IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Силата на Светците
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Силата на Светците

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 21>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 00:38

Originally posted by Templarius Templarius напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Од каде имате гаранција дека починатите верници можат да ги слушнат вашите молитви?
Можете ли да наведете барем еден единствен пример од Библијата каде некој верник замолил некој друг починат верник да се моли за него?




Od kade vi na vas idea deka se toa treba da e zapisano vo biblijata.....

Епа каде треба да биде запишано? Во Кyранот ли? Или во православното календарче?

Зар не е Божјиот Збор доволен и компетентен да даде упатство за тоа како и кому треба да се молиме, па ќе читаме или слушаме човечки зборови?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 00:40
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Ев, зарем духот умира?! Не сум знаел... објасни ми ако е така...
 
Не умира, но од каде гаранција дека тој може да те слушне? За Бог имаме гаранција дека ги слуша нашите молитви, но од каде гаранција дека душите на Небото ги слушаат нашите барања за застапништво пред Бог?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 00:50
Не се сеќавам... мислам дека беше Еремија кој кога се обраќа до духот на некој светец, овој му враќа "зошто ме вознемируваш"... така да, во Библијата има доказ дека душите слушаат и на оној свет...
(ќе проверам точно за кој пророк беше, не се сеќавам точно, а во моментов сум во гужва... но затоа сум сигурен дека знаеш за што зборувам, така да - пиши ти кој беше)
Do what is right, come what may...
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 01:11
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Не се сеќавам... мислам дека беше Еремија кој кога се обраќа до духот на некој светец, овој му враќа "зошто ме вознемируваш"... така да, во Библијата има доказ дека душите слушаат и на оној свет...
(ќе проверам точно за кој пророк беше, не се сеќавам точно, а во моментов сум во гужва... но затоа сум сигурен дека знаеш за што зборувам, така да - пиши ти кој беше)


Eve jas ke pisam koj bese:


Saul go povikuva duhot od prorokot Samoil, kaj magjepsnicata od Endora.
(1 Carevi 28:15)

I sto so toa?
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 01:12

zidarski, таму воопшто не се работи за Еремија, ниту за било кој од пророците, ниту за молитва, туку станува збор за ВРАЧАЊЕ - нешто за што следело смртна казна според Мојсеевиот закон. Станува збор за случката кога Саул отишол кај врачарка и ја замолил (со помош на врачање!) да го повика духот на Самоил за овој да го прашал нешто. Врачарката отпрво не сакала да го направи тоа затоа што знаела дека казната за таквиот грев е смрт. За таа случка можеш да прочиташ во (1 Самоил 28), но прочитај го и овој стих:

"Не вражајте и не гатајте... Не обратувајте им се на повикувачите на духови "
(Левит 19:26,31)
 
"Ако некој им се обрати на повикувачи на духови и на вражалци, за да оди блудно по нив, Јас ќе се свртам против таквиот човек и ќе го истребам од неговиот народ. "
(Левит 20:6)
 
"Маж или жена кои, меѓу вас, ќе станат повикувачи на духови на мртви или ќе вражаат, нека бидат казнети со смрт; нека бидат каменувани, а нивната крв нека падне на нив."
(Левит 20:27)
 
"Ако ви речат: „Прашајте ги духовите и оние кои пророкуваат за иднината, што шепотат и м’рморат” - одговорете: „Зар народот не треба да Го праша својот Бог? Зар мртвите се прашуваат за живите?"
(Исаија 8:19)
 
Значи примерот за кој што ти зборуваш не е молитва до починат, туку тоа е негативен пример кој зборува за врачање, кое е осудено од Бог.


Изменето од EvAngelos - 08.Август.2008 во 01:15
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 01:21
Еве што видела маѓепсницата:

„Жената одговори: гледам како ѓоа (божем)господ излегува од земјата.
Каков е тој на изглед? - праша Саул. Таа одговори: Излегува од земјата престар маж облечен во долга облека.“

Во текстот жената не видела ништо. Ѓоа, кобајаги, божем видела нешто.
Таа не го видела духот на Самоил, туку демонот кој се јавил со гласот на Самоил.
Сето што се случува е демонска работа.
Маѓепсница, вражање, гледање духови = Сатанизам.

Поздрав
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 01:40
Евангелос, го знам добро примерот... се надевав дека ќе го цитираш самиот стих...
15 Самоил го праша Саула: „Зошто го замати мојот мир повикувајќи ме горе?”

Еве ти одговор на твоето прашање - духовите слушаат и на оној свет. Го пишува во Библијата.
Ако слушаат повикување преку врачање (кое е лошо и забрането), зарем нема да слушнат искрено обраќање од човек кој се моли на Бога и ги замолува и нив да се помолат за него?

Во секој случај - во Библијата има гаранција дека душите го слушаат нашето обраќање, а тоа беше твоето прашање...
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 01:50
zidarski, ако душите на оној свет ги слушаат нашите молитви, тогаш зошто Саул самиот не му се обратил/помолил на Самоил туку морал да иде кај врачарка која со помош на врачање го повикала духот на Самоил?
Во примерот што го наведуваш не станува збор за молитва или за обраќање туку за ПОВИКУВАЊЕ НА ДУХ со помош на ВРАЧАЊЕ, нешто кои било забрането со СМРТНА КАЗНА од Бог!!!
Од каде знаеме јас и ти каков процес е врачањето и што се инволвира таа ѓаволска постапка? Сигурно има причина зошто Бог стрикно ја забранил оваа работа и толку страшно ја осудил.
 
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 01:56
Еве го целиот текст, читај по ред:

5 Кога Саул го здогледа филистејскиот логор, се исплаши и срцето му затрепери силно.

6 Саул го праша за совет Господа, но Господ не му даде одговор, ни во соништата, ни преку Уримот, ни преку пророците.

7 Затоа Саул им рече на своите слуги: „Побарајте ми жена која повикува духови, за да одам кај неа и да ја прашам.” А слугите му одговорија: „Еве, во Ен-Дор има жена која повикува духови.”

8 Тогаш Саул се преправи, облече други облеки и отиде со два човека. И дојде ноќе кај онаа жена и и рече: „Да ми вражаш со помош на дух и повикај ми го оној кого што ќе ти речам.”

9 А жената му одговори: „Па ти знаеш што направи Саул и како ги истреби од земјата повикувачите на духови и вражалците. Зошто му поставуваш стапица на мојот живот за да ме погубиш?”

10 А Саул и се заколна во Господа, говорејќи: „Така ми живиот Господ, не ќе бидеш ништо виновна за ова!”

11 Тогаш жената запраша: „Кого да ти го повикам?” А тој одговори: „Повикај ми го Самоила!”

12 Кога жената го здогледа Самоила, извика гласно, а тогаш му рече на Саула: „Зошто ме измами? Та ти си Саул!”

13 А царот и одговори: „Не бој се! Туку што гледаш?” А жената му одговори на Саула: „Гледам нешто божествено што се дига од земјата.”

14 Саул ја праша: „Какво му е обличјето?” А таа одговори: „Излегува старец, наметнат со плашт.” Тогаш Саул созна дека е тоа Самоил, па падна со лицето на земјата и се поклони.

15 Самоил го праша Саула: „Зошто го замати мојот мир повикувајќи ме горе?” А Саул одговори: „Во голема неволја сум, зашто Филистејците завојуваа против мене, а Бог се заврте од мене и не ми одговара веќе, ни преку пророците ни во соништата. Затоа те повикав тебе за да ме поучиш што да правам.”

16 А Самоил одговори: „Зошто ме прашуваш мене, кога Господ се одвратил од тебе и ти станал непријател?



Бог се одврати од овој нечесен, не богобојазлив цар, и не сакаше да му одговори. Кога Бог не одговара, како ќе можи пророкот да одговори кога е мртов. Еве што тој вели:
А Самоил одговори: „Зошто ме прашуваш мене, кога Господ се одвратил од тебе и ти станал непријател?

Дали си сигурен дека тој што зборуваше беше пророкот Самоил?
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 01:59
Да, врачањето е забрането. Но, конкретното поглавје покажува дека духот и од оној свет е во состојба да се обрати и да не слушне. Да замолиш нечиј дух да се помоли за тебе, влегува во делот што Јаков го препорачува - да се молиме едни за други... Духот е вечен, не умира. Не е битно дали се наоѓа во привременото или во вечното живеалиште.
Do what is right, come what may...
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 02:02
Originally posted by gospel gospel напиша:

Дали си сигурен дека тој што зборуваше беше пророкот Самоил?


Госпел - ако прочиташ надолу во истото поглавје, ќе видиш дека пишува дека Самоил се обраќа... сега... ако во Библијата пишува дека Самоил се обраќа (а не "некој што личеше на Самуил, но не беше тој, му рече"), тогаш како тоа да го разберам?!
Do what is right, come what may...
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 02:03
Но дали Бог му помогна на Саул и ја услиши неговата молитвата, и дали Самоил се молеше на Бог за да му помогне на Саул?
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 02:06
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Originally posted by gospel gospel напиша:

Дали си сигурен дека тој што зборуваше беше пророкот Самоил?


Госпел - ако прочиташ надолу во истото поглавје, ќе видиш дека пишува дека Самоил се обраќа... сега... ако во Библијата пишува дека Самоил се обраќа (а не "некој што личеше на Самуил, но не беше тој, му рече"), тогаш како тоа да го разберам?!


Но таму пишува дека маѓесницата ЃОА, КОБАЈАГИго видела духот на Самоил.
Тоа значи дека не видела ништо од Самоил, но неговото место го зазема некој друг, а кој тоа размисли ти?
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 02:09
Не, затоа што Саул, како што разбираме од коментарот на Самуил, не го послушал Бог кога требало, иако имал упатство како да постапи.
Сепак - духот и од оној свет е во состојба да не слушне. Како ќе постапи потоа - тоа е негов избор... верникот тука не се меша.
Но верникот никогаш не се ослонува само на молитвата упатена од светецот, секогаш и самиот тој се помолува, како и ги замолува луѓето околу него, и пред се - свештениците (старешините за кои зборува Јаков) да се помолат за него.
Затоа велам - не гледам ништо спорно во упатувањето молитва кон светец. Перверзијата во која се претвара од незнаењето на одредени свештеници и од врачањето на одредени грешници е сосема друга работа, тие две работи не треба да се мешаат. Проблемот е што вие зборувате за вториов вид "обраќање" кон светци, но тоа нема ништо со православието...
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 21>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.