IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Груевски му пркоси на Караманлис
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Груевски му пркоси на Караманлис

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака
kiroo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 10.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 209
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kiroo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Груевски му пркоси на Караманлис
    Испратена: 14.Јули.2008 во 14:18
Груевски испрати писмо до Караманлис
МИА      Коментари (4)   
14.07.2008 13:10
Никола Груевски


Премиерот Никола Груевски испрати писмо до грчкиот премиер Костас Караманлис во кое се осврнува на прашањата за решавање на проблемот со етничките Македонци родени во Грција околу враќањето на нивните имоти, влез во Грција и добивање државјанство, како и за признавањето на македонското малцинство во Грција и овозможување на основните права согласно меѓународните стандарди.

МИА интегрално го пренесува писмото:

Почитуван Господине Караманлис,

Ви пишувам за две исклучително важни теми, чие решавање убеден сум ќе исправи многу историски неправди, неправди кои се чувствуваат и денес, и ќе го подобри животот на многу луѓе, а секако позитивно ќе влијае на подобрување на односите помеѓу Република Македонија и Република Грција.

Имено, кон крајот на четириесеттите години, за време на Граѓанската војна во Грција, неколку стотини илјади граѓани и цели семејства во виорот на војната, во својство на бегалци ги напуштија своите домови, имоти и државата Грција во која беа родени.

Огромен дел од овие луѓе, најголем дел од нив етнички Македонци родени во Грција, дојдоа да живеат во тогашната СФРЈ, поточно во делот на денешната Република Македонија, и останаа тука засекогаш, на што веројатно влијаело и тоа што говореле ист јазик и чувствувале припадност на ист народ, македонскиот.

Еден дел од нив се раселија во други европски држави, како и во Америка, Австралија и Русија, но и оние кои се раселија исто така се најголем дел етнички Македонци, говорат ист јазик со нас, чувствуваат припадност на истата нација, македонската, а поголем дел од нив имаат и двојно државјанство, македонско, и на земјата во која живеат.

За жал, децении потоа, по нивното напуштање на родните места и живеалишта, дури и откако заврши војната, ним им беше оневозможено, односно забрането да се вратат во своите родни места, во своите родни куќи и на своите имоти.

Тоа не им беше дозволено ниту ним, ниту на нивните наследници. Колку што знам, некаде на почетокот на осумдесеттите години, во Грција се донесоа неколку закони со кои на некој начин им се одземаа нивните имоти, и ќе се согласите дека таквите закони не се согласно стандардите на ЕУ, НАТО и меѓународните стандарди за човекови права и за гарантирање на сопственоста.

Денеска овие граѓани, сега веќе државјани на Република Македонија, а родени во Грција, се тројно дискриминирани.

Прво, не можат да си ги добијат имотите назад, второ, имаат сериозни потешкотии за влегување во Грција и трето, доколку некој од нив сака, не може како и секој друг човек кој се родил и израснал во Грција, согласно грчките закони да има право на двојно државјанство, едно македонско и едно грчко, во услови кога Грција го дозволува правото на двојно државјанство.

Имајќи во предвид дека во децениите кои се зад нас, демократијата во двете држави се развиваше, а Вашата држава стана и членка на Европската унија и НАТО, институции каде особено се внимава на човековите права и на стандардите за гаранција на приватна сопственост, очекувам дека Вие како Премиер, ќе преземете мерки за исправање на оваа неправда за огромен број на луѓе со тешка судбина и животен пат.

Во Република Македонија овие граѓани се организирани во повеќе граѓански здруженија и во неколку средби со нив, тие побараа да се обратам до Вас како до Премиер на соседна држава, од која тие се чувствуваат дискриминирани.

Втората тема за која сакам да Ве замолам, а верувам дека Вие со задоволство ќе се ангажирате да помогнете, е признавањето на македонското малцинство во Република Грција и овозможување на основните права согласно меѓународните стандарди за образование на мајчин јазик (македонски), негување на културните традиции и обичаи преку различни форми на организирање, употреба на македонскиот јазик во локалните институции во местата во Грција каде тие живеат во позначаен број и други можности кои секоја демократска држава ги овозможува на сопствените граѓани кои се од етничка заедница различна од доминантната.

Господине Премиер,

Јас верувам дека Вие со добра волја ќе ги разгледате овие прашања и се надевам дека во разумен период ќе предложите решение за овие горливи проблеми.

Јас и институциите во Република Македонија Ви стоиме на располагање за секаков вид на комуникација по ова прашање, дополнителни информации, а можно е и средба на експертски групи од двете држави кои верувам во еден краток неколкумесечен период ќе ги утврдат сите факти и детали, со кои ќе ги надминеме овие проблеми, кои сигурно ќе влијаат на одржувањето на добрососедските односи.

Сите знаеме дека за решавање на овие проблеми потребна е пред се политичка волја, за која јас верувам дека вие како демократска држава и земја членка на ЕУ и НАТО ќе ја имате.

Впрочем, во денешно време, кога се работи за човековите стандарди, гаранцијата на приватната сопственост и малцинските права, не се работи за тоа дали сакаме или не сакаме да ги решиме, туку потребно е стриктно придржување до меѓународните стандарди.

Господине Премиер, јас и Вие не можеме да ја промениме историјата и минатото, но со добра волја можеме да исправиме многу неправди од минатото, а секако дека можеме да влијаеме во креирањето на многу подобра иднина на нашите граѓани, доколку реално и непристрасно приоѓаме на реалните проблеми.

Со надеж на Ваш скорешен позитивен одговор,

Никола Груевски.
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 14:43
Одсекојпат НАПАДОТ бил најдобра ОДБРАНА..
А господинов премиер наш некојпат тоа ...а и сега гледам ....дека го практикува(л).
Откога максимално ја сплоти својата партија...ги интегрира сите заедно ..се мисли на сите желни за стварање на пајтон-партии ..и после се сврте кон политичкиот противник....и ја растури опозицијата како бугарска скупштина....на голема жалост на нашиот „непартиски и надпартиски„ прецедник..односно лицето Б.Ц...
Сега е нормално ...да прејде и кај досега неприкосновените ни соседи..та да ги малку раздрма и нив малку со факти..наместо дефанзивата на скапаната сега веќе до пропаст доведена опозициона и најгулема партија..
Ииии то....
голема%20насмевка
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 14:54
samo napred za premierot....ke dojde vreme koga grcite ke gi povratat ili obeshtetat site imoti na makedoncite od egej.....samo treba vreme za toa...
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
invader Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 442
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај invader Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 14:56
секој има право да се радува,макар и без некаква основа!
Кон врв
Aminta2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 361
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aminta2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 15:01
Основата, пред се, се меѓународното право и норми. Тоа Груевски го истакнува. Ако сака Грција да се однесува цивилизирано и така да биде прифатена, мора да ги почитува меѓународните стандарди и норми.

Значи “радоста“ е заради можноста да се исправи една голема неправда.

Сепак, ова што го прави Гриуевски е Американска замисла, но и како таква е добра.

Македонија требаше ова да го направи во 1990-91 год. Но тогаш знаеме кој беше на власт и какви опструкции направи(ја) за да ја разнебитат Македонија.

Изменето од Aminta2 - 14.Јули.2008 во 15:02
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 15:25
Го поздравувам ова како еден од најпаметните политички потези што ги презел до сега Груевски...аплауз
Со ова се свртува нов лист, не само по прашањето за решавање на проблемот со егејците, туку во контест на политичките игри на грчката влада, а во врска со “проблемот“ со нашето име...
Белким конечко ќе преминеме од дефанзива во офанзива... политичка секако...
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 15:38
Originally posted by Aminta2 Aminta2 напиша:

Основата, пред се, се меѓународното право и норми. Тоа Груевски го истакнува. Ако сака Грција да се однесува цивилизирано и така да биде прифатена, мора да ги почитува меѓународните стандарди и норми.

Значи “радоста“ е заради можноста да се исправи една голема неправда.

Сепак, ова што го прави Гриуевски е Американска замисла, но и како таква е добра.

Македонија требаше ова да го направи во 1990-91 год. Но тогаш знаеме кој беше на власт и какви опструкции направи(ја) за да ја разнебитат Македонија.
 
Ама затоа ...сега се таму каде што им е местото..
И нека останат таму ...се додека е потребно.
голема%20насмевка
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 16:19


Колку и да звучи благопријатно и паметно поставувањето на маса на прашањето на за македонците од Егејска Македонија, ова всушност претставува избрзан потег на нашата Влада!

Зошто?

Ние со Грција го имаме наметнатиот проблем со името, кој всушност претставува билатерален проблем, како таков е заведен во спогодбата и сите официјални документи пред меѓународните организации, вклучувајки ја и Организацијата на ОН, и според спогодбата Грција се обврзува да не прави опструкции при зачленувањето на Македонија во меѓународните институции.

Со ветото кое го постави Грција во Бук*решт при зчленувањето на Македонија во НАТО излезе од рамката на спогодбата и билатералниот проблем кој како таков постои стана мулирателарен, затоа што НАТО е организација која како што знаеме се состои од повеке земји членки.

Ова излегување од рамките на спогодбата и издигнувањето на Проблемот од билатеранно прашање во мултилатерално прашање имавме можност а и сеуште ја имаме да се актуелизира и обжали пред комисиите на ОН кадешто при сериозно разгледување на истиот ке паднеше и ке беше поништено, затоа што Грција не се однесува во рамките на спогодбата.

Нашата Влада работи на таа проблематика, а проблемот и актуелизирањето на прашањето за македонското малцинство во Грција и прогонетите Македонци од Егејскиот дел требаше да биде нашиот најсилен и таен адут на тие состаноци.

Не знам зошто некому му требаше да го активира македонскиот адут предвреме и што сакаше да се постигне со тоа?!
Повторно самите себе се минираме, затоашто на Грците им даваме простор за манипулирање и лобирање и градење стратегија за горливиот проблем кој грците со години го криеа а ние го премолчувавме, а требаше да биде наш најсилен адут, а адутите секогаш се строга тајнаа и се вадат на маса кога е тоа најпотребно, затоа и се АДУТИ!


И само да ви објаснам дека не се работи за американска сугестија, туку за сугестија и добро разработена стратегија осмислена од експерти за ваков вид проблеми од една пријателска и мокна западноевропска европска земја, која истотака е изненадена и разочарана од брзоплаетоста на нашата Влада!!!




Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 16:32



Ова е последен пат да опоменувам за оффтопици!


Од денес за упропастување на темите и одење оффтопик ке добивате по два дена суспензија!



Поздрав


Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 16:35
нека%20ти%20е%20срам
Originally posted by moira moira напиша:



Колку и да звучи благопријатно и паметно поставувањето на маса на прашањето на за македонците од Егејска Македонија, ова всушност претставува избрзан потег на нашата Влада!

Зошто?

Ние со Грција го имаме наметнатиот проблем со името, кој всушност претставува билатерален проблем, како таков е заведен во спогодбата и сите официјални документи пред меѓународните организации, вклучувајки ја и Организацијата на ОН, и според спогодбата Грција се обврзува да не прави опструкции при зачленувањето на Македонија во меѓународните институции.

Со ветото кое го постави Грција во Бук*решт при зчленувањето на Македонија во НАТО излезе од рамката на спогодбата и билатералниот проблем кој како таков постои стана мулирателарен, затоа што НАТО е организација која како што знаеме се состои од повеке земји членки.

Ова излегување од рамките на спогодбата и издигнувањето на Проблемот од билатеранно прашање во мултилатерално прашање имавме можност а и сеуште ја имаме да се актуелизира и обжали пред комисиите на ОН кадешто при сериозно разгледување на истиот ке паднеше и ке беше поништено, затоа што Грција не се однесува во рамките на спогодбата.

Нашата Влада работи на таа проблематика, а проблемот и актуелизирањето на прашањето за македонското малцинство во Грција и прогонетите Македонци од Егејскиот дел требаше да биде нашиот најсилен и таен адут на тие состаноци.

Не знам зошто некому му требаше да го активира македонскиот адут предвреме и што сакаше да се постигне со тоа?!
Повторно самите себе се минираме, затоашто на Грците им даваме простор за манипулирање и лобирање и градење стратегија за горливиот проблем кој грците со години го криеа а ние го премолчувавме, а требаше да биде наш најсилен адут, а адутите секогаш се строга тајнаа и се вадат на маса кога е тоа најпотребно, затоа и се АДУТИ!


И само да ви објаснам дека не се работи за американска сугестија, туку за сугестија и добро разработена стратегија осмислена од експерти за ваков вид проблеми од една пријателска и мокна западноевропска европска земја, која истотака е изненадена и разочарана од брзоплаетоста на нашата Влада!!!
 
Ако добро те разбрав почитувана колешке...значи ли твоево како залагање ...најарно ни е за нас да си се вратиме на кировата предавничка и „мудра„ политика...молчи си и бутај  и тргај...разбира се нели???.
Првпат „играме„ на нивната половина...фудбалски да се изразам..
А вамо несигурност во нашата правда и можности на нашите млади и умни кадри..која никојпат нема да биде за нас правда...ако сами не се избориме за неа...барем така не подучуваат добронамерните еу политичари ..а кои повремено кај нас заскитуваат.
изненадување
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
mileg Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mileg Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 17:00
Taka treba bravo za premierot sto taka mu napravi na Karamanlis Malagas.Ako ne bese Gruevski Makedonija ke propadnese na celo
Кон врв
Zajcef Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
TOTENKOPF

Регистриран: 16.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1252
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zajcef Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 17:21
Јас ја поддржувам моира-требаше да се отвори егејското прашање ама требаше да го чуваме за крај-бидеќи тоа стварно е наш најсилен адут со кој потивко можевме да ги уцениме да попуштат или да се одбраниме од нивните напади кога ќе нема ништо друго со што би се бранеле!А сега кога нај јакиот адут ни е потрошен уште на почетокотна борбата....
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 18:13
Аман бе??? На почетокот на борбата?
Па борбата трае безмалку 2 децении, ако некој ова го смета за почеток... Тогаш не ми е јасно кај го гледате крајот?...
Можеби во следниот милениум?...
Јас мислам не дека е прерано туку и задоцнето поставено прашањето, ама барем некој се осмели да го постави... кога-тогаш...
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 18:28
Originally posted by novace novace напиша:

Ако добро те разбрав почитувана колешке...значи ли твоево како залагање ...најарно ни е за нас да си се вратиме на кировата предавничка и „мудра„ политика...молчи си и бутај  и тргај...разбира се нели???.

Првпат „играме„ на нивната половина...фудбалски да се изразам..

А вамо несигурност во нашата правда и можности на нашите млади и умни кадри..која никојпат нема да биде за нас правда...ако сами не се избориме за неа...барем така не подучуваат добронамерните еу политичари ..а кои повремено кај нас заскитуваат.

изненадување



Жалам но воопшто не си разбрал што напишав!!!

Прочитај уште еднаш...ако треба и уште еднаш за да разбереш!!!

Не е ова напишано од памет, ниту пак Премиерот сега се сетил да демонстрира сила!

Ти кажав ова е добро осмислена тактика, за жал не од нас-македноците, туку од некој којшто има искуство и знае како да игра во овакви ситуации...но ние како по обичај самите себе се минираме!

Зошто?

Некому очигледно така му одговара!

И не мешај баби и жаби туку читај правилно...а дедо ти и политиката молчи, бутај и тргај не важи за мене...можеби за некој друг, затоа што во спротивно немаше да го напишам ова што ви го соопштив!

Поздрав

П.С.

Познати сме низ Историјата со избрзано носење на одлуки исто како што сме познати по закаснети реакции...за жал никогаш не ги користиме аргументите и не делуваме во прав момент!
Проклетство...македонско...


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.