|
Распуст |
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Автор | ||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
... sepak lektircinjata se najubavata rabota za ljetniot raspust... barem denje..od 10-18 casot... em se zbogatuva fondot na zborvi...em ne e dosadno...em nema da se sluci ova...
Сонцето ги изгоре тинејџерите Со изгореници и со пликови на кожата, колапс и со повраќање завршуваат на Клиниката за кожни болести дел од оние, кои деновиве кога температурата се искачува над 40 Целзиусови степени, се подлого време изложени на сонце. Проблем е и високиот УВ-индекс и затоа лекарите велат дека мора да се почитуваат препораките за заштита од сонцето. - Најчесто се млади на возраст од дваесетина години. Кога ќе дојдат кај нас кожата им е изгорена, црвена, што веќе не може да се види дали природно имаат светол или темен тен, целата е со пликови и се лупи. Страшно е што тие не се свесни за тоа колку може да биде штетно сонцето - велат лекарите на Клиниката за кожни болести. Некои од пациентите, покрај изгорениците, имаат и сончаница и топлотен удар, кој се манифестира со повраќање, несвестици, колапс и дехидрираност, поради што се препраќаат на Клиниката за токсикологија. - Мора да се истакне дека УВ-зраците имаат кумулативно дејство, што значи дека изгорениците што се добиваат ќе поминат, но по неколку години може да се појави рак на кожата, болест која во последниве години зема се поголем замав - велат лекарите. |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...mamamd celo vreme veli...za vreme na letniot raspust....lektirceto da vi bide najveren drugar...vie mi kontrirate... a ova poubavo li e od lektirceto...ah godinite da vi gi imam...ama pametot ne...
Нема кој да го запре малолетничкото дивеење во скопскиот Градски парк Институциите ја отфрлаат одговорноста за тоа што се случува во ноќните часови Весна ДукоскаИскршени клупи, изгазени тревници, превртени бисти и расфрлано ѓубре насекаде, тоа е сликата што може да се забележи во Градскиот парк во раните утрински часови, кога младите ќе го напуштат по долгочасовното ноќно лудување. Со крајот на учебната година Градскиот парк стана најпосетеното место во Скопје. Младите тука ретко доаѓаат дење, но затоа се собираат навечер и остануваат до утринските часови. Паркот, особено за малолетниците, претставува погодно место за консумирање алкохол, бидејќи нема никаков надзор од полицијата. Откако ќе заврши забавата, младите зад себе оставаат купишта ѓубре: пластични шишиња, стакло, кеси, демолирани клупи и парковска опрема. ..................................................................................................................... Малолетниците, пак, токму на ова место ја добиваат најголемата слобода и забава без контрола од надлежните. Купуваат алкохол без никаков проблем од околните трафики, а тоа никој не го санкционира. Од Пазараната инспекција велат дека редовно вршат контроли врз објектите што продаваат алкохол, но дека тоа не е доволно, зашто понатаму треба да реагира полицијата. „Малолетниците се снаоѓаат за да дојдат до алкохол. Некогаш за нив купува некој постар, а некогаш и сами си купуваат од продавници каде што работат несовесни трговци“, вели Владимир Кочовски, државен пазарен инспектор. Според законот, децата помлади од 18 години не треба да се движат на јавни места по полноќ, а уште помалку да консумираат алкохол, или пак, слободно да го купуваат. Се поставува прашањето, зошто полицијата не презема ништо да го спречи тоа? Во Министерството за внатрешни работи не забележале нарушувања на редот и мирот или одредено насилство ниту дека се консумира алкохол од страна на малолетни лица. Немало ниту пријави од чуварската служба на Градот, која е задолжена за редот во Градскиот парк. Од Секторот за комунални работи во Градот, пак, ја отфрлаат одговорноста. Велат дека тие можат само да опоменуваат и да советуваат, но не и кривично да приведуваат. Нивните екипи имаат полни раце работа, секојдневно собирајќи го ѓубрето во паркот и поправајќи ја демолираната опрема. Се жалат дека не можат да направат толку клупи, колку што младите можат да искршат за една вечер. ...i taka site prezafateni so neshto shto samo tie znaat shto e toa.... a decata ni se pijancat...tepaat... drogiraat.... sepak glasam za starite dobri letni raspusti... ovie mi se premnogu radikalni... Изменето од mamamd - 14.Јули.2008 во 11:13 |
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
па каде е полицијата...или пијат по една пијачка од нога на кеј.
секаде се ,само не онаму каде што треба.а и чуварската служба,што да прават кога не приметиле ништо...младиве не се бучни ноќе,па не можеш да ги приметиш кога дивеат
|
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...nekogash letniot raspust...moze da bide zapamten i po loshi raboti... zatoa pretpazlivo...
cuden rasplet na odmor...prezemeno od Vest... Дете едвај преживеа од убод од крлеж Една недела 11-годишното момче од Штип се борело за живот, по инфекцијата што ја предизвикал убод од крлеж кој бил носител на опасна бактерија, но лекарите потенцираат дека во овој случај не се работи за хеморагичен убод од крлеж, какви шт Единаесетгодишно дете од Штип седум дена се борело за живот, по убод од крлеж. Ниту детето почувствувало некаква болка ниту, пак, родителите помислиле дека неговата здравствена состојба преку ноќ се влошила токму од тој убод. Штипското семејство Василеви тие денови било на одмор во Струга. "Уште првиот ден од престојот во Струга синчето доби висока температура 39,6. Му се јавија ситни брункички по телото. Помисливме да не е некоја сипаница или некаква алергија Се уплашивме кога од високата температура детето почна да паѓа во кома. Го однесовме на лекар во Охрид каде што веднаш прими инфузија. Им благодариме на охридските доктори кои брзо реагираа, но и тие не можеа да ни кажат од што наеднаш од здраво дете имаме во рацете дете што не можеше ниту да застане на нозе", велат родителите на детето. |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
... i moze da se sluci...nekoj da ti go rasipe letniot raspust.... i vecno da ti ostane vo losho sekavanje...
....me shokirashe vesta na Sitel...deka nekoj vujce... vlegol vo detskoto odmaralishte vo Ohrid...pretepal deca zatoa shto mu go zakacale vnuceto.... go zemal i si zaminal bez da im javi na nastavnickite... a decata normalno ...bile odneseni na lekar...zaradi pedagoshkiot tretman na vujkoto... do kade odi coveckata glupost.... |
||
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
леле, распустов не е завршен, ама мене премногу ми недостасува времето кога бев мала... безгрижно поминати три месеци... овој распуст ќе ми остане во маааалце (не)пријатно сеќавање,... ама нејсе ... има уште време за да се поправат работите
|
||
Keri
Сениор Регистриран: 29.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 574 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Koga zavrsivme so maturive, se raduvav i rekov: eh ova ke mi bide posleden detski bezgrizen raspust, celi 3 meseci,arno ama...Neocekuvano se vrabotiv!
Ubavo si pominuvam i na rabota,eve od tamu i vi pisuvam...Ubava plata So zashtedata ponataka ke si dozvolam eden egzoticen odmor |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Вчера училишното ѕвонче го означи последниот училишен час, последниот ден на оваа учебнагодина. Многу турболенции, многу нервози со учебници, воведување/укинување изборни предмети, теститања, борба за оцени им ја одбележа оваа учебна година. Сега секој на своја страна, на организирано летување преку училиште, кај баба и дедо во село, на базент, ама и пред зграда/маало до полноќ.
Почна летниот распуст. |
||
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јеееее Почна почна Инаку јас сум задоволна со оценките Се исплати трудот цела година и сега затоа одморот е заслужен. Жал ми е за тие што останаа да полагаат по некои предмети На овие горештини тие пак во школо, пак истото |
||
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
||
G1RL
Сениор Регистриран: 09.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 103 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Конечно заврши и оваа учебна година. Распустот почна а се надевам дека ке биде најубавиот досега иако навистина би сакала да се вратам во времето кога од сабајле до вечер си игравме надвор - прекрасни времиња исполнети со безгрижни детски игри кои никогаш нема да ги заборавам.
|
||
TODAY COULD BE YOUR BEST, WORST OR LAST DAY IN YOUR LIFE...
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Летен распуст, време да се одморат децата но и ние родителиве.
Кај нас дома тоа подразбира спиење до пладне и повеќе, и губење на редот на нештата, касно останување навечер, читање книги кои не се задолжителни т.е. не се лектири (лектирите најчесто ги читаат пред обработка за да им бидат свежи).... Среќен и убав распуст на сите ученици! |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
pagane
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
се извинувам, ама коj разред си? |
||
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
нели и тебе не ти се верува дека е мало црвче?
|
||
pagane
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ами...по постовите во филозофиjа- верува ми се. ама...инаку се чудам. |
||
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |