|
Може ли христијанин да се зачлени во масо |
Внеси реплика | страница <1 9101112> |
Автор | |||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А Што треба да значи твојот дрзок коментар? Јас не пишувам за православната литература туку ја цитирам со конкретни податоци која во неа сум ја нашол на темава. Зошто го упатуваш одговорот на моја адреса? Кажи им го тоа на авторите на книгата. Мене лично ми е сеедно дали православните можат или не можат да бидат масони. |
|||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
izvini dokolku drsko zvuci................no komentarot go svativ kako da e objavena nekoja si ,,bezveze kniga so blagoslov od nekoj si bezveze episkop,, koja pluka po se i sesto , pa i brani vlez vo masonerijata......eve videte...i citati no........ sakav da kazam deka i taa kniga si ima tezina .....kako i blagoslovot na episkopot......no sepak deka treba da se tolkuva seto toa na pravoslaven nacin ....i da se razbere vo duhot na pravoslavnata crkva.... |
|||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
A kako be bas naodjate se nekoi takvi primeri ???? Naodjate primeri koi go vredhjaat pravoslavieto a posle koga nekoj ce vi kaze nesto velite deka ne ste vie vinovni tuku avtorot na knigata .... I ako ti e se edno togas zasto voopsto diskutiras??? |
|||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
zidarski--so seta pocit no sepak mislam deka dokolku treba(a mislam deka site mislat deka treba) da se konsultirame po odredeni prasanja vo vrska so verata.....najnadlezni (imaat znaenje....)se onie koi posvetile golem del od zivotot vo proucuvanje na (pravoslavieto,)verata (naucno-metodoloski i prakticno).......a toa vo pravoslavnata crkva..se episkopite,duhovnicite i svestenicite.........koi deneska imaat visok stepen na obrazovanie primer----ne mora popot da e doktor na nauki po biologija --za da sovetuva lugje da ne veruvaat oti poteknuvaat od majmun! mislam deka me razbiras........ cekor ponataka ----dokolku prifatime kako pravoslavni deka ,,pravoslavnite starci,, se rakovodeni direktno od sv.duh vo smisla na znaenje ,sovetuvanje,i pomaganje----coveckoto obrazovanie moze da se najde tuka ,dokolku se sporeduva kako---(po)nisko nivo na pozavanje, kako i na(cinot) na postignuvanje na istoto.......... odredeni odluki na rimokatolickata crkva nema da gi komentiram od prosta pricina sto samite gi donesuvaat---za posle odreden period da gi povlecat,,,,,,kako sto i ti kaza..........no ne e toa slucaj so pravoslavnata crkva koja niedna odluka na ekumensko nivo ne e otfrlena dosega(a predhodno da bila prifatena)......zatoa i ovoj primer go smetam za nesoodveten vo smisla na razjasnuvanje na odredeni odluki(poredokot vo toj smisol) kaj istocno-pravoslavnata crkva. pozdrav. |
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Аладин - свештеникот може да советува луѓе да веруваат во креационизмот, затоа што тоа го вели Библијата, но ако сака да го поткрепи тоа со факти и докази кои ќе ги оспорат теориите на оние кои не веруваат во Словото, тогаш се ослонува на проучувања направени од страна на научници.
Како што можеш да прочиташ во мојот пост, самиот јас велам дека треба православието да седне и да реши каков е ставот кон масонството, но тој став да го базира на јасни факти и познавања за темата. Ќе ти дадам пример... Свештеникот кого го прашав - дали православен христијанин може да е масон - ми одговори со цитатот за двајцата господари. Зошто? Затоа што тој, мисли дека во масонството има господари и дека масонот има послушност кон друго битие, освен Бога. Тоа покажува апсолутно непознавање на масонството. Со оглед на тоа што одговорот беше таков, каков што беше - јас можам само да заклучам дека - да, православен христијанин може да е член на масонска ложа, бидејќи и онака служи само на Еден Господар - Бог. Неопходна е реформа на црквата на многу планови. Еден од нив е образованието на свештениците, како и формирање на одредени советодавни групи, од која секоја ќе се занимава со одреден сегмент на живеењето. Католичката црква, со сите свои проблеми, ова веќе доста сериозно го применува и едни од најактивните промотори на развојот на науката и уметностите се Језуитските монаси. Не е можно, не постои човек кој знае се и има познавања од сите теми и сите области! Затоа - многу често се случува атеисти и ним слични да го исмеваат православието (и христијанството воопшто) и да тврдат дека ништо од тоа што го пишува во Библијата не е поткрепено со факти и материјални докази. Ако свештениците знаат доволно - ќе знаат барем каде да ги упатат да прочитаат и да се информираат. Христијанството НЕ Е ДОГМА! Крајно време е христијаните да го разберат ова! Догма значи нешто што не подлежи на дискусија, на прашања, на сомнежи. Вистинскиот Христијанин во секое време е во состојба да дискутира за својата религија, спремен е во секое време да поставува и да одговара на тие прашања, а сомнежите само му служат да истражува и да учи повеќе, и преку тоа да ја зацврсти својата вера. Затоа - словото на човекот, можам да го прифатам како авторитет, но не апсолут. А сите авторитети - подлежат на дискусија и преиспитување. Единствениот Апсолут е Библијата. Така е и во Православието - само што многумина не го разбираат, па после не знаеме како да се оправиме со неоснованите критики кои се упатуваат на наша сметка. Проштевај ако имам малку агресивен тон во ова што го пишував, брзам повеќе отколку што треба... Со почит, Зидарски |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Темплариус, се извинувам но јас сега никого не навредив. Морам да те прашам: читаш ли ти што јас пишувам, или автоматски кликнуваш на одговор? Темата "Може ли христијанин да се зачлени во масонска ложа?" е отворена за сите па можеме да дискутираме или се информираме.
Аладин, едноставна илустрација - ако јас изјавам на форумов дека нечии библијски ставови не се муслимански и не се во склад со исламската теологија тогаш тоа е мое мислење, можеби и факт. Но ако изјавам дека тој некој згора на тоа е ненормален наркоман кој е прашање на време кога ќе се самоубие тогаш ако тоа не го темелам на факти, е клевета. Во тој контекст дадов (генерална)констатација за книгата која ја цитирав, бидејќи сум ја прочитал. И ти ако ја прочиташ, ќе видиш дека за масоните, јеховините сведоци, Харе Кришна и тн... таа едиција изобилува со подсмев и плукање. А тоа не е исто што и објаснување и упатување „за„ или „против„. Можеби таа издавачка куќа издала и други, посериозни книги кои на сериозен начин без навреди и клевети им објаснуваат на луѓето каков е ставот на православието по тие прашања, не знам, но знам дека спомнатата на големо може да се најде низ книжарниците во Србија, делумно и во Македонија и во истите пишува дека тие се благословени од свештено лице - тоа таму го пишува отпечатено, не го измислувам јас. Тој требал најпрвин да прочита што благословува, да даде мислење, да се консултира со други лица од својата црква, а не на слепо да аминува. Сигурен сум дека има православни теолози и верници кои би се согласиле со мене. Значи јас немам против ако православната црква не го одобрува масонството, адвентистите, или прахристијаните - тоа е нејзино право, но она што не е во ред, е да се клевети или врз основа на несериозни проучувања се даваат официјални коментари во јавноста. А сега прашање до zidarski... Зошто реши да се приклучиш кон масонството? Дали постои некаква храна што е или не е дозволена на масонските вечери(Бели вечери се викаат?) Изменето од Majkl - 23.Август.2008 во 17:31 |
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Нема храна што не е дозволена - кој што ќе јаде зависи од човекот и неговите афинитети (во различни јурисдикции има различен назив вечерата, но називот нема суштинско значење).
Затоа што цел живот сум во потрага по знаење, по подобрување на светот, по лично подобрување... затоа што идеите и идеалите на масонството отсекогаш биле мои лични. Кога тргнуваш на тој пат заедно со уште многу други твои сомисленици, далеку поголем поттик имаш. Особено кога тие сомисленици се по целиот свет. |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
za svestenikot jas imam pocituvanje ---toj ima pravo na svoj stav....kako i jas na moj se dodeka ne se odluci kako site treba da se postavime ---za dobroto na crkvata i voljata bozja......... koga velam dogma(pravoslavna)....mislam kako sto toa go objasnuvaat pravoslavnite deka toa znaci.....objavenata vistina pr. bog e trojstvo....hristos e spasitel......itn.....i koe ne moze da se menuva ... a sekoja cest za rimokatolicite...koi otstapija od odredeni pogresni svakjanja.....kako i za jezuitskiot red...vo nivniot trud i postignuvanja....... pozdrav. |
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
За жал, многу погрешно се толкува терминот догма... Догма е утврдено мислење кое не подлежи на дискусија, нешто за кое не се дискутира, нешто во кое не се сомневаш, нешто кое што се прифаќа, без за тоа да има потреба од докази.
Троиството, Православието, Христијанството воопшто - не се догми - затоа што, еве ти пример - ние постојано дискутираме за тоа, дебатираме, ги расчистуваме секој своите сомнежи... Догмата е резултат на недоволно познавање од страна на одредени структури во црквата на одредени теми - и во неспособноста своја да објаснат некои работи, велат - така ќе биде и точка и ти нема што да прашуваш. Но тоа не е православие. Тоа е едноставно непознавање и непочитување. Образованието е единствен начин за овој свет да тргне напред. Колку еден човек е пообразован и колку повеќе познавања има за науката и уметностите, толку повеќе има разбирање за Божјите работи и Неговото дело тука на земјата. |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Аладин, едноставна илустрација - ако јас изјавам на форумов дека нечии библијски ставови не се муслимански и не се во склад со исламската теологија тогаш тоа е мое мислење, можеби и факт. Но ако изјавам дека тој некој згора на тоа е ненормален наркоман кој е прашање на време кога ќе се самоубие тогаш ако тоа не го темелам на факти, е клевета. Во тој контекст дадов (генерална)констатација за книгата која ја цитирав, бидејќи сум ја прочитал. И ти ако ја прочиташ, ќе видиш дека за масоните, јеховините сведоци, Харе Кришна и тн... таа едиција изобилува со подсмев и плукање. А тоа не е исто што и објаснување и упатување „за„ или „против„. Можеби таа издавачка куќа издала и други, посериозни книги кои на сериозен начин без навреди и клевети им објаснуваат на луѓето каков е ставот на православието по тие прашања, не знам, но знам дека спомнатата на големо може да се најде низ книжарниците во Србија, делумно и во Македонија и во истите пишува дека тие се благословени од свештено лице - тоа таму го пишува отпечатено, не го измислувам јас. Тој требал најпрвин да прочита што благословува, да даде мислење, да се консултира со други лица од својата црква, а не на слепо да аминува. Сигурен сум дека има православни теолози и верници кои би се согласиле со мене. ne znam.......amfilohie radovic..e pravoslaven teolog -(episkop) od svetski razmeri.....avtor na dvaesetina ......dela od oblasta na pravoslavnata teologija,nekoi se koristat vo ostanatite bogoslovski univerziteti vo svetot....licnost koja najpoveke se zalagala za mir i sozivot na lugjeto od razlicni veroispovedi...........bas ke vidam dali mozam da ja najdam knigata....... |
|||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
sto znaci ovaa slika zidarski?
|
|||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ова е таканаречената Скала на Јаков. Симболичен приказ на патот кон Бога преку усовршувањето на човекот и како ние постојано треба да се стремиме да се качуваме скалило погоре. |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Личен избор на човекот е како и каде ќе биде погребан. Повеќето масони сакаат да остават знак дека биле во братството и прават гробници кои содржат одредена симболика во однос на масонството. Нема утврдена норма, нема стандардни правила, едноставно е уметнички израз на самиот човек (или на семејството ако тој оставил аманет). Имам видено десетици најразлични вакви гробници, но имам видено и десетици гробови без никакво специјално обележје. |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
Внеси реплика | страница <1 9101112> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |