IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Прашања за однесувањето на свештенството
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Прашања за однесувањето на свештенството

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 8>
Автор
Порака
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Прашања за однесувањето на свештенството
    Испратена: 15.Јули.2008 во 07:43
Најпрвин да истакнам дека не сакам ова да биде уште една зајадлива тема која ќе придонесе до тоа да се развие една жестока дебата меѓу едниот и другиот табор. Штом јас ја отварам темава значи дека имам и право да одлучам за тоа во која насока ќе се одвива дискусијава. Искрен сум кога велам дека барам искрени одговори за темите кои мене ме збунуваат.
Се надевам дека нема да дозволиме да преовлада страста да се навредуваме едни со други. Ние треба да бидеме раководени од Бога и љубезно да се однесуваме еден кон друг... така ќе покажеме дека сме Негови чеда.
И ајде доста е од дипломатскиов вовед, да преминам на темава:

1. Свештеникот за да стане тоа, покрај образованието кое треба да го има, треба и да се ожени па да биде ракополаган на тоа место. Но што ќе се случи доколку неговата функција порасне и тој стане, еве да речеме- владика. Како што јас знам тој треба да се откаже од сопствената жена и од сопствените деца. Така имам слушнато дека г-дин г-дин Гаврил се откажал од неговите најблиски за да може да стапи на функцијата. Дали е тоа Христијански? Зар не е тоа грешно? Доколку човек навистина не чувствува потреба од жена тогаш нека не се оженува. Но доколку има потреба (во што нема ништо грешно) зошто да се откаже кога подоцна со него може да завладеат страстите и да блудствува? Не сакам да навлегувам во рекла-казала за некојси владика кој си ја носел жената во канцеларија и слични приказни на овие туку само сакам да добијам објаснување на ова. Па и самиот апостол Павле вели:,,Прво: Да, добро е човек да не се жени. Но, поради опасност од блудства, секој маж треба да има своја жена и секоја жена свој маж. Мажот нека ги исполнува брачните должности спрема својата сопруга, а исто така и жената спрема својот сопруг. Телото на жената не е само нејзино, туку му припаѓа и на нејзиниот сопруг. Исто така и телото на мажот не е само негово, туку и на неговата сопруга.Затоа, не лишувајте се еден од друг, освен, по исклучок, ако така заедно се договорите, и тоа нека биде само за извесно време и со цел да се посветите на молитва. Потоа вратете се на нормалниот интимен живот, за да не ве наведе на искушение Сатаната, користејќи ја вашата невоздржливост. (1. Кор 7:1-5).
Понатаму во истото послание, истата глава се вели:,,Но, ако не можат да издржат, нека стапат во брак, зашто подобро е да се во брак, отколку страста постојано да гори во нив. На оние што се во брак им заповедам да не се разведуваат. Тоа не е заповед од мене, туку од Господ. Жената нека не се разведува од својот сопруг.’’(1 Кор. 7:9,10)

2. Зошто високите по ранг свештеници (и не само тие туку и некои од пониските) носат долга коса? Зар Апостол Павле не вели:,,Секој маж што се моли или пророкува со покривало на главата го срамоти својот поглавар, односно Христос...Мажот не треба да носи покривало на главата бидејќи тој ја одразува Божјата слава и беше создаден според Божјиот лик. Жената пак, ја одразува славата на мажот...Зар самата природа не ве учи дека на мажот не му прилега да носи долга коса? Од друга страна, за жената долгата коса е украс. Таа и е дадена како еден вид покривало на главата.’’(1. Кор 3-15). Од овие стихови произлегува дека долгата коса е еден вид покривало за главата на жената, но не и за мажот. Тогаш зошто тие луѓе одат контра на Библијата?

3. Зошто Православната црква почитува т.н. свети отци? Зар не вели Исус:,,И на никого на Земјава не обрнувајте му се со „Оче“, зашто имате само еден Отец, а тоа е Бог на небото.’’(Мт 23:9)

4. Зошто единствено толкувањето на Библијата направено од Православната црква признаено а се друго негирате?

5. Зошто меѓу Православните цркви кои опстојуваат во повеќе земји, постојат перманентни судири кои се честопати иницирани од политички причини? Дури сведоци сме и на несогласувања во самиот Синод. И не само несогласувања и судири туку и жестоки расправии и непризнавања на некоја црква (така мислам дека сеуште МПЦ не е признаена). Исус вели:,,Нова заповед ви давам: „Сакајте се еден со друг! Како што Јас ве засакав, така и вие да се сакате еден со друг. Ако се сакате еден со друг, луѓето ќе знаат дека сте Мои ученици.’’(Јвн 13:34,35). Значи, оние кои се расправаат (не за теолошки како ние овде на форумов, туку за световни работи) не се Христови ученици. Така барем вели Тој.

6. Со еден студент по теологија еднаш имав жестока дебата. Тој постојано го бранеше Александар Македонски и повикуваше на национализам, притоа се разбира навредувајќи ги Грците. Она што овде мене ми е нелогично е следново: Зар Александар не бил паган? Зар не се прогласил за бог во Египет? Зар омразата кон некој народ е во склад со Христовото учење? Зошто тогаш МПЦ го велича и се повикува на него? Зошто МПЦ подбуцнува на национализам?
   
Свесен сум дека во оваа тема опфатив еден широк спектар на прашања. Но стрплив сум и ќе чекам на одговори кои се надевам дека ги има, дека се поткрепени и дека ќе бидете доволно љубезни да ми одговорите.






Изменето од AlDra - 15.Јули.2008 во 07:47
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2008 во 07:52
Дури и по мое време е доцна веќе... ама на кратко - не сум сигурен околу информацијата дека свештеникот треба да се жени пред да стане свештеник. Познавам свештеници кои не се женети.
Владиците се монаси. Така што - не се откажуваат од жените за да станат владици, а за да се замонашат (што според мене не треба да се дозволува!).
Инаку - искрено - тоа е случај од минатото, новите владици, сите доаѓаат директно од монашките ордени и соодветно немаат семејства... Утре за останатите работи...
Do what is right, come what may...
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2008 во 11:22
Не се сразбира дека тоа не е грешно сто јас ке се откажам од моето семејство за да се замонашам засто и самиот Бог вели кој ги љуби мајка си и таткаси повеке одмене не е достоен за мене но има и правила поради кои мозе и кога може да го напушти семејството
ако има малолетни деца неможе да замине во манастир се додека не станат полнолетни или додека кумот не ја преземе обрвската да ги гледа како свои деца и да добие согласност од женаси за тоа па и таа да замине во манастир

секоја православна помесна црква ина право на смостојно автокефално раководење секој има право да го прима словото на неговиот мајчин јазик
а она за александар македонски објасни за што црквата говелича а да гио мразиме грците не не ги мразиме само им даваме сразмерна љубов колку тие нас колку они нас не сакаат толку ние нив  јасно ко бел ден христос е љубов тој е совршен ние несме па нема да ги сакам грците
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2008 во 17:10
Пак да се вратам на првата точка.
Тоа што го реков дека сум против владиците да се откажуваат од семејството за да дојдат на таа позиција. Стојам зад тоа.
Ако некој се откаже од семејството за да се замонаши, го разбирам и до некаде оправдувам (затоа што љубовта кон Бога е секогаш поголема од љубовта кон човекот). Не оправдувам кога некој ќе го направи тоа само за да биде на функција. Но, како што реков, во последно време, се елиминира овој проблем, затоа што сите нови владици се од монашкиот ред.
Дали е оправдано тоа да немаат жени...? Самиот Павле вели - дека е добро човек да не се жени. Како единствена причина против тоа наведува опасноста од блудства! Ако некој е способен да се спротивстави на искушенијата и на блудот, тогаш е способен да биде монах и соодветно, не го нарушува Павловото Послание, а напротив, го исполнува.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2008 во 17:25
За 2 и 3, ќе проверам малку повеќе, па ќе ти дадам одговор.
За 4 - зарем не е тоа случај со сите останати цркви? Секоја црква смета дека само нејзиното толкување е исправно. Баптистите не го прифаќаат толкувањето од Православните на пример... сигурно имаат причини за тоа, и не навлегувам во тоа - но истото е и од другата страна.
5 - пак ќе речам - зарем не е тоа случај со сите останати цркви? Тоа е феномен кој го има насекаде. Во една таква дебата или кавга, секој си отстојува на тоа што мисли дека е праведно. Ако отстапи без да е убеден во спротивното, тоа ќе значи дека отстапил на нешто што е погрешно, а со самото тоа на гревот, само затоа што немал доволно истрајност, сила и верба да оди до крај. Оној кој верува во својата праведност, не треба никогаш да отстапи од неа.
Да, има и многу дискусии и полемики кои воопшто не треба да се случуваат во црковните средини... но - зарем не е тоа случај со сите цркви? Ако ти во твојата конкретна црква немаш такви проблеми и не си наишол на такви ситуации, не значи дека во целата деноминација на која припаѓаш е така. Погледни само што се случуваше со Јужните Баптисти сега за време на изборите за претседателски кандидат во САД.
(Проштевај што давам такви примери - не е за да навредам или да ја префрлам топката. Секогаш сметам дека е подобро да се дадат примери кои се познати на оној кој прашува, затоа што така може полесно да ги разбере и да направи потребна аналогија!)
6. Повикувањето на национализам е погрешно. Повикувањето на заштита на националните вредности не е. Ако влезеш во една битка, во една дебата со верба во тоа кое што го застапуваш, отстапувањето од тоа би било погрешно. Особено во конкретниот случај, затоа што познавајќи ги работите со Грција и особено прашањето на бегалците, без многу размисла можеме да кажеме дека во таа битка се бориме на страната на доброто .
Но, сериозно ако зборуваме за овој проблем. МПЦ не повикала никогаш на омраза кон Грците. Ако некој студент или некој свештеник тоа го направил, тогаш тој нека се замисли за гревот кој го сторил. Од друга страна, јас неколку пати сум го слушнал самиот Владика како порачува да се помолиме за нивните души (на грците), да побараме од Бога да ги дари со разум и да им ги прости гревовите кои ги сториле кон македонскиот народ... Тоа е она што еден Христијанин може и треба да направи, зарем не?
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2008 во 22:19
Originally posted by AlDra AlDra напиша:


2. Зошто високите по ранг свештеници (и не само тие туку и некои од пониските) носат долга коса? ...


Некои носат некои не носат. Прашањето за носењето долги коси кај мажите е од чисто формална природа. Мислам дека можеш слободно да поразговараш за ова и со твојот пастор, сигурно нема да ти одговори ништо различно од она што и јас би ти го кажал. Тој дел од „1. Коринтјаните“ пред се упатува дека надворешниот изгледа на христијаните треба да биде пристоен, несоблазнителен, непровокативен, што би се рекло „прибран“. Е баш во тоа бреме во Коринт ич не било „прибрано“ мажите да носат долги коси, ниту жените да не носат шамија...

Originally posted by AlDra AlDra напиша:


3. Зошто Православната црква почитува т.н. свети отци? Зар не вели Исус:,,И на никого на Земјава не обрнувајте му се со „Оче“, зашто имате само еден Отец, а тоа е Бог на небото.’’(Мт 23:9)


И ова и пак „завртено“ прашање - тогаш ни татко ми ќе треба да не го ословувам со „татко“. Тука се мисли пред се дека изворот на секое здраво татковство е во Бога - оној кој бара да биде ословуван со „татко“, а истовремено за таквата служба не го има Бога-Таткото за архетип (урнек, пример) - ја промашил работата (исто на крајот на краиштата важи и за телесното татковство).
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2008 во 22:26
Не, Исус е многу јасен. Тој не вели:,,Никого на Земјава не нарекувајте ,Оче’ ’’. Овде е наведено со голема буква што значи дека во самото ословување има голема почит- која ја заслужува единствено Оној Кому Му припаѓа славата во вечни векови. Истата забелешка би им ја упатил на католиците заради нивниот Папа.   
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2008 во 22:44
Е штом ти е јасен, што прашуваш воопшто? Православните се забегани топтан со римокатолиците и пола од протестантите, а вие сте новиот Израел и единстввените преживеани библиски христијани...

Изменето од Al_Masih_Qam - 15.Јули.2008 во 22:44
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2008 во 23:22
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Но што ќе се случи доколку неговата функција порасне и тој стане, еве да речеме- владика. Како што јас знам тој треба да се откаже од сопствената жена и од сопствените деца. Така имам слушнато дека г-дин г-дин Гаврил се откажал од неговите најблиски за да може да стапи на функцијата. Дали е тоа Христијански? Зар не е тоа грешно?
 
Според православието тоа не е грешно, туку напротив, доблесно.
 
Според Христос тоа е ГРЕВ (прељуба).
 
"Зашто Јас го мразам напуштањето на жената - зборува Господ, Израелевиот Бог"
(Малахија 2:16)
 
"Така што не се веќе двајца, туку едно тело. И така што Бог соединил, човекот да не разделува"
(Исус Христос во Матеј 19:6)
 
"А Јас ви велам дека секој, кој ја остава својата жена, освен за прељуба, ја прави да врши прељуба"
(Исус Христос во Матеј 5:32)
 
"Туку ви велам: „Кој ќе ја остави својата жена - освен за прељубодејство - и се ожени за друга, прави прељуба"
(Исус Христос во Матеј 19:9)
 
"Сврзан ли си со жена? Не барај развод!"
(1 Коринтјани 7:27)
 
Верувам дека ќе се согласите дека Бог јасно и на повеќе места го забранува напуштањето на жената, но до вас останува да изверете на кого ќе му бидете послушни, на некој православен г-дин. г-дин. авторитет или пак на Господ.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2008 во 23:42
Originally posted by AlDra & EvAngelos AlDra & EvAngelos напиша:

Така имам слушнато дека г-дин г-дин Гаврил се откажал од неговите најблиски за да може да стапи на функцијата...

...Според православието тоа не е грешно, туку напротив, доблесно...


И сега моде, молим те збори ми пак за нивото на форумот...     ...

Изменето од Al_Masih_Qam - 15.Јули.2008 во 23:52
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2008 во 23:53
За жал во сите религии од кога постојат свештениците, повеќето од нив имаат дискутабилно однесување - едноставно затоа што свештеничката каста секогаш тендира да се постави себеси над Бога и над верниците.

Но ако некој, на пр. свештеник се вози во лимузина тоа според мене не значи дека тој веднаш е среброљубец. Зависи за што ја користи таа кола и на чија сметка ја вози и одржува.

Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 01:04
Prvo ne bidete licemeri nego napisheto za koe svestenstvo se odnesuva temava ocigledno e deka aludirate na pravoslavnoto i katolickoto svestenstvo.

No ajde odgvorite mi vaka....
Pravoslavnata i Katolickata crkva opstojuva so vekovi niz nejzinite crkvi pominale milioni svestenici normalno e da ima i losi medju niv toa e tolku prirodno na tolku vekovi tolkav broj na ludje normalno e deka ce ima i losi popovi - kako i da e,no sepak osptojuva ...
E sega vie sto ste od drugite crkvi sakate da napravite neokja slika koja na vas nekoj vi ja vrezal vo red no prvin odgvorite mi na ovie prasanja...

Kolku e stra vasata religija ili crkva ili zdruzenie kako sakate narecete go???

Ima li voopsot svestenici kolku godini se svestenici ili koja generacija na svestenici????


Ako gi imate koj vi garantira na vas deka se odnesuvaat kako sto treba a potoa kazete mi na mene koj ne sum od vasata crkva kako jas da znam deka se odnesuvaat pravilno ???


Ce ve molam ako imate doblest odgvorete mi na ovie ednostavni prasanja....

Blagodaram
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 07:33
EvAngelos - знаеш дека имам доста висок праг на толеранција кон стари членови... ама овој пат имаш опомена! Такво генерализирање е навреда за оние кои се чувствуваат православни! Не очекував од тебе таква груба навреда...
Имаше јасно објаснување во врска со напуштањето на семејството - кога се прави и под кои услови се прави. Факт - има свештеници кои ги имаат нарушено тие правила и постапиле погрешно! Дали се тие свештеници можеме да ги земеме како репер за православните христијани? Се разбира дека не - исто како и кај сите останати деноминации кај што има грешни свештеници и погрешни постапки.
Внимателно со такви генерализирања, затоа што отвараат пандорина кутија... а после таа тешко се затвора.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2008 во 08:09
Вистина ви велам дека нема ни еден што оставил куќа или родители или браќа или сестри или жена или деца заради Царството Божјо а да не добил многу повеќе од тоа уште сега во ова време, а во идниот век и живот вечен

Кој милува татко или мајка повеќе од мене не е достоен за мене и кој милува син или ќерка повеќе од мене не е достоен за мене, и кој не го земе крстот свој и не оди по мене не е достоен за мене. Кој ќе ја запази душата своја ќе ја загуби а кој ќе ја загуби душата своја заради мене ќе ја зачува.

Ако некој сака да врви по мене нека го земе крстот свој и нека оди по мене, оти кој сака да ја спаси душата своја ќе ја загуби, а кој ја загуби душата своја заради мене тој ќе ја спаси зашто каква му е ползата на човекот ако го придобие целиот свет а самиот се погуби или си направи зло

Овие редови Прав. Црква ги толкува како откажување од се што те спречува постојано да се посветиш на Богослужбата

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.