|
Кoja кујна??? |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | |
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Американска Кујна
Најсликовит израз, кој најдобро ги опишува жителите на Соединетите Американски Држави е “Мелтинг Пот” - “лонец во кој се стопуваат и се мешаат различни луѓе, обичаи, култури, раси, религии, па така и гастрономијата од сите делови на светот”. Американската кујна е многу разновидна и не може строго да се дефинира. Тоа на што денес сите помислуваме кога ќе ја споменеме американската кујна пред се е брзата храна: хамбургери, помфрит, печено пилешко, хот-дог, салата од компири, пита од јаболка и традиционални јадења кои се јадат за одредени пригоди, како полнета мисирка и сладок компир. Врежано е мислењето дека голем дел од популацијата живее на брза храна. Тоа навистина е така, а дома приготвената храна е вистинска реткост, иако не значи дека не постои. Регионални кујни Доселениците во САД, со себе ги донеле и специјалитетите од земјите од кои дошле, а времето покажало кои јадења се прифатени. Североисточниот дел на САД, познат како Нењ Енгланд, познат е по силните јадења кои се приготвуваат според рецептите на британските колонизатори, како и по јадењата од морски плодови. Германците, Скандинавците, Источноевропејците, Русите, Британците и Италијаните и сите нивни кујни учествувале во создавањето на единствената кујна на средишниот дел на Северна Америка. Традицијата на Европа и локалните производи ја достигнале врвната убавина во комбинација со индијанската умешност на приготвување на храната, која е едноставна, но хранлива. Питите со месо, различните видови на леб, колачи, палачинки, морски риби, варива, закиселен зеленчук, па дури и сарма се најпознатите јадења од овој дел на САД. Германците го донеле пивото, колбасите и саламите, како и разните видови на леб, Скандинавците ги донеле јадењата од риба, лебот од компири и месните топчиња, Унгарците го донеле гулашот, Италијаните начинот на подготвување на сирењето. Поради долгите и ладни зими во овој регион месото се суши, зеленчукот се кисели, а овошјето се конзервира. Југоисточната кујна не е за оние со осетлив желудник. Таа е настаната според желбата на фармерите на кои за добра работа и издржливост им била неопходна обилна и хранлива кујна. Да споменеме само дека главно се темели на храна пржена во многу масло, со масни сосови и многу слатки десерти. Јужњаците покажуваат и голема наклонетост кон скарата. На скарата најчесто има поголемо свинско парче, особено маринирани свински ребра, кои полека се печат. Со јадењата од скара се служи свеж зеленчук, грашок и леб од пченка. Жителите од француско- канадско потекло кои живеат западно и јужно од Нењ Орлеанс претпочитаат едноставна храна, полна со арома, во која доминантни се зачините од пиперки, лук и целер. Нењ Орлеанс се гордее со оригиналната кујна со доза на европски шмек. Тука има мешавина од шпанска и француска култура, како и културата на африканските досеелници. Тоа е складна мешавина од лесна креолска и француска кујна, со интензивни африкански и западноевропски зачини. На кујната на југозападните држави најмногу влијаеле Индијанците, како и раните шпански доселеници од Мексико. Локалните производи и мексиканските зачини ја создале кујната на овој регион, чија варијанта Теџ-Меџ, е популарна во Тексас и долж мексиканската граница. Скара и чили, типично каубојската храна е толку омилена, така што се одржуваат и годишни чили фестивали. Калифорниската кујна се темели на многу свеж зеленчук, овошје и морски плодови, така да може да зборуваме за поздрава и полесна кујна. Разновидниот состав на населението има донесено делови од националните кујни и во спој со изобилството на плодови од природата се формирала калифорниската кујна. Свежите производи се зачинуваат со необични зачини и затоа немојте да се изненадите доколку зелената салата, сервирана со авокадо и портокали, биде зачинета со лут азиски сос со кикиритки. Многу се конзумира риба печена на скара, која се сервира со зеленчук на кинески начин и леб пржен на индијански начин. САД се најголеми производители и извозници на храна во светот. Затоа нема да згрешите доколку пробате било која од регионалните кујни, но најдобро ќе биде сепак да се одлучите за онаа кујна што е најприфатлива за вашиот вкус. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
nikita
Сениор Регистриран: 29.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1610 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bravo blue za postovive...podobri objasnuvanja ne si mozela da dades od spomenative kujni mislam deka najzdrava e mediteranskata,a najvkusni makedonskata i italijanskata...ne znam sto bi pravela bez spagetite,tortelinite i lazanjite
|
|
She sells seashells by the seashore...
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ма сите ги сакам. што не содржат месо.....сепак макробиотиката ми е на прво место.
П.С. намерно ја скокнав грчката кујна |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
nikita
Сениор Регистриран: 29.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1610 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
blue ti bese edna od pricinite sto me nateraa da stanam vegan t.e. laktovegan
|
|
She sells seashells by the seashore...
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
јооој навистина сонце? леле ако е така баш ми е драго-верувај дека е much better for your body
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уууффффммммммммм........ми отвори апетит во овие доцни часови ....ама ќе се воздржам до утре
Иначе БРАВО за постовиве!
|
|
katence
Нов член Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 33 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
македонска и италјанска
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
kineska
definitivno |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
Biolica
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 808 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Posledno arabskata kujna , so nivnite mezina . Jadis dolgo , se mezish , smekas i na kraj delis nergile , meraci...
|
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
......kineska i italijanska.....
|
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
biljana.madrid
Сениор Прилепчанка Регистриран: 22.Ноември.2007 Локација: Spain Статус: Офлајн Поени: 358 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Nisto... ne glasam... Nema SHPANSKA kujna
E toa ti e kujna... jadat se... tolku ubavi i raznovidni jadenja imaat... I jas porano pici, sendvichi neznam sto ti ne, mislev podobri od niv nema, ama spanskata kujna e tolku raznovidna i zdrava taka sto sekoj ke si go pronajde svojot vkus... Ete tie znaat sto se jadi...
|
|
Прилепчанка
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Медитеранска кујна
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
james dean
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4476 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонска.... па Италијанска.... па Мексиканска... |
|
JASNA27
Сениор Регистриран: 03.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 176 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
македонската и кинеската
браво за убавото објаснување, супер тема |
|
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |