|
СЕКТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА |
Внеси реплика | страница <1 23456 7> |
Автор | |||
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Здраво дечки. Еве гледам дека почнавте да се расправате во духот на христијанството. За ова зборам на сите теми ама никој никао да разбере дека теоријата за која вие зборувате и очигледно добро ја познавате, никако не можете да ја спроведите во пракса. Сите сте заборавиле на најважната работа која Иса а.с има ја оставил на луѓето а тоа е да се сакаат меѓу себе без никакви предрасуди, да не му препишуваат други богови на единствениот, да не осудуваат и сл. И што стана после неговото заминување? Одма почнаа да се делат на вакви и такви, создадоа еден куп религии во име на “новиот т.е според нив истиот бог“ за кој тој им викаше дека е еден и единствен, осудуваа, убиваа, палеа , уништуваа. И до ден денес ништо не се променило само што сега има многу демократи на форумиве кои кога ќе згусне забораваат на правото секој да си мисли и верува како што сака. На една тема каде што многумина од вас осудија една религија поради тоа што повикала на забрана да се печати некоја контраверзна книга викав дека таквата забрана е нормална, а демократите викаа дека тоа не е во согласност со слободата на човекот. Сега кога се зборува за “секти“ опс еве ти двоен аршин. Сега тоа не смее да се прави, тоа ја уништува религијата, тоа е против христијанството. Епа каде ви е тука слободата на изразување и верување, каде ви се тука правата секој да си прави што сака? Зошто ги осудувате луѓето, па нели тоа е против демократските вредности и слободите на човекот? Па ако некој сака да верува во Исус а не во светото тројство тоа е негово право нели?
ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ колку се само некои дволични на форумов. Изменето од misterX - 01.Септември.2008 во 19:42 |
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не разбрав само од текстов... зборуваш и за шиити, бекташи, дервиши, друузи... или? Како беше она - прво гредата во своето око, нели?
|
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Е да де зборам за сите, и за нив. Не ми сметаат нека си тераат по нивно. Има книги секој човек, нека земе и нека чита. Кад што ќе ја најде својата вистина таму нека оди. Што ви е толку чудно тоа? Јас сум сунит и си верувам јас како што сакам, и за разлика од многу други тука демократијата ја разбирам многу пореално.
Ете ви уште една причина да нападнете. |
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А сега и сериозен коментар...
Разликата меѓу ова и забраната на книгата е во тоа што конфликтот меѓу разните деноминации, во денешно време се сведува само на вербална комуникација и се сведува на вербална осуда на другиот. Значи - не се бара (уште помалку не се издејствува) забрана на постоењето на другите групи, не се забранува на луѓето да ги посетуваат другите групи, не се забранува да се чита и да се информираат луѓето за сите други групи. Токму овој форум е пример за тоа. Верувам дека во овој под-форум имаме научено повеќе за евангелизмот, баптизмот, пра-христијанските заедници, пентакосталците и сите останати - отколку што може било каде во Македонија да собереш информација за нив. Да, дискутираме за нив, се караме дури. Но јас не се сеќавам да сум забранил некој да пишува само затоа што е против мојата вера... Напротив - ги банирам само оние кои ги навредуваат другите и бараат од другите да не постојат. Мора да сфатите дека има разлика меѓу дебата и дискусија (па макар и доста разгорена), и палење на книги, објавување на смртни пресуди, палење на амбасади, забрана за објавување и право на мислење. |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Абе зидарски па ваквите заебанции ги произведуваат “сектите“.
|
|||
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
So e toa Siiti vo so veruvaat???
Inaku spored mene vo debatava Povekje se soglasuam so Zidarski |
|||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Кои "забанции" ги произведуваат сектите? Давањето смртни пресуди? Палењето на книги и амбасади? Обидите за атентат врз автори? |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Se izvinuvam sto si dozvoliv da citiram samo delovi od tvojot posleden komentar, no tie tolku mi se dopadnaa (verojatno zatoa sto, poveke ili pomalu, go delam istoto mnenie) sto nemozhev, a da ne gi potenciram na vakov nachin i da gi naprtavam poochebijni. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
butel2
Сениор Регистриран: 26.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 4138 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Pentakostalec, sosema se slozuvam deka koga veke nekoj se priklonil kon nekoja vera, se pronasol tamu sebesi, i ke ja brani.
I tocno i ti , kako sto velis , mozes da kazes pravoslavnite ne se vo pravo poradi ova ili ona,i sosema normalno taka da velis , bidejki crkvite koi se otcepile od maticnata , se otcepile poradi toa sto nekoj poinaku gi protolkuval rabotite , i normalno deka po sebe povlekol i odreden broj vernici. jas voopsto ne osuduvam nikogo zosto e vo ovaa ili onaa crkva , sekoj spored svoite ubeduvanja, no toa e fakt , deka site tie hristijanski crkvi koi se otcepile od maticnata se sekti. |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
A koja bila matichnata?
|
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Зидарски срамота е да се однесуваш така а си модератор на форумов. После бараш од другите да се држат до темата или да не дискутираат со навредлив тон. Како прво јас не те коментирав тебе туку некои од дечките кои на оваа тема се испокараа(прочитај малку наназад и ќе видиш за кого пишував) дали нивната религија е секта или нее.Твоето мислење не го знам но според твоиве коментари гледам дека несакаш да признаеш дека сум во право а и дека можеби не ги читаш коментарите на другите форумџии. Знам дека е тешко да се признае но тоа е тоа и фактите се тука, на само неколку страници наназад. Јас секогаш зборувам врз основа на факти и се трудам да не навредувам ,барем не на начин на кој го правиш тоа ти и уште неколку твои колеги. ако сакаш да зборуваме за атентати тогаш отвори тема за тоа и јас имам и таму многу да ти кажам. Но овде зборуваме за сектите и кавгите кои произлегоа поради различните ставови. МОј став е дека голем дел од вас има различни аршини кога се работи за докажување на своето право. Еднаш критикуваме се а другиот пат се правиме дека сме демократи и со слободни сваќања. Ама едно можам да забележам дека може и очи да си извадите, со атеистите сте како мачка и глушец, со другите религии кои произлегуваат од христијанството нон стоп сте во кавга, ама штом се појави некој муслиман да ви укаже на вашите грешки тогаш така се спојувате па човек ќе помисли дека сите иста школа сте завршиле. Дури и атеистите се на ваша страна и незнам како ви успева да ги натерате да размислуваат како вас ама морам да признаам дека и тоа е умешност. Затоа ви порачувам да не се делите туку сите оние цркви кои ги имате и кои ви се разликуваат само по некоја ситница да си ги споите затоа што не вреди да се расправате меѓу себе кога всушност “непријател“ ви е некој друг. А ти зидарски немој друг пат да ги караш другите форумџии кога настапуваат сосема спротивно од правилата т.е исто како тебе. Не беше спомнато ништо за убивање атентати заебанции и сл. а ти опс, немајќи соодветно решение, ете го најде најлесното а тоа е па вие бесите убивате, колите, атентати правите, жени тепате, силувате, малолетни земате за жени.Истата реторика постојано. Хахаха да де ние сме дежурни кривци на светов. Да небевме ние немаше да има ниедна друга христијанска секта, нели? Да небевме ние немаше да има атентати, силување, верски војни, клење бесење,криминал и се ќе беше ок. Ама пустото еве сме ние тука со вас живееме и изгледа ќе морате да не изубивате најпрвин па да може да ги реализирате вашите демократски соништа за чист свет без луѓе кои ќе размислуваат поинаку. Еве јас како муслиман ви порачувам дека ако е до нас муслиманите уште утре ќе се фрлам од највисоката зграда ама мислам дека не ќе да е само до нас. Една рака сама не прави аплауз, а за љубов секогаш се потребни двајца. Значи според мене, религии или различни верувања нека си има и нека си тераат по свое а луѓето ако им веруваат тогаш тоа е нивна работа. Зидарски до сега се зборуваше за христјанските религии(не сакам да ги наречам секти како што некои други тоа го прават), од сега па натаму можеш да прашаш нешто и за муслиманските па ако знам ќе ти одговорам. |
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
МистерХ - јас зборувам од лично име. Никаде на форумов, ниту навредив припадник на некоја деноминација, ниту имам намера да го оспорам неговото право да верува поразлично од мене.
Изреагирав така како што изреагирав кон тебе - затоа што си дозволуваш да ги критикуваш Христијанските деноминации и да тврдиш дека не го следат Словото, а од друга страна - самиот припаѓаш на религија која ги има истите проблеми и недоразбирања во своите редови. Зборуваш за тоа како ние не сме демократски настроени кон "сектите" - а јас ти одговарам дека самиов форум е пример и поим за демократија во таа област. Како што гледаш - јавно дискутираме за теми кои се многу спорни, дискутираме со луѓе кои веруваат различно од нас, со луѓе со кои не се согласуваме и кои дури имаат мислења, кои нашата сопствена деноминација ги смета за еретички. Дискутираме! Не забрануваме дискусии, не палиме книги, не бараме забрана за печатење, не осудуваме јавно некого на смрт. Разликите меѓу различните погледи врз нашата религијата ги дискутираме, а не ги решаваме со насилство. Што од ова не е точно и што од ова е надвор од темата за "сектите"? |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
зидарски дај кажи каде тоа јас ги навредив другите христијански деноминации. Ништо лошо не реков туку само забележав како тие меѓусебно се расправаат на оваа тема додека на другите се прикажуваат како поинакви. Никого не навредив и не кажав никакви погрдни зборови а ти како модератор успеа да кажеш многу нешта без потреба. Јас знам што пишувам и немој да ми ги испревртуваш зборовите. И на крај, мојата религија нема “проблеми“ со други секти. Тие си се само за себе и секој си знае каде си припаѓа. Изменето од misterX - 01.Септември.2008 во 23:03 |
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Доколку ти се допадна, повеќе за тоа имаш на:
и на:
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
Внеси реплика | страница <1 23456 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |