|
Силата на Светците |
Внеси реплика | страница <1 910111213 21> |
Автор | ||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Како што реков - не е релевантно за дискусијава дали знаеме дали некој светец е во рајот или не.
Молбата кон светецот е само дополнително барање, некој кој ти лично (а и црковната заедница) го сметаат за праведен, да се помоли за тебе. Дадов убав пример - кога си в црква и кога ќе замоли свештеникот да се помолат сите присутни за некого, од каде знаеш дека сите присутни веруваат? Дали има штета тогаш упатеното барање до нив? Не, во никој случај. Затоа што пак - молитвата од праведниот има голема сила - а нам ни останува да се надеваме дека некој од тие е навистина праведен. Сепак - самиот принцип на упатување молба кон светец за тој да се помоли за тебе, не е спорен или контрадикторен сам по себе. |
||||
Do what is right, come what may...
|
||||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Исус Неговите следбеници ги нарече пријатели. А пријателите разговараат меѓу себе директно а не преку ,,расипан телефон’’. Затоа најдобор за нас е да воспоставиме директен контакт со Него а не на замислените секретари, зашто така ги сфаќам јас т.н. светци.
|
||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Мислам дека убаво објаснив во врска со ова...
Тргнуваш од многу погрешна презумпција дека тука има некаков расипан телефон - односно, дека јас се молам на Св.Илија, за тој да се застапи кај Бог за мене. Воопшто не е така! Јас се молам на Бога, но во исто време, упатувам молба до Св.Илија да се помоли и тој за мене кај Бога. Зошто? Затоа што верувам дека Св.Илија е праведен и дека неговата молитва има многу голема сила. Но не му се молам нему, и не очекувам тој да ми ја услиши молитвата, а Бог. Директната линија е верникот-Бог. Верникот-Св.Илија е само дополнителна поткрепа кон директната молитва. Тоа е сосема различен концепт од тоа да се молиш директно на светецот, како што многумина мислат дека се случува. Како што реков претходно - недоразбирањето доаѓа од недоволното и неправилното објаснување на овој концепт. |
||||
Do what is right, come what may...
|
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Сите во Христос се Свети кои веруваат во Неговата Љубов!
Има само Еден Совршен Праведник, Вистински Победник: Оној чија што МИЛОСТ во Исуса се отелотвори и небесната ВРАТА на Голгота за сите што веруваат ширум ја отвори! Поздрав до сите ЧЕДА на Мирот БОЖЈИ! Изменето од spiros - 04.Август.2008 во 23:18 |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ako trgneme od Hristovite zborovi vednas moze da poznaeme koi se negovi ucenici- po nivnata golema ljubov i po nivnata vera potkrepena so dela( izgonuvanje na demoni so Negovoto ime, isceluvanja itn). Ako tie gi imaat karakteristikite na negovoto ime togas sosem normalno e da bidat vo rajot kade sto se site Negovi vistinski ucenici. Znaci nie sme sigurni vo toa poradi zborovite na Spasitelot.
Pozdrav |
||||
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
НЕ СЕКОЈ ШТО МИ ВЕЛИ ГОСПОДИ, ГОСПОДИ, ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЦАРСТВОТО НЕБЕСКО, А ОНОЈ ШТО ЈА ИСПОЛНУВА ВОЛЈАТА НА МОЈОТ ОТЕЦ НЕБЕСКИ. МНОЗИНА ЌЕ МИ РЕЧАТ ВО ОНОЈ ДЕН: ГОСПОДИ, ГОСПОДИ, НЕ ВО ТВОЕ ЛИ ИМЕ ПРОРОКУВАВМЕ? И ЗАР ВО ТВОЕ ИМЕ БЕСОВИ НЕ ИЗГОНУВАВМЕ? И НЕ ВО ТВОЕ ЛИ ИМЕ МНОГУ ЧУДА ПРАВЕВМЕ? И ТОГАШ ЈАС ЌЕ ИМ КАЖАМ: НИКОГАШ НЕ СУМ ВЕ ПОЗНАВАЛ, БЕГАЈТЕ ОД МЕНЕ ВИЕ ШТО ПРАВИТЕ НЕЗАКОНСКИ ДЕЛА! (МАТЕЈ 7:21-23) ВЕРАТА И ИСПОЛНУВАЊЕТО НА НЕГОВАТА ВОЛЈА Е СИГУРНОСТ ДЕКА ТИЕ ЛУЃЕ СЕ ВО РАЈОТ, А НЕ ПРАВЕЊЕТО ЧУДА И ИЗГОНУВАЊЕТО НА ДЕМОНИ. Со почит, Госпел. |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Gospel toa sto jas go postirav na temata se samite zborovi na Spasitelot za toa kako da gi poznaeme Negovite ucenici. Ova sto ti go postira se odnesuva na licemerieto na nekoi koi svoite dela gi krijat pod nametkata na verata. Ne velam deka nema licemerie kaj nekoi, no zborovite na Spasitelot za negovite ucenici se najdobar znak za svetosta i verata na nekoja licnost. A cudata i isceluvanjata se normalno posledica na taa vera.
Pozdrav |
||||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Svetecot ne go opredeluvaat crkovni odbori, svetecot go odreduva narodot so toa sto gleda koi dobri dela se gi ima napraveni i se sto pravel za vreme na zivotot. Jas mozam da se kladam deka ako se naprai anketa vo Makedonija medju ludjeto, dali Tose Proeski e svetec anketata bi bila sto posto DA e sega vidis od kade i kako nastanuvaat Svetci a i kade e nivnata sila. Dali nekoi svetci se vo rajot - prasanjeto ne ti e na mesto i ja vredjas Pravoslavnata vera so toa no eve ce ti odgovoram - Onj koj pravel cel zivot dobri dela i cel zivot mu bil posveten na boga normalno deka ce e vo rajot taka da te molam prestani da go cepkas Hristijanstvoto i Svetcite zasto jas vo tvojata vera (koja i da e ne cepkam) veruvaj bi mozle na mnogu nacini da te navredam, zatoa imaj respect kon Pravoslavjeto od koe si poteknla i prema Svetcite na koi tvoite dedovci im se molele. Da ne zaboravame koi sme i sto sme. |
||||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ako i mislis deka mozes da si prijatel so Isus vo red, no nemas pravo Svetcite vo koi veruva celoto Pravoslavie da gi narekuvas "ismisleni sekretari", ako ti si zaboravil na se sto e sveto od koe si poteknal,, i veruvas vo toa sto veruvas, toa ne ti dava nikavo pravo da gi cepkas Svetcite zatoa ti se molam imaj respekt kon onaa od sto si proizlegol i veruvaj si vo onaa sto si veruvas samo te molam ne gi cepkaj Svetcite tie nisto loso ne ti napravile ... |
||||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
"Илија беше човек по природа ист како и ние"
(Јаков 5:17) Сметам дека не треба да додавам дополнителни коментари на горниот библиски стих. Наместо коментар, ќе те замолам да ми посочиш (од Библијата ) еден единствен пример каде што некој Божји човек, апостол, Христов следбеник, ученик или сл. упатува молитва до Бог, а во исто време и паралелни молитви до св. Илија, св. Мојсеј, св. Авраам или св. било кој друг освен Бог.
Светото Писмо вели "молете се еден ЗА друг" (Јаков 5:16), но никаде не вели "молете се еден КОН друг".
Не сакам да ви противречам на вашата слободна воља да си се молите кому сакате, но нема да дозволам молењето кон луѓе да го нарекувате библиско или христијански исправно, бидејќи тоа не го правеле ниту поучувале ниту Христос, ниту апостолите, ниту пророците, ниту било кој друг од Бога помазан човек во Библијата. А она што е библиско, изворно христијанско, од устата на нашиот Господ Исус Христос јас смело ќе го објавам...
"А кога се молеше на едно место и кога престана, еден од Неговите ученици Му рече: „Господи, научи нè да се молиме, како што и Јован ги научи своите ученици!” А Тој им рече: „Кога се молите - говорите: „Татко наш, Кој си на небесата"
(Свето евангелие по апостол Лука 11:1-2)
... а кој има "уши за слушање" нека чуе што вели Господ за адресата кон која ние треба да ги упатуваме нашите молитви.
I'm back
|
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Добре ни дојде!
Само ќе ти одговорам, прво со - кој има уши да слуша, а кој има очи, да прочита прво што е напишано! Едно по едно.
А каде реков јас поинаку?! Сите светци се по природа луѓе, како и сите нас, со таа разлика што се праведни.
Имено - ако прочита убаво што имав напишано, ќе видиш дека ние не се молиме на светецот воопшто! Напротив - го замолуваме светецот да се помоли и тој за нас. Односно - се молиме еден за друг. Како што ние се помолуваме за нашите блиски, знајни и незнајни... така и тој.
И тука се согласувам - молитвите се упатуваат само кон Бога. Кога бараме од некој светец да се помоли за нас, ние бараме (груб збор е бараме, замолуваме е поточно) тој да рече "Татко наш, Кој си на небесата..."
Ние само и единствено кон Бога ги упатуваме нашите молитви, а праведните ги замолуваме да се помолат за нас, недостојните... Изменето од zidarski - 05.Август.2008 во 02:22 |
||||
Do what is right, come what may...
|
||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не разбирам зошто правиш разлика меѓу луѓето и едни ги нарекуваш "праведни", а други "недостојни." Зарем стихот не вели јасно дека Илија беше човек по природа ИСТ како и ние?
"Илија беше човек по природа ИСТ како и ние" (Јаков 5:17)
Нарекувајќи некои луѓе за "праведни" и "достојни" е во сериозна спротивност со евангелската порака која вели дека никој не е достоен, дека нема ни еден праведен човек и дека на сите ни е потребен Спасител - Исус Христос, како на Илија, мајка Тереза, папата, така и на мене, тебе, сите членови на форумов и сите надвор од него.
Библијата јасно кажува дека нема ниту еден праведен човек на земјата:
"Нема никој праведен, нема ниту еден"
(Римјаните 3:10) "сите (и светците) згрешија и се лишени од Божјата благодат"
(Римјаните 3:23)
но, не обесхрабрувај, Словото продолжува...
"...но се оправдуваат преку Неговата благодат, преку откупот во Христос Исус" (Римјаните 3:24) |
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Да, Илија е по природа ист како и нас.
Праведни - се оние кои живееле вистински праведен живот. Недостојни (за себе си го реков тоа) - оние кои се трудат да живеат праведно, но имаат уште многу работа за да го постигнат тоа. Инаку - Јаков во 5:16, токму пред стихот кој ти го цитираше, вели - Делотворната молитва на праведникот има голема сила... Токму на тоа мислам кога велам дека праведните треба да се помолат за нас... Цитатот од Римјаните... ЕвАнгелос - ајде тебе да не ти велам прочитај го целото поглавје, некако неумесно е, затоа што знам дека го знаеш на памет... Изменето од zidarski - 05.Август.2008 во 02:53 |
||||
Do what is right, come what may...
|
||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ако не сме достојни ние, не се достојни ни "светците". А Светото Писмо токму тоа го вели дека никој не е достоен, дека сите имаме грев, и ние, и "светците". Не Светото Писмо, туку ти си тој што прави поделба меѓу грешниците, нарекувајќи ги едни недостојни, а други праведни. Светото Писмо не вели така. Светото Писмо вели дека сите ние, вклучувајќи ги и Илија, и Мојсеј, и Авраам, и Петар, и Павле, итн СМЕ грешници и дека преку вера во Исус Христос сите добиваме милост и оправдување, како Илија, така и разбојникот кој се покаја во последниот миг распнат непосредно до Христос.
Делотворната молитва на праведникот има голема сила само доколку е упатена до вистинското место (Бог), во спротивно, нема никаква сила.
zidarski, како ќе одговориш на мојот предизвик да ми цитираш од Библијата еден единствен пример каде некој пророк, апостол, Христов ученик, следбеник се молеле на некој друг освен Бог?
Зарем доточниот молк не е доволен да одговори на нашето спорно прашање? Нејсе, ако не е доволен, ќе додадеме уште од богатата ризница на Словото Божјо
|
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
Внеси реплика | страница <1 910111213 21> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |