|
GP Hungary |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 03.Август.2008 во 10:01 |
Kvalifikacii 2.8.2008
1 Lewis Hamilton McLaren-Mercedes 1:20.889 2 Heikki Kovalainen McLaren-Mercedes 0:00.996 3 Felipe Massa Scuderia Ferrari 0:01.047 4 Robert Kubica BMW Sauber F1 Team 0:01.137 5 Timo Glock Toyota Racing 0:01.182 6 Kimi Räikkönen Scuderia Ferrari 0:01.372 7 Fernando Alonso Renault F1 Team 0:01.554 8 Mark Webber Red Bull Racing 0:01.588 9 Jarno Trulli Toyota Racing 0:01.623 10 Nelson Piquet Jr. Renault F1 Team 0:02.227 11 Sebastian Vettel Scuderia Toro Rosso 0:00.000 12 Jenson Button Honda Racing F1 Team 0:00.188 13 David Coulthard Red Bull Racing 0:00.358 14 Sebastien Bourdais Scuderia Toro Rosso 0:00.819 15 Nico Rosberg WilliamsF1 Team Ausfall 16 Nick Heidfeld BMW Sauber F1 Team 0:00.901 17 Kazuki Nakajima WilliamsF1 Team 0:00.941 18 Rubens Barrichello Honda Racing F1 Team 0:01.188 19 Giancarlo Fisichella Force India-Ferrari 0:01.526 20 Adrian Sutil Force India-Ferrari 0:01.969 Trka 3.8.2008 - 14:00 sat. (70 Kruga) Изменето од Vardar1947 - 03.Август.2008 во 10:03 |
|
|
|
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
FORMULA 1 ING MAGYAR NAGYDIJ 2008Provisional ResultsЕве ги првите неофицијални резултати превземени од Официјалниот сајт на Формула 1.
Пар зборови за трката . Извонредно досадна трка со пар силни моменти . Пукањето на гумата на Хамилтон , експлодирањето на моторот на Маса и секако второто место на Глок се моментите кои заслужуваат да се истакнат . Прв пат прво место за Ковалаинен , големо приближување во Конструктори на Мекларен до Ферари и стагнацијата на Ферари се исто така интересни моменти . Вистинска реткост е на Ферари да му експлодира моторот ....интересно ке биде да слушнеме која е причината . Раиконен се доближи малку до Хамилтон со бодовите па........неизвесноста продолжува и понатаму .
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ihhhhhh kolku mi e milo sto Masa e tooolku daleku od prvo mesto...
Alonso konecno da ne e posle 6to....nakacil na edno
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Massa bez sreka
|
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од Vardar1947 - 04.Август.2008 во 13:40 |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ФОРМУЛА 1 - ФИНЕЦОТ ОД МЕКЛАРЕН СО ПРВ ТРИУМФ НА УНГАРСКОТО ГП
Проблемите на Маса му донесоа деби победа на Ковалаинен Животот не е фер, ниту формула 1 е фер. Возачот на Мекларен, Хеики Ковалаинен прослави шокантна деби победа на Унгарското ГП во неделата откако на несреќниот Бразилец Фелипе Маса во Ферари му откажа моторот додека беше во водство на три круга пред крајот. Финецот Ковалаинен ја искористи несреќата на Маса за да стигне до првото место пред дебитантот на подиумот, Германецот Тимо Глок во Тојота, и колегата на Маса и светски шампион Кими Раиконен. Успехот на Глок беше фантастичен, ако се знае дека пред две недели си замина од Германското ГП со амбулантно возило по тешкиот судар. Колегата на Ковалаинен, Луис Хамилтон, остана лидер во генерален пласман иако поради дупната гума во средина на трката падна на 10. место. Британецот заврши петти, зад својот поранешен колега Фернандо Алонсо во Рено. Хамилтон има 5 поени предност пред Раиконен, додека Маса падна на третото место со уште три поени заостанување. "Секако дека ми е жал за Фелипе бидејќи тоа што му се случи на него денеска мене ми се случува неколкупати во оваа сезона. Но, морам да бидам среќен денеска бидејќи заедно со тимот работев напорно за победа. Маса и Луис беа многу брзи денеска, но нешто работеше за мене. Се обидов да поставам притисок на Фелипе во последните кругови, но не успеав", вели Ковалаинен. Маса ќе го преземеше водството во генерален пласман откако направи фантастичен старт на неделната (инаку досадна) трка. Од третото место Бразилецот до првата кривина ги помина двата Мекларени пред да направи удобна предност. Бидејќи претекнувањето е речиси невозможно во Хунгароринг, шансите на Маса за победа се зголемија кога Хамилтон во 41. круг имаше дупната гума. Хамилтон беше задоволен. "Мислам дека успеав да го остварам најдоброто што можев. Што да правиш кога имаш дупната гума? Лани најверојатно затоа ја загубив титулата. Но, не е така лошо како што можеше да биде", вели Хамилтон. Бразилецот Нелсон Пике беше шести за Рено, додека Јарно Трули го комплетираше добриот викенд за Тојота со седмото место. Разочарување секако во БМВ Заубер, каде што Роберт Кубица едвај спаси еден поен, откако падна од 4. на 8. место на стартот. РЕЗУЛТАТИ (УНГАРСКО ГП): 1.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 1:37:27.067 10 2.Тимо Глок (Тојота) +11.020 8 3.Кими Раиконен (Ферари) +16.811 6 4.Фернандо Алонсо (Рено) +21.614 5 5.Луис Хамилтон (Мекларен) +23.043 4 6.Нелсон Пике Јуниор (Рено) +32.298 3 7.Јарно Трули (Тојота) +36.449 2 8.Роберт Кубица (БМВ) +48.321 1 9.Марк Вебер (Ред Бул) +58.834 10.Ник Хајдфелд (БМВ) +1:07.709 11.Дејвид Култхард (Ред Бул) +1:10.407 12.Џенсон Батон (Хонда) +1 круг 13.Казуки Накаџима (Вилијамс) +1 круг 14.Нико Розберг (Вилијамс) +1 круг 15.Џанкарло Физикела (Форс Индија) +1 круг 16.Рубенс Баричело (Хонда) +2 кругови НЕ ЗАВРШИЈА 17.Фелипе Маса (Ферари) +3 кругови 18.Себастиен Бурде (Торо Росо) +3 кругови 19.Адријан Зутил (Форс Индија) +6 кругови 20.Себастијан Фетел (Торо Росо) +47 кругови |
|
|
|
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не би било фер да не се спомене одличниот старт на Маса ....еден од најубавите сезонава .
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vo red si e toa, da ...no spored mene ..ne mislite deka malce ovie od Sport preterale!?
Проблемите на Маса му донесоа деби победа на Ковалаинен
Животот не е фер, ниту формула 1 е фер. -pa toj sto go pisal ova 100% e navivac za Massa. Dali e fer vaka da se pisuva po vesnici!?
Ova veke se vika pristrasnost.
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова со здебелените букви да ти кажам право е факт ...токму така и беше....а новинарите....сум ги приметил дури и коментаторите ...без исклучок сите . Знаеш ,и тие се фанови и тоа од оние најсилните. И тешко можат да бидат професионални... уште по првите коментари веднаш се познаваат кој за кого навива.
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
osobeno koga stanuva zbor za fudbal-jas barem togas gi osekjam koj za kogo e.
Inace da mozebi da ne se slucese toa so Masa nemase da pobedi Kovalainen ama sepak mislam deka vesnicite treba da se malce poprofesionalci vo rabotata neli? Nivna rabota za koj navivaat.
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ne mi go dirajte Massa be
|
|
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најубава стаза,ама само таму оти сум бил,ахххххх Монако......
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Алосно ги надмудри најдобрите
Патеката Хунгароринг ја опслужи можеби најчудната квалификациска сесија во историјата на Формула 1. Податокот за времето на пол-позицијата кој доцнеше поради пад на компјутерскиот систем, беше обелоденет по големо закаснување. Најповолната позиција на стартот ја освои Фернандо Алонсо на Рено, пред возачите на Ред Бул, Себастијан Фетел и Марк Вебер. Квалификациите ги одбележа и опасниот судир на Фелипе Маса на Ферари, по кој Бразилецот е во стабилна здравствена состојба, но најверојатно нема да се појави на утрешната трка. Според информациите, Бразилецот бил свесен и зборувал со неколку свои колеги, но е пренесен во болница, каде ќе му бидат извршени дополнителни испитувања. Подетални информации за состојбата на Бразилецот ќе бидат достапни подоцна. Времето на пол позиција на Шпанецот беше 1:21.569, успевајќи да ги надмине болидите на Ред Бул, кои беа најголеми фаворити. Четврто време имаше Луис Хамилтон на Мекларен, следен од возачот на Вилијамс, Нико Розберг и клупскиот колега Хеики Ковалаинен. Кими Раиконен имаше само седмо време, откако прокоцка совршено започнат круг. Финецот е следен од Џенсон Батон од Браун, со најслаб пласман во квалфикациите годинава. Деветтото место е резервирано за вториот болио на Вилијамс, Казуки Накаџима, додека десеттата позиција која формално му е доделена на Фелипе Маса се чини нема да биде остварена во пракса. Првата сесија започна релаксирано, при што Кими Раиконен на Ферари го постави реперот во почетните моменти од сесијата. Возачите делуваа резервирано, а пневматиците незагреани, па според тоа немаше неизвесности низ поголемиот дел. На крајот на сесијата, возачите и болидите како да влегоа во ритам и ги направија последните моменти од сесијата екстремно неизвесни. Реперот на Раиконен на крајот се претвори само во 11-то време, додека Розберг го имаше најдоброто време. Неколку возачи кои беа на работ на излез од квалификациите, успеаа да ги истиснат возачите со “сигурни” времиња. Интересно е што Џанкарло Физикела на Форс Индија во последните моменти стигна до 11-то место, но на крајот ја напушти сесијата како 17-ти. Возачи кои испаднаа во првата сесија се Ник Хајдфелд на БМВ Заубер, Џанкарло Физикела, Адријан Зутил на Форс Индија, Роберт Кубица, исто така на БМВ Заубер и дебитантот на Торо Росо, Хаиме Алгуерсуари. Втората сесија ја најави неочекуваната доминација на Фернандо Алонсо и Рено. Шпанецот го одржуваше најдобриот круг се до крајот на сесијата, но тогаш на сцена стапија возачите на Ред Бул, покажувајќи сепак кои се најголемите фаворити за победа на утрешната трка. Покрај Ред Бул, Мекларен уште еднаш го покажа својот напредок, со второто место на Луис Хамилтон. Опасно излетување во свиокот број 4 имаше Фелипе Маса. Според забавената снимка на режисерот, отпаднат дел од болидот на Рубенс Баричело удри директно во визирот на Бразилецот, при што се претпоставува дека возачот загубил свест по што удри во заштитните гуми. Ова многу потсетува на бизарната смрт на младиот Хенри Сартиз, кој минатата недела во слични околности го загуби животот на патеката Брендс Хеч. Во сенка на инцидентот на Маса, настапот во оваа фаза од квалификациите настапот го завршија Себастијан Буеми на Торо Росо, Јарно Трули на Тојота, Рубенс Баричело на Браун, Тимо Глок, исто така на Тојота и Нелсињо Пике на Рено. Третата сесија започна со 20-минутно задоцнување поради инцидентот на Маса. Значајно е да се напомене дека Луис Хамилтон и Кими Раиконен имаа возачки грешки со кои ја прокоцкаа шансата да бидат на пол-позицијата. Завршетокот на бизарната сесија го дополни и падот на компјутерскиот систем, кој го одложи славјето на возачот на пол-позиција. Трагедијата која можеше да му се случи на Фелипе Маса, се претвори во комична ситуација, при што никој од возачите на крајот не ја знаеше својата стартна позиција. Утрешната трка се вози во стандардниот термин во 14 часот, при што се очекува топло и суво време. Felipe Massa Crash 2009 Hungary GP f1almanah.com |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
F1 2009 Hungarian GP Chaotic ending
Kolku mi bese interesen Alonso (SEKOJA CEST MAJSTORE I DA GI RASTURIS SITE) |
|
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |