|
Крај на светот на 10 Септември !!!!! |
Внеси реплика | страница 123 18> |
Автор | |
Agapi
Сениор Регистриран: 09.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 541 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 04.Септември.2008 во 22:58 |
Наскоро крај на светот?!МИА 04.09.2008 11:46
Дел од научниците се обидуваат да запрат нешто што ќе биде најмоќен, најголем, а можеби и најважен експеримент до сега. Имено црните дупки кои вештачки ќе се создаваат би можеле да ја проголтаат Земјата, ги пренесува МИА пишувањата на лондонски „The Sun“.
Експериментот кој треба да се случи следната недела во лабораторијата во Европскиот центар за нуклеарни истражувања (ЦЕРН), околу 100 метри под земјата близу француско-швајцарската граница, некои веќе го нарекуваат „експеримент на судниот ден“. Машината, акцелератор на честички, со чија помош ќе се изврши експериментот, е долга 30 километри и чини 4,4 милијарди фунти. Во моментот кога ќе биде пуштена, а тоа би требало да се случи на 10 септември, апокалиптичната машина за разбивање на атомите буквално ќе стане временска машина која на научниците треба да им открие како се создала вселената и што се случувало веднаш по Големата експлозија, пред отприлика 14 милијарди години. Во моментот кога научниците ќе создадат услови, по Големата експлозија, се очекува да се појават бараните и претпоставени честички кои создаваат материја и нова димензија. Научниците веруваат дека при тоа ќе бидат создадени многу мали црни дупки, мали верзии на „чудовишта“ во далечната вселена кои ја впиваат целата материја околу себе, па дури и светлината, која иако патува со најголема воопшто можна брзина нема да може да побегне. Заради тоа некои научници сакаат да го запрат овој проект со последни обиди по пат на суд. Стравуваат дека експериментот навлегува во целосно непознато подрачје со кој би можело да се загрози безбедноста на целата планета. Групата која стои позади целиот проект, Европскиот центар за нуклеарни истражувања, тврди дека малите црни дупки ќе исчезнат откако ќе бидат создадени. Но, нивните опоненти предупредуваат дека никој не може 100 проценти да гарантира на кој начин ќе исчезнат црните дупки, кои може постепено да растат до величина која би можела да ја проголта целата Земја. Од Центарот пак тврдат дека овој експеримент е од клучна важност за откривањето на големата мистерија за создавањето на вселената и се што има во неа. Во експериментот, честичките на атомите треба да бидат насочени во спротивни правци од нивните вистински патеки низ 30 километарската подземна машина, што е речиси со големина на лондонското метро. Честичките ќе патуваат толку бргу и секоја секунда ќе ја заобиколуваат целата должина 11.245 пати. Како краен резултат, научниците очекуваат дека ќе откријат фундаментален дел на атомот, кој се нарекува Хигсов бозон, за кој се смета дека постои, но никогаш научно не бил докажан. Професорот Ото Рошлер, кој ја предводи спротивставената страна, на Европскиот суд за човекови права подигна тужба против 20 земји кои го финансираат овој проект. „Многу е веројатно дека малите црни дупки ќе преживеат, ќе пораснат и ќе ја проголтаат целата планета“, тврди професорот. Портпаролот на Центарот наведува дека со „експериментот нема да се создаде ништо што веќе рутински не се случува во природата“. |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема. Без гајле. А и да биде така, ај бидете искрени - заслужи ли човештвото подобро?
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
која глупост
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Ani4ka_xxxxxxxx
Сениор Регистриран: 30.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 163 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
тоа ти се чисти глупости, абе 100 пати до сега е најавен крајот на светот па никако да дојде, па сега демек на 10 септември, глуости, некои велат во 2012 ама којзнае дали и тогаш ке дојде
|
|
St|Ll wA|t|nG f0r mY pR|nCe ChArm|nG...
|
|
Ani4ka_xxxxxxxx
Сениор Регистриран: 30.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 163 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
насловот на темава е мн интересно напишан- “Крај на светот 10 септември!!!“ова повеке ме потсеќа како наслов на некоја книга а не како нешто мн страшно што му следува на човештвотот, дали вие воопшто сваќате што значи Крај на светот?
|
|
St|Ll wA|t|nG f0r mY pR|nCe ChArm|nG...
|
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Читај што е напишано во првиот пост.Има шанси ова да се деси.Не е заебанција.
|
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
i potoa sho?
|
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Експонанционано ширење на дупката ако се формира.т.е Отидовме ние у пм.
|
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Aма че си го земиме и сонцето со нас...
|
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
Ani4ka_xxxxxxxx
Сениор Регистриран: 30.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 163 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
и месечината
|
|
St|Ll wA|t|nG f0r mY pR|nCe ChArm|nG...
|
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е претераа веќе со овој крај на светот... па стварно не се интересни
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Проектот не е заебанција, туку нешто што реално се случува т.е. треба да се случи на 10 септември, после неколку одложувања (на стотина км од мене)...
А дали ќе дојде до крај на светот?...
Ако на 10 септември ме снема од форумот, ќе знаете дека сте биле во право...
Темата CERN е повеќе разработена на подфорумот Наука...
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a be ajde,....makedonija ke ostane,...na toa parche "zemja", shto nema da ,...ischezne,..
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
neo_wmaster
Сениор Angel of Death. Регистриран: 29.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 660 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абе луге ајде малку мозгајте, не само кажувате ке умреме, нема да умреме. Ајде да пробам да ви објаснам накратко. Честичките ке се забрзаат со брзината на светлината, тие ке се судрат и ке се здробат. Со тоа ке се ослоби огромна количина енергија со која ке се создаде црна дупка. Е сега таа црна дупка ке биде минијатурна и ке ни создаде временска порта. Главна цел на проектот е патување низ времето. Ова го има кажано гчавниот на проектот, некој си руски научник, не ми текнува сега на името. Нема никаков страв, а и да се создаде голема црна дупка сигурно нема да умреме, зошто не знаеме што има во црните дупки, може сите голтнати планети си постојат некаде, само ние не знаеме каде.
|
|
I love Daphne Millbrook.
|
|
Внеси реплика | страница 123 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |