IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Може ли христијанин да се зачлени во масо
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Може ли христијанин да се зачлени во масо

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 12>
Автор
Порака
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2008 во 01:23
Како не... секој ден.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2008 во 01:32
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Мајкл - како што реков - тоа зависи од свештеникот и неговото познавање, како и во многу други случаи. Но, ако навистина има познавања од темата, тогаш нема никаква пречка, ниту причина за да забрани членство.
На католиците им беше забрането до 1986-та година, оттогаш е тргната забраната. И таа забрана, не пречела и претходно стотици илјади католици да бидат членови, дури и свештеници, затоа што папската була која го забранува масонството во 18ти век, е полна со неточна информација и е чисто политичка одлука. Секој кој има малку познавања, го знае тоа.
Да ти забранат да станеш член на соодветна црква или деноминација, затоа што си масон, е како да ти забранат заради тоа што си член на некоја партија во која се примаат членови од различни вери... нема логика.

Конектед - дадов поназад објаснување зошто луѓето стануваат масони и каква е "користа" од тоа. Побарај, ако не најдеш или не се согласуваш, ќе ми биде драго да дискутираме...

Да, во ред е ѕидарски го прочитав и погоре твоето објаснение веќе.

Еден српски масон на телевизија објасни дека вистинскиот масон се раѓа, не може да се стане масон. Примањето во ложата е повеќе формалност - потврдување на тоа кој е тој. Навистина е така?
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2008 во 01:36
Хм... тоа е доста "филозофско" размислување...
Идејата позади тоа е дека квалитетите кај еден човек (кои се предуслов да станеш масон), се работи кои ги развиваш од раѓањето, целиот свој живот, така што - кога ќе станеш член на ложата, ти веќе си бил масон во своето "битие".
Кога ќе размислиш, може да се каже дека е така - секој од нас во себе ги носи тие квалитети, некој ги остава скриени цел живот, некој ги отстранува работите кои ги покриваат и им пречат... иако не се согласувам апсолутно со таа теза. Особено што да се биде масон, е многу повеќе од тоа да се биде само добар и квалитетен човек (тоа е предуслов, но не се).
Do what is right, come what may...
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2008 во 01:55
Како дополнување на претходново... Американците имаат добар израз за човек кој не е член, но е со тие квалитети - Mason at Heart.
Do what is right, come what may...
Кон врв
ENERGICAR Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ENERGICAR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2008 во 17:00
MASON ZNACI SLOBODEN ZIDAR NA STO ZIDAR I JAS SAKAM DA SUM MASON
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2008 во 18:11
Ѕидар на храмот во сопствената душа. Ѕидар на подоброто Јас, ѕидар на подобриот свет.
Do what is right, come what may...
Кон врв
ARTUR Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ARTUR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2008 во 20:23
zidarski- znaci ako sme tolku dobri zidari vo taja smisla kako sto mislis ce stanime site masoni? ili ce sonuvame za podobro utre                            
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2008 во 21:01
zidarski, ти благодарам за обемните информации изнесени за масонството. Сите твои постови во темава ги прочитав.

Дали е клубот ROTARY INTERNATIONAL масонска организација или поврзана со масонството? a LIONS клубот? Дали е Bai 'n Bai ритуалот масонска организација?

Пирамидата и се`гледачкото око представена на банкнота од 1 Американски долар има врска со масонството или со некои други тајни(или јавни) организации?

Дали е точно дека Адолф Хитлер(или Национал-социјалистичката партија на Германија) крваво ги прогонувала масоните?

Дали е точно дека Јосип Броз Тито бил Масон? А Черчил? А Нил Армстронг(што слета на месечината)?

Разбрав дека во масонските ложи не се дискутира за политика. Но дали масоните како организација, имаат некаков став во врска со војните(праведни, неправедни)?

Бидејќи масоните ја поздравуваат интелектуалната надградба на човекот и користењето на истиот за подобар свет, дали тие како организација имаат конкретен и единствен став за на пр.:
- Генетскиот инжинеринг?
- пресадувањето човечки органи?

Благодарам.






Изменето од Majkl - 19.Август.2008 во 21:02
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2008 во 23:08
Vidi majkata... interesna tema, dali e vistinita taa grupa ili se samo shpekulacii, ima li dokazi za iznesenite tvrdenja ovde ?
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2008 во 23:18
Originally posted by Zdravko81 Zdravko81 напиша:

Vidi majkata... interesna tema, dali e vistinita taa grupa ili se samo shpekulacii, ima li dokazi za iznesenite tvrdenja ovde ?

Еден од модераторите јавно се произнесе како масон и член на нивната ложа(види претходни страни од темава). Го чекаме неговиот понатамошен одговор.
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2008 во 23:28
Masonstvoto e interesen fenomen... za nas sepak fenomen. jas mislam deka postojat razni drushtva, religii, sekti i neznam ushte shto no, kako shto gledam maloto covece koe neznae nishto poveke od ona shto go gleda na zidot prednego, si bara samo zamisli za nekoj vinovnik koj e vinoven za toa shto toa covece neznae shto ponatamu od zidot i senkata koja si ja gleda cel zivot.
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2008 во 00:30
Ne e masonstvoto interesen frnomen masonstvoto e pred se humanitarna organizacija( organizacija mozebi ne e soodveten izraz, no se znae na sto se misli) koja pomognala na mnogu mesta vo svetot i izgradila mnogu bolnici domovi za siraci i tn ....
Dali imaat svoji tajni - mozebi...no na nikogo loso ne napravile ....

Sto ne mozeme da kazeme za organizacii od tipot na Al Kaeda neli????


Изменето од Templarius - 20.Август.2008 во 00:31
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2008 во 04:11
Здравко - за масонството се знае многу и се знае одамна. Не е тајна организација како што се мисли и не е точно дека не смее да се кажува кој е член. Не е во ред да се зборува за други луѓе (освен ако јавно не се изјасниле), но тоа влегува во општо човечка култура, нели? А секој за себе - има право да зборува слободно. Секоја Голема Ложа во светот има веб-страница, повеќето индивидуални ложи дури имаат свои страници, на кои јавно се изложени адресите и датумите на собирите, како и останатите активности. Има барем едно 100-тина масонски форуми, кои се достапни и за масони и за немасони, за дискусии и општа информација.

Мајкл - еве одговор едно по едно...
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

zidarski, ти благодарам за обемните информации изнесени за масонството. Сите твои постови во темава ги прочитав.

Драго ми е ако можам да допринесам кон општата информираност на темава.

Цитирај
Дали е клубот ROTARY INTERNATIONAL масонска организација или поврзана со масонството? a LIONS клубот? Дали е Bai 'n Bai ритуалот масонска организација?

Не, ниедна од овие не е масонска организација, иако речиси сите ги поистоветуваат. Нема ништо заедничко, освен што некои масони се членови и на Ротари или Лајонс. Ротари и Лајонс се клуб организации, со хуманитарна цел - не се занимаваат со лична надградба и наобразбна на своите членови и немаат езотеричка природа.

Цитирај
Пирамидата и се`гледачкото око представена на банкнота од 1 Американски долар има врска со масонството или со некои други тајни(или јавни) организации?

Да, и едното и другото се поставени во крајот на 18-тиот век на доларот, под влијание на двајца масони уметници, кои се во комисијата која го креира изгледот на банкнотата (останатите членови, мислам 3ца, не се масони).
Пирамидата не е "официјален" симбол, односно не присуствува во ритуалот по никаков начин. Симболички претставува дека градбата е недовршена и дека делот кој се довршува (врвот) е духовен, а не материјален (каде што е поставено окото).
Окото од друга страна е библиска позајмица - Окото кое се гледа (се мисли на Бог). Симболиката - при затворањето на церемонијата, секогаш се потсетуваат членовите да бидат примерни граѓани и добри сопрузи и татковци, да бидат верни и предани и во јавност и приватно, затоа што Севидливото Око на Севишниот секаде и секогаш не гледа (односно - и да направиш грев и никој да не дознае - на оној свет, ќе платиш за тоа, затоа што Тој се гледа).

Цитирај
Дали е точно дека Адолф Хитлер(или Национал-социјалистичката партија на Германија) крваво ги прогонувала масоните?

Да. Во периодот на втората светска војна, единствено нешто што било полошо од тоа да си евреин, било да си масон. Евреите дури имале шанса да преживеат во логорите понекогаш, додека масоните сите биле казнети со смрт. Во тој период убива илјадници масони во Германија, Полска, Франција, Холандија... При навлегувањето на германските војски во соодветните земји, ложите ги палеле членските списоци, за да не се дознае кој е член, но сепак - за многу луѓе се знаело и јавно - и биле елиминирани веднаш. Зградите на ложите биле палени или преправани во штабови на нацистите. Дури семејствата на масоните биле целосно апсени и праќани во логори.
Но не е само Хитлер - Мусолини го прави истото... но најлош од сите бил Франко. Франко - чиј татко (разведен од мајка му) и брат се масони, ги мрази од дното на душата и врши невидени убиства и погроми. Казната е смрт и се изведува на место, без судење. И тоа - не само за масонот, туку за целото семејство, како и за секој кој бил поврзан со него, а не го пријавил. Во Шпанија пред граѓанската војна има околу 5.000 масони. Под обвинување за масонство или поврзаност со масоните се убиени над 80.000 луѓе!
За време на комунизмот има исти дејства од страна на Соц блокот (освен Југославија и Куба).
Ова верувам е доволно добро објаснување зошто во Европа масонството е толку скриено и ретко кој јавно зборува за тоа (освен во Франција, Англија и Шкотска, каде е сеприсутно во јавниот живот). Затоа што ако нешто слично се случи пак како 2ра светска војна - луѓето сакаат да се заштитат. Во Америка и Канада - е многу јавно и никогаш немало сериозни проблеми.

Цитирај
Дали е точно дека Јосип Броз Тито бил Масон? А Черчил? А Нил Армстронг(што слета на месечината)?

За Тито се претпоставува. Има јасни индикации дека бил, но нема сочувана членска книшка, така што не може да се каже "да, сигурно бил". Но има премногу индикации дека бил, како и присуства на чисто масонски собири (што не би било инаку можно). Истотака - во СФРЈ, масонството не беше забрането, туку беше прогласено за "непотребно" и елемент од минатото, кој не е потребен во совршеното ново општество. Во исто време - речиси целиот ЈУ врв (првиот) се состои од масони - Рибар, Кардељ, Крлежа, Иво Андриќ итн...
Черчил бил масон, Армстронг истотака, како и Баз Алдрин (астронаутот кој слета со него).
Единствена соц земја каде што легално постои масонството цело време е Куба. Поединечни масони биле апсени заради пројави на продемократски идеи, но како целост не било никогаш забрането и се многу активни.

Цитирај
Разбрав дека во масонските ложи не се дискутира за политика. Но дали масоните како организација, имаат некаков став во врска со војните(праведни, неправедни)?

Официјален став никогаш не се изнесува. Во врска со ништо (освен со директната работа на ложите). Не е масонството тоа кое треба да се занимава со светот, туку поединечниот масон. Секој си има свое политичко убедување и погледи, но сите се луѓе со високи морални и човечки вредности, па е нормално тоа да го пренесат и во своите секојдневни активности (било бизнис, политика или било што друго).

Цитирај
Бидејќи масоните ја поздравуваат интелектуалната надградба на човекот и користењето на истиот за подобар свет, дали тие како организација имаат конкретен и единствен став за на пр.:
- Генетскиот инжинеринг?
- пресадувањето човечки органи?

Не. Масоните немаат единствен став околу ништо. Сериозно. Секој се води од сопствените морални вредности и норми. Секој се води од сопствените религиски, социјални и политички убедувања, а масонството служи како алатка, како орудие со кое се применуваат и поттикнуваат тие норми.
Лично познавам масон кој е генетичар (еден од подобрите во светот и се занимава со генетика поврзана со ракови заболувања), но познавам и масон кој е крајно против мешањето во генетиката на човекот, животните и растенијата.
Истото се однесува и за прашања како абортусот, пресадувањето на органи, еутаназија, хомосексуалност...
Нема потреба да имаат единствен став. Секој од нив работи за доброто на заедницата, за доброто на средината, и не наштетува никому. Тоа што имаме различни ставови, не пречи на работата на едниот или другиот. Секој се води од сопствениот морален компас и не може некој да му каже дека треба вака или онака да прави, затоа што тогаш тоа нема да е негов став, туку нечиј туѓ.
Единствено што се бара (тоа е услов) - е да се има толерантност кон другите и кон нивното размислување и определба. Секогаш. Секое размислување и сечиј став има вредност и треба да се разгледа и да се прецени.

Цитирај
Благодарам.

Ти благодарам и јас на интересот и се надевам дека ги одговорив прашањата. Ако има нешто нејасно - слободно прашај.

Изменето од zidarski - 20.Август.2008 во 04:16
Do what is right, come what may...
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2008 во 14:27
Во четвртата по ред книга од српската едиција Православието и сектите „Во лавиринтите на темнината: од саентологија до сатанизам„ во издание на Светигора, 1994 год. во Цетиње(Црна Гора), делот за Синкретистички секти има поглавие од свешетник Александер Јанг, американски православен свештеник кој раскажува за средба со масони. Некој постар Грк кој сакал да се приклучи кон нивната парохија откога патем спомнал дека е член на плавата масонкса ложа, свештеникот му објаснил дека не може да се причести ниту да учествува во другите Свети Тајни. На прашањето „Зошто не?„ добил одговор „Затоа што масонството е спротивно на христијанството, и Грчката и Руската Црква го осудиле во овој(ХХ) век. На тоа гркот се насмеал и рекол дека тој познава многумина православни масони, дури и еден владика.

Свештеникот Јанг објаснува дека одлуката која ја донела Руската прекугранична Православна Црква од 1932год. е сеуште на сила:

„Светиот собор му препорачува на свештеникот за секое лице кое пристапува кон исповед дали е тоа лице член на масонска ложа и дали ги усвојува нејзините доктрини. Ако се испостави дека тоа лице е член... да и се објасни дека учеството во овие организации е во спротивност со именувањето Христијанин, со членување во црквата Христова. Дека мора да донесе цврста одлука да раскине со масоните и нивните доктрини; и ако тоа не го направи да не му се дозволи пристап кон Светата Тајна Причест; и ако одбие да се покае, да се исклучи од Светата Црква.„

И го наведува и јставот на Грчката православна црква која отприлика во тоа време излегува со уште поконкретен став:

„Масонеријата... е составена од митолошки систем кој не` подсетува на древните незнабожачки мистеријски религии и култови - од кои потекнува нивниот настанок и обнова. Ова не го признаваат само истакнати учители во ложата туку тоа и со гордост го изјавуваат дословно `Масонеријата е единстен остаток на древните мистерии и може да се нарече и нивен чувар. Масонските ложи не се ништо друго туку пештери и темнина на индијските прашуми и непознати длабочини на пирамидите и криптите од огромните храмови на Изида`, и тн. И така грчките владици заклучуваат: Слободното ѕидарство е мистеријск а религија сосема различна, одвоена и туѓа на христијанската вера„.


Книгата неколку пати го цитира Пајк, можеби и овојпат вон контекст, zidarski веќе го беше спомнал овој автор кој наводно вели на стр.213 дека „Секоја масонска ложа е храм и нејзиното учење е религијско упатство. Не знам бидејќи не сум читал ништо од Пајк, само пренесов како нешто што некогаш сум го сретнал во книгите за сектите аминувани од СПЦ и ЦгПЦ(благословот го даде митрополит Амфилохије), кои морам да кажам(барем кога станува збор за другите верски заедници) изобилуваат со подсмев, плукање, клевети и измислени приказни.

Изменето од Majkl - 20.Август.2008 во 14:32
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.