IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Вашето сведоштво
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вашето сведоштво

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
Автор
Порака
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2008 во 20:39
Citam citam i.... od nekoi zafrkancii pa do poozbilni svedostva , da ne ja rasipuvam temata, mozebi samo malku ... bidejki postot na AIDra mi padna vo oci... pa eve...

Za mene Bog ne napravil nisto ( ako go ima ) ...


p.s. imav uste nesto napisano, ama se predomisliv


Изменето од butel2 - 29.Август.2008 во 20:39
Кон врв
rabani Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 02.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rabani Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2008 во 23:05
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Originally posted by rabani rabani напиша:

aidra?
a ti ne beshe li delikventka ili slichno
pred da go zapoznaesh bog


Рабани јас пред да Го запознаам Бога бев машко, а и сеуште сум. Можеш и да се увериш во тоа хахаха.
Да бидам искрен да и јас имав доста мани пред да се покајам, не дека сега сум совршен но чувствувам подобрување. Не дека јас се подобрив со свои сили, туку Бог дејствуваше и дејствува во мене. Нека е вечна славата Негова.

izvini sho ti go smeniv polot

ova e ushte eden dokaz kolku sme gresni svesno ili nesvesno
DOAGA ISUS SO 200000 SVETII
ZA DA IM STAVI KRAJ NA SITE PROKLETII
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2008 во 23:09
„БРАЌА, ПОТСИЛУВАЈТЕ СЕ ВО ГОСПОДА И ВО СИЛАТА НА НЕГОВАТА МОЌ.“
(Ефесјаните 6:10)

Евангелос, денот кога ми кажа преку МСН дека наодите се во ред и дека Бог те излечи од опаката болест,(тоа беше пред неколку недели)беше празник за мојата душа, клекнав на колена и му заблагодарив на Бога, иако лично никогаш не сум те запознал, но знам дека имам вистински брат во Исуса Христа.
Бог и понатаму да те пази и да те чува, но не само телесно, туку и духовно.



„БЛАГОДАТ СО СИТЕ ШТО НЕИЗМЕНЛИВО ГО САКААТ НАШИОТ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС.АМИН.“
(Ефесјаните 6:24)

Со почит, Госпел.
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2008 во 00:24
Originally posted by gospel gospel напиша:

„БРАЌА, ПОТСИЛУВАЈТЕ СЕ ВО ГОСПОДА И ВО СИЛАТА НА НЕГОВАТА МОЌ.“
(Ефесјаните 6:10)

Евангелос, денот кога ми кажа преку МСН дека наодите се во ред и дека Бог те излечи од опаката болест,(тоа беше пред неколку недели)беше празник за мојата душа, клекнав на колена и му заблагодарив на Бога, иако лично никогаш не сум те запознал, но знам дека имам вистински брат во Исуса Христа.
Бог и понатаму да те пази и да те чува, но не само телесно, туку и духовно.



„БЛАГОДАТ СО СИТЕ ШТО НЕИЗМЕНЛИВО ГО САКААТ НАШИОТ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС.АМИН.“
(Ефесјаните 6:24)

Со почит, Госпел.


Vistina cool
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2008 во 00:42
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Мене Бог ме излечи од рак.
 

Јас сум на форумов од 28 февруари 2007 година. Тогаш ги почнав дискусиите и дружбите тука.

Скоро во исто време ми се појави едно необично мозолче на моето тело. Наликуваше на поткожно мозолче, но сепак малку чудно. Ни на крај памет не помислив дека може да биде нешто сериозно. Си продолжив со редовните обврски, а и со пишувањето на форумов.

Како што изминуваа деновите, неделите, видов дека тоа мозолче почна да расне. Сфатив дека не е мозолче, туку нешто друго, можеби некоја инфекција. Секоја вечер окапував до касно на форумов и ги преспивав утрата, и бидејќи сум поручек на работа, немав време да одам на лекар. Не чувствував никаква болка на местото. Да имаше болка, можеби порано ќе отидев, ама вака одложував за утре, утре итн.

За среќа одложувањето не траеше вечно. Дојде празникот 2 мај и на работа решивме да го споиме со 1ви (кој беше работен). Тогаш јас имам екстра слободно време и решив да го искористам да отидам на лекар. Докторката ме препрати во Воена Болница на специјалист. Отидов и таму. Докторот само што го виде, ми рече: "Ова е тумор."

Не се знаеше дали туморот е бениген или пак малиген (рак).

Ми извршија операција. Ми земаа бриз од туморот и го однесоа на испитување. Резултатите кажаа дека се работи за малиген тумор или народно кажано - РАК.

 

Месец ипол пред сето ова да се случи беше мојот роденден. Меѓу вообичаените пораки, од една сестра по вера, добив малку поинаква порака. Тоа беше само еден стих од пророкот Малахија, цитирам:

 

"А вие, кои се боите од името Мое, за вас ќе изгрее сонцето на правдата и исцелување ќе има во зраците негови."(Бог во Малахија 4:2)

 

Си реков: "Каква ли порака ќе е ова? Има многу поприкладни библиски стихови за охрабрување или за посакување некому нешто, зошто баш ваква чудна порака ми прати.."

Но сепак Бог ме припремаше за нешто за што тогаш јас сеуште не бев свесен.

Докторот беше воено лице и воопшто не заобиколуваше туку дирекно ми рече: "Туморот е малиген, имаш метастази и на лимфните жлези кај абдоменот, ќе мораш да земаш хемотерапии". Можете да замислите колку ли ми се пресекоа нозете кога го слушнав ова? Ни најмалку среќа

Прво, Бог ми даде таков мир во тој момент, што со зборови не можам да ви го опишам тука. Да ми го кажеле порано ова можеби ќе сум се стаписал. Да ми го кажат и сега, можеби ќе паднам во депресија, ама тогаш, кога ми беше потребно, Бог ми даде мир што го надминува секој разум.

 

Веднаш си ги собрав документите, снимките итн и отидов на Онкологија. Во меѓувреме се потсетив на смс пораката што ја добив од мојата сестра, библискиот стих кој вели "за вас, кои се боите од името Мое, ќе изгрее сонцето на правдата и исцелување ќе има во зраците негови..".

Ова ме охрабри многу. Како да го чув Божјиот глас во моето срце како ми вели: "Болеста не е смртоносна, смири се, ќе бидеш исцелен." Си реков: "Значи сепак пораката не била случајна, туку Бог благоврмено ме потсетил дека ќе има исцеление за мене."

Ако мислите дека тоа беше случајно, направете една анкета колку души во Македонија ја добиле оваа порака. Однапред ви кажувам, 99% од христијаните не го ни знаат овој стих, а никој не го добил како смс роденденска порака.

 

Како и да е, си ги собрав документите и тргнав кон Онкологија. По патот ме сретна еден пријател и кога јас му кажав каде и зошто одам тој се шокира. Наместо да ме смирува и да ме охрабрува, тој несвесно почна да ме плаши колку е тоа страшно и колку се тоа тешки терапии итн. Морам да признаам дека малку ми влијаеше и дека во еден момент се почувствував исплашен. Но одма во мојата глава почна да ми зуе една од песните кои си ги пееме во црква: "... зошто си потиштена, еј душо моја, и зошто ти трепериш во мојата утроба, имај доверба во Бога, зошто уште ќе го славам Мојот Спасител и Мојот Бог.." и така, повторно се охрабрив и со Господ пред мене, влегов во Онкологија.

 

Докторката ми рече да банкирам сперма. Јас одбив. Таа ми рече: "Од овие терапии има мала веројатност да останеш стерилен, затоа подобро банкирај сперма". Јас реков: "Докторке, јас сум верник - христијанин. Верувам дека доколку е Божја воља, колкава и да е веројатнота, јас ќе имам потомство, а доколку не е Божја воља, јас нема да имам деца. Оставам се во рацете на Бог."

Таа почна да ме убедува дека во ред е тоа што јас сум верник, но дека ова е друга работа итн итн... јас сепак го оставив моето потомство во рацете на Бог.

 

Почнав со терапиите. Во меѓувреме целата моја црква ги склопи рацете и ме застапуваше во молитва. Дознаа и многу други браќа и сестри од други библиски цркви. Ни самиот не знам колку луѓе се молеа за мене. Но кога почнав со терапиите и кога видов дека неверојатно добро ги поднесувам, сфатив дека многу се молат за мене.

Во рок од две недели ми падна целата коса. На еден од редовните молитвени состаноци меѓу другите потреби, се молевме и за мене. Следниот ден една жена т.е. моја сестра од црква ми пренесе дека ме сонувала мене повторно со коса и збунета во сон ми рекла: "..... па ти имаш коса!", а јас сум и одговорил "Да да, оздравев и повторно ми порасна косата."

Ова беше уште еден знак, уште едно охрабрување од Бог за мене дека болеста не е терминална, туку дека ќе бидам исцелен. Ова убедување ме охрабри многу и имајќи ја на подвидок Божјата воља, јас и моите браќа и сестри со голема вера се молевме за мое оздравување.

По 2 хемотерапии правев тумор маркери (тест со кој се гледа до каде е терапијата) и маркерите од 2-3 илјади ми паднаа скоро на нула. Ова беше навистина радосна вест. Тоа беше знак дека цитостатиците делуваат на болеста. Продолжив со терапиите.

 

Во меѓувреме на форумов редовно си пишував и скоро никој не знаеше дека одам на хемотерапија. Кога ја земав 3тата хемотерапија една девојка тука на лична порака ми постави прашање: "Ако постои Бог, тогаш зошто допушта зло, страдање, болести, војни, умираат невини деца итн? Зошто?" Поминувајќи и самиот низ хемотерапиите, решив да отворам цела тема на ова прашање.

 


 

Погоре пишав "скоро никој", затоа што не беше баш "никој". Знаеа тројца т.е. 3 девојки намигнување

 

Хемотерапиите ги завршив средината на декември. Тумор маркерите паднаа на нормала, остана уште една лузна од 3.5 сантиметри на лимфните жлезди кај абдоменот каде што ми беше ракот. Оваа лузна можеше да биде или сеуште малигно ткиво, лузна, или пак повратна реакција на лимфните жлезди. Затоа мораше да се следи со редовни тумор маркери и КТ снимања на абдоменот.

 

Молитвните продожија. Во март лузната ми беше 3.4 см, а во средината на април 0 см среќа Докторката со ехото упорно ја бараше лузната за да види колку и дали се намалила, но не можеше да ја најде. Тогаш таа на наодот напиша: Предходната зголемена лимфна жлезда е комплетно повлечена. Слава на Бог големо%20гушкање

 

Веднаш организирав прослава во црква под името "Бог темелен Исцелител!"

 

Потоа направив уште неколку контроли и до ден денес се е во ред. Не останав стерилен, немам никакви трајни нарушувања во телото, ми се врати косата, ми се врати силата итн сега сум здрав како што си бев и пред болеста. Но не само што не изгубив ништо, туку и добив многу работи, пред се на духовен план: мојата вера во Бог се зголеми, сега имам поголемо сочувство кон болните (особено оние од рак), добив неколку дисциплински лекции од Бог, научив како посилно, подлабоко и почесто да се молам, научив како да живеам живот со вера, живот под Неговата милост и многу други работи. Но најважната лекција што ја научив е:

"Болни или здрави, во згода или незгода,живи или мртви, ние Му припаѓаме на Господ!" големо%20гушкање

 

Се опуштив со деталите, за да можете од поблиску да ја искусите исцелителната моќ на нашиот Бог и за да можете да се повикате и потпрете на неа секој пат кога на вас или на некој ваш ближен ќе му биде потребна.

Сакам сите да ве охрабрам со следниов стих кој ми беше водечка мотивација во моите молитви:

 

"Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде."(Исус во евангелие по Јован 15:7)


Brat eve citam i te4at solzi use malce da zaplacam lelele kolku jako lele svarno ovoj den ova so go procitav me izraduva sega verata mi e na povisoko nivo od kolku so mi bese Ej Coek.

Imam Problemi so diseje se nadevam BOG kje me isceli AMIN
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2008 во 00:49
Ако веруваш во неговата семоќност јасно дека ке ти помогне....а на кому не му помогнал тој!?

Ев навистина веруваше...
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2008 во 00:50
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

Ако веруваш во неговата семоќност јасно дека ке ти помогне....а на кому не му помогнал тој!?Ев навистина веруваше...


Brat ne e samo toa ako pocna da gi redam...
toa e sama povrsinska ama veruam BOG deka moze da go stori i za mene istoto kako za EV
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2008 во 00:53
брат имам женско на аватар...не помисли дека сум женско ?
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2008 во 00:54
Pomisliv sepak sorry ama imeto na masko me asocirase
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
fileo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 165
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fileo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2008 во 13:55
Јас поверував со читање на библијата.
си велев јас сум христијанин а не знам ништо за Бог.
по некој ден еден комшија ми даде Нов Завет и јас почнав да го читам. откако го прочитав евангелието според Матеј, ми стана јасн колку е Исус добар и безгрешен, а јас имам многу гревови. се чуствував како најгрешниот човек на земјата и жалев за тоа.
но по некој час нешто се промени во моето срце, ми олесна, се исполнив со една чудесна длабока љубов, радост и огромен мир. од тој момент јас не бев ист, добив голема глад за читање на библијата, и кажував зборови кои не сум можел никогаш да ги измислам тие извираа од моето срце.
од тој момент јас се одлучив да го следам Исус по секоја цена. тогаш станав вистински христијанин, кога одлучив да го следам.
никогаш нема да го заборавам тој настан, денот кога се новородив.

Изменето од fileo - 30.Август.2008 во 13:55
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 23:23

Евангелос, јас се радувам со тебе и го фалам Името БОЖЈЕ! ХАЛЕЛУЈАХ!

Пентакосталец, со тебе сочувствувам и се надевам.

Биди исцелен во Името ИСУСОВО!

АМИН


Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2008 во 00:13

На неговите Тој им дава во сон


Саботата навечер бев баниран. На Господа му благодарев!
Рамазанот започна. Скоро сите мои пријатели од оваа вероисповес почнаа да постат. Понеделникот вечерта спиев во Благодата БОЖЈА и сонував потполно свесен за сонот. Во нашата рушена куќа во тетово лежам на стариот кревет. Мојата жена домене а во креветот и други особи. Ги препознавам мојте колеги од гостиварско. Жената легната во креветот а тој како станат. Во собата и други особи... Се разбудив.
Првиот чекор ми беше на колена. Исусе Христе помилуј мене грешнаго!
Колку е мојата телесна природа грешна. Простими!
После 3 часа на работа се сретнувам баш со тој пријател од гостиварско во кантина. Тој јадеше однанозе. Женаму влегува, седнува карши мене и таа јаде. Тоа беше вторникот, вториот ден на рамазан. Сонот го разбрав.
8 дена покасно го сонувам дедоми во болница. Таму го видов последен пат. Сите апарати, и медицински препарати околу нас. Го гушкам го бакнувам се радувам. Утрината на работа баш на истиот ќош од мојата машина, ставени медицински нараквици. Солзи ! Од каде медицински ракавици во индустриска фирма и тоа баш на истото место како тогаш!?
Како тогаш пред половина година! Мојот шеф има славно христијанско име но е некогаш застрашувачко агресивен а отворено ми рекол дека учењето Христово за него е ...
Душава ме болеше како со нож да ме распори.
Го сонувам пролетоска шефот како во фирмата ми зборува нешто, додека јас сум во тоалет. “Простетеми господине, но јас неможам да ве слушнам.“ Му велам јас. “ Машината бучи страшно!“ Тој и понатаму зборува! Се разбудив и знаев што има во срцето, што сакаше да ми каже! Утрината околу 6 часот доаѓам на работа и прво што гледам на ќошот од машината: тоалетна хартија! Никогаш за последниве 13 години немало тука тоалетна хартија. Сонот си помислив. Шефот! Дебелото црево, подсвеста ... Фројд, Јунг, ...
Мојата работно дејствување е на простор можеби од 500 (ако не повеќе) метри.
3 часа после тоа, баш на тоа место, на тоа ќоше, кај таа машина доаѓа еден пријател од дирекција што е добар и со шефот и со мене и ми го вели следново: Сакам да знаеш дека си ми пријател и дека сакам да ти помогнам! Ќе ти кажам нешто што мора да остане помеѓу нас. Бев со твојот шеф и тој ми рече дека ако продолжиш отворено за Исус, ќе мораш ...!
Така на сон и јаве добив информација за содржината на срцето на мојот антихристијански расположен шеф и за неговите планови со мене.
Денес е со мене понежен и од мајками!
Неговиот предходник истото ми го запрети пред одприлика двеипол години.
Фалати Господи! Слава Тебе БОЖЕ, Спасителу мој!



Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2008 во 22:46


Живиот БОГ утешува вистински!

Вчера бев – како повеќепати во животот – нападнат и ми беше префрлено дека “проповедам празни приказни“, дека немам вистинска љубов, туку само поради провокација го правам тоа итн. ОптужбаМе болеше! Дури помалку почна да ме занишува тоа во верата, бидејќи тоа беше речено од човек кој верува на Евангелието на Љубовта БОЖЈА!
Кога оптужителот ме напаѓа преку луѓе пријатели, родбина, ... кои се дури крстени на името Исусово, тогаш најпојќе ме боли.
Јас го познавам моето грешно тело и знам дека имам уште за одење додека стигнам до СОВРШЕНИОТ и никогаш не сум изјавил дека сум ја достигнал таа цел, таа светла смисла на секое постоење. Јас знам дека неможам ниту еден чекор да направам кон целта без БОЖЈАТА Милост! Но се трудам, а БОГ -сполај Мз - ми помага во тоа.
Му одговорив на пријателот со факти, вистинити факти од мојот живот. Со пријателската традиција на мојата фамилија кон следбениците мухамеданови. Со мојот живот, со мојот (можеби) најдобар пријател на работа, со моите прекрасни комшии кои припаѓаат на оваа култура. Мојот побратим Тунчај е турчин сунит. Тој е од мене помлад 1 – 2 години. Тој ј апознава мојата вера и моето сведоштво за Исус и Неговиот Совршен И****! Ме наречува брате! Јас него само еднаш го нареков така и после тоа ми се случи малечок судар на кој и тој беше сведок. Зборувавме за тоа. Зборував и со еден постар колега (од истата култура) му кажав дека лиѓе кои го негираат Евангелието несмеам да ги наречувам браќа и заклучивме дека тоа е нишан. Јас него одтогаш го викам роде, побратиме ама никогаш повеќе брате. Го сакам човекот. Господ ми го пратил во животот и тој според она со што е задоен го прави најдоброто што знае и умее за мене а се надевам дека и јас за него. Вчера ако не последен ама еден од последните постови беше репликата на обвинението дека ги мразам следбениците мухамеданови. Го спомнав и мојот побратим Тунчај! Но ме болеше нападот, ме болеше префрлањето на христијанинот тука во форумот. Од срце му простив! Но неговото префрлање ме мачеше. Пред да легнам го отворив прозорот по обичај како и секогаш и му го предадов тоа на Господа, му предадов и други работи, му ја предадов мојата душа во Неговата милостива рака и си заспав како јагне.
Денес сабајле, прв чекор – пред Господа! Како е прекрасно да се биде пред Него! Моите колена, моето чело, ... пред Неговите Милостиви Нозе!
Денот започна. Благодарност. После личната хигиена отидов да с‘ркнам лажичка мед, но бидејќи беше потрошен зедов една смоква од регионот за кој пишува Евангелието. За 15 минути бев пред влезната врата од фирмата. Пред да влезам таму, во срцето молитва: Исусе Господе, тие еднаш со Твојата пресвета уста си рекол дека без Твоја помош ништо неможеме да сториме. Јас тоа со голема верба го верувам, Те молам зголеми ми ја вербата а пред се љубовта о Животе вечен, о вечна Животна Енергијо, за да може Твоето Царство да се раширеи во мене и вон мене ... АМИН!
Влегувам во фирмата и ја вадам картата да ја “отчукам “. Што гледам таму покрај часовникот - Тунчај! Првиот човек кој го гледам во фирмата од околу 500 работници, која се простира можеби на неколку километри квадратни и е со повеќе одделенија. Мојот побратим Тунчај за кого пишував ноќта тука во форумов. На кого толку интезивно мислев. Тој ангел БОЖЈИ кој сеуште не го витка своето колено пред ДУХОТ БОЖЈИ, Спасителот (Христос). Никогаш досега не сум го видел како прв човек, бидејќи работаме во различни времиња. Тој во смени а јас двократно. Се поздравивме а јас го возфалив Бога на еврејски и арабски! Тој видно се брзаше. Додека одев кон гардеробите постојано благодарев на Живиот ГОСПОД кој постојано ме утешува додека непријателот, оптужителот ги употребува моите блиски да ми ја разниша верата. Одкако се преоблеков отидов кај Тунчај на одделение и како прво се прегрнавме. Го прашав што е работава, зошто беше предмалку кај влезот, кај часовникот, а тој ми рече дека се успал. Баш денес се успал! Баш денес ме пречека како прв човек на работа. Баш денес ГОСПОД го успа, да ме утеши одутрина после не баш најрадосните, оптужителните постови во форумов. Го успа Господ за на мене грешникот маловерен да ми покаже дека е Жив и дека се е во Неговата Милостива рака. ХАЛЕЛУЈАХ! Елхамдулилах! Алилуја! Фален и Славен ГОСПОД! Кај кого да одам другого мој Милостив ГОСПОДЕ, кој може да ме утеши како што ме тешиш Ти? Кој е друг како Тебе? ХАЛЕЛУЈАХ!

Се што постои ќе го Фали Живиот ГОСПОД!




Изменето од spiros - 24.Септември.2008 во 23:04
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2008 во 23:01
Се додека користиш термини како "Исусов Ислам" и "мухамеданови следбеници" - само ја докажуваш мојата теза. Има начин како да се обраќаш кон муслиманите, и има начин како да го објасниш "Исусовиот Мир", без да засегаш други религии. Ама очигледно не е тоа целта...
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.