( in vitro allergen-specific IgE antibody tests). Иако овие тестови се прецизни како и кожните тестови, тие се изведуваат поретко затоа што се помалку сензитивни и поскапи. Подготовка Пред закажувањето на кожните тестови, вашиот лекар мора да ги знае сите лекови кои ги земате, дури и оние кои се купуваат без рецепт. Некои лекови може да ја сопрат алергиската реакција и со тоа резултатите од тестот да бидат неточни! Други лекови пак можат да го зголемат ризикот од тешка алергиска реакција. * Бидејќи лековите се метаболизират, се чистат од телото со различна брзина, можно е вашиот лекар да побара да престанете да ги земате лековите за извесен период. |
||||||||||||
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
||||||||||||
afrodit
Сениор Регистриран: 23.Декември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 272 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
|
||||||||||||
Goldi
Сениор ЗЛАТНО МОМЧЕ Регистриран: 10.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7729 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Алергиски ринитис / Алергија на полен / Сезонски ринитисДоколку секоја пролет имате затнат нос, очите ви се зацрвенети и ве чешаат и имате кивавица-можно е да имате алергија - алергиски ринитис ( најчесто алергија на полен.). Алергија на полен е најчесто употрeбуваниот термин, иако постојат огромен број на материи кои можат да предизвикат алергија.
Доколку симптомите се јавуваат секоја година во ист период, најверојатно се работи за сезонска алергија, предизвикана од полен кој се јавува токму во тој период. Но доколку постои преосетливост (алергија) кон алергени како прашина на пример симптомите може да траат цела година. Лековите кои се земаат без рецепт обично се доволни за смирување на симптомите на лесна форма на алергиски ринитис, но доколку симптомите се поизразени и посебно доколку се присутни во текот на цела година, треба да се обрне повеќе внимание, за да се намали ризикот од посериозни форми на алергија како астма и екцем. Знаци и симптоми Знаците и симптомите на алергиски ринитис варираат од лесни до многу изразени. Симптомите на алергиски ринитис обично се развиваат веднаш по изложување на алергенот, но и материи како парфем и чад од цигари можат да ги влошат симптомите. Симптомите на алергиски ринитис се: :
Доколку имате чести настинки кои се развиваат одеднадеш и се јавуваат во исто време во годината, можно е да се работи за алергиски ринитис. Иако алергиите и настинките имаат многу слична клиничка слика, тие се сепак многу различни болести. Еве зошто:
Иако алергискиот ринитис може да се појави во било која возраст, најчесто се јавува во детството и раната младост. Со стареење симптомите може да се влошат или подобрат, но сепак симптомите имаат тенденција да се намалуваат со текот на годините. Лицата кои имаат алергиски ринитис можат да бидат алергични на повеќе материи истовремено. Без разлика која материја ја предизвикува алергијата, причината е секогаш иста: преку процес наречен сензибилизација, имуниот систем погрешно ја идентификува таа материја како закана за организмот и произведува анти-тела против алергенот, имуноглобулин Е. Наредниот пат кога ќе дојдете во контакт со алергенот, имуниот систем ја започнува алергиската реакција. ИгЕ антителата го иницираат ослободувањето на хистамин, супстанца која предизвикува отекување на слузокожата и мукозната мембрана во носот, синусите и очите, предизвикувајќи кивање, течење на секрет од носот, зацрвенети очи и тн. Ризик фактори Следнива фактори го зголемуваат ризикот од поленска грозница (стар назив за алергија кон полен):
|
||||||||||||
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
||||||||||||
Didi
Сениор Summer flower Регистриран: 14.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 15583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Alergijata e poremetuvanje vo imunuloshkiot sistem na organizmot,sto najcesto e genetski odredeno.Megutoa,ne retko vo praksa imame slucai koga pojavata na alergijata e steknata vo tekot na na zhivotot na pacientot i negovata izlozhenost na razlicni priciniteli na alergija.Kako najcesti priciniteli na ovaa nezgodna bolest se zagaduvanjeto na zhivotnata sredina,promeni vo ishranata,kako i novite aerozagaduvachi(chestichki dizel gorivata,ozonot i azotniot dioksid),pregolema upotreba na pesticidi,herbicidi i razni antibiotici.Koga vo coveckiot organizam ke navlezat nadvoreshnite cesticki,vo slucajot alergeni,se sozdava antitela M i G koi gi eliminiraat nadvoreshnite cesticki.
Kaj alergichnite pacienti se narushuva imunoloshkiot sistem pri shto se sozdavaat drugi antitela nareceni E koi nemaat sposobnost da gi eliminiraat alergenite,tuku tie ostanuvaat vo teloto i razvivaat alergiska reakcija. |
||||||||||||
Srekata vo tvojot zhivot zavisi od ubavinita na tvoite misli....
|
||||||||||||
duda
Нов член Регистриран: 29.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
здраво на сите сто ке ме процитаат тука, сакам да ве прашам , пред да отидам на доктор ,бидејки гледам дека се разбирате од алергии, ме Чеша цело тело,ама ми се праат како пликови од коприва,жешки се и ги снемува..после пак, сегде по телово(уши,стапала,лице,препони) некои ми викаат дека таква реакција се добива од стрес, а некои од храна..кажете ми сто да ставам, се мачкав ракија ама пак чеша..ве молам побрзо одговорете ми (до сеа не сум била алергична на ништо-имам 21) ФАЛА
|
||||||||||||
Goldi
Сениор ЗЛАТНО МОМЧЕ Регистриран: 10.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7729 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Псоријазата е релативно честа и хронична кожна болест која предизвикува појава на плаки, црвенило и крустење на региони од кожата.
Иако можат да се појават секаде, овие плаки најчесто се појавуваат на колената, лактите, рацете, нозете, скалпот или на грбот. Според Американското Здружение на Дерматолози, ноктите на рацете и нозете се зафатени во 50% од случаите на активна псоријаза. Симптомите на псоријаза можат многу да варираат во зависност од тежината на болеста, и да бидат од благи до многу изразени. Додека чешањето и болките обично се умерени и подносливи, најтешките ефекти од псоријазата се врз емотивната состојба. Луѓето со тешка форма на псоријаза понекогаш се толку преокупирани со нивната состојба и нивниот физички изглед што почнуваат да се чувствуваат изолирани и депресивни. Псоријазата се јавува кај околу 2% од вкупната популација. За жал, сеуште нема лек кој целосно би ја излечил псоријазата, но денес има многу ефикасни третмани со кои псоријазата може да се држи под контрола. Псоријазата нема образец на прогресија. Таа се развива различно кај секој болен, индивидуално. Некои луѓе може да имат само повремени и минимални симптоми во текот на цел живот, додека кај други симптомите можат да бидат многу изразени секојдневно. Кај најголем број, симптомите и кожните промени доаѓаат и си заминуваат. Може да се јави влошување како резултат на одредни промени како на пример суво време или стрес. Нелекувана, екстремно тешка форма на псоријаза може да биде животозагрозувачка. Иако се случува многу ретко, ако лезиите покријат голем дел од телото, имуниот систем може да биде надвладеан и да се јави сериозна бактериска инфекција. Борбата со псоријазата може да биде исрпувачка и фрустирачка. Важно е да се се остане емотивно и психички здрав при лекувањето. Со денешните методи псоријазата е болест која може да биде ставена под контрола, дури и најтешките форми, од друга страна самата псоријаза не остава лузни, така да потребно е зачувување на духот и придржување на третманот препорачан од дерматолог. |
||||||||||||
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
||||||||||||
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Со почетокот на пролетта, кога се буди природата и кога почнуваат да цветаат пролетните билки, за многу луѓе започнува и правата ноќна мора - пролетните алергии. Пролетните алергии почнуваат во март,а поленските алергии се задржуваат и до септември што претставува голема тегоба за луѓето кои патат од овие алергии.Најчести симптоми се кијавица, кашлица, течење на носот, црвенило околу очите ( солзни очи) како и уморот и раздразливоста... Бројката на луѓе што патат од алергии расте секоја година.Ова се поврзува со продолженото цветање на тревата и цвеќињата поради глобалното затоплување.Исто така, загадениот воздух и загадената животна средина кои допринесуваат за слабеење на имунитетот на организмот. Некој чудесен лек за алергиите нема, сепак барем е можно да се ублажат симптомите. Постојат неколку вида антиалергиски лекови( зависно од видот на алергијата), а најпознати се лековите од групата на антихистамини и кортикостероиди Исто така, се препорачува и зголемена хигиена, туширање и почесто миење на косата бидејќи поленот највеќе се собира на косата и на облеката, често перење на постелината... Правта и влагата некогаш можат да ги појачаат симптомите на алергија и алергиската астма па се препорачува почесто ветреење на просториите и одржување на хигиена во домот |
||||||||||||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
ALERGIJA - Prekumerna reakcija na teloto na tu|i supstanci, koi za pove}eto lu|e se bezopasni. Vo ovie supstanci, nare~eni alergensi ili antigensi, mo`e da se vklu~at: polen, lekovi, prav, hrana... Neposrednata alergiska reakcija rezultira od genetskite predispozicii ili ~ustvitelnost poradi predhodna izlo`enost. Krvnite sadovi se {irat, a bronhijalnite di{ni pati{ta se sobiraat. Ostra reakcija (anafilaksa) mo`e da go naru{i di{eweto i da bide fatalna. Odlo`eni alergiski reakcii (pr. kontakten dermatitis) se javuvaat 12h. ili pove}e po izlo`enosta. Vo prevencija ili tretman na alergiite spa|a izbegnuvawe alergensi a zemawe antihistamini. Koga nivnoto odbegnuvawe e nezavodlivo i antihistaminite ne gi osloboduvaat simptomite, mo`e da se obideme so desenzitizacija...
|
||||||||||||
irena972
Нов член Регистриран: 20.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
mislenje za alergija na kozata od sonce.
|
||||||||||||
irena972
Нов член Регистриран: 20.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
|
||||||||||||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
само криење од сонцето ти е спас...креми со заштитен фактор,долги ракави,шешир...
|
||||||||||||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 89101112 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |