|
Критики позитивни/негативни на личните тв |
Внеси реплика | страница <1 910111213 46> |
Автор | ||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Бајките и легендите функционираат по други правила и законитости ( не се извлекувај и не се срами за едно пиво) |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Земја-воздух
Уста полна земја И крвави колена, Издраскани дланки И неколку модрици на гордоста. Колку чини да се подигнеш од правта? Една лага И една вистина. Една лага и една вистина - оваа комбинација ме буни малку како материјал за помагало на кое треба да се потпреме за да се кренеме од правта... Мислам дека тој што паднал толку ниско во нечии очи, ни кран не може да го крене од „правта“... Инаку, показателите на губењето на достоинствот се многу убаво сугерирани... Јас би го оставил прашањето реторичко и не би ја разводнувал компресијата со нудење одговор... Поздрав, поетесо... |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мислам дека поезијата не мора да биде материјал за психоанализа. На песната треба да и биде дозволено да заживее свој живот и да го добие својето конечно значење во срцето и поимањето на читателот. Во секој случај, ме забавуваат твоите толкувања, но се надевам дека тие нема да создадат предрасуди кај останатите посетители на оваа тема. Изменето од filmadzijka - 27.Јули.2008 во 17:12 |
||
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Филмич, потполно те поддржувам. Мајсторче знае да забега и премногу да интервенира во доменот на веќе кажаното, демек тоа мора да се поклопува со неговите сфаќања и неговиот светоглед. Понекогаш чувствувам дека сака да поентира оти има одреден калап по кој се пишува поезијата и сите треба да го следиме тој калап, со конвексни и конкавни правила. Пишувај го тоа што го чувствуваш. Со задоволство те читам. Поздрав
|
||
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne steknav mislenje deka majstorce prisiluva na bilo sto, ako e za toa mene trebase da mi najde milion mani, no poentata e deka kade ke pocuvstvuva kvalitet se obiduva da go podobri so sugeriranja. Zosto mene me ne dira, oti znae deka od mene nema fajde. Mozebi nacinot na koj se iskazuva e pod vlijanie na okolnostite na izrazuvanje vo koi se naoga, no toa ne e nesto sto bi trebalo da se zeme za zlo. Nema profit ni arogancija sto bi se vmesala vo virtuelnite sugeriranja t.e. da bidam poplasticen majstorce ne umee da bide ramnodusen na kvalitet i se obiduva da vnese zivost so tolkuvanje sto ke predizvika emocii za da ne ostane kako mrtvi bukvi sto ke bidat nabrgu zaboraveni
Изменето од zbunet - 27.Јули.2008 во 19:12 |
||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Филмаџика, пишуваш паушално и неиздржано - во мојот коментар немаше нити грам психоанализа,само коментирав поента на една песна преку мое несогласување со вишокот на стихови кои ја разводнуваат компресијата на севкупната сликата е ефектот на поентата кој е посилно содржан во реторичкото прашање, отколку во спорните стихови... Ако ти е поблиска лагата од вистината до срцето, како што е случајот со некои, јас едноставно ќе ти кажам - генијална песна... Поздрав... Изменето од majstorce62 - 27.Јули.2008 во 20:08 |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Квентин, според ова што го пишуваш, значи, треба да се пишува онака како на тебе ти се допаѓа... Ако на тебе не ти се допаѓа, тгаш тоа бе вреди ниту за скршена пара... Види вака, во литературата нема авторитетни мислења - има мислења кои се потпираат на теоријата на литературата и законитостите според кои таа фунционира и мислења, паушални, дилетантски, неосновани, извадени од ракавот на некое нарцисче... Јас се придржувам до првите, за тебе не знам... |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас се придржувам до оние чисто слободните, одлепени од било какво правило, теорија и законитости. Читам она што сакам да го читам, го оценувам според моите сфаќања и терам понатаму. Ако си забележал, не сакам многу да ги коментирам ниту своите, ниту туѓите дела. Уживањето си го оставам за себе и на песната што навистина ме погодила и се враќам безброј пати. Такви се многу твои дела, дела на филмаџика, на збунет...итн, итн. Така чувствувам јас. Не сум многу зборлив и оценувачки настроен.
|
||
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мајсторче лутиче ,
Не се работи за тоа дека треба само на г`з да се паѓа со патетично воодушевување или солзи од допирот на туѓата тага, туку од ширината на сфаќањето во кое ќе има место и за поинаков поглед на работите. А што ако сум сакала да кажам нешто друго? Сигурен ли си дека совршено ги разбираш сите околу себе? Симболиката не беше духовен пад и ерозија на достоинството, туку свесна жртва во име на нешто повредно од неколку фрактури без разлика дали се на фемур или миокард. Но, не е уметност во животот да не паднеш, ами кога ќе паднеш да собереш сила да станеш и да одиш понатаму...а за да го сториш тоа не ти треба чудо... ти треба да се „симнеш на земи“ и да прифатиш дека низ ливадата има и цвеќиња но и кравји лепешки, да прифатиш дека уште многу пати ќе паднеш на слични финти, на вистини и „претстави“... но патот пред тебе е твојата лична легенда, твојата мисија, а целта ... целта е да го изодиш тој пат, па макар и кривејќи. А дека имало вишок стихови ... хехе, ме потсети на филмот „Амадеус“. Кога Царот му вели на Моцарт, „а бе убаво е, не дека не е, ама ... има вишок ноти.“ и за крај. знам дека се налути, токму затоа што многу ме ценеше, ... и тоа го сметам за комплимент. лутењето |
||
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
дури да напишам реплика, сите фатиле магла |
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
abe terajte si kako shto vi odgovara na vas,koj moze da ti kaze kako ke pishuvash...gluposti....bilo vredno ne bilo vredno,trebalo vaka trebalo taka....
|
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
mamma
Сениор Регистриран: 15.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9879 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Jas sum ....tuka de... |
||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ете, пак се декларираш како авторитет, (Читам она што сакам да го читам, го оценувам според моите сфаќања и терам понатаму.)а авторитетно е само мислењето врз нормите на теоријата на литературата...Метафори можеш да изградиш не број и тоа не е спорно, но сите се градат според принципот на пренесување на особина од еден предмет (означител) на друг (означеник) кои и неморат,(дури и треба да се спротивни) да бидат сродни, но мора да се задржи логичноста... Е сега, ако некој мислио дека метафората може да биде лишена од од таа логичност, тогаш секој ќе си вели јас сакав да кажам...А кого го интересира што некој сакал да каже, сите го читаме тоа што тој го кажал, а се восхитуваме на начинот на кој го кажал... Значи, не се работи за тоа што сакаш да кажеш туку што кажуваш... |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Извртуваш тези...Критичарот не е тој што се лути, се лути авторот... |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
Внеси реплика | страница <1 910111213 46> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |