|
Вашето сведоштво |
Внеси реплика | страница <1234 7> |
Автор | ||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кој ти рече дека одењето во црква те прави Христијанин? Зар тоа не е исто како да седиш во гаража и да чекаш да станеш автомобил? Не е точно дека само со присуство во одредена зграда ќе постигнеш спасение и ќе се исполниш со даровите на Духот. Тоа се случува во моментот кога ќе Го прифатиш Исус за свој Господ и Спасител. А тој момент може да се случи секаде.
|
||
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ПА НЕ МОРА ДА БИДЕ ЕВАНГЕЛСКА, МОЖЕ И БАПТИСТИЧКА. СПОРЕД МЕНЕ БАПТИСТИТЕ ГО ИМААТ НАЈЧИСТОТО ХРИСТИЈАНСКО УЧЕЊЕ. КРИВО МИ Е ШТО НЕМААТ ЗАЕДНИЦА ВО МОЈОТ ГРАД. |
||
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne Te Pravi Cist ti sto kje otides vo crkva ne si hristianin ti ako otides vo crkva ili odma spasen hristianin te pravi i spasen koga ti site tvoji grevovi kej mu gi predades na BOG preku pokajnicka molitva i kje mu kazes deka nejkes vekje da gresis i da ti pomogne da toa so si pravel da vekje ne go pravis i sekoj den odnovo,odnovo treba da gi predavame grevovite na BOG za toa sto site gresime ne sme sovrseni BOG e ljubov i za toa umre na krstot da mozeme da imame vecen zivot Imam drugari zavisnici od droga sto sega se oslobodeni i verno mu sluzat na BOG sto lugjeto se cudat koga kej gi vidat na ulica lugje sto ziveat za BOG i sto ja osetile negovata Ljubov Povtoruam ne te pravi spasen ili sicelen ako odis ti vo evangelska tuku pokajncika molitva i koa kej mu sluzis 100% na BOG |
||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Templarius drzhi se za temata, ne meshaj religija i patriotizam, komentiraj za tvoite iskustva dokolku gi imash i ne komentiraj na tugji komentari.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Vazhi za site: drzhete se za temata i ne ja rasipuvajte so nesoodvetni komentari.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Pa mozebi ti veruvas taka no jas ne veruvam, sekoj mora da e svesen za svoite grevovi treba da se pokae za niv, no ljubovta kon boga treba da ja iskaze so toa sto spremno i bez mnogu cimolenje ce ja prifati kaznata od Boga za storenoto.... Znam. Gospode, da sam nedostojan Tvojega covekoljublja no dostojan svake osude i muke. No. Gospode, hteo ja ili ne hteo, spasi me. Jer,ako pravednika spases to nije nista narocito i ako cistoga pomilujes to nije nista cudnovato jer su dostojni Tvoje milosti. Ali, na mene gresnome ucini cudo milosti svoje, u tome pokazi cudo covekoljublja svog, da ne nadvlada moja gresnost Tvoju neiskazanu dobrotu i milosrdje; i kako hoces uradi sa mnom. Amin |
||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Templarius:Pa mozebi ti veruvas taka no jas ne veruvam, sekoj mora da e svesen za svoite grevovi treba da se pokae za niv, no ljubovta kon boga treba da ja iskaze so toa sto spremno i bez mnogu cimolenje ce ja prifati kaznata od Boga za storenoto....
Brat so kazuvas baibini devetini...kazav ubavo vo citatot moze da prodolzime so temata |
||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мене Бог ме излечи од рак.
Јас сум на форумов од 28 февруари 2007 година. Тогаш ги почнав дискусиите и дружбите тука.
Скоро во исто време ми се појави едно необично мозолче на моето тело. Наликуваше на поткожно мозолче, но сепак малку чудно. Ни на крај памет не помислив дека може да биде нешто сериозно. Си продолжив со редовните обврски, а и со пишувањето на форумов.
Како што изминуваа деновите, неделите, видов дека тоа мозолче почна да расне. Сфатив дека не е мозолче, туку нешто друго, можеби некоја инфекција. Секоја вечер окапував до касно на форумов и ги преспивав утрата, и бидејќи сум поручек на работа, немав време да одам на лекар. Не чувствував никаква болка на местото. Да имаше болка, можеби порано ќе отидев, ама вака одложував за утре, утре итн.
За среќа одложувањето не траеше вечно. Дојде празникот 2 мај и на работа решивме да го споиме со 1ви (кој беше работен). Тогаш јас имам екстра слободно време и решив да го искористам да отидам на лекар. Докторката ме препрати во Воена Болница на специјалист. Отидов и таму. Докторот само што го виде, ми рече: "Ова е тумор."
Не се знаеше дали туморот е бениген или пак малиген (рак).
Ми извршија операција. Ми земаа бриз од туморот и го однесоа на испитување. Резултатите кажаа дека се работи за малиген тумор или народно кажано - РАК.
Месец ипол пред сето ова да се случи беше мојот роденден. Меѓу вообичаените пораки, од една сестра по вера, добив малку поинаква порака. Тоа беше само еден стих од пророкот Малахија, цитирам:
"А вие, кои се боите од името Мое, за вас ќе изгрее сонцето на правдата и исцелување ќе има во зраците негови."
(Бог во Малахија 4:2) Си реков: "Каква ли порака ќе е ова? Има многу поприкладни библиски стихови за охрабрување или за посакување некому нешто, зошто баш ваква чудна порака ми прати.."
Но сепак Бог ме припремаше за нешто за што тогаш јас сеуште не бев свесен.
Докторот беше воено лице и воопшто не заобиколуваше туку дирекно ми рече: "Туморот е малиген, имаш метастази и на лимфните жлези кај абдоменот, ќе мораш да земаш хемотерапии". Можете да замислите колку ли ми се пресекоа нозете кога го слушнав ова? Ни најмалку
Прво, Бог ми даде таков мир во тој момент, што со зборови не можам да ви го опишам тука. Да ми го кажеле порано ова можеби ќе сум се стаписал. Да ми го кажат и сега, можеби ќе паднам во депресија, ама тогаш, кога ми беше потребно, Бог ми даде мир што го надминува секој разум.
Веднаш си ги собрав документите, снимките итн и отидов на Онкологија. Во меѓувреме се потсетив на смс пораката што ја добив од мојата сестра, библискиот стих кој вели "за вас, кои се боите од името Мое, ќе изгрее сонцето на правдата и исцелување ќе има во зраците негови..".
Ова ме охрабри многу. Како да го чув Божјиот глас во моето срце како ми вели: "Болеста не е смртоносна, смири се, ќе бидеш исцелен." Си реков: "Значи сепак пораката не била случајна, туку Бог благоврмено ме потсетил дека ќе има исцеление за мене."
Ако мислите дека тоа беше случајно, направете една анкета колку души во Македонија ја добиле оваа порака. Однапред ви кажувам, 99% од христијаните не го ни знаат овој стих, а никој не го добил како смс роденденска порака.
Како и да е, си ги собрав документите и тргнав кон Онкологија. По патот ме сретна еден пријател и кога јас му кажав каде и зошто одам тој се шокира. Наместо да ме смирува и да ме охрабрува, тој несвесно почна да ме плаши колку е тоа страшно и колку се тоа тешки терапии итн. Морам да признаам дека малку ми влијаеше и дека во еден момент се почувствував исплашен. Но одма во мојата глава почна да ми зуе една од песните кои си ги пееме во црква: "... зошто си потиштена, еј душо моја, и зошто ти трепериш во мојата утроба, имај доверба во Бога, зошто уште ќе го славам Мојот Спасител и Мојот Бог.." и така, повторно се охрабрив и со Господ пред мене, влегов во Онкологија.
Докторката ми рече да банкирам сперма. Јас одбив. Таа ми рече: "Од овие терапии има мала веројатност да останеш стерилен, затоа подобро банкирај сперма". Јас реков: "Докторке, јас сум верник - христијанин. Верувам дека доколку е Божја воља, колкава и да е веројатнота, јас ќе имам потомство, а доколку не е Божја воља, јас нема да имам деца. Оставам се во рацете на Бог."
Таа почна да ме убедува дека во ред е тоа што јас сум верник, но дека ова е друга работа итн итн... јас сепак го оставив моето потомство во рацете на Бог.
Почнав со терапиите. Во меѓувреме целата моја црква ги склопи рацете и ме застапуваше во молитва. Дознаа и многу други браќа и сестри од други библиски цркви. Ни самиот не знам колку луѓе се молеа за мене. Но кога почнав со терапиите и кога видов дека неверојатно добро ги поднесувам, сфатив дека многу се молат за мене.
Во рок од две недели ми падна целата коса. На еден од редовните молитвени состаноци меѓу другите потреби, се молевме и за мене. Следниот ден една жена т.е. моја сестра од црква ми пренесе дека ме сонувала мене повторно со коса и збунета во сон ми рекла: "..... па ти имаш коса!", а јас сум и одговорил "Да да, оздравев и повторно ми порасна косата."
Ова беше уште еден знак, уште едно охрабрување од Бог за мене дека болеста не е терминална, туку дека ќе бидам исцелен. Ова убедување ме охрабри многу и имајќи ја на подвидок Божјата воља, јас и моите браќа и сестри со голема вера се молевме за мое оздравување.
По 2 хемотерапии правев тумор маркери (тест со кој се гледа до каде е терапијата) и маркерите од 2-3 илјади ми паднаа скоро на нула. Ова беше навистина радосна вест. Тоа беше знак дека цитостатиците делуваат на болеста. Продолжив со терапиите.
Во меѓувреме на форумов редовно си пишував и скоро никој не знаеше дека одам на хемотерапија. Кога ја земав 3тата хемотерапија една девојка тука на лична порака ми постави прашање: "Ако постои Бог, тогаш зошто допушта зло, страдање, болести, војни, умираат невини деца итн? Зошто?" Поминувајќи и самиот низ хемотерапиите, решив да отворам цела тема на ова прашање.
Погоре пишав "скоро никој", затоа што не беше баш "никој". Знаеа тројца т.е. 3 девојки
Хемотерапиите ги завршив средината на декември. Тумор маркерите паднаа на нормала, остана уште една лузна од 3.5 сантиметри на лимфните жлезди кај абдоменот каде што ми беше ракот. Оваа лузна можеше да биде или сеуште малигно ткиво, лузна, или пак повратна реакција на лимфните жлезди. Затоа мораше да се следи со редовни тумор маркери и КТ снимања на абдоменот.
Молитвните продожија. Во март лузната ми беше 3.4 см, а во средината на април 0 см Докторката со ехото упорно ја бараше лузната за да види колку и дали се намалила, но не можеше да ја најде. Тогаш таа на наодот напиша: Предходната зголемена лимфна жлезда е комплетно повлечена. Слава на Бог
Веднаш организирав прослава во црква под името "Бог темелен Исцелител!"
Потоа направив уште неколку контроли и до ден денес се е во ред. Не останав стерилен, немам никакви трајни нарушувања во телото, ми се врати косата, ми се врати силата итн сега сум здрав како што си бев и пред болеста. Но не само што не изгубив ништо, туку и добив многу работи, пред се на духовен план: мојата вера во Бог се зголеми, сега имам поголемо сочувство кон болните (особено оние од рак), добив неколку дисциплински лекции од Бог, научив како посилно, подлабоко и почесто да се молам, научив како да живеам живот со вера, живот под Неговата милост и многу други работи. Но најважната лекција што ја научив е:
"Болни или здрави, во згода или незгода,живи или мртви, ние Му припаѓаме на Господ!"
Се опуштив со деталите, за да можете од поблиску да ја искусите исцелителната моќ на нашиот Бог и за да можете да се повикате и потпрете на неа секој пат кога на вас или на некој ваш ближен ќе му биде потребна.
Сакам сите да ве охрабрам со следниов стих кој ми беше водечка мотивација во моите молитви:
"Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде." (Исус во евангелие по Јован 15:7) Изменето од EvAngelos - 29.Август.2008 во 02:44 |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ти благодарам за оваа искрена исповед...
|
||
Do what is right, come what may...
|
||
melhisedek
Сениор Регистриран: 12.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 225 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ti blagodaram evangelos,
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ubava ispoved EvAngelos. Aplaudirav na nea koga ni ja predochi pred izvesno vreme, no toa ne me sprechuva da go storam ushte ednash, osobeno zatoa sto ni otkri mnogu drugi detali koi na ovaa vistinska zhivotna prikazna davaat osobena tezhina i kvalitet.
Ne sakam da bidam pogreshno razbran, no od druga strana chustvuvam deka ova e najdobriot moment da posocham na edna rabota koja postojano ni se provlekuva vo diskusiite na ovoj forum, a toa e dokazhuvanjeto na postoenjeto na Boga, dokazhuvanjeto na negovoto kreiranje, dokazhuvanje na kauzalnosta na neshtata koja, vo nedostatok na znaenje i mudrost, nie ja narekuvame sudbina i t.n. So eden zbor, dokazhuvanje na skoro sekoj argument koj izvira od sferata na religioznosta, duhovnosta i prosvetlenosta. Vo nash*te diskusii nie ljubime da koristime matematika za da gi dokazhime ili pobieme nash*te i tugjite veruvanja. Bi te zamolil da upotrebish matematika za da go dokazhish onoa sto go tvrdish kako zakluchok na ovoj moment od tvojot zhivot. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Докторот беше воено лице и воопшто не заобиколуваше туку
дирекно ми рече: "Туморот е малиген, имаш метастази и на лимфните жлези
кај абдоменот, ќе мораш да земаш хемотерапии". Можете да замислите
колку ли ми се пресекоа нозете кога го слушнав ова? Ни најмалку
-Морам да се надоврзам на Ев. Периодот кога го запознав веќе беше тој во оваа состојба, јас за ништо немав поим а искрено не ни приметив. Патем се запознавме во еден лош период за мене што дури и тој (кај со свои проблеми) ми беше голема утеха и подршка. Ни на крај памет дека е болен и дека му се случува нешто. Ова дел што го зедов од постот на Ев сакам да го потврдам дека тој навистина е најхраброто машко што во мој живот сум го запознала и му симнувам капа како низ се помина со огромен оптимизам и желба да победи се што ке му застане на патот. Многу ми е мило за тебе Ев, ти си прекрасен човек. Дечки ај простете ми оф топик ама и ова ми е некако исповед... Тој еднаш ми кажа дека некој со иста дијагноза како неговата бил многу полошо од него, а Ев се држеше сосема добро. -Тоа е уште една причина плус зашто да верувам во Бог. И уште една работа ме изненади кај него-тоа што иако сеуште се лечеше, запозна дечко кој исто така беше болен од рак (само за разлика од Ев бил преплашен) и тој одеше кај него во посета и му кажуваше како не треба да се плаши и дека се ќе биде во ред. Секоја чест. |
||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
блу, немој толку да ме фалиш, затоа што нашиов народ е склон кон обожавање на луѓе и толку им треба на да ме прогласат за светец и после ќе ме најдеш во темата на Чаир "Денес се слави светиот великомаченик EvAngelos " Шала на страна, јас на сите им велам, а и тука потенцирав дека за моето оздравување не сум заслужен јас, ниту докторите, туку единствено милоста на Бог. Тоа што јас се држев добро, не беше мојата сила ниту моја заслуга, туку Божјата силна рака која преку молитва и вера ме држеше цврст и силен. Божјата сила се покажа совршена во мојата слабост. Да така работи Бог, тој се прославува токму во слабите, за сите да знаат дека тоа не е нивно дело, туку дело на Бог."Мојата сила се покажува совршена во слабоста"
(Господ во 2 Коринтјаните 12:9) На blueprayer, иако мислам дека и се имам заблагодарено, сепак во контекстов на темава сакам да и се заблагодарам уште еднаш јавно за целата подршка што ми ја даде за време на лекувањето.
Да, навистина Бог многу делуваше и ме подржуваше преку неа. (сега и јас ќе те пофалам за некои работи, да ти вратам за ова погоре ) blueprayer ми се јавуваше речиси после секоја хемотерапија, после секоја контрола на крвта за да ме праша како ми е, колку ми се еритроцитите, леукоцитите, тромбоцитите, хемоглобинот итн. А еднаш дури и дојде да ми прави друштво додека ги примав инфузиите. А неколку пати и ме гоштеваше со најубавите пирошки што досега сум ги пробал. А за прасето па подобро уста да не отварам Како сестра ми беше тој период. Навистина има големо срце. Блазе си му на тој што ќе си ја земе за жена
Леле забегавме од темава, извињавајте сите Изменето од EvAngelos - 29.Август.2008 во 20:15 |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нека извинат ама само едно ке те преправам....
За мене и тогаш ми беше како брат ама не значи и дека сега не си ми... Малце забегавме секој на своја страна ама затоа не значи дека не мислам на тебе и не значи дека не ти го памтам сеуште бројот на памет и не ме усрамувај веке вака Изменето од blueprayer - 29.Август.2008 во 20:45 |
||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||
Внеси реплика | страница <1234 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |